Девојки, си најдов едни кондурчиња дома, живи неносени. Ми ги даде некоја тетка пред 10тина години, кога ми беа големи, а сега бројчето ми е како по мерка. Тогаш не ни помислував да ги носам, освен за 1ви април Ама сега некако ми се бендисаа. Јаки бои имаат, тиркизна во комбинација со циклама. Сега гледам дека баш такви дречави бои се носат, па не знаев дали да ги прошетам низ градов Вие би ги носеле ли?
Мојата најнова љубов Ќе го чекаат понеделник да заиграат во Палас на апсолвентската Не знам колку може реално да се види бојата на сликиве, ама има интересна нијанса на розева. Едвај најдов удобна, а не многу висока штикла низ Скопјево. И за некое чудо, бојата е идентична со поставата што си ја одбрав која ќе оди под црн чипкан фустан.