1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Оффф, пак се јави оваа.... |(
    Што се мешаш, кога ништо конкретно не кажуваш и истото та истото само го пишуваш????
    Колку да е напишано само....досадна стана.

    Кое зјапање сонце ма ???
    Се гледа колку си неупатена и колку напамет си правиш муабет !!! :fubar:
    Јас цела техника ја имам завршено одамна, и многумина други.
    Еден од нив оди прашај дали ќе ти кажи нешто негативно !
    И не само што не е штетно, туку сите и наочарите ги фрлија...

    Ама веќе е кажано, и си има тема за тоа, оди на неа пишувај. Постапката е јасна за гледањето сонце и дефинитивно нема никаква штета.
    Ниту еден случај негативен нема, кој ја следел постапката како што треба !

    Затоа не трескај од памет кога ни 1 секунда не си гледала, ниту си прочитала.

    А, и алкохолот кој го пиеш е штетен итн, и пак го пиеш.
     
  2. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Штетно мислев на делот со интернетот,ама гледам ти инаку си сватила :lol:
    Ох,интелегенцијо.Брзоплетоста е лоша одлика.
     
    На Gea, StefChef и baby-star им се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Силвер дали ти ова стварно го мислиш со менструацијата?
    Жено ме изнасмеа,па утре ќе бидеш мајка и не е во ред да немаш елементарни познавања за сопственото здравје.
    Каде тоа пишува дека менструацијата кај сите е иста и дека болна менструација значи дека нешто не е во ред?
    Ех да не сакаш да ти позајмам гинекологија од факултет па да си ги деградираш сопствените небулозни размислувања?
     
    На andromedae и StefChef им се допаѓа ова.
  4. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Така ги учи нивната докторка... :D :D :D ..Они се си знаат...
    Мој совет фрли си ја книгата гинекологија...Нема потреба од доктори и наука...Нашата иднина се Силвер, Велков, амишите, индиски те племиња и зелената полјана... :D
    Сега Силвер паметна сум..Се просветлив ли? ;)
     
    На Gea, mimiiiii, StefChef и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кому човек да објаснува ?

    На некој кој не сака да сфати и од пусти инает оди контра се ?
    Веќе не постои дискусија на здрав начин. :x
    И јас си велам: абе не биди проста, што губиш време на некој кој наместо да се свести сака само да куди, да се исмејува и да провоцира? |(

    А, вие фатени една со друга под рака, со бабиве од мало повеќе ќе се разберам. :rofl:

    Ај чао
     
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Па тебе бабите ти се репер за твојата интелегенција не научните тврдења...
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Човечкото тело е машина која совршено функционира. Метафорички кажано..

    Организмот си има свои показатели и нивоа кои покажуваат како треба истиот да функционира за да биде нормален и здрав.
    Определено количество на шекер, граница на масти, висок и низок притисок, урина, број на срцеви отчукувања во минута, правилна работа на цревата, ИТН.

    Никој човек досега не рекол: Што ако мојот висок притисок е 180 ! Па, јас сум друг човек, не може да е кај сите исто !
    Туку, истиот разбира дека неговиот притисок е надвор од нормалата !
    И бара начини за да го реши тој проблем.
    Исто тука спаѓа и менструалниот циклус. И тој си има свој редослед.
    Кај сите жени е различен, но има и тој своја нормала, што е во ред, а што не е.
    Што е тука нејасно ???

    Болките не се во ред.
    Секој доктор ќе ви каже дека БИЛО КОЈА БОЛКА на вашето тело, или било кој показател кој е малку поинаков, укажува дека нешто со организмот не е во ред.
    И тоа треба да се пронајде и реши.

    Драги госпоѓи и госпоѓици, најтрагично е што јас ова го пишувам од медицински аспект, а вие дури и ова го побивавте (секако, со празни зборови), колку само намерно да одите контра и да провоцирате.
    Цело време ја правдате медицината, а сега самите отидовте против неа.
    А, тоа е така, зошто не прифаќате нормална дебата со убаво да си пишуваме, туку само скокате колку да навредите и контрирате.
    Од вас човек буквално ништо не може да напише за здравото и природното.
    Некој човек отстрана да дојде да не чита, нема ништо интересно да прочита, туку само кавги и дебати.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Се живо диво паметно интелегентно бега илјадници километри од државава само она ни доаѓа тука, не знам јас прочитајте меѓу редови што сакам да кажам.

    Глутница, дувло станавме за првокласни манипулатори, лажговци и опортунисти.
    Од субрати се до оваа и даље на запад....
     
    На faye, andromedae, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Болката при менструалното крварење доаѓа од контракциите на матката.Односно тоа е начин телото да се подготви или има увид како тоа би изгледало за време на породувањето. Болката доаѓа од грчењето и опуштањето на мускулите на матката. Е сега некои жени имаат помало ниво на хормон што ги предизвикува тие контракции,други повисоко и затоа болката е поизразена кај нив. Освен тоа и прагот на толерација на болка кај секое тело е различна.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Точно, и кај тие со нормално ниво на хормони нема никаква болка. ;)
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Тогаш според тоа само 10% од жените се здрави. Многу е тешко да дефинираш што е тоа здравје и што е нормално.

    Медицината болната менструација не ја смета за болест или за патолошка состојба. Затоа впрочем и не се лекува. Освен тоа и породувањето е болно.Дали тоа значи дека ако сме во рамнотежа со природата,енергијата и што ти ја знам дека и породувањето ќе ни биде безболно? Се тоа е контракција на матката,грч ,а тоа боли.Исто како што боли грч на ногата на пример.

    Често болката доаѓа од ритмичното грчење на јајцеводите,што ја движат јајце клетката до матката каде што чека можно оплодување. Тие движења се нормални и потребни. Или самото прскање на фоликулот од јајникот.

    Правилната исхрана и спортот се важен дел за да има менструација,затоа што неухранета жена не менструира.Ама не ја регулираат болката при мензисот.Неухранетите жени не менструираат, за да не остане бремена жената и плодот да и го истошти максимум телото.

    Понатаму прашање е што е нормално ниво на хормонот што предизвикува контракции на матката.И тоа не е утврдено.На пример,тие што немаат никакви болки ,можно ли е да имаат многу ниско ниво на хормонот што ја контрахира матката.Односно,дали тоа би значело дека нивното тело не се подготвува за можна бременост? И дали тоа е здраво?

    Кај менструацијата често болката е доказ дека нешто се случува , јајце клетката прска,си патува нормално,матката условно речено вежба идно породување. Телото функционира.
     
    На danielka0507, nadja.d, StefChef и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    ^Целосно се согласувам со тебе,менструалните болки се нормални болки и се показател дека фазите на менструалниот циклус се одвиваат по правилен редослед.
    Кај здрава жена,нормално е да се појават контракции на матката за време на овулаторен процес и во секреторна фаза.
    И тука нема ништо патолошко.
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако е нормално и здраво зошто жената МОРА да се напие некое лекарство ?
    Зошто без лек не може да издржи ?
    Тоа во ред е ???
    (А, башка што самите лекарства си тргаат свои последици)

    Но, ок, тоа е твојот став, за тебе тоа е нормално, за мене не е. Да не се препукнуваме сеуште, ставовите се тоа. :)
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Силвер што сакаш да кажеш дека сите ние што добиваме вклучајќи те и тебе сме болни, не сме нормални или не знам што?

    Прво почнаа да не јадат месо, ајде као подобро, поздраво не знам што, ајде нивни избор, ама па оваа нова лудост ништо да не јадеш и во сонцето само да гледаш...шта речи...ај пробај силвер баш штом толку ја браниш и велиш дека е во право. 3 дена и на инфузија ќе завршиш се кладам.
     
    На Gea, danielka0507, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ^И јас и го предложив истото Хипстер. Според "учителот" за кратко време може да го постигне тоа. Ако толку долго време го практикува, како што кажува, таа до сега би требало да живее без храна. А нешто ми вика дека не е така... Значи нешто не штима Силвер. И погоре поставив едно видео што е извадок од еден документарец, гледам и за него немаш ниакков коментар, а не можем ни да ги пребројам навредите што ги упати кон сите што беа против тебе. На човек му е најлесно да навредува кога се чувствува изгубено и несигурно во тоа што го зборува.
     
    На Gea, danielka0507, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски

    Менструалните болки се нормални, секој организам е различен.Болката е пропратна, лековите што се пијат за менструалните болки е со цел да се намали нивниот интензитет, нели, џабе и не се дадени, дозволени.Меѓутоа некои не можат да ја трпат болката, додека други имаат подносливи болки, тоа си е различно.Пример, лично, имам подносливи болки, не пијам лекови, но има девојки кои имаат јаки болки и нормално за да не трпат болка, се тие лекови, еве кафетин менструал се пие обично, колку што ми кажале.Лично не ги користам, а не дека немам болки.Колку што ми е кажано, поради самата болка може дури и да и се слоши на девојката.Јака болка е тоа, зошто да ја трпат истата?

    Не ми е јасно како може Слаѓања да коментира за менструалниот циклус, доколку е медицинско лице, не ни треба да си дозволи секакви не точни работи да кажува во врска со тоа.Нормално е жената да има циклус, страшно е ако нема.Како може женава да размислува така, не ми е јасно, како не се забележи разликата кога жената има циклус и кога жената е во климакс, да види што се може да се случи кога ќе престане циклусот кај жената, со тоа почнува климаксот, какви се не лоши работи можат да се случат, со губење на слух, меморија и сл.И сега таа жената ќе кажувала приказни за циклусот? |( Па толку ли не може да се распраша што жените чувстуваат за време на климакс, зошто тоа го чувствуваат, која е причината? Не е мала работа, губење на слух, меморија, поради климакс, тоа е сериозно, знам таков случај.

    Почнаа да измислуваат секакви работи, сега и менструалната болка не е добра, не е нормална.Уште да кажат не е нормално да дише човек.

    Силвер, не го разбирај ова како препукување, туку е размена на ставови, мислења.
     
    На Gea, makedonkamak, elisabeta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За првото, те молам цитирај ме каде јас напишав дека ние што добиваме сме болни и не сме нормални ?????

    За второто, и јас не јадам месо, вегетаријанци има многу на број.
    И јас сонце имам гледано, но не е тоа дека наеднаш не јадеш, туку сиима постапка.
    И техниката траеше со години, ниту еднаш не сум била на инфузија, на ништо.

    Најпрво, ниту сте упатени во нештото, ниту сте пробале, само зборувате напамет.

    Ќе се самоцитирам: (значи си има техника бе луѓе)
    Еве ќе се цитирам за менструацијата:
    Затоа ве молам не ми пишувајте на нешто што не сум го напишала !!!
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Someone got angry.
    Вистината е на виделина :P
    Таа е Слаѓана Велков (sarcasm)
     
    На nadja.d му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    http://videohub.ws/vv.php?Id=480c423a9c ... fdd68042c6 еве ви го целиот документарец, оној кој Силвер го избегнува цело време. Инаку, има снимки од 2003та година, а објавен е пред 3 години. Значи некој се помачил 8 години да истражи нешто, да се задлабочи, да докаже.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Леле Силвер,како не ти се здосади бе на секоја тема,на секој можен пост да си прва за карање.
    Дали овде сите ние сме ненормални,па фала Богу се појави ти да не просветлиш?!
    Абе како можеш,возрасна девојка да веруваш на едни такви небулози од Велков и сличните на неа?
    Утре ништо чудно да ви рече дека кај здрава жена не треба воопшто да има менструација.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.