Како мислиш "нив кога ќе им текне"? Ние си имаме и по 5 мин пауза меѓу секој час, голем одмор од 20 мин...све исто како да се во школо.
Епа ако не почитуваат, кога губите час ете имаш време и за тоалет и за јадење. Не мора да се јаде баш додека трае часот, нели? Барем ние возрасни сме, може да издржиме и да се прилагодиме, не сме дечиња од 7 години.
Предавањата на факултет се различни од училиште. Јас имам а и ти исто пример предавања и во 08, 16:00 19:00 па и се откажуваат предавања, додека сестрами си учат според распоред, си имаат мал и голем одмор исто како со физичко присуство.
Јас сум професорка по биологија и мислам дека треба да бидат со укличени камери бидејќи ако нема вклучени камери во еден клас од 20 учениците физички и психички се тука само 2-3ученици другите паралелно со часот си гледаат телевизија си слушаат музика не се вклучуваат на часови и т.н јас лично додека држев часови (пред да отидам на породилно отсуство)до 4 февруари барав камери и часот го одржува со камери.
За - претходниот семестар слушав онлајн часови и можам да кажам дека ми беше непријатно кога само професорот имаше камера, а студентите не. Од една страна потценувачко, како напразно да зборува. Од друга страна постар професор многу емотивно си го доживуваше, велеше дека му фали контакт со очи, да му се даде потврда дека некој го слуша и разбира. Или пак кога ќе поставеа прашање, никој од другата страна не одговара и има 20тина секунди непријатна тишина, јас вака на место на професор би се чувствувала неубаво. Против - мислам дека голем дел од децата живеат во иста соба со родители, а можеби и баби и дедовци. Посебно на зима кога е ладно верувам дека и една соба се грее. Еден сака да спие, друг да чисти, трет да гледа тв, па 500 пати ќе се претераат пред камера. Сигурна сум дека има луѓе со кои не можиш да се разбериш дека имаш час и ти треба тишина, ама и не можи да 8 часа да не мрдни никој... Кога ќе пуштеа камера имаше такви кои си се возат во кола со музиче или собрани со другари, на маса си грицкат и слично. Така да ни камера ни ништо не можи да ги спречи оние кои не сакаат да слушаат. Немаат срам и тоа е тоа.
Абе ова со камерите ништо не менува. Кога одевме на школо. 45минути до дека заврши часот седевме на телефон до дека професорот раскажува лекција. И сега не внимаваме на часовите само што сега ако ѓи вклучиме камерите, професорот го ставаме на мјут, а кога тој ке не повика ние не се јавуваме. Џабе се камери за време на час кога така повеќе паѓа интернетот и се троши батеријата на телефонот. А ние пак не можеме ништо да научиме. Сосема во ред е камера да вклучеи ученикот за време на испрашување. Но, не и за време на обичен час.
На факултет нема потреба. За основно и средно да, иако не зависи од камерата дали некој вистински ќе следи или не.Само мислам дека како што траат 20-30 мин часовите не е страшно да се уклучи.
На сред предавања, може да прашуваш, да видиш кој е тука, нешто да размисли, да одговори. На секунда така тие некои "фраери" или незаинтересирани, па ќе си има ниска оцена или единица, па ако му значи ќе поправи, ако е цела година така, без активност и знаење, безобразен, ќе го доведеш до полагање во лето и така
Јас овие ваквите како тебе, присутно-неприсутни на час сите ќе ги оставам неоценети. На крај ќе сфатат колку биле јаки фраери.
За на факултет сум против. Ние имаме доста долги часови, без никакви паузи, а професорите не дозволуваат ни јадење, ни вода, ни до вц да отидеш, што не е било случај кога одевме со физичко присуство (освен за храната, ама таму имавме паузи за јадење). Од друга страна, има професори кои ти ја разгледуваат собата, па ти коментираат за сликите позади тебе, или се лутат зошто кучето ти лаело кога ќе вклучиш микрофон. И И доодека порано беа фокусирани само да ја предадат лекцијата, сега ни го следат секој израз на лицето. Мислам дека за да забележиш колку внимание обрнуваат учениците/ студентите на часот има милион други начини, со вежби во кои сите ќе бидат активни и сл.
Мене како професор на факултет ми е многу глупаво кога не гледам никого. Како во ветер да зборувам. И тие што се со исклучени камери скоро никогаш не се ни активни. Значи тие што искулуваат камери не сакаат да бидат активни. И можам јас да се убијам од интересна да бидам и пак нема да се активни. Јас сум професор што дава паузи и дава и вежби и активности прави. И тие што немаат вклучено камери не ни се вклучуваат во активности. Си стојат во генералниот прозорец нивните исклучени камери додека другите работат во групи (имаат сите онлајн платформи опции за поделба во групи). Е сега ако професорите малтретираат студенти и коментираат како им е по дома и не даваат паузи за тоа треаб да си се побуните на соодветно место. Ама генерално ако некој сака да му се брои присуство а да не учествува тогаш се вклучува со исклучена камера. И што дека се вклучил колку да биде вклучен. Ако некој не сака да научи тогаш ич нека не се вклучува. Што ќе му е диплома на некој што стварно не сака да се вклучѕва на часови и да учи.
@JoyJoy делумно се согласувам. Можеби некои работи зависат и од самиот предмет, како и од насоката на факултетот. Ако има поголем број студенти (како на медицински) секако дека професорите нема да бараат камери. Некаде професорите само си ја читаат презентацијата, па исто не им е битно тоа. Кај нас и да сме без камери, скоро цело време сме уклучени со микрофоните, сме активни, по некои предмети можеби и повеќе отколку што бевме на физичка настава бидејќи имаме професори кои сега бараат од нас да го предаваме материјалот (за да вежбаме за идната професија како професори).
Искрено погрешен впечаток имаш, камера може да биде исклучена од многу причини, не значи дека студентот не ја прати лекцијата.Јас сакам додека слушам и кафе да си пијам, да јадам, ако ми треба нешто да станам и да се вратам, не сакам да се осеќам како во прво одделение постојано под надзор на профеосорот што ќе ми ги следи движењата во сопствениот доом. Барем на факултет сите што сакаат да слушаат ќе слушаат, и ни еднаш да не се вклучат може да те пратат а ти да мислиш дека те игнорираат.Кај нас на вежби не' прозиваат сите за активност и на тој начин секој што е уклучен на вежбите барем по еднаш се уклучува да каже нешто и според мене тоа сосема во ред зашто за да одговориш на прашањата мораш да следиш постојано и да си во тек.
А што ако бараат и микрофони јас сега кога почнав повторно училиштето се реновира и повторно сме онлајн предавам во 6,8 и два класа во 9 одд. Класен раководител сум на 6-1одд и почнав да барам и камери и микрофони. А тоа што се мјутнуваат професорите и наставниците, можат да си го средат сами они и да направат никој од учениците да не може нити да мутнува нити да исфрла од час има таква опција и јас и неа редовно ја користам.
Против,зато што еве како за пр.ја давам внука ми она оди онлајн на курс по англиски и некогаш сака да се напие сокче,нешто да си грицка,а со уклучена ќе ја гледаат и нема да и дозволат.
За курс нема буквално никој да и' го забрани тоа, слободно може да си пие вода (па и да грицка, но нормално со осет). За редовна настава може да пие вода, друго сигурно нема и на час во училиште да прави. Ако има уклучено камера, професорот знае дека ученикот е тука и дека слуша, па не се осеќа како сам со себе да си зборува. Сум држела онлајн часови и како ученик/студент и како професор, значи сум била на двете страни и апсолутно подобро е со камера. Како ученик: знам дека мора да стојам зад компјутерот, а не да спијам в кревет (особено ако е некој омразен предмет)...
Секако дека со уклучена камера поддржувам.Тој што сака да учи верувам дека тоа нема да претставува проблем камерата да биде вклучена. Што значи тоа да си поткаснела,да се поднапиела нешто,овој нов систем на образование дефинитивно вклучува паразитизам кај новите генерации. Што ќе се случи ако еден час не касне нешто или не се напие. И онака даваат пауза од 5-10 мин. Јас лично познавам студент сум,кога имаме предавања студентите не сакаат да бидат дел од предавањата,не вклучуваат камера,ги мутираат професорите и сл. Ова според мене е чист паразитизам ништо друго .