1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Од нејзината facebook страница докторката официјално изјави дека од есен се сели во Македонија поточно Скопје каде си има свој стан и постојано ке патува и во Врање каде се нејзините.Нејзиниот син ке студира од есен во Скопје и неопходна му е нејзината помош и подршка во студирањето.Во однос на работата нејзините планови сега за сега не ги открива но здравје до есен се ке се дознае така што на сите оние кои ке бараат помош од неа во секое време ке им биде достапна а не како што беше во минатото еднаш до двапати во годината во живо. :)
    http://www.facebook.com/groups/solarnaj ... ana.velkov
     
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија.

    Е баш се "израдувавме", сега многу луѓе ќе можат да се информираат за "благодетите" на содата и сонцето и баш ќе може порано да се откажат од медицинската терапија и третманите и побрзо да си умрат.

    Инаку јас сум имала искуство со неа, сум била кај неа на предавање, сим ја следела и сѐ уште ја следам неа и нејзините групи и совети на фејсбук, затоа сум толку огорчена.

    Отидовме со тежок болен за совет, пред тоа не знаевме што советува, мислевме ќе ни даде некои чаеви, ќе ни предложи некои лекови или терапии, ама госпоѓата нѐ гледаше во очи и ни рече да пиел сода и да одел бос, многу се изнервирав после тоа и ја најдов на фејсбук и таму видов што предлага и дека нема појма од медицина.
     
  3. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија.

    Можеш да зборуваш против неа колку сакаш и тоа е твое лично право но бројот на нејзини приврзаници и обожаватели секојдневно рапидно расте.Два профила на facebook со преку 5000 луѓе и група во која има преку 2000 луѓе не се прават со измами.Кога ќе дојде во Скопје и кога ќе почне да гостува поактивно по телевизиите и разните предавања повели во живо па обвинувај ја јавно пред сите а не вака преку форуми.Таа заедно со Јадранка Бибан се единствените во Македонија који јавно се откажаа од лиценците кои ги дава официјалната медицина затоа што сметаат дека таа единствено се грижи само за профитот на фармацевтската индустрија додека здравјето на луѓето е во втор план.
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22702
     
    На bubica13, meU и DeMelo им се допаѓа ова.
  4. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Абе и ТАТ имаа многу приврзаници, па ете излегоа дека е измама. Сѐ што е премногу добро да биде вистинито не е вистинито.
    Според она што го пишува и промовира, мислам дека појма нема од основната наука и медицина.

    Не знам зошто ја спомна Јадранка Бибан во контекст на темава, таа мислам дека воопшто се нема откажано од лиценцата и сѐ уште си е лекар односно гинеколог. Пред сѐ промовира медицина и совети базирани на докази и здрава исхрана, иако често забегува во шпекулации за да покаже индивидуалност сепак нејзините совети се далеку подобри отколку на оваа, за разлика од Слаѓана која промовира бесмислици и бабини деветини и промовира нешто што не е возможно, лечење на рак и тешки болести со гледање во сонце и одење бос.
     
    На makedonkamak и tessie им се допаѓа ова.
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Пак ке кажам тоа е твое лично право и немам ништо против но времето ке си покаже кој лаже а кој кажува вистина во јавноста.Затоа ке почекаме и ке видиме на видело како ке се одвиваат настаните.Сега за сега бројот на сангејзери рапидно расте а на балканов моменталната бројка е околу 200000 луѓе со прогноза дека постојано ке се зголемува.
     
  6. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Што треба да покаже времето? Не знам зошто го сфаќаш мојот став како рестрикција врз нејзините права да промовира глупости.
    Јас не ѝ забранувам да собира десетици луѓе по собири и да ги наговара да се откажат од лековите и да почнат да се лечат со сонцето.

    Јас мислам дека повеќето луѓе со доволно паметни да не ги прифатат нејзините глупави совети и затоа немам никаков проблем да им се обраќа.
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Времето ке покаже дека луѓето се повеке и повеке се освестуваат и свакаат дека официјалната медицина со години манипулирала со нив затоа што стручно во литература не ги третира и лечи изворите на болестите туку само ги маскира симптомите на тие болести затоа што фармацевтската индустрија мора да работи под полна пареа.Затоа многу луѓе цел живот пијат лекарства и се трујат од истите.
     
    На TheTeacher, Anastasija-Velika и DeMelo им се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Во повеќето земји во светот(претпоставувам и кај нас) надрилекарството е забрането,а во случајов ако жената е лекар тогаш ја злоупотребува титулата за чиста заработка.

    Најштетното од одење по надрилекари е што се губи многу скапоцено време во кое што официјалната медицина би можела да помогне во најголем број од случаите.

    И пример ако се исечете од зарѓан предмет,дали ќе пиете сода и ќе седите на сонце или ќе одите во најблиската амбуланта да примите тетанус?
     
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Точно е дека луѓето се освестуваат, ама откриваат дека постојат вакви нестручни лица кои промовираат крајно сомнителни совети. Ништо не е совршено, па ни медицината, знаеме дека фармацијата и компаниите не се цвеќе за мирисање и прават малверзации, ама имај некоја граница и прочитај критики за тоа што промовира Слаѓана пак од друга страна.
     
    На snezno му/ѝ се допаѓа ова.
  10. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Слаѓана Велков работи бесплатно и никаде на никого не земала ниту денар.Во повеќето земји надрилекарството е забрането затоа што сериозно им се загрозуваат интересите на оние што управуваат со нашава планета а за кои имам многу пишувано.
    Зошто нестручни?Затоа што одат контра официјалната медицина?Слаѓана има завршено на нашиот медицински факултет во Скопје и после тоа неколку години работеше како хирург во Врање.Ако на нестручно лице некој туку така ке му дозволи да врши операции во ред тоа е твое мислење но правата вистина е сосема поинаква од таа ти што ја кажуваш.Ако си 100% сигурна дека таа манипулира кога ке дојде кај нас можам да ти договорам дуел во 4 очи пред јавноста па повели критикувај ја колку сакаш со твоите аргументи.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Exspert жалам за вашата загуба и се соочуствувам со вас зошто и jac загубив дваjца блиски во борбата со ракот.
    Но, Jac сум сигурна да тогаш ги знаев сите овие работи многу позитивни резултати ке имаше.
    Но зошто сте толку огорчени кога не сте ги следеле неjзините препораки, сама рековте дека за вас е ненормално рак да се лекува со сода бикарбона, сонце, исклучиво сурова храна.
    Jac познавам луге кои на кои многу им помогнал овоj начин на живот и Слагана не е единствена, поактивна е овде на балканот, да истражите малку подалеку ке видите дека низ светот има многу почитувани луге кои се одкажале од традоционалната медицина, бидеjkи таа стана инситуциja преку коja фармацевските копании перат пари, почна свеста да расти, jacно им станува на лугето што уствари таму се случува.
    Ке ja спомнам тука Луиза Л.Хеj aвтор на многу бестселери како "Живот" , Луиза на овоj начин ja победила битката со ракот.
    И не само тоа фактите говорат доволно - колку случаеви знаете каде традиционалната медицина го уништила ракот?
    Стстистиката говори во корист на природата.Хемотерапиjaта е тотална утка, уште една фарса.
    Дали еве вие не знаете дискофилмен ке го прашам знае некоj санраjзер и следач на овоj здрав начин на живот коj се разболил од рак или некоja друга тешка болест?
    Човек верува во тоа што сака да верува, jac сум свесна дека вашето мисленюе не можи да се промени, ваш живот ваши одлуки.Jac видов проценив и одлучив превентивно да се заштитам.
    Исто останува на останатите да проценат , но знаете зошто следбениците на Сагана рапидно растат, затоа што од традиционалната медицина не виделе никаков аир само фрланюе здравje и пари, додека благодетите кои ги нуди природата се бесценети Сагана укажува на еден поинаков начин коj не бара никакви дополнителни трошоци, самата таа не бара никакви финансии тоа доволно укажува дека не е уште фарса.

    А вака-вака зошто ако превентивно не пукаат со вакцини од тетанус пак примаме серум а ? За тетанусот има една друга вистина истражете малку.Имам пишуавно во вакцини темата. Гуглаjте и на англиски.

    Зошто ако официjaлната медицина толку помога на секоj чекор има толку луге болни од рак, а истата таа со неjзините методи не помага? Зошто ракот ке зема се поголем замав? Тука се криjaт многу подлабоки прашанюа..
    Треба човек да е отворен за нови видици, а не како слеп за стап да се држи само на тоа што до сега го знае.
     
    На bubica13 и discofilman им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Не е за ова темата, ама еве ќе прашам: Што е проблемот со содата при лечење на ракот, или било која друга болест на организмот?

    Експерт, знаеш дека најголемиот онколошки институт и болница во Истанбул, на дете болно од рак, на врвот на листа на продукти кои треба да ги внесува (здрава храна) се наоѓаше содата со Ц витаминот?
    Ете, медицинска установа е, не е шалабајзерката Велков.
    Ќе им веруваше нив доволно за да ја користиш содата?
     
    На joy1, Anastasija-Velika и discofilman им се допаѓа ова.
  13. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Еве ти повпечатливо искуство од сангејзер кој пред мене го заврши целиот циклус.Дечкото сега има 41 година и прима доживотно инвалидска пензија.Зошто?На 32 години имал тешко оштетување на срцето а како резултат на тоа еден спрат по скали не можел да искачи.Бил во ФИЛИП II кај првиот човек да не го именувам зашто е најдобриот кај нас и го оперирал успешно и на негово инсистирање дечкото доби инвалидска пензија затоа што со такво оштетување не смеел воопшто физички да се оптеретува.Почна да гледа и кога на 30 минути гледање отишол на контрола докторите биле фрапирани од снимките што ги виделе бидејки немало никакви знаци дека срцето било оштетено.Како резултат на сонцето органот се регенерирал но не бил луд да им каже дека гледа во сонце туку само дека поднаводници ја прима терапијата иако сега не пие никакви лекарства затоа што се исплаши дека можат да му ја укинат пензијата.Сега се чувствува како нов и без никакви проблеми шета по планини.Од него лично дознав дека и првиот човек на ФИЛИП II e сангејзер но бил крајно внимателен за јавноста тоа да не го дознае.
    Еве уште еден шалабајзер што тврди дека ракот го лечи со сода бикарбона но највпечатливо е сведочењето на онкологот кој тврди дека во неговиот работен стаж само двајца пациенти одбиле хемотерапија од која само 30% преживуваат и што е најинтересно тие двајца се сеуште живи!
    http://www.youtube.com/watch?v=lT-gC7rvPuM
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Знам за Тулио, прочитав се` за него, и искрено ми има логика таа базност и алкалност на организмот при борење со болести, и тука нема измислување топла вода од страна на Велков.
    Јас неа ја гледам само како „курир“ на овие информации, а не нешто што таа го создала, така да жената, како личност, воопшто не ми смета. Јас ќе прифатам што сакам и што сметам дека ми има логика и добро дејство врз организмот и тоа е тоа.
    Зошто толку против неа, не разбирам?
     
    На Annath, DeMelo и Mikako им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    А мислите дека докторката нема да излезе со некоја книга за здрав живот ? Нема да промовира природни напитоци по нејзин бренд ?
    Само едно ќе кажам знае како се прави бренд и е многу умна , собири следбеници под мотото дека на сите помага бесплатно дели совети и собира кредибилитет за да кога ќе исфрли нејзин производ на пазарот да биде широко прифатен = голема заработувачка :D
    Ја разгледав нејзината страна , некои се убави совети оти стварно од здрава исхрана немаш штета , ама не дај боже да имам мака ќе си се обратам кај лекар . А ова со содава , па нашите стари ја користеле , нема и од тоа лошо да се проба ... И не го промовира таа прва туку ми се чини некој лекар во Хрватска . А ете гледам сега некој го спомна Тулио .
    Па и на самиот почеток на презентацијата таа вели дека доколку сте болни обратете се кај лекар :D
     
    На Boshkoska2 и expert им се допаѓа ова.
  16. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Против неа се сите оние што се лекари или фармацевти кои егзистираат од официјалната медицина.Ако сите луѓе станат сангејзери се доведува под знак прашање егзистенцијата на лекарите и бизнисот на фармацевтите.Тука страда и прехрамбената индустрија затоа што со менувањето на начинот на живот се менува храната па на тој начин се намалува и производството на индустриска храна бидејки ке биде слабо купувана на пазарот.Со еден збор се руши целиот систем.
    Мора така да збори затоа што нема лиценца за работа како лекар во официјалната медицина.
     
  17. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    За Велков кажав што кажав, иако има завршено факултет, тоа не е гарант дека нема стаови кои се спротивни на сите докази во медицината. И во лекарите, па дури и во специјалистите има нестручни луѓе, ама повеќето се покриваат што следат протоколи и шеми од министерството, а своите ствови си ги чуваат за себе. Но, Велков, колку и да има учено и завршено, сепак таа си дозволува да промовира нејзини ставови кои ако некој ги провери на интернет во малку поскептични места веднаш ќе види дека повеќето се побиени и неточни. Па видете на фејсбук последниот пост и е дека имаме способност за телепатија, па што да очекуваш повеќе од неа.

    За содата како лек за рак

    За некоја лага да добие популарност треба да има барем ронка вистина. И ако некој побара за истражувањата за употребата на сода во третман на рак ќе види дека мали количини сода имале ефект во ПОМАГАЊЕ НА ХЕМОТЕРАПИЈА, односно хемотерапијата делувала подобро во алкална средина и ставале сода во местото на операцијата или во туморот за да и овозможат на хемотерапијата подобро да делува, а не се пиела.
    И откриле дека содата во големи количини има штетни ефекти.
    После некои како Симончини отвориле клиники во кои даваат терапии исклучиво со сода во операцијата на туморот, и после некои како Велков погрешно сфатиле и почнале да промовираат да се пие содата како третман за сите болести.

    Единствени содата може да делува кај киселини од желудник за што и се користи кај нас, сите пијат сода против киселини.
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Здравата исхрана и содата НЕ СЕ ДАВААТ за да се помогне хемотерапијата, туку ДА СЕ НЕУТРАЛИЗИРААТ негативните ефекти од истата, зошто таа не ги уништува само канцерогените клетки, туку и здравите.
     
    На Annath, DeMelo и discofilman им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Како нема лиценца , нели 3 имала :D
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Како и да е, пиењето сода, само по себе нема никакви ефекти во третман или во превенција на болести, како што тврди Велков.
    Хемотерапијата ги уништува клетките, можеби се дава сода, не знам, ама ова истражување кое предизвикало внимание било дека некој тип на хемотерапија за некој вид рак делува подобро во алкална средина која постигнува со сода која се става во местото на ракот и после како расипан телефон се проширил истиот совет, па дури и ја направија содата како лек кој лекува се.