Слуз во столицата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Milicka77, 4 март 2013.

  1. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Здраво!Извесен период имам слуз во столицата,поточно на хартијата колку едно мало нокте,кога имам помека столица.Пред 1,5 год снимав дебело црево (11 цм не цело )од други причини и ми рекоа внатрешни хемероиди.Матичната ми рече штом толку се плашиш да направиме тумур маркери на дебело црево да исклучиме лошо, и тие излегоа супер.Е сега она ми вика не се плаши значи нема ништо лошо,може да е од хемероиди.Но јас се плашам,затоа што свекрва ми почина од дебело црево и тоа ми остана како траума.Ваше мислење ве молам и искуство.Дали ако тумур маркерите се добри стварно нема потреба да се плашам? Поздрав
     
  2. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    437
    Ако се тумор маркерите мирни, нема потреба да паничиш.
    Пред 1,5 год си направила ректоскопија(ма да тоа е веќе стар резултат), била во ред...пак нема потреба од паника..
    Свекрва ти, не ти е род, (знам дека знаеШ-)па да се плашиш од нејзината болест. значи ти немас никаква предиспозиција( позитивна фамилијарна анамнеза)
    Е сега, слуз во столица освен од хемороиди, може да биде и од воспалителни болести на цревата-колит..
    Дали има помалку крв? Дали имаш проливасти столици?Колку често одиш по надвор?

    Можеби треба да побараш упат од матичната за гастро, да искључат кронова болест или колит...

    Како и да е, не е страшно, денес се се третира...оди нека те видат специјалисти на гастро..
    и се ќе биде добро...
     
  3. Milicka77

    Milicka77 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Фала на одговорот. Крв немам и имам редовна столица. Слузта ја има кога имам по мека столица кога е поцврста немам. А воглавно е помека но не е пролив. Многу сум паничар се плашам од болести.
     
  4. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    437
    ништо не ти е, не се мисли то одма на страшни болести..
    ако ти е полесно, оди стварно до гастро да видат да не си развила некој колит, кој е баш и чест кај паничари и луге под стрес...
    во секој случај, не се плаши.
    п.с. јас еднаш си умислив дека имам шекер, и дури бев се испитував...хахаххах
    али--немав