Штикливе ги порачав од ибеј и се имитација на Jeffrey Campbell Litas, ама се зачудив од тоа колку се добро ископирани, бидејќи воопшто не се познава дека се 40 долари, а не 200 колку што им е реалната цена. И морам да напоменам дека прилично се удобни и покрај тоа што се толку високи, а тоа најверојатно се должи на дебелата штикла и високата платформа.
Бордо со ниска штикла, баш какви што барав, мене ептен ми го направија ќеифот. П.С в пижами сум на слика
Лелеее анна многу ми се допаѓаат чизмиве нови ти се??? од кај ги купи??? Посебно ми се допада како ти стојат на фармерки
Конечно се подновив со рамни чизми, сепак се решив за модел на Алпина со алпитекс мембрана за заштита од пропуштање на вода и обложени со волна. Се изнагледав Биана, Баргала модели ама овие ми се гледаа најтопли и најубаво изработени... Еве уште три актуелни модели кои си ги носам...
Двата пара чизми кои си ги обожавам Овие се од Пеко, купени пред 4години , а и ден денес исти како тогаш. А овие се од Биана, купени лани, исто така одлични се покажаа, и моментално само овие ме собираат
Бев на мисла дали да купувам зимски гуми за колата или зимски чизми за мене. Женски памет, решението е секогаш во "инвестирање во себе" и плус далеку поевтино. Ќе се молам сега да не заврне снег, ма да автобуси и такси има во секое време.
Моите најнови.. Кафената чанта си доби партнер! Уште еден пар во мојата колекција чанти и чевли.. Дечко ми, ми се утепа од смеење! Ме прашува: Точни ти се? - Почекај да видам (правам споредба со чантата) и одговарам, ТОЧНИ МИ СЕ! Пресудно беше дали ќе одговараат, или не!