1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Зошто навреда?Читаш некаде некој вулгарен збор?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А што мислеше да кажеш со тоа? Позитивно нешто можеби?

    Шо позитивно значење да извлечам од ова?
     
  3. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Нема позитивно но ако знаеш лингвистика кажи ми каде е тука личната навреда.
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Епа не се буни кога некој има да каже нешто негативно за Слаѓана. Тема на дискусија е Бог да чува.

    A што се однесува до лингвистика, знам многу повеќе за неа отколку што мислиш, а имам и доволно интелигенција да читам меѓу редови (а и модераторите кои толку храбро ги споменуваш) така што за мене, не се секирај. ;)

    A да, кој има нешто против дејноста на Слаѓана, марш од темава...него како...
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Тие негативни информации што ги кажуваат за неа се тотална лага затоа и реагирам.Наречена е надрилекар а е обичен лекар како и сите други што завршиле медицински факултет,наплатува пари што нема врска со реалноста,зборува за многу работи кои официјалната медицина во учебниците ги дава како неточни и искривени и нормално тие што учат медицина ја напаѓаат затоа што 100% веруваат во она што го пишува во учебниците.Затоа кажав и пак ке кажам ако сака некој да ја навреди и убеди јавноста дека докторката манипулира бујрум на телевизиски дуел кога сака и каде сака а не тука преку лажни имиња криејки ги своите идентитети.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Епа форумот тогаш е дефинитивно погрешно место за почнување на дискусија за темава. Тука секој има право на свој став и своја анонимност.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Во ред но моите ставови и информации за разлика од вас ги кажувам јавно пред луѓе на терен и сега за сега тие информации полека од човек на човек си шират затоа што луѓето гледаат дека не се манипулации и се целосно бесплатни.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    А зошто членовите да одат на телевизиски дуел? Нека дојде она нека се зачлени тука и нека дебатира.
    Секој си има право на мислење, а тука има и право да го изнесе. Си ја отворил темата и ќе има секаква дискусија со спротиставени мислења. Затоа дискофилман ако сакаш изнесувај ги ставовите тука, ако не не можеш да им забраниш дискусија на членовите.
    И доволно се оф-топици, ако имате некакви лични недоразбирања решете ги по лп.
     
    На danielka0507, mimiiiii, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас во моментов се напив зеолит, наздравје нека ми е. Откако го пијам, како да се подмладив. Си осеќам на мене. :)

    Дојде една комшивка и ми бара аналгин. И викам, немам. Се чуди како нема.
    Па немам, не држам, не купувам. Со години наназад, еден аналгин не сум се напила, а не нешто повеќе. :)

    Откако гледам сонце, заборавив што е аптека. ;)

    Кој кажа дека Де Мело
    со сите се карала по темите? Форумов го читам одамна, ја имам и неа научено која е :* , многу ми се допаѓа со размислувањата и баш ја почитувам што е поинаква и поотворена од другите со размислувањата. ;)
     
    На TheTeacher, Moira, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    А да не се карате вака непотребно додека discofilman ја величи и рекламира Слаѓана, а она ќе заработува додека продава ветер и магла?? Ако некој мисли дека може да се лечи со сонце - бујрум, само незнам баш деновиве како ќе се лечите кога јас сонце не гледам, за сите други постои аптека, молим лепо. А дотичнава госпоѓа може да се сели ОФИЦИЈАЛНО и во Австралија, ама баш ми гајле или таму не прифаќаат вакви "лекари"? или таму нема доволно овци за стрижење? |(
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дискофилман какви дуели , што сега да се пишеме со име и презиме кој сме :D па за разлика од тебе кој на форумот си дојден да ја промовираш Велков и светските заговори ние си имаме и други теми па не ни е гајле да бидеме нечии витези или пак противници .

    Само едно кажи ми кои истражувања ги правела Велков , на колкав примерок ?

    Стручно лице добро знае дека нешто кога се прикажува како факт мора да биде поткрепено со научна основа . Ај да не одиме далеку со ракот , еве за инфекција , за која тврди дека само сонце и одмор треба . Знаеш какви последици може да остави нетретирана инфекција ? Колкав број на луѓе таа излечила така ? Каде е истражувањето и податоците ?
    И сериозно мислиш дека и докторите не знаат да гуглаат , па да се заблеани овцички на фармацијата |( :D
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Слаѓана не продава срцка ветар и магла. Советите се бесплатни, никој не ти бара пари за нив.
    А, ти си ги пробала, за да знаеш дека се ветар и магла?
    Или напамет си зборуваш? :^)

    А, тие кои виделе добивка од природното лечење, за тебе се овци за стрижење? Фала, значи и јас сум овца, а ти си па многу паметна. |(

    Сонце нема сега, дождови се, ама со тоа што го напиша одма гледам дека неинформирана напамет си пишуваш. Зошто да ја прочиташе техниката ќе видеше дека сончевата енергија се акумулира во организмот. Тоа значи дека сонце да нема и цел месец, ти имаш акумулирано сончева енергија.

    Затоа, прво прочитајте, пробајте, па пишувајте и осудувајте. Иначе вака со напамет трескање глупости сте смешни. :!:
     
  13. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    А зошто воопшто реплицираш на моите текстови?Јас ги пишувам за оние што сакаат да ги прифатат тие бесплатни совети од докторката во спротивно кој не сака нека си тера како му кажува паметот.
     
  14. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    А по која логика моите зборови ги оценуваш како трескање глупости и бидејки директно мене ми се обраќаш каде прочита дека јас ТЕБЕ директно ти се обратив па вака исфрустрирано си ме потенцирала? Тука имаше и други што го зборуваа истото или сличното како јас па нив гледам не си им се обратила вака директно. Користи си ги техниките никој не ти брани, а не ме ни интересира воопшто што правиш, никој не ти кажа дека ти си овца за стрижење, ама ја сфаќам причината зашто тоа толку лично си го сфатила. Ако веруваш во техниките ќе си ги тераш, ќе си дадеш совет културен ако знаеш и секое спротивно мислење нема вака лично да си го сфаќаш ама ајде те разбирам, сакаш да се најдеш во муабет.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ги оценав како трескање глупости, зошто ниту си ја прочитала техниката, ниту ја правиш, а кажуваш каква била.

    Како може никогаш да не си пробала портокал, а да кажуваш за вкусот..!? И тоа на некој кој пробал.

    Ова е за тебе и за другите кои мислат така, еве сега не те цитирам, ама последна имаше пишано и ми падна во очи. ;)

    Извини ако бев малку груба и нападна, сепак жестока дебата се отвори. :lol: ;)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Како гледањето во сонце и природната медицина го лечат во целост ракот? На кој начин? Зошто би се одело на доктор за да се утврди дека навистина по пат на природна медицина и гледање во сонце, целосно се лечи ракот, кога се отфрла официјалната медицина? Од онака се знае дека туку така исчезнал ракот? Секако дека би се забележало по симптомите дали исчезнал или не, но нели за најсигурно треба темелна проверка? Или истата од око се утврдува дека е излечена? Бидејки, нели се тврди дека лековите ја камуфлираат болеста, не ја лечат.Не мислам само за ракот.
    А, и да, секако дека би се проверило на доктор, а во сооднос на тоа, значи се прифаќа официјалната медицина, иако можеби и не лечи во потполност.
    Сега разликата е што незначи ако телото не покажува никаков симптом, дека нема болест.Така што, тоа не е ни автентично за да се рече гледањето во сонце или природната медицина навистина во потполност излечиле тешка болест.Поради ова, нема да пропадне официјалната медицина, а ниту пак само поради профитот.
    И мислам дека при современава медицина, не би требало да се има потполна верба во природната, бидејки се знае општо дека водата, овошјето и др., не е сигурно чисто, кажано е и претходно, со оглед на тоа, дека загадувањата, озонската дупка и сл., сето тоа си го прави своето.Сигурно дека е ова така.
    А велат, човек што и да одлучи, пак ќе згреши.Не се во животов зависи само од нас.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Жалам ова не е рекламен простор , погрешно си сфатил , тука се дискутира :D
    А јас те прашав како најзапознаен со делото на Велков да ни кажеш кои истражувања ги правела , цело време жустро реплицираш а кога немаш факти велиш - што ми реплицираш :D
    Еве извини не те прашувам ништо веќе ;)
     
    На Gordana10 и tessie им се допаѓа ова.
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    За гледањето во сонце не можам да ти одговорам, но сигурна сум дека може да има само позитивности, но за природната медицина факт е, научно е докажано.
    Toj што истражувал за ракот знае дека конвенционалната медицина нема успех, напротив тие што ја победиле битката ја победиле со кревање на имунитетот исклучиво преку она што го дала природата, конзумирајки многу сирова храна.
    Хемотерапијата ги убива и здравите клетки, затоа најчесто лугето болни од рак, многу брзо после хемотерапијата умираат.

    http://zelenenovine.wordpress.com/zelen ... a-prevara/


    Ја споменав и пак ке ја споменам Луиза Л.Х. - Живот прочитај ја, и не само таа, многу такви случаеви ги има, ке ти стане можеби јасно како на природен начин ракот исчезнал.
    Еве повели прочитај за и ѓумбирот
    http://myscienceacademy.org/2012/08/10/ ... cer-drugs/
    и сите останати слични природни борци како аронијата, коските од кајсија, брокулата, коноповото масло, тие се докажани продукти во борба против ракот.

    Значи, треба повеке да имам доверба во хемиите и лекарствата што ги нуди фармацијата, одколку во природата. :^)
    Точно, ништо не е веке здраво како што било порано, но затоа човек ке гледа да наога што повеке безбедни извори, кај нас се уште нема органско прозиводство на овошје и зеленчук, но има селски бавчи, тој што има услови домашни бавчи, ке си ги ставате зеленчуците да одстојат половниа час во вода со сода да се неутрализираат пестицидите, вода ние никогаш не користиме чешмовача , си купуваме изворска.Значи, наогаме безбедни алтернетивни решенија.

    Точно, но тоа не значи дека треба да оставиме на случјаности, наше е да се заштитме што повеке можеме.Под заштита, што подразбирам сликите во споилер.

     

    Прикачени фајлови:

  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не помогнала природната медицина кај луѓето кои биле заболени од рак и умреле.Тоа сосем спротивно говори за тоа колку е научно докажано дека природната медицина лечи тешка болест.Јас потполно те разбирам, но има вакви случаеви, кои и не се баш ретки.
     
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Да, за жал ракот е тешко излечлива болест, мегутоа муабетот е дека поголем дел од оние кои ја добиле битката се со помош на природните алтернативи, а не традиционалната медицина - односно хемотерапијата.
    Хируршките зафати како мазектомија и сл, да помогаат, но хемотерапиите, зрачењата ... за жал се само почеток на крајот.

    Традиоционалната медицина нема никаков успех со ракот бидејки не сака да има, бидејки тие таму горните ке ги наречам, одлучиле дека на светотот не им требаат многу здрави луге после 60 година- не се работно способни, треба да им се исплака пензиско осигурување, не се продуктивни во никој поглед.
    И не дебатирам за ова зашто не може никој да ме убеди во спротивното, кој се интересира повеке за овие работи и не гледа со предрасуди и перде на нештата можи јасно да ги види.
    Јас се би дала да е ова фарса, но за жал е болна реалност.
    И се повеке луге се свестуваат и гледаат што се случува, сега кога информациите се многу подостапни од пред 10-20 години.Логика човек да уклучи, ке свати дека е така.