1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слатки VS Провокативни девојки!

Дискусија во 'Врски' започната од Scarlet88, 19 јули 2010.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакаат провокативни само за во кревет, а слатки за цел живот. ;)
     
    На chokolategirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Така е! :)
     
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Абе не за џабе постои јинг-јанг во секој ;)

    Така и ова. Една девојка не може да биде само слатка или само провокативна. Секоја е своја на некој начин, а и двеве особини се кријат во секоја.
    Јас ако сакам да сум слатка, можам да бидам. Фармерчиња, плетенка, и онака нежен поглед.
    Ако сакам да сум провокативна, можам да бидам. Облечи хеланки со туника, или стави деколте, или пак оди самоуверено на штикли.

    Е сега, некои имаат повеќе од едното, другите повеќе од другото. Јас лично сметам дека машкиов пол сака девојка која е слатка со сите други, а со нив насамо е поприлично провокативна :D

    Како викаат - Домаќинка во кујна, дама во друштво, ку*ва во кревет :D
     
    На Hotwife, Rose96, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    И двете....Треба да се знае кога можеш да бидеш провокативна кога слатка... :) Е ваквите девојки момците највеќе ги сакаат...(бар јас така мислам) :D :D
     
    На Hotwife му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас сум повеќе за провокативните, некако ми се попривлечни и атрактивни. Да кажам и посамоуверени.
    Инаку и оние слатките имаат некој посебен шарм, баш затоа што се срамежливи и мистериозни.
    Мислам дека златната средина сепак е најдобра, да се најде некој баланс. :)
     
    На Hotwife му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    хаха зашто ми звучи како да се тешите едни со други? Едни слатки - другите провокативни, еве ја на пример ќе ви кажам дека провокативна девојка ми е по привлечна....Коа ќе ја видам у штикла, минич, или стегнати некои фармерки, тестостеронот работи автоматски...Плус опуштени се, не се срамуваат, додека слатките се онака - слатки, срамежливи, повлечени....На некој му одговара и тоа....Сепак девојка се поостри и подефинирани црти на лице е мој тип. Како да е - СЕ е до вкус...Некој сака такви - некој онакви...Затоа биди си тоа што си - ќе се најде некој и за тебе..... ;)
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Зошто да се биде ИЛИ слатка ИЛИ провокативна кога може И едно И друго. Вистинска жена треба да знае кога треба да изгледа провокативно а кога слатко. Секоја убава девојка може да биде и едно и друго ако се променат шминката, фризурата и облеката.

    За мене да си кажам- Сакам да изгледам провокативно секогаш кога сакам да флертувам било да е со дечко ми или со некој друг, кога одам на ноќни забави, кога имам голема желба за секс имам приметено дека избирам и попровокативен стил. Под провокативно не мислам на ’’Груди на изволте’’ и сукна-подп*чник туку на пример бели панталони на кои се исцртува убавата фигура и некоја женствена кошула искомбинирани со високи чевли, малку појака шминка, пуш-ап градник и строго дефинирана фризура каде што секое влакно си го знае местото.
    Слатко сакам да изгледам во друштво, на средби со членови од семејството на дечкото, кога сум на прв состанок со машко и слично. Тука предност му давам на поприродниот изглед иако природно секогаш не значи слатко. Пример би облекла некој фустан со ситни цветови до над колена, виткана коса со убава шнола на страната, убави балетанки, сјај на устата, малку руж, римел и доста е:)
     
  8. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Мене малку насловот не ми е асолен. И некој овде мешал баби и жаби :wasntme: Слатки VS Провокативни? Па за некого слатките се провокативни, реално гледано. Зависи, она што го влече човек, она што му е предизвик, тоа е провокативно. Добро, овде се мисли на девојка која провокативно се облекува, што не мора да значи дека автоматски ако е разголена е и убава. А на крајот на краиштата, зависи има и атрактивна разголеност, има и ефтина разголеност, па шта би пре? Исто и слатка, нежна девојка, не значи дека е забулена до вратот. Провокативноста или предизвикот за мажот е до самата жена, како до природната убавина, така и до внатрешната харизма, а не до начинот на облекување, како што се добива впечаток од некои постови, облеката лесно може да се среди. И ќе се согласам со коментарот над мене, треба да се одржува баланс, секоја убава девојка може да биде и едното и другото, дури и истовремено.
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Јас преферирам повеќе слатки отколку провокативни девојки со напомена слатки да не биде еквивалент на зборот slut-ки. :D :D

    Искрено сакам убави девојки кои доста мирно и успешно се носат со убавината, отколку некои што ја злоупотребуваат убавината и играат на таа карта до последен шпил, а тоа подразбира party, wild, crazy, orgy and slutty girl. :D За таквата девојка имам порака: Добро де девојко убава си надворешно топ бомба си ама дај и убаво се понашај, биди си скромна, мирна, фина, резервирана за да не може секој да се слика со тебе и после да си прави филмови на фб. :D, така гарант 100 пати повеќе ќе ги запалиш машките бар мене ако ништо друго. :rofl: Значи ми се допаѓа фино дотерана девојка, елегантно облечена и не премногу разголена (за да можам после јас да ја разголам, многу нормално :lol:), не премногу нападна шминка онака дискретна шминка околу очите, кармин може ама и не мора, сјај на усните ако сака нека стави за да има постраствен kiss итн. Преферирам да има малку мистика за да сето тоа јас го демистифицирам хаха не е интересно ако нешто е проѕирно, лесно, едноставно, достапно на секого итн.

    Во дискотека повеќе сакам да пријдам на убави девојки кои си стојат мирно, играат онака на место, си пијат пијалок или си пушат цигара отколку на оние што лудуваат on the dance floor хахаха. Има нешто што ме тера да мислам зашто не играат таквите девојчиња што си стојат мирно, па сакам да им се придружам, да ги опуштам, разиграм и сл. :lol: Провокативните девојки веројатно прво ќе ми привлечат поглед, ама не верувам дека ќе го задржат за многу долго. Ќе ми се јави негативна мисла дека се дојдени да се испукаат и да освојат све живо и диво и на крај да завршат со најдобриот што го селектирале. :lol:

    Можда се све ова мои фетиши, али ете знаете како размислува едно примерно машко како мене кои не сака лесни и провокативни девојки (не мора овие две работи да одат заедно). Провокација може да значи и тест од женското да види дали машкото е “лесно“ т.е. дали ќе се препушти на актот. :rofl:
     
    На sj *O*, creshicka, femina11 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Зависи што се подразбира под слатки или провокативни девојки. Ако за провокативни се мисли на девојки кои се без влакна на јазикот односно кои можат да го изразат своето мислење слободно без многу размислување (не за секакви теми), превземаат иницијатива и сакаат да се забавуваат, да тие девојки се посакувани. А ако под провокативни се мисли на девојки што опнале 16ка носат минич од кои им се гледа интимата и носат маичка со многу изразено деколкте :x
    Од секогаш мислам дека добитна комбинација е нешто меѓу слатка и провокативна девојка односно да има особини и од едната и од другата. :!:
     
    На sj *O* и sweet-star им се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Провокативни, слатките не се за мене :D.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Баш така XMan, слатките не се интересни ;)

    Сеуште не сум сигурна дали машкиот пол повеќе ги сака слатките или провокативните девојки, но сигурна сум дека освен провокативна девојка, од мене ништо друго нема да биде 8) Слатките девојки ми се премногу вештачки, нешто у филмот-јас сум невино девојченце, немам појма што се случува околу мене, чекам да ме собере некое фино детенце... :puke:
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Јас тоа за мене си кажав, има машки што сакаат слатки, јас не сум од тие :D .

    Еднаш упознав една таква, ко бомбона беше, ептен слатка и муабет ни идеше супер и симпатија имаше ама знаев освен мување ништо повеќе не доаѓа во обзир, баш ко бомбонче да лижеш ама после ќе се чудиш што да и правиш :D.

    Провокативна е веќе нешто друго ама пак ќе речам од карактерот на машкото зависи, може дека јас ич не сум сладок па и не барам слатки :D.
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Хах, како знае на "слатка" да ѝ проработи жичка не сте свесни. Не ми е добра терминологијава некако, не знам зашто ако е некоја облечена и знае да се однесува, се подразбира дека не знае како со маж или нема страст во себе. Ако жена е дама, фала богу дека таквото издание ќе го чува за меѓу 4 ѕида, ако по тоа проценувате дали е провокативна или не. Ако е умерена на маса, не значи дека за во кревет нема личен репертоар перверзии. Ако не носи четири слоја шминка и 5 цм нокти со мало уметничко дело на нив, 3/4 гола кожа, не се препива и не пцуе, демек не е јака? Знаев дека социјалните мрежи изместија критериум и поим за девојка, ама до олку не.

    Ич не чини мерењево, повеќе ко барање изговор и латентно препукување ми е. Зашто ни слатка ни провокативна не си може со некоја што ги поседува двете, е тоа е права жена. И тоа се има или се нема, не се здобива со читање форум и соодветно глумење, сега сум фина/сега сум провокативна на прекидач.
    Имам познаничка која е демек тооолку провокативна и нема маана, што ако има подраснати влакна или не носи суперсекси веш под алишта, секс не доаѓа предвид. Сто пати поприродна и попровокативна ми е жена што нема да дозволи да ѝ пропадне вечер и задоволство ради препич, искрено.
     
    На sj *O*, sweet-star, Rubiii и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Кога би била маж ни на крај памет не би ми паднало да отидам со слатка девојка. Демек срамежливи некои, со милни фацички циу циу. А за врска па да не збориме пу пу скраја да е.
    Секогаш сакам отворени, паметни и дрски луѓе, а може и малку нарцисоидни :D
    Посебно бегам од тие што се прават премногу скромни и мили, добри душички.

    Сакам девојка која знае да привлече внимание и која знае да си го носи својот изглед и карактер. Женска што ќе може да се снајде во било каков муабет и која ќе остави позади себе подзинати усти.
     
    На sj *O*, nela.oh, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Па според мене секоја девојка може да биде провокативна, ама слатка која како :) тоа зависи пред се од карактерот на машкото како тој повеќе преферира.Може да сака слатки, а провокативни во кревет или обратно :)
     
  17. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Провокативните се оние за 1 night stand.
    Слатките се тие со кои можеш да тераш долго време.

    Многу провокативни девојки знаат да бидат така малце глупички, па и сите тука сме свесни за тоа. Ги гледаме по градов, минич толку кратко што и се гледаат цртите на задникот, деколтето отворено како хаува од застава 101, кај и да е се очекува да се појави некоја брадавица надвор, и многу такви (НЕ СИТЕ!) се поголемо женско друштво кои се " над нивото на останатите присутни" односно сите се под нив (во нивните глави само се разбира). Често знаат да глумат и дека се енормно богати, со солени пијачки во рацете или на масата пред нив...А во реалноста собирала пари цела недела за да се " покаже една вечер. " Не е ова случај за сите кои изгледаат провокативно да се разбереме, си има стварно богати, јас зборам за тие што си замислуваат дека се.Тоа е суровата вистина во нашата ни државичка...

    Слатките девојки неможат да бидат провокативни. Стварно? Ма тие можат да бидат и дупло по секси од некоја речиси гола, само одлучиле наместо длабоко деколте и минич да облечат фармерки или нешто по затворено кое не открива големи делови од нејзиното тело.

    За мене лично, еден добар микс од слатка и секси провокативна девојка би било најдобро. Среќа моја што си имам нешто такво покрај мене 8)
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Аргаси бе :D Биди маж и зауздај некоја провокативна. Ајде да те видам. Мене па баш тие би ми биле предизвик. А вие за провокативна ја сметате само таа што има длабоко деколте, нели? :^)

    Е среќа XMaN и што не сме другари. Иначе ќе биде жустро. Посебно ако си инает, девојката и без рака и без нога ќе остане. Влечи, корни, од толку теглење ќе ја направиме слатка, ќе има очи само за да трепка со нив :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Хахахахаха, ТОП :D.

    Инает сум и јас ама зашо бе не ме сакаш за другарче :( . Ќе ти давам и ти да си ја галиш повремено па и да си ја гушкаш ако треба, нема да ми смета :D.

    Поеќе не даам :D.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Хахахахаха добро ми е вака ништо не ми фали ;) Се гордеам со девојка ми каква што е, а верувај ми ЈАКА Е :lol: 8)

    А провокативна една девојка може да биде на многу начини, ама уште кога ќе се спомене самиот збор одма асоцира на тоа нели? :D