1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слободна волја vs. Детерминизам

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 17 јуни 2019.

?

Која теорија го објаснува човековото однесување?

  1. Детерминизам

    5 глас(а)
    23,8%
  2. Слободна волја

    8 глас(а)
    38,1%
  3. Ниту една

    1 глас(а)
    4,8%
  4. Двете

    7 глас(а)
    33,3%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Слободната волја е способноста на поединецот да донесува одлуки за неговото однесување. Хуманистичките психолози тврдат дека луѓето имаат свесна контрола врз сопствениот живот и дека и покрај биолошките фактори, луѓето можат да направат значајни избори во ограничувањата на биолошките влијанија.

    Од друга страна, Детерминизмот е кога човековото однесување е контролирано од внатрешни или надворешни фактори кои дејствуваат врз поединецот.
    Постојат многу различни видови на детерминизам, вклучувајќи: биолошки, еколошки и психички.

    Биолошкиот детерминизам се однесува на влијанието на гените врз однесувањето, околинскиот детерминизам е кога однесувањето е предизвикано од претходно искуство преку класично и оперативно условување, додека психичкиот детерминизам, предложен од Фројд, е кога однесувањето на возрасните се определува со комбинација на вродени нагони и рани искуства.

    Накратко кажано за двата поима, слободна волја е кога поединецот е способен за самоопределување но оваа теорија е доста критикувана од научната заедница и се верува дека претставува само една илузија.
    Детерминизмот е ставот дека секое однесување е контролирано од биолошки или фактори на животната средина што делуваат врз поединецот, иако одредени истражувања покажуваат дека однесувањето не е 100% одредено од гените.

    Какво мислење имате вие за оваа дилема?

    [​IMG]
     
    На theowndemon, Angie1432 и BoneMachine им се допаѓа ова.
  2. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    @Briar Rose ова е навистина итнересна тема.

    Кога зборуваме за слободна воља некако природно ни доаѓа да си речеме "секако дека имам слободна воља", затоа мислам дека повеќето би рекле дека имаат.

    Оние кои се се против тоа обично наведуваат експерименти во кои испитаниците треба да притиснат копче додека мозокот им е скениран. Резуптатите покажале дека во дел од секундата или неколку секунди пред тоа забалежана е активност во мозокот која го предизвикува движењето.
    Брајр ти веќе зборуваше за ова во темата за религија и морал.

    Овие експерименти покажале нешто друго наречено "free won't", иако немаме контрола врз акциите, ние можеме да влијаеме на нивното неизвршување.

    Што е однесува до околината, културата, општеството, религијата, семејството итн. сите тие имаат влијание врз нашето однесување. Нашите размислувања и ставови во голема мера зависат од околината иако можеби повеќто мислат дека самите дошле до тие заклучоци. Затоа сметам дека немаме толку слободна воља колку што замислуваме, но не се согласувам дека е само илузија бидејќи тоа целосно ја трга на страна човечката одговорност.

    Некои околности кои би влијаеле на слободната воља знаат да бидат искористени на суд за да се намали казната, како на пример менструалниот циклус. Затоа ако некоја жена планира да си го убие мажот нека почека додека добие барем така ќе ѝ намали казната, можеби ќе биде целосно ослободена, којзнае. :D
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Слободната волја е детерминирана од ... фактори.

    Инаку, ова е доста битно, би рекла клучно прашање во христијанската вера, но ниту таму не е понуден некој конечен одговор.
     
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine мило ми е што ти се допаѓа темата и ти благодарам за твојот коментар :)

    Тоа е поради фактот што луѓето ги земаат во предвид надворешните, а не внатрешните фактори и влијанија. Со други зборови, тоа го сфаќаат на доста ограничен и механички начин, мислејќи дека имаш слободна волја само ако некој друг човек не те присилува да разлислуваш или да дејствуваш на начин кој е спротивен на твојата волја. Така, внатрешните детерминанти се целосно изземени од ова ограничео сфаќање.

    Сепак, слободната волја како теорија, не е целосно валидна и призната во научната заедница. Со други зборови, истата не претставува универзално потврден и признат факт кое би го објаснило човековото однесување.

    Јас како пример го наведов познатиот експеримент, инаку спроведен од Libet et al, резултирал со закличокот дека моторни области на мозокот се активираат пред поединецот да направи свесна одлука да почне да го движи прстот. Ова значи дека слободната волја не постои бидејќи одлуката за движење на прстот веќе била формулирана во моторните региони на мозокот пред да се знае свеста за одлуката на поединецот.

    За време на тие 500 милисекунди, што доведе до човековата реакција, свесниот ум може да избере да ја отфрли истата. Додека импулсите ќе бидат диктирани од потсвеста, свесниот ум сè уште ќе има капацитет да ги потисне.

    Но како што сум се изјаснила и порано, она што обично се нарекува "слободна волја" или "free won't" би го опишала главно како отстапување поради одредени нагони кои преовладуваат во психолошкиот живот на човекот.

    Сите овие влијанија кои ги наброја имаат главно надворешна каракеристика и според различните видови на детерминизам, тие припаѓаат во околинската категорија.

    Но што е со биолошкиот детерминизам кој се однесува на влијанието на гените врз однесувањето, или пак психичкиот детерминизам, предложен од Фројд, кога однесувањето на возрасните се определува со комбинација на вродени нагони и рани искуства?
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.749
    Пол:
    Женски
    Гласав за ... Двете! :D
    За многу работи имаме слободна волја. Дали би избрале фустан, дали би избрале училиште, кафич, кафе. Сакале да признаеме или не, тоа е што е - слободна волја.

    Ама за јас да изберам фустан кој е сега модерен, а не пред 150 години, влијае срединскиот фактор. Да изберам училиште кое го сакам ама и од кое ќе имам "профит" влијае средински фактор, семејство и генетска предиспозиција. Надареност дури. Абе дур и за кафе да сакам да се напијам, некако е одредено. Ама долната линија е дека да, имаме слободна волја. Безразлика која ми е предодреденоста, некогаш сакам макијато, некогаш еспресо. :D

    Најнакратко, ние сме како топки од гени, помешани со разни средински влијанија, со разни психолошки состојби и во голема мера се тоа влијае многу на тоа какви луѓе сме денес и како ја користиме нашата слободна волја.
     
    На Dentina, poenta, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @theowndemon тоа значи дека слободната волја која повеќето ја опишувате сепак не е толку "слободна", туку напротив е детерминирана :)

    Кратката дефиниција за слодобната волја е дека претставува "belief that behavior is caused by a person's independent decisions, not by external determinants".

    Од друга страна, детерминизмот во кратки црти е опишан како "the assumption that everything that happens has a cause, or determinant, in the observable world".

    Но, сметам дека свесниот и несвесниот дел од мозокот играат голема улога во оние одредени случаи кога човекот прави исклучоци против надворешните, но уште поважно, внатрешните - психичките детерминанти кои се предодредени од моторните области на мозокот.
     
    Последна измена: 21 јуни 2019
    На poenta, BoneMachine и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Не работам против својата воља.Никогаш.
    Шанса нема да направам нешто што некој ќе ми каже, а притоа не се слагам со тоа.
    Таква мазга сум, што терам по свое до крај макар на крај и во ѕид се удрила.
    Пропишани правила/закони било што е формално да кажеме и важи за сите го почитувам, ама пример да дојде некој да ми каже ,,купи ја таа маица” а не ми се допаѓа или ,,иди до таму купи ми тоа и тоа”
    Нема шанса..
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Детерминизам, во секоја смисла на зборот, не само бихејвиорално.
    Баш пред некој ден гледав документарец за Коза ностра. Беа опишани неколку случки, меѓу кои, многу млад човек одлучил да ја напушти мафијата и од таа причина брутално го убиле. Пример како слободната волја, дури и да ја имаш (а таа е исто така условена), не значи ништо, т.е. не ти врши работа кога е клучно.
    Друга ситуација, случаен минувач се нашол на место на злосторство, видел тоа што не треба, и криминалците го ликвидираат. Не оти тој одбрал да го посведочи виденото, биднало едноставно и немал избор, ниту каде да бега. И сигурно неговото семејство не одбрало да го изгуби, уште помалку на тој начин.

    Така што, работите само се случуваат, не зависат од тебе колку и да сакаш или мислиш дека зависат, од најбитни до најбанални - јас можам да посакам одредени фармерки, а истите никогаш не би ги посакала да не сум ги видела или фармерки да не беа воопшто дел од модата.
     
    На elimkd и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Апсолутно слободна волја.

    Создадени сме како такви да правиме што сакаме. Ама таа мора да се освести.

    Затоа што точно е дека како возрасни функционираме онака какви што сме израснати, со траги од дејството низ целата наша личност, ама тоа може да се освести, да се промени.

    На некои луѓе им е тешко да управуваат со сопствената волја, затоа се препуштаат на некоја колектива или нешто што го гледаат поголемо од себе да им диктира одредени правила, на пример религијата. И тоа се избира.

    Едноставно, се е резултат на она што го мислиме или не го мислиме.
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Гласав за двете. Мислам дека се поврзани, не оди едното без другото некако. :?::D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Javorov sirup

    Javorov sirup Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Која теорија? Пааа не знам точно, ама ајде да започнам, повеќето мислиме дека секогаш е до нашата слободна волја ама цело време во позадина главна улога има детерминизмот, така што мешавина е од двете.
    Претежно двете се застапени, е сега што личноста си мисли дека е доминантно кон тоа цели. Ама има и луѓе што се стриктно за едното или стриктно за другото па имаш табор А версус табор Б.
    А имаш личности што се за нешто измеѓу:D
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.521
    Ако на пример врз нас како возрасни луѓе влијае какво детство сме имале, дали имаме воопшто самите улога во тоа какво детство сме имале in the first place? Каде на планетава сме родени, кои ни се родители, пренесени традиции, итн.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Делумно да, затоа што душата е привлечена кон отелотворување пред сè кај оние родители чии гени соодветствуваат приближно на збирот светли и темни страни кои таа ги носи во себе од претходните егзистенции, веќе соодветно на тоа дали во отадестраното (тнр. астрални подрачја) пред отелотворувањето душата стремела кон развој или стагнирала. Додатно влијае и со каква намера душата се инкарнира, дали и каква мисија одбрала да има. Но и духовниот магнетизам кој душите го чувствуваат кон одредени географски подрачја не е случаен.

    Сето тоа меѓутоа не го оправдува евентуалниот некоректен однос на околината кон детето, бидејќи секој има слободна волја да одбере поинаков свет на мисли и поинакви постпаки да спроведува во животот - како кон себе, така и кон околината. Со правилен однос (љубов, разбирање, трпение) кон децата може многу да им се помогне да надминат без страдање многубројни товари кои душата ги донела со себе. Затоа одговорноста на родителите/посвојувачите но и воспитувачите е мошне голема кога станува збор за деца.

    Повеќе за ова читав во "Реинкарнација: еден дар на милоста на животот - каде оди патот на мојата душа?" како и во "Неговото Око - Божјото Книговодство: Микрокосмос во макрокосмосот".
     

    Прикачени фајлови:

    • 012340.jpg
      012340.jpg
      Големина на фајлот:
      28,7 KB
      Прегледи:
      1
    • mk_reinkarnacija.jpg
      mk_reinkarnacija.jpg
      Големина на фајлот:
      22,8 KB
      Прегледи:
      0
    Последна измена: 30 август 2022