Стари и нови чизмици за ладно зимо 2011-12то Mимс да не ми се појавува пред мене со тие чизми, лани ги барав во Солун ги немаше. Ќе и ги украдам око нема да ми трепне
Свадба на повидок и одма да се искористи приликата, едните се мои, а другите се на мајка ми, ама веќе ги сметам и нив за мои
Нешто од чизми за сезонава, за дневна шема. Првите се некоја сиво-маслинеста боја, четвртите се темно кафеави и тие кратките се лилјакови. Не се гледаат боите убаво.
Уште ја немам сликано мојата колекција на чевли ама еве едни најдов низ компјутерит....апсолвентските
Омилени, прилично, новитет во мојот плакар,иначе сите чевли ми се омилени , си ги сакам како родени дечиња
Еве ги моите чизми, само црните високи до над колена ми се од лани, другите 2 пара ги купив оваа година Најверојатно е очигледно во кои сум тотално заљубена, и само мои се себично си ги чувам и точка!
Жива среќна сум. Од кремот ставам слика од нет затоа што апаратот не ми работи, а толку ми е мерак на некој да се пофалам дека си купив нови чевли. Малце ми е проблем што се 13 цм и сум апсолутен џин во нив, но ништо нема да ја сруши нашата љубов.