1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Случај „ЕРАЗМУС“: Професори и поранешен декан на обвинителна клупа

Дискусија во 'Политика и настани' започната од John Snow, 11 декември 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    А може и ќе одговара...
    Судови има, а над судиите има судии...
    А и еден куп други вработени... та во МВР, да во Обвинителство, та секаде..
    Ако не се истерува правда, и тоа е вина на сите..
     
  2. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    А зошто ги криете? "Факултетот на кој студирав", "професорка". Мене ова да ми се има случено на сите форуми твитери чуда со име со презиме све би напишала.
     
    На cresa-jagoda и Anon им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Кои судови Вајлд, кои судии ....
    Судството подлежи на пари и партиска вржаност. Ако покрај се што се издешава периодов на судско тло, не ни е јасно тоа на сите, слаба моќ за расудување имаме очигледно.
    Сакам да си во право.
     
    На Harper и Alisa22 им се допаѓа ова.
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Може не сакам да откријам на кој факултет сум студирала од лични причини за да не откривам детали за себе на форумов, а не за да ја скријам професоркава. :D
    Како и да е, со име презиме ако ја напишам, а немам никакви докази (пошто мене лично не ми се случило) освен "рекла казала", ќе поправам нешто? Мислам дека не.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Пеливанов имаше список кој се ќе купи книга од кај него и купот пари на биро му стоеше. Услов за 6ка беше книгата да се купи. не бил потпкуплив, абе ајде, на предавње не се појавуваше, само за книга продавање и за испити кои зависеа од таа што му носеше кафе.

    Родна за да не продава на факс не тераше да одиме да и ја купиме книгата директно од фирмата издавач, кај железничка, со список со лична карта да запишат кој ја купил, иначе немаше испит кај неа.

    Оној стариот на М,како беше филозофија на право, телевизии му викавме оти од 600 студенти, 3ца положуваа па викнаа нов професор што поима нема од филозофија да одржи испит
    Списоците со книги на Бајалџиев, кои ни ги продаваше Рашковски со списокот со него...

    Ниедна од овие не се приказни, сите сум ги плаќала. Секс не ми побарале, нити пари, со двајца невработени родители, немше опција.
     
    На smooch и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Коха правда, чија вина? Бучковски професор на правен, кој 10 години одеше по судови да е ослободен од вина?! и тоа наша вина да е? хахха. Па на правен Фрчковски со студентка негова се ожени, секс немало...
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Оти мене ми викаш?
    Јас ли ги ослободив?
    Реков дека има еден куп полицајци и вработени во судови и обвинителство.
    Илијадници и илијадници луѓе се во прашање.
    Значи никој не си ја завршил работата како шо треба!
    Како преку сите тие луѓе, поминуваат случаи без веза?

    И на факултетите... колкумина вработени има освен професорите?
    Никој не знае што се случува???
    Знаат, и тоа како!
    И тие се од оние кои кај истите тие професори фаќаат врски за нивни блиски.
    Цела држава е едно корумпирано трло со овци.

    Татко ми во 70тите беше професор во средно... во 2000тите, сеуште од мај, до септември му звонеше секој ден телефонот, за да 'заврши работа' за пријател на пријател, на пријател
    На шо личи то???

    А, да...
    Ко ме праша некоја на +-40, ко ќе ме запрел цајкан, дали сум плаќала казна, и реков: Да - повеќето не ми веруваа.
    И то шо кажва???
    Каков е менталниот склоп на овој народ Чка?

    И за тебе важи ова погоре.
     
    На Purplelilac, candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Па можеше наместо "факултетот на кој јас студирав", да пишеш "Земјоделски факултет" на пример, никој немаше да знае дека таму си студирала.
     
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Не размислив за тоа кога пишував, фала за сугестијата. Сакав само да потенцирам дека од близок извор (колега) е муабетот, и затоа верувам дека стварно било така.
     
    На Elen4e_sonce и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јас незнам што ве чуди подмитување на професори и нудење секс за 6-ка, кога сите знаеме дека има студенти и ,,студенти,,
    Да не се правиме наудрени дека има студентки кои се метлеат од кабинет до кабинет и само мислат како да им се пише оценка а да не фата книга.
    Да не се правиме наудреди дека има студенти кои доаѓаат со татковици, мајки на факултет а има и такви кои полагаат во кафана.

    Неможел да те бутне на испит ако се знаеш.
    Прво и основно, полагаш кај авторот на книгата од која си учел, и ако сака-ќе те бутне и тука нема ништо спорно.И тие и те како знаат да водат инает.
    Еве, чист пример.Другар мој е профа на Економски.На вежби некоја студентка намерно за да го нервира (така си сфатил тој)тропкала со долги вештачки нокти по бирото.За неа се изјасни дека додека е тој професор нема да положи испит кај него.
    И така бидна.

    Да не набројувам примери, поентата ми е дека ИМА МИТО , ИМА БАРАЊЕ И НУДЕЊЕ НА СЕКС.
    Незначи дека ако не си видел и чул дека го нема тоа.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Тебе ти кажа дека за инает нема да ја пушти да помине?
    Го пријави ти?
     
    На cresa-jagoda и Purplelilac им се допаѓа ова.
  12. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    А што ако таа отиде на полагање пред комисија? Секогаш постои и таа опција. Не е бог тој професор. И над него има поголема риба.
     
    На cresa-jagoda, Purplelilac и WildMk им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    А комисијата е од професорот и двајца други кои се први другари-колеги на дотичниот.

    @WildMk не сум пријавила.
    Да се случи на мој грб и да треба јас да сведочам-да.Ама за друг не се пикам во вреќа.
     
    На JuLleE, Sanjichka007, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Тоа 'за друг', е за сите.
    Како ќе го подесиш системот, така ќе функционира.
    Видиш, јас пријавувам.
     
    На cresa-jagoda, Purplelilac и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Hugh

    Hugh Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2019
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Конечно!!!!
     
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Комисија.
    Дали сериозно сметате дека комисијата е независно тело ?
     
    На Waverly Raven, sierra, Dream-Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Јас пишав во минатото мислење ќе пишам пак. Професорката се запна на еден студент пошто беше активен во една партија, а таа освен политика ништо друго не ја интересира. Бараше да му отиде некој од нејзина партија во комисија за да го бутнат.

    Кланска беше кај нас кога се менуваше власта, ќе се потепаа едни со други - на крај ние го јадевме стапот.
     
    На referentka и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    За дотичниве професори. Од секогаш се зборуваше дека барале секс и/или пари. Муабетиве беа од девојки кои ко ќе ги видиш јасно ти е дека не се запишале за учење на факс.

    Во прва (кога има математика и статистика), па и во втора (основи на менаџмент) во амфитеатрите има толку многу студенти што не ми е јасно како ќе те запамти баш тебе професорот и ќе те паѓа намерно.

    Кај сите овие јас имам 10ки, а гарант ни име ми знаеле или знаат :?: По кабинети на "консултации" колку да се најдам во муабет не сум одела.

    Колку што се криви професориве, толку и митаџиите. Ги знам од средно добар дел од "напатените" што "морале" да платат. Уште па во 2016 кога ги апсеа, се отопорија на фб со коментари, е ве фатија (facepalm) Да не платеше истата, никогаш немаше да дипломира. Не дека пари и бараат, туку дека толку може да научи.
    Не само овие апсаана да одат, него и другиве дипломите да ги вратат!
     
    На BloodElf, JuLleE, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.179
    Бидејќи од мене тргна лавината, да се произнесам.
    Не велам дека нема или немало мито. И инат имало и се. Не ме чуди мене, ама реков, јас сум била студентка, не ,,студентка,, можат/ТРЕБА да бидат и другите. Не разбирам и не оправдувам мрза и врски. Не дека не постојат, ама мене од тоа ми се креваат цревата.
    Имам такви блиски роднински примероци. Значи јас, надвор од Македонија 10 години, ко ќе дојдам таму на 3 дена, требало нешто за некого да решам. На пример, моја другарка од основно, која последен пат сум ја видела пред 10 години и со која не сум во контакт, работела во фирма на Ојле, кој му е братучед на Дојле...ииии... значи јас уствари имам дирекна врска кај премиерот:^) (wtf) Абе оди бегај. Па еве, лично со пар министри сум се знаела, сум учела некое школо, здраво би си рекле денес на улица, дури и блиски дружби сме имале во минатото со некого. Оти јас будала не се пикнав во некое министерство да администрирам?:?: (facepalm)

    Инаку, ко по обичај, се измешаа и баби и жаби па и понекоја овца. Лично знам за феноменот купување книга од професор. Дали е во ред? Не знам, си има ваљда закон. Дали е тоа најстрашната пречка во завршувањето факултет. Камо среќа да беше. Лично купувањето книга го сфаќам како плаќање на авторскиот труд, ок, не е потполно бело ама па и толку црно не е.
    Работам во голема фирма. Имаме кодекс на однесување, јасно е дефинирано што е подарок, што е поткуп, што е конфликт на интереси. Мислам и во МК негде е дефинирано истото. Ама до свеста на народот е, уште за на паркинг што не сум чула дека ТРЕБАЛО да се потплати(facepalm). А веројатно и за тоа сум грешка...

    НЕ ТРЕБА! Платени се за тоа што го работат, веќе сте ги платиле со вашите пари во буџетот. Свесни сте колку ваши пари одат во тој буџет?
     
    На Purplelilac и WildMk им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Како мислиш подеднакво се криви, кога никаде не видов кривица врз професорите да ставиш ?
    Цело време акцентот ти е ставен врз студентките.
    Срамотно ти е мислењево, класично victim blaming.

    И уште нешто. Увидов на економски дека си била, никогаш немаш купено книга по наредба кхммм барање на професорот ? Ако да, и тоа е мито.
    Ако не, лажеш, не ти верувам.
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.