Точно е дека за се треба докази и прво да се види, па да се верува. Логиката и разумот би требало да одат рака под рака. Ама тука на пр. е настанокот на светот во кој живееме, што сам по себе нема објаснување, туку безброј теории. Што значи дека, јес да треба да се прво докажува, па верува, но понекогаш треба само да се опсервира и мозокот да лебди на неутрално поле, за да не дојде до милион зошто, а ни едно затоа. Тоа од мој аспект, на разумност, колку што е дозволива. Од аспект на религија, мене лично ми е банално да се водат дебати и војни, на 21-ви век, поради напишаното и вербата во истото, а произлезено од книги без докажан автор и време на создавање. Тој процес ми е на големо, голема закржлавеност и уназадување во однос на напредокот на светот. Еј, две книги да контролираат цел свет. ВрХ на баналноста. Наместо се повеќе да истражуваме и да ги поместуваме границите на истото тоа лудо истражување, ние сме седнале во место да се мразиме, караме или конвенции да создаваме, бидејќи кај Исус било бу, кај Алах џа. Ја разбирам човековата конструкција на свест да има потреба да верува во нешто, поради сигурност, ама ова малку е претеризам. Дошло ред за невидливото очи да си вадат. А од друга страна истата таа човекова наивност, моќниците ја користат за сосема други цели: Поголема контрола, владеење, моќ. Поголемо и многу лесно. Не барам доказ и логика во се, само барам: Не, the sky is the limit, туку the sky is just the beginning, светот да размислува. Во однос на слепа вера за меѓучовечки односи, од типот на партнер или другар, тој да те лаже, а ти да веруваш, тоа веќе ми е сосема др. тема на глупавоста
Во однос на описот на тип I, акцентот не е ставен на толку на аспектот на што личноста ги темели верувањата, туку на фактот што одбива да ги смени, без разлика на се. А некој што тврдоглаво се држи до сопствените верувања, иако му се презентираат бескрајно многу факти кои се спротивни за нив, не може да речеме дека таквиот човек ја темели својата вера на докази, нели? Еве еден пример за верување од тип I - Курт Вајс - доктор по геологија, со диплома од Харвард, но и силно религиозен човек. Во текот на своето образование, учејќи и истражувајќи, Вајс се решил да земе ножици и да ги исече сите оние делови од Библијата кои, според него, не можат да се толкуваат буквално, ако денешните научни сознанија се точни. Кога завршил со неговиот неколкумесечен потфат, од Библијата не останало многу. После ова, тој го изјавил следново: „It was there that night that I accepted the Word of God and rejected all that would ever counter it, including evolution. With that, in great sorrow, I tossed into the fire all my dreams and hopes in science.“ Е, ова ти е одличен пример за вера од тип I - Вајс одлучил a priori да ги одбие сите докази и факти, без разлика на нивната научна тежина, само поради тоа што не се сложуваат со неговото толкување на Библијата, односно со неговиот систем на верувања.
Наспроти слепата вера, добар пример за разумна вера е банката. Банката нема слепа вера кога ви доверува кредит и не верува слепо дека вие редовно ќе го исплаќате. Таа пред да ви даде кредит, прво ќе ви постави еден куп прашања, ќе провери каде работите, колку имот имате, дали имате редовни примања, дали редовно плаќате сметки итн. и дури потоа ќе ве определи за кредитоспособен и ќе ви даде кредит. Сметам дека на сличен начин треба и ние да се стремиме и поттикнуваме кон разумна вера, вера која поставува прашања, која има позитивен скептицизам, која не зема сè здраво за готово, која бара причини за да верува, вераа која истражува, анализира, споредува, која е во согласност со разумот, логиката, со објективната наука итн.
Očigledno e deka ovoj Kurt Vajs uspeal na kraj da go pronajde ona što go baral....srceto mu gi otvorilo očite
Što znači ova? Da go proveruvame sekoe čudo, za koe sme slušnale? Zar e bitno da li se slučilo edno ili iljada čuda? Ili veruvaš deka e možno ili ne.....sekogaš ke postojat lažni čuda,no ne e tolku bitno,ako ja poznavame vistinata.
Не е вистината она во што ти веруваш. Може е заблуда тоа. Едниот може да мисли за нешто дека е вистина, другиот да мисли за нешто друго дека е тоа вистина, а всушност вистината да е нешто сосема трето.
@Bender Rodriguez Епа така де Вистината е она што лежи во нашата перцепција и како го толкуваме, а одредени само делат исто толкување, колективно, па нам ни делува слепо, што значи не сме ништо поразлични од нив @Bitter-Sweet Што е тоа нешто сосема трето? @sonuvana A што е верата?
Не, освен ако не си опседната со чуда. Во тој случај тоа треба да ти биде полновремена работа, да одиш на терен и да проверуваш чуда. Можеш таква емисија или документарец да си направиш Едно е да веруваш дека се можни чуда, а друго е слепо да веруваш дека се што Сител или некој блог ќе објави е вистина, особено не кога ќе видиш дека еден куп лаги објавиле пред и после тоа „чудо“, без разлика дали станува збор за политика, религија или секојдневен живот. Еве на пример ја верувам дека за Бог е можно и девица да забремени без да има однос со маж. Верувам дека така бил зачнат Исус. Но дали од ова следи дека сега треба да верувам на секоја вест за некоја што забременила на „чудесен“ начин? Се разбира дека не. Дури ни верниците со слепа вера не верувам дека ќе поверуваат на тоа ако жена им се врати бремена од летен одмор со колешките и им рече дека таму имало некоја икона и се молеле и така она на чудесен начин забременила со некое црнче таму
Ete,gledaš....sepak ne postojat slepi vernici Taka da nema potreba od banaliziranje i teranje mak na konec.
Кој пример да го земам... еве да речеме двајца се во врска и некој хејтер и кажува на девојката дека дечкото ја изневерил, на дечкото му кажуваа дека таа него го изневерила а всушност вистината е дека никој никого не изневерил. Па сега кој во што ќе верува...
Кога слепец слепец води, обата ќе паднат во јама. Тоа не го велам јас. Едит: Духот дише каде што сака. Ни тоа не го велам јас. Блажени се тие што не виделе а поверувале. Ни тоа не го велам јас. Уште нешто не велам: Блажени се оние што го слушаат Слвото Божјо и го пазат.
Ако горенаброеното некому носи спокој - нека си верува во тарот, во исцелители, во магии итн. Јас само кажав дека таа слепа вера, во која сум одбрала да верувам ми носи спокој, мир и благосостојба и се додека е така не ми треба доказ. А за манипулациите кражбите и останатото што имаш наведено - мислам смешно е, разумни сме и возрасни тука во најголем дел па би требало да препознаеме кога некој не манипулира за да изваде материјална корист од нас. Слепа вера во индивидуи и слепа вера во виша сила...не е исто. На крајот, ако сакам јас да донирам, има црвки, џамии, различни организации во кои би отишла за да го направам хуманото дело...впрочем хуманоста и не е секогаш донација, нели? Тоа дека бегам од проблемите и колку туѓата несреќа ме допира сама го заклучи, јас не пишав ниту наведив на такво мислење некаде. Ме смирува на тој начин што верувам дека едно искушение ќе го поминам со Божја помош, од неговото учение црпам мудрост, сила и смирение за да се справам со моите проблеми. И јас се сложувам дека терминолошки различно значење би имале „вера“ и „верба“ без разлика дали во религиски, социолошки или филозофски домен се употребени.Но, класификацијата која ја наведе е многу општа за да опфати било која вера или верба на една индивидуа. Побрзо би поверувала дека „колку луѓе толку Богови“ постојат, отколку дека сите верници може да се вклопат во три шеми.
Епа како тогаш би знаела дека тоа твоето е вистината? И тој што е во заблуда за своето мисли дека е вистинско.
Класификацијата е општа, да, и не се однесува само на религиозните верувања туку на верувањето генерално. Без разлика на тоа, мислам дека верувањата на најголемиот дел од луѓето без проблем може се сместат во една од овие категории. Да не се разбереме погрешно - категоризацијата важи само за дадено верување - не значи дека сите верувања на еден човек може да се сместат во иста категорија. На пример, во однос на религија, човек може да има вера од тип I, за политика и општествени прашања - тип II, а за други сфери од животот од тип III. А ако збориме конкретно за религија, и за различните верувања во нејзини рамки постои класификација - ја имам поставено во друга тема - еве ја.