Најновите...Љубов на прв поглед Спојлер ради сијалицата не се доловила добро бојата ... светла нијанса на „гнасно розе“, и фина еко кожа материјал
Најновите мои штикли,денеска си ги купив ! П.С.- Се извинувам за лошиот квалитет на сликите , од мобилен се сликани
Се мислев дали црвени или плави, црвените би ми одговарале на повеќе работи, ама се заљубив во темно плавите и на крај ги земав и двата пара
Ракометот во тек, навивам и се решив да ви ги покажам џизмичките од пред 4год. Да, да, толку имаат и ги обожавам, штета што ако има многу снег брзо се воденат антилопски се. Еве ги:
Овие се моите омилени,но штета само што можам да ги гледам,само 2 пати ги носев и толку беше,сестра ми ми ги облече и ги искриви
Ги меркам со месеци, сличен модел е многу популарен кај странскиве блогерки, но постојано се предомислував. Па денес моите ми ги земале. Малку лоша е сликата и не можев да ги доловам убаво, но на кого му се допаѓаат ги има во кинеската за 200 и нешто денари.
Овие 2та пара ми се нови, црвените за Нова година ги купив а црните се пред НГ купени (не се баш нови) посебно се во црвениве
После 16405 пробани кинески поефтини салонки, јас се чудам дал мојава нога голема и подебела е проблем или немав среќа. Крш салонки има низ градов. Ѓонови, ко во калап да ми е ногата не во чевла. На крај си земав македонско производство, кумановско Биба, абре салонка лежи на нога, спие што би рекле, плус чиста кожа