ајде и јас да пишам нешто за слепото црево ,имав 13 год,една недела како почна да ми се гади поврака и одбивав да одам на лекар и велев на мојте ништо не ми е ,изгубив апетит,со сила ме тераа да јадам,сабота сабајле и се спремаме да одиме за струмица имало ефтини работи да си купиме почнува зимо палтенце ова она мора да се купи,татко ми ми вели ако не ти е добро нема да одиме не велам тато добро ми е,стасавме во струмица си тргнавме ваму таму да си разгледаме кој што ке си земе ,и опп почнав да малаксувам се повеке и повеке,едно време се потпрев на мајка ми и само и реков лошо ми е и повеке не се секавам,сум се онесвестила по некое време се будам ме мијат со кисела вода,ке речеш роми ама ете помогнале во тој момент,ме послале на една тезга да не лежам на земја ,се освестувам незнам кај сум,ме однеле кај на татко ми сестра,ми пржеа компири не можев ништо во уста да ставам,спиев на непуштен кревет и нозете горе свиткани бидејки имав премногу грчеви,и кажав на мојте дека сакам да спијам,а во собата топло тие ме оставиле сама да се одморам,не минал 1ч се разбудив повракајки зедоа да ми мерат температура 40 ауууууууу колата и одма назад татко ми ко на рели трка да е бил,од струмица до штип,2кг вода сум исппила, не ми дадоа да заспијам се секавам ме замотаа во едно кебе и брат ми цело време ме држеше во скут , стасавме и татко ми ме извади од кола и директно во брза помош јас веке бев во несвес,докторката милион прашања ми постави на ниту едно незнаев да и одговорам,одма во болница на инфективно,да ги напоменам симптомите,грчеви,повракање температура,вц никако по голема нужда,лежев 10 дена на инфективно неможеа да ми откријат што ми е всушност,бев сама во соба на инфективно се будам една нок немам претстава колку е било часот,ме тресе ми се поврака викам по доктори нема никој никој не ме слуша,дупли врати имаше,сабајлето во 6ч одат докторите по визито,лелеееее кога ми видоа ,горам од температура,повракано до креветот,одма ме префрлија во главната болница на приемно,тој доктор само што ме допре на стомакот ми рече девојче па ти си под итно за операција,го слушам и заспивам ко во кома,ме прашуваше пола саат кој ми е бројот да се јаве дома да каже на моите ,едвај го погодив,се јавиле дома и и велеле на мајка ми ПОД ИТНО ДА ДОЈДЕТЕ ВО БОЛНИЦА ВАШЕТО ДЕТЕ Е ЗА ОПЕРАЦИЈА НИ ТРЕБА ВАШ ПОТПИС,во мегуврмее ме однесоа на хирургија,кога гледам почнаа да се собираат мојте,мајка,татко,брат,баба,дедо сите околу мене а мене нозете и главата споени и повракам црвени парчиња крф,а докторите стоат до мене и не сакат да ме прават операција бидејки книшката со уплатените пари ми ги ,,снемало,,кога дојде началникот кога виде што се дешава и зошто не саакат да ме оперират кога и се развика и дирекно на количка и во операциона сала,ме изнесуваат од соба а татко ми стои до мене и му велам,А ТИ ЗНАЕШ КАДЕ КЕ МЕ НОСАТ МЕНЕ,му протекоа солзите и ме однесоа,ме врзуваа што ми правеа незнам,бдејки ми ставија анестезија и ме успаа,само што ме пресекле да ми го извадат слепото црево сите избегале,татко ми се рекол готово керка ми почина,но слепото црево ми било пукнато и многу мирисало и затоа излегле сите,значи 4ч операција сите се чуделе,по операцијата ме префрлија во шок соба,кога се разбудив и кога се погледнав има што да видам,целата бев со црева,имав црева во носот до желудникот,имав катетар,дрен,едната рака физиолошки ми течат другата,притисокот нон стоп ми се мереше,неможев никако да зборувам ми сметаа премногу цревата во носот,и со погледот со сестрата се разбиравме,4 дена поминав во шок соба,третата вечер се будам сред нок,викам по докторката,докторкееееее ама тивкоо да не ги разбудам другите а и секако немам глас за повеке од цревата во носот,и пак докторкеееее,леле кога ми дојде таа,ШТО Е ШТО САКАШ МИ ВЕЛИ,јас се исплашив,и велам многу ми е лошо ке умрам,ми вели,ЕПА ШТО ДА НАПРАВАМ ЈАС СЕГА,и ме остави така отиде си легна пак,доага сабајлето докторот комшија ми е многу убаво си живееме,и ми вели како добро ли е,му велам не чичко,нокеска ми беше премногу лошо мислев дека во секој момент ке умрам,и кога ги гледам мајка ми и татко ми како во филмовите облечени во зелени наметки капи ,и ми велат како ке умреш не се секирај се ке биде во ред,ајдее помина и тоа,ме симнаа пак на хирургија,кога слушам главна тема сум во болницата,лелеее едно девојче ке го испуштеле од раце не сакале да го прават операција итн итн,преодувањето ми беше премногу тешко,само што ке ме дигнеа од кревет да станам да одам веднаш се онесвестував,моите беа премногу исплашени мислеа дека тоа ке ми остане некоја последица,само што стнев од кревет одма пагав неможев една сецунда да стојам,отидов во болница 46кг а си излегов со 28 кг,значи бев жив костур,после операцијата не смеев да качувам температура,но јас качував па секој ден примав инекции,инаку сум сечена на 2 места,едниот рез не ми се познава бидејки беше помал,но другиот ми е една педа но немам никакви комплекси битно е што сум останала жива другото и не ми е толку важно.се се заврши добро. се извинувам за долгиот пост но сакав да опишам и какви се доктори постојат
Лелее свашта ... нема саглам ни доктори ни сестри. Никој не си гледа работата како што треба, а башка е тоа што не разбираат. Мене слично такво нешто ми се има случено кога требаше исто да ме прават операција од слепо црево. Вечерта беше некаде накај 10-11, ме носат на хирургија за да ме оперираат а хирург нема ниту еден, ни дежурниот не беше таму .Им се јавува сестрата , никој не крева не се замара, ниту пак некој знае во болницата барем дежурниот каде е заминат.И никому ништо , нема-нема и ми кажаа да си почекам, утре ке ме оперирале а јас болки ненормални . И крај краева за моја голема срека во болницата бил дојден хирург од поблискиот град нешто по потреба и шо време помина па и тоа додека се дознае, сестрата не знаеше дека тој бил тука . АЈде човекот дојде одма, ме прегледа и после ме оперираше.Ми кажа дека ако сум почекала уште неколку саати слепото црево ке ми пукнело и ке сум се затруела. Сепак на крај операцијата помина успешно и се заврши добро благодарение на него.
село гори баба си ја чешла,така испага тоа,ма не се замарат они бре дали некој има мака или не гледаат само ден да помине,татко ми коа и отиде на директорката на инфективно вика како не ви е срам детто 10 дена лежеше на инфективно вие да не откриете што е ако ми умреше детто ке ве запалев со се болница да знаете,и оваа ама господине бива грешка знаете луге сме нели ке биде се како што треба не сме само за денеска ,се они грешат бре бре бре
[СДК] Сакам да кажам... Во оваа точка на сликата. Малку по десно од средината на линијата што го спојува папокот со најиспакнатиот дел од десната карлична коска. Се надевам ме сфати.
[СДК] Сакам да кажам... Јас пред некое време се опседнав да не ми е воспалено слепото срево, читав се и сешто, се извадив од памет, цело време мислев на тоа, во мислите вадев упат и стигнував до клиника и за некое време ми помина Всушност, мене подолго време ме болеше околу папокот, не некоја јака болка, туку само при било каква нужда. Прво почнав со бременост, кога испадна негативен тест одма се префрлив на читање за дијагнози и симптоми, се сомневав во воспалено слепо црево бидејќи болките почнувале така па потоа се префрлале од десна страна, се губело апетит и имаш чувство како да ти се повраќа а не можеш. Ова се симптоми и за гастиритис, при што е можно или ептен тврда и темна столица или дијареа поради присуство на бактеријата хеликобактер пилори, па од таму се префрлаш на симптоми дури за чир на желудник или рак на дебело црево. Значи ако почнеш со сомнежи, нема крај. Ти какви симптоми имаш? Не се замарај многу, може од нервоза да ти е или од настинка. Немој да пиеш ладно ниту премногу топло. Пиј чај од нане ама домашно набрано, мене ми помага секогаш за стомак. Еве ти еден начин да си провериш дали е проблемот со слепо црево, легни на грб опушти се и притисни со прсти лево од папокот околу 2 см длабоко и полека пуштај, ако приметиш дека те боли од десна страна долу при отпуштање на прстите можно е да ти е воспалено слепото црево. Ако болките ти се сериозни, оди на лекар не прашувај многу по форуми.
[СДК] Сакам да кажам... И мене моментално ме боли и само што отворив оваа тема да видам што има ова прво го видов многу ме боли десната страната баш како на сликата што е објаснено не секој ден до често ме боли некоаш неможам ни да се свијам можно ли е да е слепото црево
[СДК] Сакам да кажам... Во тој случај може да е, има и симптоми плус но најдобро е да одиш и да се провериш.
[СДК] Сакам да кажам... И мене моментално ме боли и само што отворив оваа тема да видам што има ова прво го видов многу ме боли десната страната баш како на сликата што е објаснено не секој ден до често ме боли некоаш неможам ни да се свијам можно ли е да е слепото црево [/quote] Во тој случај може да е, има и симптоми плус но најдобро е да одиш и да се провериш.[/quote] офф леле уште тоа ми фалеше , уште од тоа се немам направено операциа !!!! недај боже да е тоа. се надевам дка не е , а што испитувања се прават за да се дознае на ехо ли ? благодарам
И сега што ни стана на нас феминките и мене истото ме боли еве беке два дена.Само незнам дали се во прашање јајниците или е во прашање слепо црево.Што и да е многу ми е страв,повеке сумњам на јајници па утре закажувам на гинеколог,само некоја од куманово уште да ми каже дали има одено кај доктор Ѓорѓи во Гинолабор и какво искуство има.Се надевам на одговор
^ Nana ако многу те боли јас би ти препорачала да отидеш на дежурен да не чекаш за ако е слепо црево, да не прсне па да испаднат дополнителни компликации а и ова со укочувањето на ногата не е баш добар знак туку е еден од симптомите. Веднаш оди на лекар, мој совет. ( Инаку покрај болката може да се јави и покачена температура гадење со или без повраќање, трнење на ногата, болка при допир....)
Нана а ти се случува ли како да ти кркорат цревата,некако чуден звук да ти испуштаат кој личи на кркорење?
Укочување одн.трнење на десната нога заедно со болка од десна страна под линијата со папокот укажува на можно воспаление на слепо црево. Затоа е подобро веднаш да се јавиш на лекар иако и не мора да е тоа туку само да се работи за настинување на јајници, циста на јајник и сл. ама за се си треба одење на лекар. Тоа со чудно кркорење на цревата повеќе би рекла дека е хеликобактер пилори или некоја настинка, тешко варење на храната одн.мрзливи црева (доколку не е пропратено со јака болка), тие работи можат и со чаеви да се лекуваат но воспаление на слепо црево или некоја друга слична компликација не може со чаеви.
Фала ви за информациите, фала и на тие што ми пишавте по лп. Сношти ептен се исплашив, осеќав десната горна страна од стомакот ме болеше одвреме навреме повеќе на допир а не беше ни болка тоа толку како тегоби повеќе, си легнав па сабајлево не ми беше ништо и не отидов на лекар. Бев и нашколо после. Е вечерва ми се повтори, нешто се наведнав и пак осетив после тоа неколку пати, значи не е долу кај што викате вие туку малку погоре од папокот и не е блиску баш до него. Болката е чудна кога ќе се јави како кожата да ме боли однадвор а немам ништо на неа. Што викате ова може да е од настинка некоја? Или може да е слепо црево? Досега ќе имаше нешто јас мислам, ако не се ова почетни симптоми? Згрешив што не отидов на лекар, утре сабајле ќе одам. А има некој метод за откривање дали имаш проблем со слепото црево во рана фаза? како ќе знаат сигурно што е кога ги немам баш тие симптоми?
Како што пишала Абеја, тоа се симптони, бидејќи мојата кума се оперираше во септември. Сето тоа се случи преку ноќ, плачела од што имала јаки болки и во стомакот и на ногата и отидоа сабајлето на лекар и и кажале дека ќе ја оперираат за 2 саат, слепо црево. Така да обавезно одете на лекар ако имате некои од симптомите.
би сакала да укажам на една забуна што ја среќавам кај пациентите на хирургија.. Кога ве оперираат од воспаление на слепо црево, не ви го вадат цревото, туку црвчестиот израсток на цревото т.н слеп израсток кој се наоѓа на почетокот на цревото. ова го пишав од причина што на пациентите не им објаснуваат детално што се оперира и гледам многу исплашени лица на хирургија од типот: лелее цревото ќе ми го вадаат и паничат, не даваат согласност за операција поготово за дете ако се работи како тоа на детето мое цревото ќе му го вадите па вака па такаа, вака да нема забунки
Ми се има неколку пати случено (еднаш и од спиење се имам разбудено од болка) прво централно така околу желудникот да ме боли, и потоа доле десно ...и прво мислеа дека преничина е слепото црево, но на крај не било тоа...И последен пат кога ме фати болка...значи исто ме фати околу желудникот и имав нагони за повраќање..и добро ајде на лекар, таму одеднаш ми се укочи десната нога и имав силна болка во десниот дел на абдоменот...од толку силна болка...и од што ми беше укочена ногата неможев да одам (исто имав и високи леукоцити)..И пак на крај испадна дека не е причината слепо црево, туку некоја инфекција ....Незнам што би можело да биде тоа...ако може вака некој одговор, совет!!
Види ако ме прашаш мене јас би рекол 90% е апендицит(или популарно слепо црево), не само поради симптомите што и не се така атипични и се голем дел од онаа клиничка презентација на апендицит што е земена за некој стандард. Друго што ме тера да мислам дека е апендицит е тоа што јас ги имав скоро истите симптоми!! Значи до сега сум имал 5 пати апендицит(во тек на 3 години) и петтиот пат се одлучија за дијагноза апендицит и ме оперираа и дури беше и перфориран апендиксот, цела среќа што не перфорирал претходните патишта. И кај мене почна со болки во желудникот па потоа се спуштија надоле, па бубрезите за на крај да се локализира кон долен десен квадрант, јас имав нагони за повраќање и повраќав и температура.А болките беа неверојатно јаки. Бев во агонија, и на скала од 1 до 10, јас би и дал 9 на таа болка. Па ми даваа дијагнози поврзани со бубрези, желудник, мочоводни патишта што ти знам. Консултирај се со некој добар искусен хирург, за ако се случи тоа уште еднаш, а верувам дека ќе се случи да бидеш спремен и незнам од каде си но ако ти се случи тоа пак јас би ти препорачал да смениш клиника ако си во можност.