1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слепо црево

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од flowergarden, 17 мај 2011.

  1. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Цел ден имам болки во стомакот, болката е нешто како долго време да не сум била по голема нужда па бубрезите и цревата убиваат од болка, исто така ме тера и на повраќање. Откако исповратив утрово некако ми поолесна и сега само чувствувам блага болка во цревата изгледа од напрегањето утрово. Другарка ми ми кажа како да се тестирам у случај на воспалено слепо црево и некако како позитивно да испадна. Зборот ми беше дали и горе наведеново има шанси да е во симптомите?
     
  2. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Da I tie se simptomi :/ ama pa vidi, moze I da e od nest drugo :)
     
  3. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    И има и нема, акутен апендицит(слепо црево) е сериозна итна медицинска состојба што бара лекарско внимание, ако веќе не си бил/а под итно на лекар, бидејки акутниот апендицит без третман може да биде и фатален.
     
  4. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас се оперирав минатата недела претходно сум имала напади ама пошто имав камче во бубрег мислеа дека е од тоа.Минатата недела имав премногу болки кои не се смируваја,се напив и апче ама ништо.Тогаш заминав на брза помош,оттука на хирургија и после откако ми испитаја крв само потвдрија дека е слепо црево.Тој ден повраќав и ми беше тешко на стомакот,кога почна да ме боли помислив дека се менструални болки.Неколку минути пред да ме земат на операција уште повеќе ме болеше,5 минути да сум отишла покасно ќе ми пукнело.Среќа во несреќа.Како и да е сите кои се сомневате дека е тоа одете и не чекајте до последен момент бидејќи може и да пукне е тогаш е лошо.И ако се има правено некој да ми каже што треба да земам за да отидам до ве-це,оти еве 10 ден не сум отишла поголема нужда. :)
     
  5. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    И сакам да додадам уште нешто некои лекари не се способни да откријат дали се работи за слепо црево.Така јас кога појдов на брза помош дежурниот лекар ми вели не е слепо црево ама за секој случај појди на хирургија.Замислете што ќе се случеше ако не ме пратеше на хирургија.Страшно.Инаку и претходно кога имав анпади а ен знаев матичната ме посоветува како да откријам дали е слепо црево,бидејќи јас се сомневав дека е тоа за разлика од лекарите.Еве а воедно и ќе ги наведам моите симптоми:
    -За да провериш дали е слепо црево скокни,ако не можеш тогаш можно е да се работи за слепо црево.
    -Потоа оди на лекар кога те боли,оти после ако ти помине можно е да бил напад и да се смирил и така ќе прави се додека цревото не перфорира.Ама не може да се види дали било напад ако е поминато.
    -Леукоцитите се покачени.
    -Стомакот те боли во долниот десен дел блиску до папукот болките се ненормални и неиздржливи.
    -Истотака те боли и желдникот и ти се повраќа и гади.
    -Некогаш повраќаш а некогач сакаш а не можеш.
    -Имаш болки во долниот дел на половината.
    -Жеден си,а не можеш да пиеш вода бидејќи уште повеќе ќе те боли така.
    -Јазикот има како белкасти дамки.
    Ако почувствувате вакви симптоми ВЕДНАШ ОДЕТЕ НА ЛЕКАР и на форумов можете да пишете но ние не сме лекари нашите сомнежи не се секогаш точни. :)
     
  6. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Во однос на сето ова и симптомите што си напишала се согласувам и јас сум имал неколку напади на апендицит, но вака прво апендицитот тешко се дијагностицира бидејќи многупати неговата клиничка презентација е многу различна од онаа класичната.
    Околу тоа што не си отишла по голема нужда, имаш ли гасови?
    И консултација со лекар околу употреба на лаксативи или некој вид на антидопаминогетици за помош при дефекација.
     
  7. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Во однос на сето ова и симптомите што си напишала се согласувам и јас сум имал неколку напади на апендицит, но вака прво апендицитот тешко се дијагностицира бидејќи многупати неговата клиничка презентација е многу различна од онаа класичната.
    Околу тоа што не си отишла по голема нужда, имаш ли гасови?
    И консултација со лекар околу употреба на лаксативи или некој вид на антидопаминогетици за помош при дефекација.[/quote]
    Бев понужда уште истиот ден не знам како ама ете појдов.Драго ми што тоа се реши. :D
     
  8. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    јас да прашам нешто имам болки во десната долна страна ама не ме боли да кажиме цело време не ме боли кога лежам туку само ко ќе седнам лошо, ќе се помрднам, ќе трчам и на пипкање ме боли по малку а друго се ок се осечам , пред 2 дена бев на гинеколог и таја ми праваше мануелен преглед ме пипкаше внатре матката како е и баш на десна страна ме пипкаше и ме болеше додека пипкаше па викам од тоа ли е , се исплашив да не е слепо црево :worried:
     
  9. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Се оперирав од слепо црево пред 1 месец..Но сега местото мие многу тврдо и од едната страна како подуено како потечено..Сакав да ве прашам дали тое е нормално или има некаков поблем :)
     
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Па ако не те боли и ти се чувствуваш добро, не би требало да е проблем.
    Јас имам оперирано слепо црево многу одамна, искрено не се ни сеќавам дали беше тврдо, малку подуено нормално дека е, сепак е хируршки рез.
    Се надевам дека беспотребно се грижиш. Додуша ако навистина нешто те загрижува, отиди на доктор да те ѕирне. :)
     
  11. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,
    ова може и не е за тука (извинете) ако види некоја ве молам за одговор.
    Значи од пред пола саат ми се појавија болки јаки во десната страна на стомакот негде под ребрата и желудникот ме боли од 7 саат бидејки сум на работа а и плус сабота е, дали може нешто да ми кажете сто да направам да ме попушти малку да можам бар на работа да издржам?
    ФАЛА ВИ МНОГУ
     
  12. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    255
    здраво и од мене,

    Веќе многу често ме боли желудникот а пред една недела и коленото на десната нога , направив рутински преглед крвна слика малку ми се накачени леукоцитите а сега моментално почнува да ме боли десната страна од стомакот ....слепо црево ?:sweat:
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Како малку да се роблемите се јави уште и ова :@

    Пред две недели почна да ме боли доле на десната страна, првите 3-4 дена беа појаки болки ама сепак се издржуваше, потоа беа само тапи болки, мислам и уште се така тапи, одвреме навреме ќе осетам некое "боцкање" и тоа е се, не сум повраќала до сега, десната нога многу често знае да ми се укочи, ама на 1-2 мин и пушта после тоа..
    Денес бев на лекар и докторот ми рече дека имам воспаление на слепото црево, за среќа ништо сериозно, ми препиша Amoxicilin 500mg и ми рече после испиената доза да одам на конторла...

    Е сега моето прашање е дали и покрај лековите, може да се влоши ситуацијата и дојде до операција? :(
     
  14. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, последниве 3/4 дена осеќам некое пецкање кај десниот бубрег, завчера ме болеше и напред десно во долниот дел од стомакот ама не беше некоја силна болка така како да пулсираше и после некое време помина. Е денеска ме боли половината и десниот бубрег ама повеќе од претходно, напред ретко ме заболува ама кај бубрегот повеке осеќам. Можно ли е да е слепото црево? Не ми се оди да чекам на итна со саати ако е само настин. И заборавив да напоменам утре треба да добијам, ако може да е нешто со тоа поврзано.
     
  15. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    На другар на брат ми со мисла дека му е само настинка, му пукна слепото црево. После еден ден отидоа во болница немајќи појма што му е, едвај спаси глава. Црп-то на крвна слика покажа 300, брисот од гнојот даде и е.коли. Имаше и симптоми како повраќање, ама што е сигурно, сигурно е. Ништо не те кошта да отидеш. :)
     
    На Eveline му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Јајникот е гарант, и ја имав такви болки пред да добијам.
     
    На Eveline му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Thomass

    Thomass Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали има врска со слепото црево плус покрај другите симптоми да боли десната ципа?
     
  18. SaraTrajkova

    SaraTrajkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    22
    Sto se nosi na operiran od slepo crevo, sto smee da jade? sok, jogurt?
     
  19. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    1.630
    Девојки ме фати паника читам по форумот и интернет страни за слепо црево. Имам болка во стомакот како печење, и цело време ме тера да одам во тоалет, а кога одам имам болка. И чувствувам како ладно во стомакот сега моментално, и позади кај бубрезите. Па се мислам да не е од настинка, или денес не бев одморена пиев многу кафе и не ми влијае добро, или пак е полошото
     
  20. lollypop❤

    lollypop❤ Нов член

    Се зачлени на:
    14 мај 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Даа јас имам..Да ти кажам прв пат слепото црево ме здоболе кога бев шесто одделение и никој не ни се сомневаше дека можеби е слепо црево бидејќи слепото црево се наоѓа на десната страна а мене ме болеа и левата и десната страна под папокот и сите мислеа дека имам проблем со јајниците но не излезе така.Инаку болките се страшни осеќаш како да имаш некој балон полн со вода внатре и многу боли и ногата ќе почне да ти се кочи како да неможеш да одиш страшно е..