Не им бараат сите уклучена камера, а мислам дека треба да им бараат. Исто како што во училница ги гледаат, треба и на час да ги гледаат кој-што прави.
Кај мене само за испрашување бараат камери. Ретко кога бараат камери, една до две минутки и после гасиме. Ама ако некој решил, нит камера нема да го спречи да прави што сака.
Искрено камерите ги стресираат само оние што се спремни за час, а на другите ништо не им менуваат. Па и тест да дојде, не е тешко да се отвори учебникот на е-учебници и да се пронајде одговорот. Повторно истото, само оние што научиле ќе се стресираат. Од друга страна пак, не е пристојно професорот да зборува сам со себе. Како штуро е доколку не се гледаме. Кај нас има професори што бараат камера, а тие не уклучуваат. И тоа не е во ред. Не знам која е причината, но сепак. За жал постојат и ученици што може да ја злоупотребат уклучената камера на професорот или на соучениците. И да наведам еден пример од мојот клас: на првите часови едно дете си се уклучува по пижами и бидејќи му е ладно си се витка со ќебе. Воопшто не изгледа пристојно, сепак сме на училишен час.
Затоа што тој е еден и секако е тука, го води часот. А најлесно се води евиденција на учениците кога имаат вклучено камери. Има секакви. Се вклучуваат само на час и одат прават нешто друго. Лежат во кревет, јадат пред компјутер, се тушираат, си прават муабет со домашните, и тн и тн. Значи немам коментар колку несериозно се сфаќа ваквата настава. Нажалост немаат сите стабилна конекција па уклучувањето камери ја преоптеретува конекцијата па мораат без нив. Но без нив пак некои ја искористуваат приликата и злоупотребуваат. Абе какви манипулаторски работи прават и деца од 10 години не сте свесни! Лаже дека одеднаш конекцијата му паднала пред да треба да одговара или да решава тест, лажат дека решаваат тест а наставникот преку програмот го слефи дека не е вклучен... И сега, на кого да му се верува, на кого да му се попушти? Да, треба да бараат и треба да уклучени камерите!
Против. Конекцијата е преслаба, ништо не може да се следи од постојаното кочење. Затоа е подобро со исклучени камери за оние кои навистина ја следат наставата да можат да учат без пречки. Другите ни во живо не ја следат, а да не зборувам за онлајн. Ова важи за студенти и средношколци. Додека пак основците мислам дека треба да се со уклучена камера, сепак се помали и лесно можат да се дефокусираат. Барем на некој начин да бидат надгледувани. Нас ретко ни бараат да уклучиме камера, освен за испити и колоквиуми нормално. А и не сфаќам зошто професорите би инсистирале за камери кога пола од предавањата ќе поминуваат со прашањата дали се слушаме/гледаме. Ми падна во очи примеров и затоа те цитирам Се согласувам дека не е пристојно да седи завиткан во ќебе и по пижами. Можеби го прави тоа намерно, но можеби неговите се на работа па нема кој да му запали оган за да е топло. Не знаеме која е точната причина, сепак ова е еден пример зошто некои деца немаат можност да уклучат камери. Сите сме во загуба во ваквата ситуација, за жал.
За. Затоа што тоа е најблиското нешто до наставата со физичко присуство (иако таа е незаменлива, но тоа е друга тема). Сепак мора да постои некаква контрола, што без вклучена камера е целосно невозможна.
Против. Затоа што пијам антидепресиви и на едно предавање ми паѓаше главата и за да не заспијам таму каде што не бараат камера си палам цигара за да можам да го слушам професорот. Се пратам да се разбереме. Ама мислам дека моево е од оправдана причина. А една професорка бара со вклучена камера и кај неа да не се пуштам повеќе на час. Причината веќе ја кажав. А до некаде се согласувам и со вас бидејќи има такви што го злоупотребуваат ова онлајн предавање и си спијат. Еве јас. Ама сепак сметам ко што реков дека моево е оправдано. Еднаш само тоа ми се случи досега и ми се погоди баш таму каде што не ја бараат вклучена камерата. Мислам дека имав среќа Друг пример беше едно девојче додека возеше се пушти на час и професорката кога побара камера и кога виде дека вози и не е на час не и го призна присуството.
@Dashing:) не ли можеш цигарата да ја замениш со чаша вода, кафе или нешто друго што ти подига енергија? Не верувам дека ќе ти направи проблем професорка ако те види дека пиеш нешто.
Мила јасно ми е, но и јас пијам АД и таа појава е само на почеток. Доколку некој ученик има оправдана причина може родител да се јави кај класниот и да каже дека ученикот не може да уклучи камера. Јас имав слична ситуација. Бев позитивна на вирусот и се осеќав исцрпено, без сила да седнам на маса. Не сакав да ги пропуштам часовите и мајка ми зборуваше за да не ми бараат камера. Професорите беа известени и немаше проблем. Како што рече @Kitten, сигурно можеш со нешто друго освен цигара да се расониш. Замисли да беше на училиште, да не беше онлајн настава. Ќе повторам, те разбирам бидејќи и јас пијам АД и не те осудувам за ништо. Не сакам грешно да бидам сфатена.
Знаат професорите веќе за мојата состојба известени се. Факултетот една година го ставив во мирување од оваа причина.Не те сфатив грешно јасно ми е дека се обидуваш да ми помогнеш ама јас би се осеќала на тој начин непријатно. Затоа решив само на едно предавање да бидам присутна каде што не бараат камера. Па ако треба и на испит ќе ги полагам другиве предмети не ми е проблем тоа бидејќи запишуваат за редовност. Сега сменив ад почнав навечер да ги пијам за да не ми се спие на утрешното предавање.
Сеедно ми е. Сепак треба и професорот да вклучи камера ако планира и учениците да му вклучат камера. А, не тој исклучен, а децата вклучени. Банално е.
Во школо некогаш сме седеле со јакни на клупа кога немало греење. Јас предавања следам во дневна зашто во собата ми е слаб интернетот и нон стоп паѓа. А дневната ми е споена со кујна и трпезарија и една греалка не грее толкав простор. Зимото рано сабајле имав во 8 предавања и да, следев обвивкана во ќебе зашто преладно ми беше. Не бараа камера на тој предмет ама пак следев сѐ. Да бараа, веројатно ќе се изнаоблечев пред тоа.
Не ти барале камера. И јас седам со ќебе кога не ни бараат камери. Сепак не е баш пријатно пред камера по пижами и со ќебе. Јакната изгледа поприкладно.
Моментално предавам во едно средно училиште каде што има и практична настава(со физичко присуство) па веќе ми е полесно да знам кој ученик каков е во смисла дали лаже, дали забушава дали пробува да се извади и сл. На почеток барав постојано камери, сега откако ги научив да кажам учениците, поретко. Иако сум ЗА за камера! Гледаш дека почитува, сепак од другата страна имаш професор кој се потрудил да спреми час, седи пристојно, не е тешко реално да се измиеш, облечеш, јас сакам така да се моите часови. Да имаме и контакт со очи. Сепак знам во текот на часот да кажам тој и тој ученик да вклучи камера и за среќа повеќето од моите ученици, се секогаш седнати и се однесуваат културно. И кога нема камера ги проверувам на сред час, да проверам дали ме следат и дали се тука, да не се смао на часот а да прават нешто друго. Да сумирам, камера да зошто сакам да се барем станати, расонети и облечени(не во пижами), во текот на часот и со микрофонот ги проверувам. Доколку некој е со капа, пижама кажа членка можеби му е ладно, да и тоа е во ред. Но, постојат класни раководители кои ги знаат најдобро учениците, семејствата и условите во кои живеат, ако има реална причина, секој ќе наиде на разбирање иако во нашето училиште имаше опција тие што немаат струја/интернет да доаѓаат на училиште, паралелно со професорот, а тие што немаа уред добија од училиштето. Како што може се да се спроведува преку интернет, не мислам дека е хендикеп онлајн наставата, таква ќе биде за тие што не се трудат, незаинтересирани и мрзливи и професори и ученици
Кај мене само кога имаме испрашување или кога правиме тест вклучуваме камера. Инаку јас мислам дека нема потреба да се вклучува камера за време на предавањата, кој сака да научи нешто и со исклучена камера ќе го следи часот.
Јас сум ЗА. Со уклучени камери по лесно е за учителот/наставникот да води евиденција а и децата по сериозно ќе си ја сфатат работата. Кај керка ми на училиште немаат избор камерите на сите се уклучени нон-стоп, и додека предава наставникот тој/таа ги исклучува микрофоните на децата. Мене лично ми е глупаво да нема уклучени камери, исто ко да ги пратиш на школо и наставникот од друга просторија да држи настава преку разглас