Си ги купив на попуст пред некој ден,за наредната година, во една продавничка во гтц горе. Прилично мала е, на ќошот се наоѓа..
Штикливе се нови, точно пред 2 недели купени. Ама ги облеков и им напраив сефте на лошо време, врнежливо и ми се калосаа.... А многу добро ми лежат на нога, падот прв пат да ми е погоден. А овие ги купив вчера. Идеални за меѓусезона.
Новите пролетни дречливки балетанки И чизмите од пред некоја недела, полни со крзно за сибирската зима.
Денес си ги зедов,ќефој сум! Само да се навикнам малце да одам со нив,пошто се малце тешки,ама и јас сум тешка веќе Сега во темите за диета ода м да читнам
Јас претходната недела си ги купив овиее штикли. Имаат многу голема штикла но...обожавам големи штикли
Бојата им е темно зелена-маслинеста. Штиклата е 12-13 цм. Напред на платформата имаат дупка и се доста лесни за носење. Јас кога ги видов се заљубив.
^ уф добро е, имало и други "будали" ко мене што купуваат сандали уште од сеа Ама купувањето чевли е единствениот начин нервозите да ги сузбиеш. А посебно кога е шопинг на над 70%, поради лански модел што нема никакво значење во шопинг теоријата, е тоа не се пропушта макар биле 4ти купени чевли во рок од еден месец
Најновите спремни за силовање на пролет (мада овие првиве веќе и ги уништив од носење ) Шлупити, шлапити.
Патичина мојт? Мојт. Оти мојов стил не е нешто обожавател на штикли, а и грев е со таков прекрасен од да ги носам, ќе љубоморат хејтери. Ле четирите најомилени. Сивите и белите не се Конверс (captain Obvious), ама на белите не можев да одолеам. Прв пат купувам обувки од ова Каљопево чие име го носам, ама фенци ми се. (Мозок. И ногата сум ја заматила, немој по кожата или недај Боже по никнато влакно ќе ме познаат!) Остало што успеав да фатам на полица што останало. Занемарете позадините и тие (д)ефектите. Со мобиљка се сликани, па гледав што поприближно да ја доловам бојата.
Јас не сум многу по објавување слики од облека и чевли, ама решив да ги постирам моите нови миленички за кои претчувствувам дека ќе ги утепам од носење Штом дојде март, нели мора да се купат нови меѓусезонски чевли, за да не прејдеме веднаш од чизма во балетанка. Вака не изгледаат којзнае што, ама многу убаво стојат и на фармерка и на црни панталони, а и доста удобни се. Јас не сум некој голем љубител на полна штикла, ама ептен ми беа цакани и си ги купив. Сеуште ги немам носено и по се изгледа ќе си почекаат некое време. Судејќи според временскиве услови, ќе треба уште некој период да се дружам со чизмите Инаку, голем калап имаат чевличкиве, бидејќи јас носам 39-40, ама од овие земав 38ца и ми се точни.
Еми денес излегов по блузички и реков да видам што има на намаление,па си купив и чизмички Од бугарското Паоло Ич не беа скапи...А и повеќе се кремасти,не се сиви,ама така можи личат на сликата.