Слики од мојата нова љубов: чанта, чевли и паричник. Чевлите и чантата си ги замислувам во комбинација со тенка црна хулахопка и интересно црно фустанче. Ставив две фотографии, едната е со блиц, а другата е без блиц сликана. По грешка, паричникот сум го свртела наопаку :geek:
Ајде лето веќе нека доаѓа. Доста ми беше од чизми, сакам сандалки и наланки... овие ми се веќе искинати од носење, ама стварно ги убив од носење. Овде ми се точно кога почна да пука кожата... и кога стана очигледно дека е скај
Јас не сум многу по објавување слики од облека и чевли, ама решив да ги постирам моите нови миленички за кои претчувствувам дека ќе ги утепам од носење Штом дојде март, нели мора да се купат нови меѓусезонски чевли, за да не прејдеме веднаш од чизма во балетанка. Вака не изгледаат којзнае што, ама многу убаво стојат и на фармерка и на црни панталони, а и доста удобни се. Јас не сум некој голем љубител на полна штикла, ама ептен ми беа цакани и си ги купив. СКРИЕН ТЕКСТ: ПОКАЖИ Сеуште ги немам носено и по се изгледа ќе си почекаат некое време. Судејќи според временскиве услови, ќе треба уште некој период да се дружам со чизмите Инаку, голем калап имаат чевличкиве, бидејќи јас носам 39-40, ама од овие земав 38ца и ми се точни. Preubaviiiii , od kaj gi zema i koja cena ako moze ???mn mn se ubavi
Мојата нова љубов која ке ме дружи за апсолвентската вечер. Од аванти 1300 денари. Тазе тазе од вчера ми се
Oвие првиве ги купив за само 20$,се израдував кога ги начекав A вториве ми се омилени,и не сфакам зашто сум ја сликала само едната сандала?
Конечно начекав мое бројче Бојата е нешто измеѓу кафена и крем, не знам колку може да се види на сликата. А внатре има анимал принт.
Ме мрзеше да ги сликам, не ме мрзеше да ги најдам на нет Сеуште ги немам облечено, необични се малце, ама многу ми се допаднаа, а и ми одговараат на едно бело фустанче со леопардска јака
Овие се мојата нова љубов, а ги порачав од Битола , една продавница , Уникат се вика ии ги носат порачките по дома