Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Следење онлајн настава со уклучени камери - ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Коронавирус' започната од poi, 1 март 2021.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ следење онлајн настава со уклучени камери?

  1. ЗА

    38 глас(а)
    45,8%
  2. ПРОТИВ

    45 глас(а)
    54,2%
  1. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Прашај дали ние така кога одевме на курсеви по јазик,или спремање математика имавме намера да поткаснеме нешто или да се напиеме.Влегувавме во една просторија и излегувавме по два часа па што ни фали,не останавме гладни.
    Ама ме се виновни децата,виновен е системот на образование.Што вака дозволува да се развива паразитизмот и мрзата.
     
    На noteforself, Feminka22, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Сум за да се следи настава со вклучени камери. Така поголема контрола има врз децата. Со исклучени може спијат, па професорот ако сака до утре може да збори, и пак да не им е јасно.
    Секако со уклучени камери, за јадење и пиење нема да умре никој за време на наставата.
     
    На My litle pony, Feminka22, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Дали на училиште јадат на часовите?
    Не јадат тоа строго забрането е за вереме на часовите, си има одмори за тоа.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Како бе да грицнеле нешто на час? Абе луѓе дајте учете ги децата малку на норми и правила, тоа не е никаков почит кон наставникот/професорот/предавачот... се знае кога е време за јадење, кога не... куче што е куче ќе го учиш да се контролира за храна, децата морале да грицкаат на час, сокче да се напиеле, Бог да чува! Па сме си чекале час да заврши да се напиеме вода, на голем одмор да јадеме...
     
    На Ugly Duckling, Feminka22, Anita Nikoloska и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Е јас за тоа бркам од час, ако видам некој да јаде или пие за време на час го бркам и го запишувам со неоправдано отсуство и пишувам забелешка за да видат нивните класни раководители зашто се избркани.
    Кога бевме онлајн ги отстранував од часот.
    Исто така два пати опоменувам за скинати фармерки или за неносење униформа третиот пат ги бркам.
     
    На kockakockica@ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.467
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случило во автобус додека се возам да слушам настава, и тоа е сосема океј, на слушалки и слушам, според мене не треба да има вклучени камери..
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Исклучени.
    Не се фокусирам добро со уклучени, вака само го слушам и си пишувам. И не се осеќам комфортно некој да ме гледа дома преку камера, јазиво ми е.
     
    На My litle pony му/ѝ се допаѓа ова.
  8. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    И мене ми е малце језиво.
     
    На Anita Nikoloska, christinnn и Indiegurl им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.920
    Пол:
    Машки
    Против.
    Додека предаваат професорите нема потреба од камери и микрофон, бидејќи тој шо учи ќе учи и без да го контролираш дали внимава или не, тој шо не учи и во амфитеатар нема да следи. Мислам дека камери треба да се уклучуваат за испити или испрашување во училиште ако неможи да се изведе со физичко присуство. Инаку кај нас предавањата во зимскиов и сеа летниов повеќе се со физичко присуство.