Имам најнова љубов на која маста ќе и ја извадам еве ја таа љубов... А еве ги овие, поклон ми се, угг, малку се зимски ама морав и со нив да се испофалам
Најубави и најнеудобни. Три пати ги имам облечено,ама и да седам ме стегаат од сите можни страни. Биана си е биана. На голи нозе не се носат, зошто смрт се. Два пати облечени. Удобни се, ама Ашлинг сака штикли да има само за да си ги гледа дома. И овие два пати ги имам облечено и едни од поудобните да речам. 5 години ги имам, најефтино ги земав,а најудобни. На овие престанав да бројам колку пати ги имам носено. И како што можете да забележите со тоа мое носење штикли, Ашлинг си преферира патичиња, балетанки или најмногу апостолки или римјанки за лето. Не сакам да си ја измачувам ногата.