1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Колку што знам таа се откажа од официјалната затоа што не сакаше да биде слуга на нечии интереси. Затоа и се пресели во Саудијска Арабија затоа што таму без никакви проблеми и беше дозволено да лечи луѓе на алтернативен начин.
    Дали според тебе ракот е болест како што учи официјалната медицина?
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А бе што има врска што има?
    Има луѓе што ќе веруваат, има луѓе што ќе ја пцујат, и има луѓе што ќе се индиферентни кон неа, и тоа е тоа. Не верувам дека било чие искуство е единствено и правилно, сите сме на некој начин исклучок од правилото, и секој одбира на кој начин ќе го води своето здравје.
    Јас лично не би се кренала против Експерт, иако јасно ја преферира медицината пред алтернативата и природата. Не разбирам зошто ТАА е толку против Велков, кога НЕ ГО НИ УПОТРЕБИЛА советот што им го дала, па да знае дали дејствува или не?
    Од старт си одбила, ама не си пробала....кое е твоето оправдување за дејствувањето против?
     
    На joy1, bubica13 и DeMelo им се допаѓа ова.
  3. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Каква врска има пак ова сега? Не знам каква болест е и што учи официјалната медицина, ама нема еден вид рак за да се зборува за сите истовремено, туку стотици типови и медицината кон секој тип настапува со различни методи и голем број се лекуваат. И се разбира колку и да е погрешно милсењето на официјалната медицина и наука, сепак не е попогрешно од мислењето на Велков или на други надрилекри. И се разбира се знае на кои ќе им верувам.
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Епа зошто тогаш цело време зборува како имала 3 лиценци ? Ако се откажала од нив нема ни да ги спомнува .
    Дискофилман оти толку се потресуваш да ја браниш
    Јас во неа не гледам никаква закана ама па и никакво божество .
    Напротив имам отворен ум за многу совети и откритија од медицината , ама се што ќе излезе од нејзината уста не го гледам како апсолутна вистина . Туку како скептик кој ги проверува информациите .
    Ако е нешто здраво и не шкоди зошто да не се проба
    Убаво кажа моира курир на информации , ама не значи дека сите се точни , да ми простиш ама некои работи што ги кажува се небулози а некои држат вода .
    И таа на крајот на денот ќе си издаде книгиче или некој си нејзини прозводи и ќе си печали убаво . А советите нејзин собрани од секаде по интернет и книги . Ке си ги читкам и ќе си одлучам што држи вода а што не . Во никој случај нема да изигрувам витез на дамата Велков .
    И да лекарите не се страшила кои не сакаат да се излечиме , туку луѓе како од секоја професија кои се трудат да си работат истата , а и кривично се одговорни ако направат грешка .
     
    На bubica13, baby-star и expert им се допаѓа ова.
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Чим толку им веруваш на твоите лекари што не ви го спасија човекот?Ракот не е болест како што учи официјалната медицина туку пореметување на ПХ вредноста во организмот односно алкалната средина се намалува а се зголемува киселоста па на тој начин и малигните клетки се зголемуваат бидејки можат да опстанат и размножуваат само во кисела средина.А цело овошје,зеленчук, сода бикарбона па и гасена вар за која ретко кој знае заедно се најголеми алкализатори на организмот. Значи за да се повлече ракот и комплетно исчезне треба целосно да исфрлиш од храна се што создава киселост а да конзумираш само тоа што создава алкалност.
     
    На Anastasija-Velika, Annath и DeMelo им се допаѓа ова.
  6. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Иксрено не сум против Велков, туку против советите кои ги дава. Ако ја прочиташ мојата приказна за случајот со кој бевме за совет на предавање кај Велков ќе видиш дека поминавме низ многу бајачи, надрилекари, најпосле и потрошивме многу време и пари за хомеопатски лекови и јас потоа изгубив секаква доверба во вакви лажови. Почнав да читам и да се интересирам од постручни места и гледам колку погрешни совети даваат.
    Затоа научив дека мислењето и ставот се безвредни наспроти доказот, а остави што овие немаат никаков доказ да ги поддржат нивните тврдења, туку напротив медицината има спротиви докази кои докажуваат дека многу од овие се митови и бабини деветини.

    Сепак на крајот на краиштата сметам дека луѓето се доволно паметни да препознаат нестручност.
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Продолжи си го животот и живеј го како ке ти каже твојот памет.Само за крај можам да ти кажам практичен доказ а тој е ниеден сангејзер од сите што ги познавам лично откако почнал да гледа повеке не стапнал ни на лекар ни во аптека затоа што сите се чувствуваат одлично.Јас цели 2 години не знам што се лекари и фармацевти и се надевам дека ова ќе продолжи и понатаму.Додека сите кукаат од настинки и сезонски грипови јас такви проблеми повеке немам.
     
    На bubica13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Луѓето се освестуваат, за медицината се согласувам, не негирам дека направила лошо, но и не негирам дека направила добро.Лекарствата доколку се пијат точно одредено време колку што е потребно за лечење, имаат позитивен ефект, а немаат ако истите на своја рака ради мислењето дека организмот не може да се справи со состојбата во која се наоѓа, мислам за обични лекови, пример против главоболка.Природната медицина, помага, не велам не, но кога би била во комбинација со медицината во борба против одредена болест, и ако како што кажав лекот се зема точно онолку колку е потребно, тогаш е од помош.Можеби и во двата случаја да се работи за пари, може во едниот да не се работи за пари, но парите не се одлучувачки за да се рече дека ова не помогнало, а другото помогнало.Разбирам дека фармацевтската индустрија е заради профит.Тоа ми е јасно, но работата е што ако болеста се открие во ран стадиом може да се лечи, ако не секако дека би биле мали шансите, па макар и да било со природна медицина, не значи дека е секогаш така.Доколку треба потполно да се игнорира медицината, дали треба пример, ако човек не дај боже треба да се оперира и му е потребна таа операција, како сам ќе ја направи, секако дека би се ослонил на природната медицина, но ако операцијата е неопходна во тој случај, тогаш човек ќе нема каде.Ако само би се ослонил на природната медицина, тогаш прашањето е дали се она што е природно е чисто, незагадено, за истото да има ефект во борба против болеста? Природната медицина, реков, помага, но кога станува збор за тешки болести, мислам дека не би требало да биде ослонето само на неа.Знам дека еве пример ракот, нели лекот го кријат, но е општопознато дека лекот се наоѓа во семките од овошјето, кои го имааат витаминот Б17, кое помага за да се уништи ракот, но пак ќе речам, прашањето е и колку сега овошјето е чисто и незагадено, во однос на условите во кои се живее?Јас сум за природната медицина, но мислам дека е потребно и некогаш со лекови да се лечи човек, ако е потребно.Еве конкретен пример, што слушнав за Диането, некои девојки во странство го користеле прекумерно во борба против акни, а починале, добиле рак, но зошто го добиле, зошто умреле? Веројатно е поради прекумерно користење на Диане.Значи, се што се користи во граница на нормалата, колку што е потребно, е во ред, но доколку се користи повеќе од потребното, тогаш има негативни последици, впрочем како и со се, храна, алкохол и др.Природната медицина ќе има ефект ако она кое се внесува во организмот е чисто, незагадено.Жената која ја спомнуваш, не ја знам, прв пат слушам за неа од тука, но има и други луѓе кои се излечиле само со помош од природната медицина, а кажав на кој начин помага.Без разлика дали е за пари или не, било кој и да помага на луѓето ќе помогне.Тука најмал проблем се парите, не значи дека ако медицината е само за профит, дека треба одредени лекови да се игнорираат.Како што реков, знам дека многу работи прават за профит, како и тоа што не го даваат лекот за ракот, но ако нешто помогне, тогаш не би требало поради некоја грешка потполно да се игнорира.Човек ко ќе си има мака за здравје, а не дај боже да има, тогаш на секоја врата ќе тропне, само за да се спаси себе си или да спаси некој друг.Разбирам дека она гледање во сонцето, може да помогне, се тоа ми е јасно, но мислам дека е потребно барем нешто и од медицината да се прифати.Додека она што зборев за лекови пример против главоболка, од една страна пак и се е во плацебо ефектот, може некој доктор на пациент да му даде бомбона за главоболка, притоа велејки дека е апче за главоболка, пациентот бидејки верува во него од бомбоната ќе му помине главоболката.Тука игра улога и плацебо ефектот, така што може и секој оној кој е доктор или слично, да не лаже, а уствари да лаже за ефектот на лекот, но зависи и колку пациентот ќе има верба во тоа.Овие работи се на база на искуство, мислам општо, може и некому природната медицина да не помогнала, не значи дека само е таа која навистина некому помага.И тука не може со сигурност да се тврди дека само и само природната медицина е таа која помага, се е индивидуално.
     
    На Anastasija-Velika му/ѝ се допаѓа ова.
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Ајде тогаш по твое убедување колку проценти од официјалните лекови ги лечат односно отстрануваат изворите на болестите а колку само ги маскираат симптомите?
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не е по мое убедување, кажав што мислам.По твое убедување, колкав е ефектот на природната медицина?
    Човек што не практикува јога, не би знаел колку лековите ги лечат, односно отстрануваат изворите на болестите.Но мислам дека, јогата не ја занемарува во потполност медицината.Каква врска има јогата со ова? Има, бидејки оној кој практикува јога ќе знае дали лековите ги отстрануваат изворите на болестите или не, но и дека медицината не ја негира во потполност.
     
  11. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Ако лековите на официјалната медицина ги лечат изворите на болестите тогаш нема да постојат луѓе што цел живот ке пијат лекарства за вишок или низок притисок,срце,холестерол,дијабетис,епилепсија и еден куп заболувања.Кај природната медицина со помош на храна,сонце и физичка актвност овие проблеми целосно исчезнуваат до крајот на животот и никогаш не се појавуваат повторно.Во тоа е разликата помеѓу официјалната и алтернативната медицина.
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дискофилман не веруваш во лекарства така , не дај боже ама ова само хипотетичка ситуација , правиш сообраќајка имаш потреба од операција , ќе одиш на лекар или ќе гледаш во сонцето чекајки да искрвариш :^)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676

    Ама алтернативниот приод (посебно природниот, каде не те „ограничува“ на производи кои треба да се купат, туку нешто што во секој момент може да се најде) нема врска со бајачките. Зошто второто да ми формира мислење за првото?
    Те разбирам јас и тебе, оваа борба меѓу алтернативното и медицината секогаш ќе постои, и добро е се` додека е така! Луѓето мора да учат, да се информираат, да применуваат нешто ново, за да може и спротивното да оди напред и да се подобрува.

    Како „медицината“ докажала дека алтернативните методи не делуваат, кога примери го покажуваат спротивното? Јас само имам прочитано толку сведоштва за луѓе кои се излечиле, кои подобриле здравје, кои се осеќаат посреќно и поисполнето после применувањето на тие алтернативни совети, меѓу нив е и дискофилман, еве сам лично изјавува.
    Зошто сите тие луѓе, со полно име и презиме, во јавни групи од над 10.000 луѓе, би лажеле за својата „одлична“ состојба, која бај д веј, ни 1 денар не ги чинела?
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Мешаш баби и жаби.Ова што го наведе е физичка повреда а не заболување кое настанало поради неправилна исхрана.
     
    На joy1 и Annath им се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Едно е траума, за која мора интервенција, друго е константно пиење лекови, витамини, подобрувачи на умот, за стрес, за срце, за холестерол, и ај да не набројувам. Никој не рече дека не треба да се легне „под нож“, кога скраја да е тоа ќе е потребно. Па јас детето го родив со сечење!

    Поентата е како го живееме секојдневниот живот. Ние тука сме млади, ама сите знаеме стари што пијат по 1 рака апчиња....ТОА е моментот на дискусија - дали природно може да се избегне користењето на тие медикаменти, за кое се` поголем број луѓе веруваат дека НЕ ЛЕЧИ, туку оддржува кисел организам (а со тоа болен) за да човекот биде „доживотен пациент“ на тие кои профитираат од тие апчиња
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Јас никогаш и никаде не сум го сокрил мојот идентитет.Доволно е само на skype да се напише мојот ник што го користм тука и ке излезе цело име и презиме кое исто оригинално го користам и на facebook.кој сака може да го провери бидејки освен од горниот од никого не се плашам.Напротив сум еден од најгласните на сите форуми и facebook за сите манипулации што се прават во светот.
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ова го споменав бидејки дикофилман не верува во лекарите ...
    А за лекарства па јас од ниеден лекар не сум добила совет да се клукам со апчиња , многу од нив препорачуваат здрава храна физичка активност , ако дојде до болест ќе те лечат со терапии а не со лекови базирани на емоции , поради тоа не верувам во хомеопатија .
    Би применила секаков совет за здрава исхрана , па така веќе неколку месеци вметнувам raw food во исхраната .
    Инаку не гледам во сонцето а сум здрава права сум да чукнам во дрво . Немам настинато од средно , па примерот на дикофилман не држи вода . Тоа ти е поседица на имунитет и живеење здрав живот .
    Немам ништо против соларната јога , ама не верувам многу во тоа, кој сака нека си применува јас некое време ја применувам традиционална јога.
    И ако имам здравствен проблем не дај боже нема да одам на сајтови , туку кај лекар.
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Е мими овоj момент сакав да го соменам, во однос на хируршки интервенции нормално дека кога има потреба од нив неопходни се, но тие се моментални, додека како што спомна и дискофилмен многу од лекарствата ги сокриваат симтомите на болеста, наместо да ja излечат.И го прават човек зависен цел жаивот да ги конзумира.Со тоа профитираат, а човековиот организам се труе со хемии.
    Е сега jac не сум за 100% исфрланюе на традиционалната медицина бидеjkи има состоjби каде е неопходна, но дека природниот начин на живеенюе и сонцето се превентива за живот без болести за мене е неоспорно.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Соларната јога ти ја зголемува пинеалната жлезда.Колку таа е поголема толку и животниот век ке ти биде подолг.Еве ја тајната на 115 годишниот јапонец
    http://grid.mk/read/news/136671710/1419 ... -e-japonec
    Еве ја тајната на здравите деца на Амишите кои не знаат за модерните болести
    http://denesen.mk/web/2013/01/09/decata ... te-bolest/
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Никој не негира дека здравиот начин на живот е основа за добро здравје . Е сега за соларната јога е индивидуално јас не верувам дека е семоќен лек .
    Имаме стресен живот сите горе долу па може да ни се случи да не бидеме доволно наспани , поради некоја си обврска да не се храниме како што треба ,и при паднат имунитет да сe разболиш од инфекција , што тогаш ? Нема да дозволам да ми предизвика трајна штета , ќе пијам антибиотик ,нормално препишан
    Антибиотиците излечиле многу инфекции .
    Според мене не е да се верува дека секој лек е добар :!: но и дека секој лек е лош .
    Да сме здрави живи и да немаме потреба од лекари :D
    За амишите не ме чуди , па си живеат здраво луѓето не користат пестициди за производство на храна ама истовремено немаат стресови само нивата и шталата како да ја изградат а ние живееме во модерно време , убаво или не . Ретко на кој му е убаво само да седи на нива тогаш сите да станеме од комјутерот :D

    Ние може да се трудиме да внесеме здрава исхрана ама ретко кој од нас би се снашол во светот на амишите , јас лично би споулавела :D така сме одгледани може е правилно може не е .