1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слатки VS Провокативни девојки!

Дискусија во 'Врски' започната од Scarlet88, 19 јули 2010.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Jас сум за златна средина, ни некоја утепана, да треба за се со стап да ја тераш, да ја молиш и убедуваш, ниту па од тие нападните и агресивни типки-кои искрено ми се одвратни.
    Провокативни за мене не се тие што се упикуваат со сила и излегуваат по гаќи, и тие гаќите треба да знаеш да ги носиш, а не некои си мислат облечи се како проститутка и сега провокативна типка сум :)
    Значи тоа прво одвнатере излегува, до карактер, став и харизма е, најмалку до облека.
     
    На sweet-star и antilla им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    :D Испадна како другарки да сме демек кукличка некоја си делеме. :rofl:
    Океј сакам те за другарче и заедно одиме во лов по јаки и провокативни женски! Deal? :P

    Него... јас како шо разбрав некои од вас за провокативни ги сметаат оние шо личат на бугарски, силиконски певаљки, некои со гол г*з и деколте до попок. Абе дечки :D
     
  3. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    А мене сеа ме збунивте со се ова шо е напишано тука. :?: Јас не знам во која категорија спаѓам |(
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мене ми викаат дека имам само слатка фаца :D инаку сум провокаторче.
    Не, јас под слатки не подразбирам носење ролка и сукњи до под колена, ниту за провокативни деколте до пупак и минич до пич. Тука станува збор за карактер. Е кога веќе сме кај карактер што треба да претставува карактерот на слатката девојка, лигалвење, гласче кое едвај се слуша, најголема желба ворлд пис, трепкање со очињата ... или пак кај провокативните, главна тема на муабет да им е секс, гласно смеење и зборење...
    Темава баш и не ја разбирам што сакал да каже авторот ама ниту сум за слатки ниту за провокативни девојчиња затоа што не сум машко, а да сум реално не би сакал лигла поред мене или пак некоја налик провокативна певаљка.
    Мислам нема потреба од глумење лудила, секој треба да си биде нормален и да не глуми лудило, тоа е најбитно.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    А нели може нешто помеѓу :) .

    Ако под провокативни се подразбира длабоко деколте,суќна до под газ,еден тон шминка и невкусно облекување тогаш не сакам да бидам таква а ниту сум.

    А ни слатка не би рекла баш дека сум.Мислам ми имаат кажано дека во фаца сум слатка :wasntme: но не сум баш од оние нежни,мили,ангелчиња можеби поради карактерот да не кажам знам некогаш да бидам намќорче :) .
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.133
    Допаѓања:
    88.426
    Пол:
    Женски
    Не сакам слатки, мили, невини девојки, сакам провокативни, со секси поглед. Тоа не подразбира да изгледа ко да излегла по долна облека, него едноставно провокативноста се гледа во лицето, во движењата итн.

    Јас не се доживувам ко слатка девојка, пре би рекла дека сум во другиве. Но, секој не гледа исто. На некои сум им слатка, на други провокативна.
     
    На 1209 и Ella.313 им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Да не се лажеме, мажите прво сакаат провокација, а со тоа и она што следува. Доколку добијат многу брзо она што сакаат, може и да ги снема, а секогаш на крајот си бараат слаткиш со кој ќе имаат врска и стабилност.
    Така да, стандардите за провокативните девојки важат дека треба да се само набилдани со сексапил, да пуштаат вода, да немаат врска со емоционална стабилност и да служат само за подгревање. Е сега, ние сакаме да се доживуваме и како сакливи и ебливи, што е сосема коректно, оти сме жени и сакаме да бидеме комплетен пакет за еден маж.

    Но, ним само едно им се врти во глава додека да стигнат до терминот - слатка ми е.
    Прво мора да пробаш нешто, за да ти биде слатко.
    Ми се чини дека нема дипломатија околу тоа каква една жена е или може да биде. Секоја од нас знае да биде опасна кога и се сака нешто, а и да глуми розевка пуфка за да измами нешто.
    Жени, жени сме, пред се’, и во нас имаме и слаткоќа и провокативност, само моментот е како и кога ќе ја покажеш и дали тоа е вистинскиот потег кон неговото височество, да не речам, Мажот :lol:
     
    На 1209 и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе, јас пре би рекла дека одговорите пред мене кои што ги прочитав ја имаат некако изместено границата за „слатко“ и „провокативно“. А и воопшто дефиницијата за ова, се мери од една до друга крајност. Демек, слатките се срамежливи, мирни, скромни, као Есмералда, продаваат цвеќиња на пазар, имаат болна мајка, вагината им е запустена оти не виделе пенис и сл.
    Додека пак провокативните, јаооооо, што е тоа. Гради на мегдан, веќе знаеш што модел на прслук носи бидејќи пола и више и се гледа, тангата наравно е тука, све ти е достапно за раче, као „Додирни мееее“. Ајде да ја кажам Сораја од ВБ. Според муабетиве горе, тоа е провокативна.


    Дали сум ја традиционална во некои сфаќања, или моето воспитување зборува од мене за мене е сосем друго да си слатка, и да си провокативна. И еве ајде да кажеме, ме окарактеризираат како слатка, некои како убава, не секси, или провокативна. Очито јас сум многу тупа и мирна, па ме тешат со „комплиментов“. :( Ахххх јадна ја...
    Јас би комбинација од двете работи, кога више се збори за ова. Да си слатка и мила, да имаш смисла за хумор, да знаеш да ја насмееш околината, да не бидеш намќор, да шириш позитивна енергија, слатка = убави црти на лице. Провокативна можам да бидам во кревет кај што правам свашта со дечко ми, и сум и више од перверзна и си ги остварувам моите фантазии. Е да, тоа е за мене комбинација од овие две. И тоа сум јас.

    Не ја гледам убавината во ужасно „провокативна“ девојка со парталче на себе од 50 сантима, шминка нападна као у хорор филм, трепки да ти истераат очи, нападно зборење, непостоење на никаков речник, буљање кој поише златни ланци има на себе. Епа да, очигледно и Фејсбукот си го направи своето. И ова е провокативно во денешно време. За жал, ќе речам. :puke:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Помеѓу,молим лепо!
    Ниту еден маж не сака розе и кикици и панделки,дете за цел живот,па да си ја гледа и да му цмиздри,а и ниту еден маж не сака опајдура (тм еден мудар татко) која штом ја изнесе,да не може да ја собере,да не знае каде гледа и кого шмека,да е у миниќ и деколте,макар суптилно,ама секојдневно (мислам по стереотип провокативна,ај замислете си,ве молам!). Не ги сакам ниту двата екстреми и одма ми доаѓа да го искористам боксот ко алатка или да закубам некое косиче запеглано,па уште и плаво.

    Јас мислам дека сум помеѓу. Никад не ми рекле слатка си,а ни провокативна си,ниту пак сама се осеќам некако,ама затоа ми рекле АЛФА СИ и сум мошне среќна заради тоа! :D Во еден период од животот имав проблем со една мушкарчина ме обивинуваше дека сите ги гледам ... изазовно,ама мене таков ми е погледот,мајку му га опалим! А и другарка ми па уште и го поддржуваше,ама и со двајцата раскинав потоа! :D До нив беше,не беше до мене! :D
    Држам средина,дозирам според потреба. Како и да е,изнудувам почит,сеуште не ми рекле,мутава е остај ја или види ја каква е,сигурно се рока ко ... или нешто такво грозно. Затоа имаат желба да им заплетам чарапи,да им захеклам миљенце,да им скухам нешто,да им бидам кормилар,па и да фрлам сидро кога треба! Тоа е...шо да праам! :D
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    има мажи што бараат девојки чија главна дилема е краток фустан или тесни панталони. има мажи што бараат девојки чија главна дилема е постипломски студии веднаш по дипломирање или неколку години работа. овие вторите се поретки. да речеме, ги нема... :)
     
  11. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Провокативни девојки се ОК за прв аудио-визуелен впечаток.Но за мене побитно е како таа девојка стои на интелектуелен план,за да загризам.Доколку е само провокативна а нема супстанца,онака не може да се вклучи у ниту една тема тогаш провокативноста и е само обична фасада,и таквите типки по default идат у категорија for sex only.Од друга страна може да загризам на интелектуалка, која на сред муабет за спорот помеѓу Северна и Јужна Кореја у дискретен амбиент додека ги вкрстува нозете,ми ги покажува нејзините црни гаќички.Само на секунда. :D Да се разбереме,ако девојката ми е привлечна може да носи и руска Ушанка со сина лудачка кошула у комбинација. :D Облеката и провокативниот говор можат само да ја направат целата ствар повозбудлива.Според мене провокативна облека е ОК,но highly overrated.Ако девојката не ми е привлечна џабе е се.

    Значи,независно дали е "слатка" или провокативна,битно е дали е паметна,дали има смисол за хумор,и дали е откачена.Под откачена, мислам доколку има проблеми со интимната зона, да и биде ОК идејата да голтне X mg Viagra,само нека не претерува со дозата. :D
    Значи да има некој посебен ентузијазам.Страст за поезија,за филм, за музика,за животот...

    А,и ќе заборавев,треба да знае да свири на флејта. :D
    Ако е срамежлива девојка и не знае да свири на флејта,најдобро е да остане срамежлива.Иако е turn off иницијално,понекогаш знае да биде возбудливо,особено целиот тој процес на "расипување" на добрата и срамежлива девојка. :D
     
    На sj *O*, 1209, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Колку и да е некоја слатко, паметно, добродушно девојченце, стално паѓала во заборав кога во просторијата ќе влезела провокативна девојка. |(
    За жал.
    На еден другар го изневери женска му, па пак наседна на провокаторка и таа го изневери, па кој му е крив? :fubar:
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Дефинитивно провокативна девојка но не во негативен контекст туку онака пошармантни се,попривлечни,позабавни.
    И да овие тако званите слаткиши девојки што се прават дека ништо немаат видено во животот(со чест на исклучоци) се мноооооооогу поопасни од овие провокативните(но не се мисли на лоша или вулгарно облечена).
    Во животот имам видено xxxxxxx примери такви мирни мали слатки речиси бебиња кои ништо не знаат а уствари како они можат гадно да те заебат.
    А тие мирните всушност имааат и видено и превиденооооо и баш тие таквите се оние кои се буфтаат по студентските соби и интернати..
    Мене искрено ми се гади од тие мирните.. :swear:
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Се е до вкус ....провокативните доајгаат полесно до машко од причина што се послодобни...
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Изгледот може и да лаже. Познавам девојка секогаш затворена облека, ролка, без деколте, се покриено, а празната е друга со неа.
     
  16. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека под -слатки не се подразбира -срамежливи девојки туку фини, паметни добри девојки, секогаш насмеани и забавни. зарем не е доволно една слатка и насмеана девојка со доза шарм и сексапил за да знае да привлече машко, а секоја може да биде провокативна... да се разголува и едноставно да биде прчла и центар на внимание.
    поздрав девојки <3
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Мене искрено слатките девојки секогаш ми се помалку сомнителни, има милон такви во моето окружување кои на прв поглед делуваат слатко, мил глас и треперење со очињата, а уствари се едни од оние најлошите.Не знаеш шо може тие да направат.Не сакам слатки девојки.
    Од друга страна да се биде провокативен не значи да носиш минич до п** и цицки на изволте.Провокативна девојка може да биде и облечена како калуѓерка, ама да провоцира со поглед, движење, разговор. Некоја граница е битна, мислам да бидеш помалку и од двете, уствари да знаеш во која ситуација каков впечаток да оставиш.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Секоја девојка е убава на свој начин,и со ролка знае да изгледа провокативно,и по бикини да делиува шармантно и страмежливо,зависно од моментот :) Најдобри се девојките кои знаат да го искористат тоа што го имаат на прав начин и во вистинскиот момент,без разлика дали е шарм или сексипил ;)
     
  19. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Ако сакаш облечи ролка што и целиот врат ќе ти го покрие и освен лицето и дланките никава друга кожа не покажувај, ако си ја знаеш работата можеш да бидеш најпривлечната било каде. Едноставно, без разлика на полот секогаш се приметува харизмата кај личноста, шармантноста.
    Всушност мислам дека најмногу има во харизмата и умешноста да заведеш.

    Од друга страна, имам една другарка која што беше тип на девојче кое е многу, дури претерано срамежливо, не зборуваше со никого во живо, посебно не со машки. Онака руса (природна) долга, предолга коса, плави очиња и цело време ќутлива, но :!: да ја видиме сега. Ја ишиша косата и ја доби онаа кратка секси фризура, малку нагласување на очињата, телото и оп, преку ноќ привлече внимание на толку многу машки, но сепак сеуште она ќутливото од неа не излезе. На фејсбук можеш да видиш да збори на секој можна тема, но во живо :x .. е тоа е друга приказан. Таа е од оној тип на слатки девојчиња. И како што кажале старите:Тивка вода, брег рони
     
  20. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    слатки :D кога би била машко не би сакала женската да ми бидит на седмо небо и да се замислуват незна што, дека светот се вртит околу нејзе и дека е центар на внимание поради провокативноста 8)
    слатка,своја девојка ;)