поголем дел од моите обувки, сликата е пред год и нешто имам уште неколку нови кога ке можам ке ги сликам
Ова ми е еден стар пар. Значи во никој случај несакам анимални принтови, ама овие морав да ги купам, зашто беа лобутинки по цена од 75 евра. Намалени страшно, последен пар, мој број... морав да ги земам. Иако не ми се свиѓа тоа анималното ги убив од носење. Неможам да опишам колку се удобни иако се толку високи. Едната слика покажува колку лошо се лиже црвената подлога... многу неубаво изгледа и откога се излижаа ептен избегнувам да прекрстам нога во јавност за да не се види пошто мене ми е грозно.
ке доставам уште слики сега сум многу уморна обожавам штикли и секогаш кога ке си купам нови штикли ова си го повторувам- I deserve new shoes!
Конечно си начекав чизми како за секој ден, со мала штикла и што не се лизгаат. Искрено да не се лизгаат ми беше и примарното кога бирав чизми, па тоа што излегоа дека се на штикла ми беше како кец на 10ка. Знам дека вака не изгледаат нешто наубаво, но на нога се совршени.
Обично не сакам на волку висока платформа ама едноставно се вљубив во нив и веќе една недела ги мислам. Денес конечно ги земав Не е баш ваква бојата повеќе накај потемно зелено маваат ама не можев да ги доловам.
како што ветив се надевам ке ви се допадне следен пат уште тадаааааам (сите се различен формат,простете)
Спојлер Овие се темно сива накај црна и се високи Овие се светла некоја беж сива боја Со тел се сликани затоа и квалитетот не е добар И мислам дека претерав!
од кај ги зеде оксфордките? сакам нови старите ги утепав од носење немам апарат моментално за да ги сликам сите омилени, нo имам слика со омилените црни салонки