Слепо црево

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од flowergarden, 17 мај 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    397
    Имал ли некој проблем со слепото црево? Кои се симптомите?
     
  2. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Слепо црево?

    Јас сум оперирана од слепо црево во 7 одделение. Знам дека неиздржливо ме болеше стомак, до плачење, ме однесоа моите во болница и таму констатираа дека имам воспалено слепо црево кое треба да се оперира. Стомак ме болеше само 1 ден пред да идам на лекар, али беше застрашувачка болка.
     
  3. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    61
    Слепо црево?

    Симптомите за воспалено слепо црево се:силна болка на десната страна во долниот дел од стомакот, можно е гадење или повраќање, укочување на десната нога
     
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    730
    Слепо црево?

    Започнува со неутрална болка околу папокот, која што може да се смири или да прогредира во јака болка во десниот долен дел на телото (најчесто). Може да биде придружено со гадење, повраќање, трнење и кочење на десната нога. Овие симптоми можат да се смируваат или да се влошуваат. Леукоцитите се секогаш покачени. Има посебен клинички преглед кој што го изведува доктор кој може да укаже дали навистина се работи за апендицит или не. Сепак многу често при отстранување на слепото црево се констатира дека не е воспалено и покрај сите симптоми што наведуваат на тоа. Исто така има случаии кога слепото црево не се наоѓа на неговата вообичаена позиција: често се случува да се наоѓа ретрострернално во висина на бубрегот па да имитира бубрежна колика (болка), а исто така можно е да се наоѓа и на левата страна или некаде повисоко во абдомен. Јака болка во десен долен квадрант на абдомен, придружено со покачени леукоцити диференцијално дијагностички оди во прилог за слепо црево.
     
  5. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    409
    Слепо црево?

    И јас имав напон на слепо црево помала,прво имав балги болки во десната страна на стомакот,а вечерта неиздражувачки ме болеше,и ногата ми се укочи-скроз!!!
    Имав гадења и цело време повраќав,за јадење не сакав ни да помислам....
    кога стигнавме таму констатираа дека имам напон на слепо црево и требаш да ме оперираат...но јас дигнав узбуна по бучна од онаа на болките(сватете ме сепак бев дете)и по иницијатива на татко ми по докторите се обидовме да ги смириме болките со инекции кои трае по долго време,примав терапија која успешно помина...
    од тогаш натаму не се има повторено такво нешто :!:
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Слепо црево?

    Јас веќе неколку пати имав напади на слепото црево, и никако да ме оперираат. Веќе почна да станува многу често, на 4-5 месеци се воспалува, болките се неиздржливи... :( :( :(
     
  7. malo85

    malo85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Слепо црево?

    Мене ме мачеја 4год не знаеја сто ми е.и кога се решија да ме оперират докторо после операција ми реце само господ те чувал.од сто и е многу спремно здравството!!!
     
  8. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    134
    луѓе ја да ви кажам од ништо праам нешто изгледа.... паничар :| ама да си прашам јас искусни, да не ме мачи...
    од преска почнав да чувствувам болки на десната страна и ногата (дали е до психа или не) почна да ми се укочува... пред некои си добри 4-5 години исто вака имав болки прво мислеа дека е слепо црево, а после ми рекоа дека не е...па истото се деси 3-4 пати, завршував у болница, ама докторите ги смируваа болките. И сега испаничив да не е слепово црево во прашање:да напоменам многу ме боли стомаков, ама така на моменти ме пушта болката :?:
     
  9. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    99
    Феминки да ве прашам веке 2-3 дена ме заболува кога ми се мокри десната страна доле од стомакот се плашам да не е оваа слепото црево помошш треба да одам на одмор не сакам сега да ме фати... кажувајте какви се симптомите ме боли само кога ми се мокри не се јаки болки ... хелп
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Па не би рекла дека е слепото црево, можно е да си настината, или да те боли јајникот. Може и да имаш некаква уринарна инфекција, затоа што само кога мокриш те боли... Најубаво би било да си провериш на лекар, од тоа нема посигурно.
    Инаку колку што сум информирана, кога се работи за воспаление на слепото црево, болките се многу јаки, неиздржливи и постојани, а често се појавува и повраќање.
     
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    Jaс имам слушнато дека освен болките во стомакот и кочење на ногата другите симптоми се индивидуални. На некој му се повраќа, некои имаат дијареа, некои запек кај секој различно.

    Сега со ласерскиот метод и со Контратубексот нема да ви се познава ништо од операцијата.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.537
    Допаѓања:
    231.943
    И кај мене болките започнаа централно во стомакот и постепено тежиштето се преселуваше на десната страна.
    Јаки болки, грчеви, повраќање и лошење. Без здрвување на десната нога како што многумина набројаа.
    Симптомите ги измешав и мислејќи дека е мојот желудник правец кај матичиот кој веднаш посумја на слепо црево.
    Ми зеде и крв од мало прсте и мокраќа, со што само мус е зголеми сумјата и ме упати на хирургија.
    Таму ми зедоа 7 епрувети крв, повторно мокраќа...а додека чекав резултати ме прегледа и гинеколог за да елиминираат женски проблеми.
    После неколку часовно гњавење, дијагностицираа воспалено слепо црево и ја закажаа сабајлината операцијата(изминуваше полноќ веќе, а немаше слободна сала)

    За неполни 2 саати од почетокот на операцијата се разбудив и ме однесоа во соба.
    Се беше ок.
    Првиот ден имав мали болки но со лековите во инфузијата не чуствував ништо, а и грлото ме грепкаше многу од опојката и ми предизвикуваше мала кашлица која во тој момент не можев да си ја дозволам, но ништо страшно.

    Вториот ден почнав да се движам, да јадам по малку.
    Третиот ден ми го тргнаа фластерот за да диши раната...и ја тргнаа инфузијата.
    Четвртиот ден дома и се нафрлив на храна :rofl: .
    Петтиот ден бев по голема нужда без никаков проблем.
    Шести ден почна веќе да паѓа и корузот на раната(која е целосно заздравена)
    Седми ден прв асален туш, до тогаш се припазував кога се миев.
    Без конци, без завои, без гњавење и фала богу со лесно
     
  13. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    51
    девојки хелп сабајлето почувстував блага болка на десната страна која одма ми помина (имам и добиено мозе да е и јајник ама јас паничам) и ми се лошеше.имам нормална столица.сега не ме боли ама ми естрав дали мозе да е слепо црево викаат мн боли?дали вас наеднаш ве фатија болките??
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.537
    Допаѓања:
    231.943
    според мене болката од слепо црево одма не мине, напротив ќе се зголемува и евт. се добиваат грчеви.
    А и столицата не би била нормална.
    Мене наеднаш ме фана....ама не ме ни пушти.
    Кога фаќа не мине само од себе.
    Не се плаши, што мислиш само повеќе ќе си пронаоѓаш симптоми кои не постојат, или евт. погрешно ќе ги протолкуваш.
     
    На ribce27 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    293
    Девојки мене од завчера најпрво ме болеше левата страна од стомакот на средината, потоа се префрли на десната доле...Вечерта кога спиев болката беше поголема и осеќав „трпки“ на десната нога. Бев вчера на лекар, леукоцитите се во ред а и со мокраќата е се во ред. Инаку сум настината, обична настинка, кашлица и течење на носот. Јадам како што треба, не ми се лоши, не ми се повраќа, ништо такво. Како и порано одам во вц, тоа се е во нормала. Докторот ми рече дека можеби нема ништо, но дури не се виде на ехо ништо не е сигурно. Многу сум исплашена, вие што мислите? :worried: :worried: :worried:
     
  16. srce-9

    srce-9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, мене ме боли стомаков веќе подолго време ама од левата страна неиздржлива болка ме боде како нож, често чувствувам болки, бев на гинеколог ми кажа дека е се во ред. Да не има нешто поврзано со слепо црево ама болките се секогаш на левата страна??? :(
     
  17. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Јас сум оперирана од слепо црвено и болките се неиздрживи во буквалана смисла значи не обична болка туку преголема јака јас цел ден од 12 часот па се до 6 часот не можев да станам од кревет болка повракање и вечерта моите кога се вратија од работа ме однесоа во раце на дежурен па упут за во градска ми направија крвна анализа и без хитна за операција и ме оперираа и бев може да се каже една недела во болница тоа во 7 одд. Братми е опериран исто но него матичната го лечеше од стомачен вирус 3 дена додека не му прсна и направи сепса беше еден месец во болница па после тоа го пуштија дома па му загонои и ископлицира и усте еден месец во болница така да не е игричка од искуство одете на детални проверки во клинички центар.
     
  18. Serendipityy

    Serendipityy Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Moze ke zvuci glupo no moze li od slepo crevo da docni menstruacija?
     
  19. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Девојки можно ли е да е слепо црево? Ме боли ногата и како да ми се здрвува, друго немам ништо... Или па можеби е што вчера се изнашетав. Бев залежана и наеднаш многу ми дојде. Дури и одма заспав од што се уморив.... Што велите?
     
  20. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    122
    Јас пред точно три недели се оперирав од слепо црево.
    Многу ме болеше желудникот и повраќав цела ноќ. Болка во стомакот немав. Сабајлето отидов на општи лекар за да ми го смири повраќањето бидејќи мислев дека сум заотрована со храна.
    Само што легнав на креветот осетив тапа болка во долниот дел од стомакот па докторката ме упати да направам крвна анализа. Таму ми беа леукоцитите многу повишени. Отидов на хирургија и откако легнав на креветот за да ме прегледа докторот, веќе не станав. Нозете дрво ми се направија, да ги поместам не можев. А стомак ме болеше само кога ќе ме допреше докторот на одредени места.
    И така, итно ме однесоја во операциона.

    Иначе докторот ми рече дека сум ги имала сите симптоми како што треба, т.е. како што пишувало по книгите.
    Кај женските почнувало со болка на желудник.