1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Случај „ЕРАЗМУС“: Професори и поранешен декан на обвинителна клупа

Дискусија во 'Политика и настани' започната од John Snow, 11 декември 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.478
    Пол:
    Женски
    Одамна не се полага на компјутер,тоа само за старите генерации,јас од поновите сум.
    И не,има професори и професорки кретени,посведочив на многу неправди.
     
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Лелке зборев за оние доброволно што идат. Секс под принуда никако не го сместувам тука.
     
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Корупцијата е подмолна болест во образованието.
    Рак рана.

    И за мито и за секс две страни треба да има и веројатно се согласни за да се направи престапот.
    И не е во ред.
    Ниту девојката ја силува некој, ниту на професорот му тутка пари во џеб со сила.

    Одговорноста е на сите
     
    На Dream-Girl, candy.cane, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам за што ви служат студентските собранија?

    Ако вие ништо не нудите, ако вие не сте побарале да ви се среди оценка, ако на професорите од нигде никаде им фатите око па ве малтретираат, намерно ве буткаат, ви бараат мито, секс, зошто не ја искористите моќта на студентското собрание? Зошто ќутите? Може како индивидуа, да ќе немате сила и моќ да промените нешто и се плашите, ама затоа треба да се реагира преку студентското собрание за cè. Дури и кога ве присилуваат да им купувате книги.
     
    На T.e.d.d.y, JoyJoy, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Мене уште помило ќе ми е кога ќе ги осудат и кога ќе отслужат казна долга како во пресудата, а не поседи неколку дена во затвор па после пушти го.
    На тема образование и квалитет на образование може романи да се напишат. Но во кратки црти квалитетот на образованието се повеќе опаѓа од х причини, меѓу кои допринесуваат и студенти кои самоиницијативно нудат некакви услуги за оцена. Исто квалитетни студенти кои се фокусирани на тоа да учат, стекнат знаење и положат се повеќе се намалува. Повеќето со мобилни на предавања, нит слушаат, нит се трудат да научат нешто, полагаат со препишување, со одговори на тестови од како што велат ''небитни'' предмети.
    Ама па секој со своите цели и ксметот во животот.
    Сепак мене во спомен ми се професори кои се потрудиле да ни остават знаење, отколку оние кои ги мрзело и предавање да одржат, а не па оценка на време да ти пишат.
     
    Последна измена: 13 декември 2019
    На candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    и јас тоа сакам да го кажам. Абе за диплома гзот по кирија ќе го дадат. Оти бе ко можеме ние (не)нормалните да го одбереме тој "потешкиот" пат до диплома не можат сите? Епа да ете и јас сакам некогаш да "платам" за оцена ама оти бе мене ми е срам а на други не??? И што е најтрагично ќе тупиме ние еден испит по 2-3 пати да го полагаме а професорите ќе бидат "толку фер" пред нас други ќе потурнат за да поминат. И после деканот крив продеканот крив професорот асистентот и таквите што вршат "испрашување" во кабинетот. (facepalm)
     
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав првите неколку страни од темава и се изнервирав. Што ви е бе? Дотичниов професор е познат по митото уште јас кога студирав и не се нервираа само студентки туку и студенти и брдо пари оставаа таму си на некој професор што само тој знаел на кој начин да го спреми студентот баш за тој предмет пошо на тој предмет повторно се измислува топла вода, а другите професори не знаат така да те спремат. А тоа да се обвинува студентката е живо сра*е. Како професор си должен да пријавиш ако некој сака да те подмити или да купи оцена, а не да се правдаш студентката или студентот сакале. И сигурно тие што студирале во последниве 10 години сигурно знаат дека се повеќе и повеќе професориве стануваат манијаци и мислат дека се богови. Како во образование и здравство што има мито во пари и натура мислам дека никаде на друго место нема. А тие од странство што глумат лудило дека заборавиле дека тука кај што има сила нема правдина нека престанат да се прават толку паметни. И јас верував во тоа дека ако не даваш повод никој не те чепка се' додека лично не дојдов во таква ситуција да бегам од еден професор кој беше пренападен и вулгарен и досаден, а беше врзан со сите партии, сум учела и никогаш не сум давала никаков повод, али тоа не е доволно кај некои професори имаше доста колешки кои само ради него го оставија факсот. Јас само се молев да не го сретнам и никогаш сама не одев по оцени. Не знаете што се измислуваа колешките само за да го избегнат да не дојдат на предавање и како одеа. И јавна тајна е кои професори се такви само што никој ништо не им може.
     
    На sierra, Nausicaa, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    До тие со ставот дека ако научиш нема шанси да паднеш на испит се гледа дека не сте полагале кај Шуклев :) Јас имав повеке предмети кај него, на дел од прашањата мислам дека и он не знае кој е точниот одговор. Книгите му се полни со набројуванки и мораш да учиш на памет ама дури и да научиш ти става некој синоним и пак неточно може да излезе на крај - или точно. Нема правило :) Освен тоа што еден испит кај него неколку пати го преполагав - не сум имала искуство да ми бара мито ама од 1000 студенти доста е во годината од 10 да земе :)
    Во секој случај не може толку луѓе со години да ја кажуваат истата приказна и да нема вистина.
     
    Последна измена: 13 декември 2019
    На Waverly Raven, oblace1, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И ако си студент, и професор ти побара пари, или секс, си должен да го пријавиш.
    Замисли да има 3-4-5 пријави?
    Не мора повеќе...

    Како тоа сите со години 'знаете', а никој не отишол до МВР да поднесе пријава?
     
    На BloodElf, Purplelilac, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Точно дека си должен да пријавиш ама не секој е спремен на тоа. Ќе појдам од самата себе, да сум имала не дај боже таков случај - на таа возраст и во таа ситуација не сум сигурна дека би пријавила од страв да не направам уште полошо. Уште поголем стрес би си направила на самата себе.
     
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Замислите завршете факултет со давање на сексуални услуги или илјадници евра и на крајо неможете работа да најдете или од секаде ве бркат. Па поголема зафрканција нема
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И како ќе докажеме на суд дека примал мито или уценувал со секс, ако никој не пријавува?
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Па дефинитивно правилно е да се пријави, само кажав претпоставка зошто нема пријави што не значи дека немало корупција....
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ами чаре...?

    Не сум паметна...
     
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Затоа шо македончето мисле дека професорите, газдите и докторите се богови и сами и даваат власт и затоа и никој ништо не и може до сеа ке са ги затвориле.
     
    На Justicija, Biljarkata и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски

    Дивља не биди контрадикторна, мислам дека знаеш и ти што значи кога некој не можеш да пријавиш да не се праиме мн. храбри на форумов и да не заборавиме каде живееме.
    Замисли нешто во земјава да значеа тие 3,4,5 пријави и баталете ме со тие муабети мора да се почне од негде и лаење по форум, одамна го поминав тоа и осетив по своја глава и на своја кожа како е да пробуваш да тераш правди. А и да не знам дали заборави имав пишувано и во друга тема што се случи со познаничка која го пријави во полиција професорот. Во земја каде што деца се убиени и некој одговара не повеќе од 2 години (едвај ако му се пресуди) ќе збориме за мито и да ај што не се осуди секој да зема мито... знаеме кој го прави тоа, секој што бил студент знае кои се тие. А и да добро стојам со дефиниции кој и што треба да пријави мито, не знам дали живееме у иста земја и што е само на папир, а што се применува во пракса. Да не се праиме тинејџерки и да се расфрламе со фантазии у муабетов.

    ЕДИТ: Информирај се колку пријави има по професори и тренери и колку завршиле во фиока како небитни, дури веќе не им се ни знае крајот на голем дел од нив.
     
    Последна измена: 14 декември 2019
    На Nausicaa, WildMk и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Да биле само овие такви добро ќе беше.
    Цел образовен систем ни е полн со вакви...
    А и да пријави некој мислите ќе му веруваат? Освен ако и тој нема јак грб, уште помоќен од него да е, па да го затворат. Али обично моќните се тие што завршуваат со пари све насекаде, така да џабе, така се врти кругот.
    И комисиски дури кога се свикува да се полага испит сите колегата си го бранат. Нема да ти веруваат на тебе обичен студент дека те паднал колегата нивен намерно или те уценувал со нешто. Сите ќе бидат на негова страна.
    За жал, кај нас е така.
    Баш би ми било мило сите вакви да ги испозатворат и тргнат од факултетите и тоа какви чистки требаат во образование...
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Точно е.
    Земјата не чини, и треба да се смени се од корен.
    И пријавувањето е нешто..
    А ова другово е само 'лаење на форуми'.
    Не сум дете, знам како стојат работите.
    Ама и знам дека ни треба критична маса, на луѓе кои навистина сакаат правна држава, а такви, во возрасните не барам..
    На младите се надевам, и на едукацијата и информациите кои им ги пружа интернетот (ако не друго)... за тоа, каков свет постои, надвор од овие 250 на 300км

    Наивни биле многу работи пред да се случат..
    Дури и правото на жените на глас.. пример.

    Да!
    Ако 5 луѓе се одлучат да пријават, и нивните пријатели и роднини им дадат поддршка на протест.. доколку се обидат институциите да ја заташкаат работата.
    Сигурна сум дека и други ќе се приклучат.
    Јас на пример.
     
    На BloodElf, Purplelilac и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не само тоа во случајот јас кај што бев сведок верујте појавно работите и не можеа да се одвиваат сите бевме сведоци и на крај девојката испадна виновна дека провоцирала, а професорот доби повисока работна позиција. Имам веќе пишувано да не се повторувам. Затоа што кај нас ретко да има професори што прават со кеиф да идеш на предавање или лабараториски, останатите моќ покажуваат и тоа јавно (кој може повеќе да бутне, кој може повеќе пари да извлече, кој може да легне повеќе ученички или студентки).
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Што направивте вие сведоците?
    Има и други инстанци плус.
    Како Хелсиншки комитет, и најбитното кое очајно ни фали:
    Граѓански движења!
    Не партиски, граѓански!

    Се нервирам.

    Многу е нихилистички овај вашиот пристап:
    Така е, не мојш да смениш.. то е..
    Сите ќе ќутиме и ќе пушиме (пардон мај френч).

    Нека сум и наивна ако треба, ама да ќутам, нема.
    И ќе пријавувам, дури сум жива.
     
    На Purplelilac и Mantub им се допаѓа ова.