Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Има и такви случаеви каде помогнал плацебо ефектот, но ретко, но има и такви случаеви каде природната медицина не помогнала ама воопшто во спречување на ракот.Сепак се зависи од индивидуалниот поглед кон овие работи, а секако е различен.Сега, ова е општо, не конкретно за ракот како болест, но ете нели таа болест излезе како пример за дискусија, тука.
     
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Можеби не сте ме доразбрале. Кој е луд да се противи на здрава храна и контрола врз начинот на живот, но јас пред се бев загрижена за изворот од кој ги добивате советите за тоа како да живеете.

    Темава така се погоди за Велков, не ми е само таа во фокусот на сите мои текстови на темава, тука спаѓаат разни групи на луѓе, од разни бајачи, надрилекари, приучени, недоучени, па дури и лекари кои се официјално вработени, а сепак не се доволно стручни за да бидат тоа што се, тоа треба самата лекарска фела да си се исчисти од такви кои го грдат името на сите лекари.

    Работата е што можеби во моментов текстовите на Велков ви изгледаат како безопасни совети, но, не дај боже, во момент на потреба, може да направат нешто лошо од едноставна причина што поголемиот дел се неточни.
    Точно, тоа е целта, но каква добивка имаш од погрешни податоци? Можеш дури и нешто лошо да си направиш, ете еден пример што ми падна на памет, е тоа со зеолитот кој константно е на страниците на Велков, мислам дека тоа беше ти што бараше податоци каде да купиш, ете јас ти дадов податоци дека зеолитот не делува и плус дека е канцероген. Не знам колку го прифати истражувањето кое го посочив, ама ете тоа е еден начин на кој советите на, во случајов, Велков, може да делуваат штетно.

    Јас не зборував само за Велков, овие информации кои таа ги шири се само дел од цело море на податоци и шпекулации кои се достапни на интернет. Се може да се прочита на интернет и на ваквите форуми. Еве еден пример што имам, имав една другарка која беше ангажирана како „маркетинг агент“ за еден дистрибутер кој продаваше некои вакви слични производи, нема да кажам која е таа компанија и што продаваат, и задача и беше да создава профили на фејсбук, да ги контролира да не изгледаат како лажни и да пишува на групите и на страниците како производите им помогнале.
    Затоа правило е дека поединечните случаи не се релевантни, ама пак тие поединечни сведочења имаат најголем ефект врз луѓето, а се заборава дека секој организам е различен, секоја болест е различна и истите совети може да бидат дури и штетни за некои, особено ако се како овде кога и советите, сами по себе се погрешни.

    Затоа целта не ми беше да се замарам со Велков, туку пред се од каде ги добивате и прифиќате советите за тоа како да живеете и да се лечите.
    Можеби сте во право затоа што темава изгледа преголема кога ќе се земе во предвид за која цел е, ама сепак што е тука е, така се погоди заинтересираноста, осум страници за едно ронче, но тоа кажува дека има дискусија, секогаш е убаво штом има дискусија за да се презентираат факти и мислења.
     
    На mimiiiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Експерт, да не те цитирам, што е природно не може да е штетно. :!:
    Се во границите на нормалата, се разбира.

    Лично познавам многу случаеви каде тие надрилекари, приучени помогнале некому, кому цела медицина со целата хемија не му помогнала. :!:

    Како велат старите: лекот некогаш е без пари, ама џабе ако не го знаеш. :!:

    Имавме случај во фамилијата, кога еден човек цела година и еден куп пари потроши по најскапи медикаменти, но безуспешно. Кога слушнавме за една жена, дека правела природен лек, го купивме (нели во маката човек се ќе прифати), ни го донесе во едно неугледно кутивче, очигледно кашкано внатре, ама помогна за 2-3 дена ! Човекот за 2-3 дена ја излекува целата мака, што никој доктор не можеше.
    И потоа ние ја препорачувавме таа жена и им помогна на сите кои дојдоа до неа. :)

    Се вели, за секоја болест, природата има лек; се мисли на билка, растение. ;)

    И да е јасно, фармацевтските индустрии прават ненормално големи профити и од нивни интерес е да одат против надрилекарите, природната медицина, да заплашуваат.. :^)
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.900
    ^^
    Никој не рече дека природата штети,но малку е небулозно прашањето дека тешки болести кои бараат специфична терапија се лекуваат со сонце.
     
    На nena2010, london-girl, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  5. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Воопшто не е точно, многу природни работи, лекови и природни третмани може да бидат многу штетни. Особено оние кои и воопшто не е се природни, само така се претставуваат. Исто природни работи и лекови кои неточно се употребуваат и се препишани од некои нестручни лица.
    Ете пример дадов за зеолитот, кој Велков често го препорачува, дека предизвикува рак, ДеМело не ми веруваше, еве линк какви болести може да предизвика http://www.mamaibeba.rs/najnovije-vesti ... olita.html
    Ете пак за тие поединечни случаи, напишав погоре, секој е различен, секоја болест е различна, и од каде навистина знаеме дека навистина помогнало баш тоа што се употребувало.
    Се разбира дека прават огромни пари и профити, не знам каде прочитав, ама тоа е затоа што тие лекови делуваат. Не е точно дека одат против надрилекарите, ако одат против нив, немаше ни да постојат. Многу од тие „природна медицина“, па и доста и од официјалната фамацевтска индустрија кои не се докажани постојат само заради наивноста на народот.
     
    На london-girl и baby-star им се допаѓа ова.
  6. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Не знам што е работа од парзно во шупливо се прави муабет, не свакам која ви е поентава,
    зашто сите го зборуваме истото.
    Кои се тие штетни извори, дали воопшто знаеш, ни јас ни остнатите кои до негде се сложуваат со мислењата на Велков, нејзина страна не ни е единствен извор на информации, јас лично следам многу странски сајтови кои се доста реномиарани, затоа не свакам зошто тоа така го презентираш, цело време говорам за здрав начин на живеење под тоа под разбирам внесување само на зеленчук, овошје, житарици и вода, избегнување на сета индустириска храна колку што се може повеке, исто и исфрлување на сета живинска исхрана доколку ја немате да ја набавите од селски извор.
    Повеке време да се поминува во природата, да заборавиме на телевизијата, кој може и сака да практикува Санрајзинг убаво е.
    Тоа се тие едноставни препораки.Тука нема апослутно ништо неточно или погрешно.

    Во врска со зеолитот јас кажав моето дете нема за што да го употребува, не примило вакцини освен една и немам потреба да го прочистувам од тешки метали, споделив информација на мајка чие дете е со траен инвалидитет благодарение на вакцината, и имало ненормално голема количина на алуминум во организмот, твоето мислење беше дека не е од вакцината, мене искрено ми е тоа апсурдно, но ни ти ни јас не сме компетенитни да кажуваме од каде било, има стручни лица кои потврдиле, истите тие лица со терапија со прочистен зеолит го ослободиле организмот од тешките метали.
    Како што ти најде информации дека е канцероген и штетен, јас најдов токму спортивни, секој се води по својата свест, разумност, капацитет и инстикти.Јас гледам дека ти секогаш ке бидеш во спротивност на овие алтернативи, бидејки си учела медицина и предпоставувам потекнуваш од таква фамилија или имаш блиски и до таму можам да сватам од каде ти доагаат размислувањата и ставовите.

    Се согласувам со тоа дека лугето во маката на се се ослонуваат и бидејки не гледаат никаков спас во конвенционалната медицина, најчесто за ракот, се осврнуваат кон алтернативни опции, кои за жал денес ги има и многу лажни.

    _________________________________________________________________________________________

    Експерт ова е пораката на предходниот твој пост, не успеав да ја пратам сум ја зачувала и денес не ни сакав да ја пратам зашто сто пати едни исти работи се повторуваат, во врска со зеолитот смешна ми си, искрено читајките низ темите за вакцинација, хомеопатија и тука ми си како некој пратеник на фармацевските компании,за зеолитот бидејки повторно го споменуваш новите истражувања го покажале токму спортивното дека го убива ракот, колку што ти ги сметаш валидни твоите извори толку и јас ги сметам моите.Си има гугал, нека си проверат и проценат лугето.
    Еве ти извори кои не се ниту од Слаџана, ниту од рекламен материјал


    www.vaseljenska.com/misljenja/zeolit-cu ... za-srbiju/



    Не само што не предизвикува рак туку се смета за еден од убивачите на ракот, многу странски сајтови можиш да ја добиеш оваа информација ...


    http://cancerfightingstrategies.com/cancer-killers.html
     
  7. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Мило ми е ако е така.

    Ама со линковите кои си ги ставила уште еднаш покажуваш дека не е така. Да, тие страници кои си ги ставила се токму реклами.
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.900
    Добро де вие кои сте слепи следбеницина алтернативата и на сите слични како Велков немате ама баш никаква потреба да ја напаѓате официјалната медицина и фармацевтската индустрија.
    И можете слободно да ги исфрлите и сите вакцини,не ни морало ниту една да прима вашето дете,бидејќи гледам дека сте поборник за здраво живеење без вакцина.
    А сите ние останати,кои не сме следбеници на sunny therapy не значи дека не знаеме што јадеме и баш знаеме во даден момент,каков лек и терапија да земаме,за да превенираме или излечиме некоја болест.
     
    На danielka0507 и london-girl им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ти си имала лично или познаваш некој кој имал тешка болест, па ја не/ја излекувал со сонцето? Или си даваш претпоставки дека тоа едноставно не е можно?
    Јас лично тврдам дека познавам личности кои излекувале тешки болести со сонцето. Ја правеле техниката упорно, одговорно со голем оптимизам и верба.

    Експерт, не сакам да те цитирам на секое, ќе кажам вака:

    -
    Воопшто не е точно, многу природни работи, лекови и природни третмани може да бидат многу штетни. Особено оние кои и воопшто не е се природни, само така се претставуваат. Исто природни работи и лекови кои неточно се употребуваат и се препишани од некои нестручни лица.
    - Те цитирам, ти ме читаш што пишувам јас? Пишувам за природни лекови, а не имало природни, ама не биле такви. Значи пишувам исклучиво за природни лекови и кои како такви многу вредат.
    А, препишани се не од нестручни лица, туку од лица кои имаат знаење, ама немаат диплома.

    - За Зеолитот, па ако сите почнат да користат Зеолит, ќе пропадни фармацевтската индустрија. Секако дека мора да пуштаат текстови во јавност дека имал и штета, па и сонцето било штетно.
    Се е тоа со намера направено.
    За пример ќе ја земам генетски модифицираната храна, со која буквално не трујат !
    Колку штетат ни прави, зошто е дозволена? Зошто се саботирани многу научници кои зборувале против неа?
    Ама, сонцето е штетно? Зеолитот е штетен? :x


    - Не сакам да именувам кој, се знаете веќе, како некој да ве пратил од некаде за да зборувате против алтернативната медицина.

    Алтернативната медицина постоела, постои и секогаш ќе постои.
    Овде сме за да кажиме нешто корисно, да си помогниме, а не да дебатираме дали природната медицина е во ред или не. За тоа може да има друга тема. :!:
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    За кое природно збориме више бе дечки? Озонски дупки, радиоактивност, атомски бомби, масовно загадување, дали природата е иста како порано? Дали истите овошја/зеленчуци се исто богати со витамини како и порано? Не се потпирам слепо на ништо, гледам колку можам да искористам придобивки и од едното и од другото, затоа што ако е за штета, може да имам и од двете.

    Официјалната медицина можеби сега има поинакви цели, но и природата веќе не го дава истиот лек. Мој совет, практикувајте се` што носи многу придобивки затоа што не постои ништо апсолутно безопасно. Прифаќајте, но со минимална доза на резерва. Едуцирајте се и прво земете го сопственото здравје во свои раце, па потоа препуштете се на лекарите/надрилекарите (не дај Боже да има потреба).

    Што се однесува до Слаѓана...не ми звучат логично некои нејзини идеи...она со штекерот и вилушката ми е врв.
     
    На Gordana10, mimiiiii и baby-star им се допаѓа ова.
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    @baby-star
    Мој живот - мои избори, твој живот - твои избори. ;)
    Никого во ништо не убедувам, ниту пак напагам, кажав секој со своите убедувања, капацитети и информираност.
    Јас не сум никаков слеп следнбеник на никој, а најмалку би му го доверила моето здравје на фармацевската индустрија, а читајки ги твоите ставови и размислувања,бидејки се деклаирираше како доктор ке кажам само ни под разно не би ти го доверила моето здравје и здравјето на мојата фамилија.
    А која е вашата потреба да ја напагате алтернативата, тоа не можам да сватам?
    Како што кажа и Силвер.С

    Кој не сака природен начин, си постојат аптеки со еден куп хемија, никој не им брани.

    Експерт во врска со зеолитот научниците кажале, научниците побиле, како многу работи до сега, секоја година само се менува нешто, само се кажуваат контрадикторности, се побиваат веке докажани работи.
    Мојата логика се води на на тоа, се што дала мајката природа е добро, се што е произведено вештачки настрана од него(Но под тоа не разбирам да се ослонувам на надрлекари, хомеопати и слични,исклучиво тоа што може да се најде во природата).Мене овде во врска со зеолтот ме иритира тоа што за да се даде прочистен пак се перат ненормални суми на пари, но тоа е што е, мора лугето од нешто да егзистираат.
    Ти мислиш дека толку многу копании низ светот ке земеле да се занаимаваат со него доколу стварно е толку штетен како ти што зборуваш, па има институции, влади, кои ке забранеле негова преработка.

    Тесии те сметам за размуна жена, тоа што го кажуваш држи вода, но што треба ајде да се отргниме од се тоа, да се ослониме на индустриски прозиведената храна.Колку што може човек повеке треба да се заштити.Јас сметам дека во Македонија се уште може да се најде здраво овошје и зеленчук.Секој треба доколку може да си наога побезбедни извори, да истражува, да се информира, доколу не ви се од проверен извор овошјата и зеленчуците ке си ги ставите во мијалник половниа час во вода со лажичка сода бикрабона да се неутрализираат пестицидите.
    Значи има и алтернативни решениа, човек треба да се посвети малку повеке, знаеме дека живееме во штетно време, загадена средина, но тоа не значи дека треба да се помириме со тој факт и да се откажеме од се.
    Ке станиш еден ден мајка и ке видеш колку сите овие работи многу повеке ке те загрижуваат и јас бев со таков став до пред година дена, сега гледам на моето малечко да му пружам што повеке безбедно што можам.


    И бејби стар, виде зошто во другата тема зборувавме не за јајцата, пилешкото, и кравјото млеко од маркетите?
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    DeMelo, прочитај го убаво моето мислење. Каде реков целосно да се препуштиме на индустрија/хемија? Реков дека веќе апсолутно безопасен прехрамбен производ речиси и да не постои. И како што рече ти, дека треба да се образуваме, самите да се едуцираме за сопственото здравје пред да го препуштиме во туѓи раце, истото го реков и јас. И реков дека треба да се прифати се` она што носи придобивки, не реков „откажете се од здрава храна“. Убаво читајте и не ги извртувајте зборовите.

    Не сум мајка и не ни треба да бидам за да бидам човек кому здравјето му е приоритет. Избегнувам брза храна, газирани пијалоци колку што можам, гледам да се движам почесто, свежо овошје и зеленчук има секогаш кај мене дома, одам на контроли, гледам хемија да сведам на минимум, значи во животов дали 5-6 пати се имам напиено апче за главоболка, избегнувам алкохол, еднаш неделно семејно евентуално по едно чавче...значи внимавам затоа што сум така растена, а и еднаш за влакно се спасив од една лоша работа и богами оттогаш се пазам повеќе отколку што ми личи за годините.

    Се трудам да пазарам од луѓе за кои знам дека се совесни, шо да праиш, ама и тие па колку и да се совесни, на атмосферските промени немаат никакво влијание. Што да правиме, добро познат факт е дека постојат заговори и дека некој веќе одамна сака да не` има помалку и тој некој е стопати помоќен од локалниот пазарџија, лекар, надрилекар и делува глобално. Така што, како што реков, применувам се` што се препорачува и за кое имам проучено дека е добро, но веќе за се` си имам доза на резерва. До мене е да се трудам колку што можам да внимавам...е сега останатото...не зависи од мене...
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Теси мила, јас не реков дека ти си рекла човек да се осврне кон индустирската храна, така иде зборот, се буквално се свака овде и се оди во непотребни крајности, затоа веке не ни пишувам на темава, сите зборуваме за истото, дека човек треба да се отврне кон здравото и природата, работата е да си помогнеме и да си дадеме некој совет плус,а не да се правиме паметни и да се надмудруваме.
    И не ова не го мисалм на тебе, конкретно на цела дебата ;)
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.900
    De Melo многу си исфрустрирана душо и лично ќе те замолам повеќе ама немој баш никогаш да ми реплицираш мене.
    Те гледам во секоја тема нема со некој да се немаш скарано,така и овде се скара и со Лилит.
    А знаеш ли колку јас па сакам такви пациентки како тебе неписмени?
    Значи е НЕВОЗМОЖНО ама баш невозможно со тебе да се дебатира или нормално да се разговара.
    Еве и јас ќе испратам барање до администратор да ги избриши сите твои мислења каде ме напаѓаш мене.
    Ако ти душо имаш свои проблеми немој да ме тангираш мене и воопшто немој да ми ја омаловажуваш титулата доктор,како што јас не ти ја омаловажувам титулата мајка.
    Ок?
    Баш од вакви фрустрации не можам да пишувам на вакви форуми,каде ОБАВЕЗНО мора да има контраши кои сите други им се виновни.
    А за мојата исхрана и мислењето околу исхраната,кое патем го дадов во другата тема,а истото го префрлаш тука,што не можам да ти го сватам значи бараш упорно причина за кавга.
    Девојко,мајко како ли да те наречам престани значи престани да се караш со сите кои не мислат како тебе.
    Ок?
    Не ми го замарај времето кое не сакам да го трошам на кавги,со никој па ни со тебе.
    И гледам нешто ти пречи мојата професија така?
    Па не ме читај и нека не те интересира што пишувам јас.
    А дали јас ќе се хранам со здрава храна или со нездрава,дали ќе се лечам со сонце или со лекови тоа е мој проблем така да гледај си го и ти твојот проблем.
     
    На london-girl и bubuce им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    110.688
    Пол:
    Женски
    Добро до кога ќе има вакви исцелтели, надрилекари и чудотворци? Додека има овци има волна викаат. Како можете да се поведувате на вакви работи не ми е јасно. Јас до сега не ни знаев која е овваа , сега ја прогуглав и се згазив од смеа. Значи што ќе ни е медицина, терапии и чуда, само застани на сонце и ни рак ќе имаш ни ништо. Бог да чува. Давајте си ги парите ако немате попаметна работа. А оваа ќе си го шета светот и ќе ви продава магла. Самода потсетам дека и Божен козметикс беа здрави , се додека сосптвеничката почина од рак. Е како самата не се излечи?? Матија Пауновски продаваше треви и медови и чуда, а она сама има милион болести. Што не се излечи сама ако се тие толку чудотворни!!!
     
    На danielka0507, baby-star, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    А кој рече дека тие што сметаат дека Велков не е стручен извор , се трујат со апчиња :^) :D Јас гледам да се хранам здраво и да водам здрав живот , апови тука не спаѓаат . Ако ако имам проблем не дај боже сигрно дека нема да гледам во сонцето ќе си побарам лекар , а хомеопат не благодарам да ми препише лек во зависност дали сум тажна среќна бесна лута простете ама на тоа можам само да се смеам :D
    Друго тема на дискусија е Велков не личните животни стилови на феминките , таа не правела никакво истражување па со толкава сигурност се да кажува како факт . Јас некои од советите ги гледам како небулози некои се арни ама и општопознати .
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Потполно во право си, изгледа се занемарува фактот дека ниту природното не е тоа што било порано, при сите тие работи, озонски дупки, загадувања, тешко е да се помисли дека и природното е премногу чисто и здраво.А тие причини поради кои постои сомневање за ефикасноста на природната медицина и не се случајни, а ниту пак се измислени последиците од ефектот на природната медицина, кој е различен кај секого, во зависност од болеста, доколку ја има.Така што поверојатно е дека и не е толку катастрофална официјалната медицина во споредба со природната, за која не велам дека има негативен ефек за здравјето.Се зависи колку е истата комплетно чиста и здрава, а доколку е, ќе има позитивен ефект.Инаку ова женава што го тврди со сонцево и тврдењето дека тешка болест се лечела од само природна медицина, ако е тоа така, тогаш веројатно немало да умираат луѓе, само што како контра аргумент на нејзиното тврдење е тоа што нема баш излечливост на одредена тешка болест од само гледање во сонце и природна медицина.Инаку во потполност се согласувам со она кое го кажа една членка, и тие кои како женава Велков, тврдат за придобивките од природната медицина, чим е така како што велат, веројатно немало и тие да боледуваат.И ако само природната медицина во потполност лечела, немало да постои официјалната медицина.
     
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Бејби-стар
    Не може да не очекуваш да ти реплицирам, кога ти си таа која кажува погрешни констатации, тоа што ме нарече исфрустрирана не си го свакам како навреда, бидејки не е вистина,но деј молимте кажи по што заклучи дека сум исфрустрирана, каде ти овде виде дека јас и се обратив на Лилит и дека се карав со неа, во споилер имав напишано предходна случка во која кажувам зошто не ми се пишува на темава.
    Никаде не сум се крала со никој, форумот е за ширење информации, кажување свои ставови и дебатирање на одредени теми, ако ти сакаш да пишуваш во теми каде што има само исто миселници не мора да пишувавш во вакви теми, има тема Сакам да кажам и сл.
    Жал ми е ако моите размислувања и ставови си ги сватила со тон на кавга, воопшто не биле такви, ако се навреди за тоа што реков дека не би го доверила моето здравје тебе, тоа е МОЕ ЛИЧНО ПРАВО, а не навреда или напад кон тебе.Ако сум те навредила некаде на друго моесто те молам кажи ми, посочиме да ти се извинам.
    А како ти констатира дека јас сум исфрустирарана личност и се карам со сите.
    Ако се водиме по тоа што го кажа ти, треба на форумот испишани страни да бидат само Сакам да кажам, мода и некој сл. значи тука човек не смее да има свое мислење и став така?
    Извини, но погрешна перцепција имаш за мене, никаде не ми е цел со никако да се расправам, форумот го савкам како што пишав и погоре место за ширење информации, кажување свои лични ставови и дебатирање на одредени теми.

    Извини, јас тука не сакам да трошам ничие време, ако не ти одговара да дебатираш на одредена тема, не мора ни да пишуваш, ни да читаш, ако лично јас ти сметам имаш копче непријател, те молам искористи го.
    И последниот дел од цитираното кажува колку погрешно ме свакаш, јас напишав

    Мими тука се согласувам со тебе, сите со согасуваме за тоа дека треба здраво да се храниме јас цело време тоа го зборувам, дека сите се согласуваме за една иста работа.
    Ниту сум слеп следбеник на Слаџана, ниту пак на никој друг, онаму каде што ке видам разумен совет го применувам.
    Се согласувам и со нена2010, но не е баш така тие овци најчесто се луге во мака најдени и од што не можат никако да си помогнат спасот во се го бараат, недај боже човек да се најде во таква ситуација.
     
  19. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    За што да си ги даваат парите луѓето кога докторката дава бесплатни совети и на никого не земала пари?Ако медицинско лице што завршило факултет во Скопје и кое работело како хирург го нарекуваш надрилекар само затоа што се спротивставува на манипулациите во официјалната медицина тоа е твој проблем.Иако помеѓу вас има медицински лица и фармацевти или пак вашите родители се тесно поврзани со медицината и фармацијата најголемиот број неутрални членови што само читаат постови нема да ви веруваат за тоа ти гарантирам
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    discofilman, со самото тоа што си ја отворил темата, си требал да очекуваш секакви ставови, коментари, реакции на она што е прикажано. Секој со своето искуство, приказна, познавања, а оттаму и личен став за работата на оваа личност. Побогу форум е, тука ако нема демократија и ако нема дозвола за израз на личен став кај да има? НЕ може само пофалби, не може се` секому да му чини. Пак ќе речам, форум е, не е адвертајзинг агенција и не мора никој да се воздржува да пише доколку нема пофално мислење за нејзината работа и теории. Ние тоа и дискутираме. Која е и каква е, кај завршила факс, мање-више.

    И ова е навреда, па никој не ти скокна. Зошто? Затоа што си на форум и имаш право на свој став, како и сите ние.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.