Еве дел и од моите чевли ама старите Ова се слики што веќе ги имав некаде на интернет па се само скратени така да извинете за квалитетот лош..ќе ги сликнам и другите па ќе ги прикачам деновиве
Еве ги моите најомилени Малку се измачив да ги сликнам во вистинската боја, се некако плави ми искачаа Штиклата е 10 или 12-ка
Договорено Може и заедно да идеме....заедно сме посилни. И да донесеме куфери обувки и облека Инаку јас ќе коментирам за изгледот, незнам да оценувам значење Багуфче веќе ти ги знам штиклите од други теми, супер се. Посебно ми се свиѓа бојата на овие предпоследните Плавуша салонките се сон. Инако се обични црни сепак имаат нешто необично во нив многу ми се секси Забележувам дека многу сме сите црно/сиво/бело....ретко ќе се избаци некоја боја Рано е уште може за шарено...
Женчињааа,полни раце работа ФБИ –страшно многу ми се допаѓаат вториве сандалки! Според ова што го гледам мислам дека си економична личност.Ја сакаш едноставноста,но некако се плашиш да експериментираш.Ја сакаш вечната класика Гламур Лејди – Да,да вистински гламур.Мислам дека си баш гламурозна дама,судејќи според беливе чевли.Отворена си и многу комуникативна.Исто би рекла и дека си малку комплицирана личност,т.е понекогаш не знаеш што сакаш . Aлиса – чизмите се многу многу КУЛ човече.Мислам дека си многу откачена,необична и девојка со уникатен карактер а воедно и изглед.Браво! Багуфче – Навистина измешани стилови.Портокаловите чевли тврдат дека си храбра девојка !Овие другите покажуваат чиста класика и едноставност.Сигурна сум дека сакаш предизвици во животот,иако некогаш знаеш и да закочиш во место Маја8 – Шпиц и лакирано,хмм...КонЗервативна личност си,директна не сакаш да заобиколуваш.Не ти е гајле што мислат другите за тебе,и гледаш само напред во животот.Сметам дека не сакаш обични нешта,сакаш да бидеш уникатна.
Онака,ко сугестија.Има тема за модни критики,да се закачуваат тука само сличиња од чевли без коментари,може?!Затоа се вели омилени,ќе летне некој лош коментар ради ствар на вкус,а жена за своите омилени чевли не верувам дека сака да чуе такво нешто. Што фина темава,релаксира и се држам до муабетот претходно,чевлите и те како зборуваат за каков тип на личност станува збор.
Еве дел од моите штикли. Не можев сите да ги сликам дома ми се изнасмеаа Утре балетанки и ниски сандали. Spoiler
Еве дел од моите штикли(она што успеав да го исечам од сликите кои ги имам) и дојдов до заклучок дека многу ретко се сликам целосно( со се штикли ). Апаратот не ми е тука, сестра ми имаше апсолветска вечер, па неможев да ги сликнам, затоа се извинувам за лошиот квалитет на некои од сликите. Штом го добијам апаратот назад, ќе постирам уште слики Spoiler
Мала сум за стикли ама дадами има многу убави и знам понекогас да си обелцам за мерак ... еве неколку нејзини
Ако вака ги глеаме моите чевли ќе се добие претстава дека се облекувам во црно, темно. Ама ова се зимски чевли, со исклучок на последните два пара кои успеав да ги најдам меѓу зимските. Значи во зима претежно сум во темни чевли. Следен пат, ќе ги ставам омилените балетанки, сандали ниски, на плута и римјанките. Тие барем се весели во различни бои.
Освен на Алиса како фаворит најголем ги сакам на Марама оние со машнички, на yawn оние последните крем/розе какви и да се, на Боа Виста веќе и пишав да ми каже од кај и се плавите чевли , на Геа топ и се балетанките од Ил Камино уф би и ги украла и ги обожавам кремот сандали на Старфиш. Е само Росе96 и јас и другите можеме да ставиме слични чевли од интернет што имаме, ама не е тоа фер мислам дека Еве уште нешто од мене во компјутер што имам Spoiler најнеудобни се овие балетанки од 4 вида кожа божем, стегаат секаде и еве неуредност и омилените за ова лето ми се овие, одвај чекам да блесне сонце да ги носам
Oва е она што успеав да го исечам од некои слики.Кога ќе бидам дома ќе сликнам дел од мојата големка колекција на штиклички