Чизмите ми се преносени,едноставно ги обожавам,а оние ниските ми се ептен погодни за овој период есен/зима.
Два пара чизми за претстојната ладна зима! Овие ги купив пред некоја година и се покажаа како одлични! Високи се до колена, внатре се со крзно, топли се и не пропуштаат вода. Ги комбинирам и со пантолони, но најубави ми се за со зимски фустанчиња и туники. Многу убаво стојат на хеланки и дебели хулахопки. Е овие ми се нова љубов Имав намера да купам типично кафени чизми, ама завршив со оваа боја. Нијансата е пре-пре-прекрасна! На кутијата пишуваше дека бојата е coffee, ама мене ми делува како костен боја, бидејќи има црвеникави примеси. Прилично се цврсти и удобни.