1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слепа вера

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од EvAngelos, 19 декември 2016.

?

Што според вас е слепа вера?

  1. Безрезервно верување во нешто без притоа да се бараат никакви докази

    50 глас(а)
    92,6%
  2. Секоја друга вера, освен верата во моето убедување (верско, идеолошко, политичко)

    4 глас(а)
    7,4%
  1. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Да речеме дека јас не се вклопувам во ниедно од наброените.... и?
    :)
     
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Раскажи ми нешто за себе и за својата вер(б)а у една, било која сфера од животот, и ја ќе ти кажам у кој тип се вклопуваш. :)
     
    На elimkd и КикиМаус им се допаѓа ова.
  3. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    ^:D:D
    Она во кое верувам не се доловува со збор. Тоа е чувство кое треба да се доживее, како би ти објаснила колку спокојно се осеќам додека се молам?? Не можам......
    Или како да ти раскажам како причесната влијае врз мене и како се чувствувам ппосле неа?? Не можам....
    Со кој збор да ти опишам колку радост ми носи посетата на некој манастир?? Нема таков збор.....
     
    На buba4e89, Rama, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не беше муабетот за религија воопшто. :)

    Поентата ми беше за било кое верување во било што. На пример - на која политичка партија си симпатизер? Зошто баш на таа? Врз што се базираат твоите симпатии и поддршка кон нив? Има ли шанси да ги смениш своите политички убедувања? Во кој случај? И така натаму.

    Со одговарање на овие прашања и ако си доволно објективна, и самата ќе можеш да ги сместиш сопствените политички верувања во еден од трите типови. :)

    И истото важи и за сите други верувања, во сите сфери на животот.

    Едит: Еве и за религија:

    1. Дали апсолутно веруваш во постоењето на Бог или оставаш простор дека можеби не си во право? Првиот одговор те става во тип I, вториот во тип II.

    2. Дали ако се појават голем број на непобитни докази кои го оспоруваат постоењето на Богот во кој веруваш ти сепак ќе продолжиш да веруваш во него без разлика на се, ќе се посомневаш во неговото постоење или ќе прифатиш дека не постои? Првиот одговор ти е тип I, вториот тип II, третиот тип III.

    И така натаму.

    Гледаш? Воопшто не е тешко човек да се вклопи во еден од овие типови, баш затоа што класификацијата е толку општа. :)
     
    Последна измена: 20 декември 2016
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    што око не виде и уво не чу ...

    какви типови, какво вклопување, Бог е се во се

    има, „дојди и види“
     
    На Bulgarian, sonuvana, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez точно за верското слепо верување беше поставена темата .... за немото дете, кое преку верата успеало да се излечи, впрочем и мојот коментар на темава беше токму за моето слепо верување дека Бог постои. А твоите „или - или“ прашања се точно конструирани да не може да се избере одговор по слободна воља, туку морам да одберам некој од наведените, што е интересна игра на зборови, но во никој случај ниту еден од понудените одговори не ја доловува мојата верба......или сите одговори се дел од моето верување.....;)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bowie29

    Bowie29 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    90
    Со оглед на тоа каква ни е социјалната политика на земјава ништо од ова не ме изненудува.Сепак ова не е добар пример за слепа вера. Ова повеќе е добродушност и наивност отколку било што друго...
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bowie29

    Bowie29 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    90
    Во суштината на човекот е потребата да верува во нешто... Историјата е полна со такви примери...

    Чарлc Менсон, кој своите следбеници ги убеди дека e Исус, проповедаше дека ќе има расна војна и дека оние кои се дел од неговиот клан после војната ќе бидат единствените преживеани и дека иднината на земјата ќе биде во нивни раце... Што се случи? Неговите следбеници заслепени од Менсон мачеа и убија пет луѓе... Зошто? Затоа што некој така им кажа.... Колку треба да му веруваш на човек за да убиеш за него?

    Џоунстоун 1978...Џим Џоунс самопрогласен месаја ја основа црквата позната како People's Temple, собра доволен број на следбеници и заедно со нив создаде комуна која се темелела на принципите на комунизмот, за да бидеш нејзин член единствен што треба да направиш е да ја донираш целосната своја заштеда на црквата, слепо да се покоруваш на месајата и да го впиваш секој негов збор и нормално секоја наредба да ја извршуваш без прашање... Што се случи? Членовите на People's Temple беа поттикнати да се самоубијат од сопствениот лидер, и нормално без да се запрашаат било што на 18 ноември 1978 година скоро 1000 луѓе тоа и го направија. Ова во историјата е познато како најголемото масовно самоубиство...

    Please. For God’s sake, let’s get on with it. We’ve lived—we’ve lived as no other people lived and loved. We’ve had as much of this world as you’re gonna get. Let’s just be done with it. Let’s be done with the agony of it.-Последниот говор на Џим Џоунс пред и самиот да се самоубие.... Колку треба да му веруваш на некој за да си го одземеш сопствениот живот, и животот на твоите деца?

    Јованка Орлеанка умре бидејќи им веруваше на гласовите кои ги слушаше во главата... Можам само да замислам што и се вртело низ главата оној момент кога ја ставиле на клада.... Колку треба да ти биде цврста верата и за неа да бидеш подготвен да умреш на толку болен начин?

    Адолф Хитлер... ја убеди целата германска популација дека евреите се виновни за сите зла на светов.... Луѓето кои слепо му веруваа го извршија најгнасниот злочин во историјата на човештвото.... Геноцидот на евреите... Милиони му поверуваа дека се супериорна ариевска раса која треба да владее со светот...


    Ова се моите примери за слепа вера, не треба премногу наивно да се верува на секој... посебно не треба да веруваме во се што ќе прочитаме на интернет.... Не сум запознаена со случајот за момчето... не следам претерано актуелни настани....:D
     
    На Lella, Nausicaa, Bridget и 6 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Што според вас е слепа вера?
    * Безрезервно верување во нешто без притоа да се бараат никакви докази.

    Гласав за првото, сега ќе ти образложам зошто.
    @EvAngelos ти имаш напоменето дека не веруваш во Бог, Исус и Богородица, дека си протестант но, сепак отвараш вакви теми кои бараат длабока дискусија. Сеуште си мислам дека со темиве се обидуваш на луѓето да им се докажеш т.е. да им докажеш дека твоите тези се вистински и дека си во право, сметам дека има некакво поврзување со другите теми.

    Според мене што е слепа вера.
    Кога Бог ни дал живот уште во утробата на нашата мајка ни вметнал и вера. Ни вметнал слепа вера дека после 9 месеци ќе видиме светло, бело светло од салата и ќе плачеме, вера која ни дава надеж дека во текот на тие 9 месеци нема да имаме проблеми во мајчината утроба, вера за нов живот, вера дека ќе се родиме во точниот термин.
    Доколку бебето би имало проблем Бог повторно дава вера дека уште и во инкубатор имаме шанси за живот и на други апарати, да преживееме.
    Како растеме и покрај сите падови, подеми Бог пак дава вера за се. И после загуба и после добивка.
    Што мислиш како луѓето продолжуваат со своите животи након смртта на некој нивен близок?
    Со верба во Бога.

    Според мене треба да го видиш нештото со свои очи за притоа да веруваш во истото. Пример. Секоја телевизија или радио различно ја пренесуваат веста, во тој случај со политичките партии, телевизиите се поделени на вмровски и сдсмовски, ќе го земам за пример Сител во кој често главен уредник е Латас и секогаш кога за неговата партија ќе се направи "неправда" во овој случај случајот со Диме Спасов и Качулеска и тој ќе образложува 30 минути користејќи убедливи мудрости и народот да речеме за жал верува во тоа, бидејќи Латас скоро 30 минути им објаснува некои мудрости кои ги прочитал во своето долгогодишно новинарско иксуство. Цел да се убеди народот дека неправедно е нападнат министерот.

    Другата страна на приказната е Сдсм да земам за пример Телма ( не знам дали е сдсмовска телевизија, не е важно, пример кажувам ) каде новинар на Телма образложува дека Сдсм има докази против Вмро и тој се користи со мудрости но за жал не толку долго колку Латас туку доволно за да народот сам сфати кој и колку е чесен. Цел е да се пренесе веста токму таква каква што е. Што за жал Сдсм за народот и преносот на медиум се слаби, бидејќи нели во тој случај Латас се користи со поголем број на мудрости.
    Сите знаеме дека секоја мудрост има вистина, но тоа е тоа што јас го викам "перење мозок" т.е. слепа вера.

    Да образложам зошто гласав за првото.
    Гласав во смисол за Бога. Многу верувам во Бога, бидејќи одредени случки кои ми се случило Бог секогаш бил тука за мене и кога ќе слушнам или прочитам како некој го навредува дека не постоел само превртувам очи.
    Кога почина баба ми воопшто немав мира ни внатрешно. Ме мачеше ноќта, не спиев, не јадев т.е. бев депресивна, затоа што таа почина два дена по еден голем празник. Истото ми се случуваше и со дедо ми кој почина сега брзо време. Поврзаноста со нив ми резултира со фактот дека тешко ги поднесувам разделбите, за баба ми се навикнав ко да е тука со фиктивно сеќавање во главата т.е. некој вид на слика, за неа ми помина да речеме за една недела се тоа што ме мачеше само затоа што си легнував во мислата во глава "Баба ми не би сакала да имам немирни ноќи дури и сега кога е на небото и ме гледа".
    Но за дедо ми беше друг случај. Практично ноќта гледав сеништа, а јас не верував во сенки и такви глупости па скоро месец дена не можев да спијам и се будев со главоболки и лошо расположение. Како го поврзувам овој случај со слепа вера? Обично не барам доказ за верба во Бог, отидов до црква и на отецот му ја објаснив целата ситуација, ми се понуди да ми пее и да купам голема свеќа со мое име и презиме и на секој празник да чита молитва додека не изгори свеќата целосно. По целиот случај вечерта си легнав со мисла "ќе спиеш подобро" и спиев како бебе. Сега некој ќе рече се е психа и како веруваш во твојата психа, јас мислам дека и да е до психа, пак психата верува во Бога.
    Пак ќе кажам не се потребни докази за да веруваш во Бога.

    Од друга страна општо во одредени работи и ситуации во животот не треба слепо да се верува.
    Во врска со немото дете само да ви напоменам дека тие не се мешаат и не излегуваат многу во јавен живот, нив не им е лесно а добро сме запознаени со какви стереотипи се соочуваат од осудувањата на другите луѓе и затоа малку се знае за нив дури и скоро ништо. Ќе чуете само дека некое немо дете проговорило,а пред тоа ништо не сте знаеле за него. Џабе се распрашувате.

    Од друга страна пак ќе кажам за мене верувам за манастирот во Подгорица, каде што се преспива на отворено. Многу силно ме влече да го посетам, а имам доста слушнато за него. Може тоа мене ми е вера и надеж дека ќе прослушнам на едното уво нормално, но тоа е вера, но не и слепа.

    За крај имам да кажам само дека не ми се допаѓа што размислувате во случаеви каде сарказмот е најчест употребен збор.
    Ќе кажеше некој "Христос Воскресе" а друг ќе одговори на тоа "Ти го виде", тоа е доста голем религиозен контра напад, точно не сме го виделе, се верува дека е воскреснат, но такво нешто не смеете ни да се запрашате. За жал, сарказмот како што кажав е доста употребен збор, па одговорот на другиот се сведува на глупост.

    Човек додека се моли, се моли со верба.
     
    На theowndemon, Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Моите прашања не се конструирани за ограничување на слободната волја, тоа се едноставно прашања кои имаат два можни одговори – или веруваш или не веруваш, или си спремна да ги смениш своите убедувања или не си – трето нема. Ако твојот сензибилитет како индивидуа е навреден од идејата за класификација и категоризација на човекото однесување и ако одбиваш да одговориш на нив – тоа не значи и дека по дифолт не припаѓаш во еден од трите типови на „верници“ кои ја ги опишав. :)

    Инаку, темава не е за случајот со „чудото“ на стумичкото дете, туку за слепата вера генерално. Да, @EvAngelos напиша дека поттик му бил тој случај, но спомна и пример со неважечките гласачки ливчиња кои си ги присвојуваат и ВМРО и СДСМ.

    Ако човек има слепа вера, тогаш не само што не му се потребни докази (како во случајот со струмичкото дете), туку и колку и докази да му презентираш кои се спротиставуваат на верувањето, тој пак ќе продолжи да си верува.

    Ако луѓе од Струмица потврдат дека таков случај нема, тогаш ќе рече, „Детето може е по потекло од Струмица, ама не живее таму“ или „Можеби не сака јавноста да дознае за чудото и да му се наруши приватноста“. Ако се доведе во прашање искреноста на оној што го напишал „чудово“ на грчкиот блог, тогаш ќе рече „Ама, монасите немаат причина да лажат“. Дури и ако се појави и самото дете и напише изјава дека неговото чудесно излекување не е вистина, слепиот верник ќе рече „Ама, сигурно случајов збори за некое друго немо дете, а не за ова“. И така во недоглед.

    Тоа е и суштината на слепата вера – или верниците од тип I за кои пишував – колку и докази да им презентираш кои го побиваат нивното верување, и во целосно отсуство на докази кои го афирмираат, они пак, упорно ќе веруваат во она во што веруваат, и нема сила на светов или аргумент кој ќе ги премисли.

    Мене само ме интересира, ако јас ви постирам сведоштва за излекување на инвалидитет, рак, срцеви болести итн. направени од страна на евангелисти во САД, во светилиштето во Лурд или во некој будистички храм во Индија, дали исто така ќе поверувате во нив или не?

    Дали овие документирани тврдења и сведоштва, многу поиздржани од ова за струмичкото дете, инаку, ќе ги земете како вистина здраво за готово или ќе бидете скептични, нема да верувате, ќе барате докази, итн.?

    Ако православните верници ја применат истата скепса која ја применуваат врз сведоштвата за излекувања кај гатачи, бајачи и во други религии и деноминации, ја применат и врз струмичкото „чудо“, многу лесно ќе дојдат до вистината за него.

    Истиот принцип важи и за неважечките гласачки ливчиња – ако навистина од можни 39000, 30000 се всушност за СДСМ (или за ВМРО, зависи чија приказна ја слушате), а потоа се изменети за да бидат неважечки, каде се доказите за ова?

    Ако ова е вистина (а би било нерегуларност без преседан ако е), зошто ниту една од овие две партии немаше приговор врз оваа основа до ДИК, туку се остана на гласини и муабети кои се шират на социјалните мрежи?

    Рационален човек ќе сфати дека речиси сигурно се работи за шпекулации и невистини, бидејќи нема ниту еден доказ во прилог на ова. Слепиот верник ќе продолжи да верува во некаков заговор против неговата партија.
     
    На blueeparadise, theowndemon, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Колку контрадикција во само една реченица....логика нема......

    Не знам зошто помисли дека се навредив, баш напротив ми ласкаат обидите да бидам предомислена - тоа само ја потврдува цврстината на моите ставови :)

    Прво, не знам зошто мислиш дека твоите копирани постови би биле исто вредни како Божјото слово, а второ треба да ти е јасно дека верата и вербата не се базираат врз копирани „факти“ од некој интернет извор. Еднаш мислам дека ти објаснив дека вера е нешто што се доживува, се чувствува, а кога читаш за тоа во кое веруваш, само уште повеќе ја засилуваш својата верба.

    Еден пример - јас лично верувам дека верата во Бога е исцелителна, затоа често читам сведоштва за тоа како некои верници успеале да оздрават преку молитва или посета на некое свето место за кое се верува дека лечи од одредени болести. Додека читам јас чувствувам љубов, чувствувам мир, блаженство, но во никој момент не осеќам дека тоа е лага, не ни помислувам дека една таква „приказна“ може да е измислена, затоа што верувам дека некој некогаш поминал низ такво искуство. Ниту ми треба, ниту барам доказ - ЗНАМ дека Бог е семоќен.
     
    На korisnichka, Petra777, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Си слушнала ли за да-не прашања (yes-no questions)? - тоа се прашања на кои може да се даде еден од два можни одговори. Не знам што ти е нелогично и контрадикторно у тоа.

    Прашањето „Дали веруваш во Бог?“ е на пример такво прашање - одговорот може да биде „да“ или „не“. Секако, одговорот може да биде и појаснет и проширен, како на пример „Да, верувам, ама на мој начин“ или „Не верувам баш, не сум сигурен дека постои“, но во принцип, ми ја сфаќаш суштината.

    Тоа што тебе не ти се допаѓаат прашања со одговори кои взаемно се исклучуваат еден со друг, не значи дека истите се нелогични или контрадикторни. :)

    Не помислив дека се навреди, туку велам дека те навредува замислата дека ти, како личност и индивидуа, можеш да бидеш категоризирана и класифицирана според дадена систематизација - или, како што рече ти, да бидеш ставена во „калап“.

    Јас воопшто не се обидов да те премислам или да го сменам твојот систем на верувања - поентата ми беше дека твоите верувања, сосема лесно и без проблем, можат да бидат сместени во еден од трите типови кои ги наведува Курц.

    Тоа што ти упорно тврдиш дека твоите верувања не можат да бидат никако класифицирани, не значи дека навистина е така. :)

    Океј - кои се тие „некои верници“ за чии сведоштва ти „не осеќаш дека се лага“, „не помислуваш дека може да се измислени“ и кои во тебе побудуваат чувства на „љубов, мир и блаженство“? Исклучиво православни христијани?

    Затоа што сведоштвата што јас ги набројав исто така се од верници - католици, протестанти, будисти и хиндуисти. Веруваш ли и во нив по автоматизам или можеби се сомневаш во нивната вистинитост? Дали и тие побудуваат чувства на љубов и мир во тебе или не?

    Затоа што ова всушност и беше моето прашање - дали си селективна во своето верување во сведоштвата за чудесни излекувања или веруваш во сите, подеднакво, без разлика од која религија и деноминација произлегуваат?

    Ако веруваш во сите подеднакво, во ред, но ако не веруваш, зошто е тоа така?
     
    На blueeparadise, theowndemon, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Колку само вистина има во ова. Уште една карактеристика за слепата вера е тоа што не само што упорно и инаетливо ги затвора ушите за сите оние кои поставуваат прашања или изнесуваат поинакви мислења, аргументи, факти, туку и таквите луѓе ги напаѓа, ги нарекува богохулници, ги обвинува за плукање по нивната вера, а во некои порадикални земји и ги линчува од слобода, им врши прогонство, во некои случаи и егзекуција.

    На пример во Индија имало една статуа која го претставувала Исус од која наводно течело вода од раните на Исус. Луѓето слепо верувале во тоа и оделе се поклонувале, ја бацувале статуата и ја пиеле „светата и чудотворна вода“.
    Подоцна еден индиец, кој го користел разумот и не верувал слепо во тоа чудо, решил да го провери „чудото“, Се покажало дека водата до статуата всушност доаѓа од некој тоалет блиску до статуата :^)
    http://www.bbc.com/news/magazine-26815298

    И сега црквата таму сака да го пикне во затвор затоа што ја објавил оваа вистина :o Значи не само што не го признаваат ова фејк чудо, туку како во времето на инквизицијата сакаат да го осудат оној што го разобличил. Кутриот мислам дека сеуште е во бегство во Финска. А во бегство од кого? Од слеповерниците :(
     
    На blueeparadise, Lella, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Силнo верувaње кoн нештo мoже дa имa исцелителнa мoќ зa некoи пoлесни бoлести и сoстoјби делувaјќи кaкo плaцебo. Тaквa вербa зa мнoгу луѓе е кaкo гoривo пoтребнo дa гo пoминaт денoт, гoдинaтa, живoтoт...oти вo спрoтивнo би oстaнaле без ништo, oднoснo сo реaлнoстa кoјa не им е блaгoнaклoнетa. Честo знaеме туѓите слепи верувaњa дa ги пoкaжеме a зa свoите не секoгaш сме свесни. Не мoрa дa се тoлку oчигледни кaкo вербa вo Бoг, Лaтaс, Сител, Зaев и сличнo, туку мoже дa се и некoи лични убедувaњa зa сaми себе или зa луѓетo oкoлу нaс.
    Дa не е претерaнo oти oд слепилo прoгрес немa, сaмo зaтупувaње, нo некoјa умеренa дoзa вербa зa oдредени рaбoти зa кoи лoгичнo или нaучнo oбјaснувaње немa или еднoстaвнo не сaкaш дa слушнеш, дури мислaм и пoжелнa е. Живoт без мaлку фaнтaзијa, живoт ли е? :D
     
    На Lella, crimson, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Прво рече во прашањата нема ограничувања а потоа постави "да - не" прашања...прашања на кои МОРА да избереш еден од дадените одговори....
    А јас пак никаде не се обидов да вметнам сомнеж во твоите тези изведени од култни приказни, како што ти постојано се обидуваш да докажеш дека нема доказ за она во кое јас слепо верувам..... На тој начин јас го испочитував твојот став околу слепото верување, а ти сеуште се обидуваш да ми покажеш колку е сомнително слепо да веруваш....
    Не знам зошто мислиш дека одбивам да бидам класифицирана - јас веќе се изјаснив како верник - факт кој ме стави во некоја категорија - само не се пронајдов во ниедна од тие што ги наведи сеуште....или се пронајдов во неколку...како и да е - не е тоа - тоа!
    Не. Верници од различни вери......кои поверувале во семоќноста на Бог и посакале да бидат исцелени од Неговата милост.
    Да, селективна сум. Верувам само на сведоштвата од мојата вера, во нив слепо верувам. Останатите ги читам од чиста емпатија. Зошто? Бидејќи сведоштвата од туѓите вери не ми предизвикуваат мир и спокој. Само ме хранат интелектуално. Ништо повеќе од тоа.
    Значи ли ова дека ние кои веруваме слепо сме неразумни?!? :yawn:
     
    На Rama и korisnichka им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Некои го именуваат слепа вера, а можеби е подобро да се нарече НАДЕЖ ВО БОЖЈАТА СИЛА, ПОТРЕБА ОД МИЛОСТ, ВОСИНОВУВАЊЕ.
     
    На Bitter-Sweet, Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Koj heck e temava bre
    A i anketata e biser
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Тоа би било навистина достигнување да бидам сметана за безумна, да ме отфрли светот, да се откаже од мене пред јас да умрам за него, зашто Царството Божјо не е од овој свет, нјаст од сего мира.. ;)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Анкетата башка.
     
    На Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Темава е супер, а на кој не му се допаѓа, нека оди слободно да чита и пишува во темата за ПЕЊОАР:D
    Секогаш треба со резерва да веруваме во нештата, за да не си добиеме по нос како гром од ведро небо...затоа немојте со две очи затворени да верувате, подотворите ги помалку..(ова од искуство ви го велам).
    :f:
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.