За слатки и природни девојки би гласала,ама факт е дека вниманието секогаш иде на провокативните,поразголените,цицлести,гзлести итн.. Визуелниот впечаток е првиот фактор за да те привлече некој и да сакаш да имаш воопшто нешто со него! Ама сите забораваат дека убавината е минлива работа,не може вечно да си ист,стегнат,убав,со убави гради задник итн..
Ако предвид го земеме стереотипот, лесно е да се најде совршената девојка - Цицки, штикли, минич и сигурен чекор. По оваа дефиниција, мажите генерално сакаат провокативни девојки. Кога на улица ќе помине ваква девојка, сите ќе се свртат. Никој нема да се сврти на девојка во лелеаво фустанче и патичиња, со големи црни очиња кои кога ќе трепнат додека те гледаат, како земјотрес да удрил. Ама, тоа се сè работи за стереотипните, меинстрим дечковци, оние кои се како калапени еден на друг, оние кои ви приоѓаат по дискотеки со глупи реченици, оние дечковци, за кои овие девојки се создадени. Сепак, има многу дечковци кои сакаат слатки девојки, ама лошата работа е што слатките девојки не ги сакаат овие дечковци. Слатките девојки ги сакаат меинстрим дечковците, оние глупите, со кељави глави, што не знаат азбука, што се фалат дека спиеле со 100 девојки, а уште не знаат прслук со една рака да откопчаат.
Сите сметаме дека машките сакаат провокативни девојки. Но, провокативните девојки ги сакаат само за онака, да се позабавуваат малку и толку. За сериозна врска и за брак, дефинитивно им треба некоја поштена, фина, паметна и слатка. Тие се девојките за цел живот.
Abe jas za sebe mislam deka sum slatka, drugite me opishuvaat kako ubava, zgodna, seksi a slatka me ima narecheno samo tetka mi, onaka ko zbor samo taa go upotrebi. E sea chesto mi se obrakjaat so sonce, zlato, dusho, lugje koi ne me ni znaat i ne sum sigurna kaj spagjam ustvari. Fintata e da bidesh kameleon, t.e. shto sakash vo zavisnost od raspolozhenieto koe se menuva.
Активиравте тема од пред 6 години. Па ај и update на коментарот да направам. Нема таква девојка што може да биде пред слатката. Девојки со убаво, мило и симпатично лице, културни, нежни, прибрани. Тоа е на прво место. Па и таквите знаат да бидат доволно провокативни. Е тоа е тоа.
Не знам што би одговорила на ова искрено.. Знам дека машките до себе ги сакаат слатките, кротки што велам јас, оние што велат провокативни по кои кршат врат им се за онака, за една вечер. Е сега која е провокативна, која слатка, еве не знам да разграничам. Тоа што носам кратки суќни дали значи дека сум лесна, па дури и маж ми за жена ме зел Некако многу етиќети за жените се лепат и тоа од нас самите жени. Мене искрено ми е поудобно во кратко, носам и долги ама поретко. Најчесто носам потесна облека, не помала од што ми теба , него си носам секогаш струкирано, е сега гради не вадам на видик намерно освен кога таков е моделот, и искрено ич не се чувствувам како провокативна туку како удобно у своја кожа. Е сега што некако границите на нормалното ни се изместија е друго. И филер на уста, силикон каде и да се става може да изгледа неприметливо, ама новото модерно време некако ги измести работите. Се е некако пренатрупано. А да знаеме некој дали е сладок или провокативен пак треба колку толку да го знаеме на карактер. Може некоја да трепка со очиња со ролка до муцка, ама испод мира триста вира...
Да се разбереме има разлика од провокативен лик(генетика) да има девојката од провокативно да се облекува. Ако зборуваме само за изглед,мислам дека се е до вкусот машкиот пол. Исто како и ние жените што имаме различен тип на мажи што не привлекуваат. Еве Scarlet Jonson, има провокативен лик .. па што и да ставиш тоа и ликот.. таква убавина има..
Комбинација од двеве, дефинитивно. Од мажот само зависи дали сака провокативна девојка и за сите останати или само за себе. Тука лежи главното прашање.
А зошто 90% за жениве се праи муабет ваква или онаква, зошто на пр не разговараме за харизматичен или убав дечко или црн/ плав ?