Апсолутно. Се што се бара од нив е да не го нормализираат тоа и да поработат за да го елиминираат. Зависи. Да, има личности без трошка емпатија во себе. Нив све нешто им е смешно, забавно, цело време до шали им е, глупави фори и досетки, дури и кога не е време ниту место за тоа. Да не се правиме дека не постојат овие луѓе. Верувам дека со интелигенцијата се поврзува ова. И со интелектуалната, уште поише со емоционалната. За проблем, секако дека си имаат.
Превртуваш муабети, за какви вицови зборуваш? Не збориме за вицови туку за вистински психички проблеми кој треба да се лечи. Не збориме за такво смеење. Моментално познавам неколку тешко болни лица од кои некои може и неделите им се бројани и ниту еднаш кога ќе слушнам за нив не сум помислил на смеење. Мојот проблем е друг. Колку и јас да тагувам, ако дојде таа жичка во моментот не прашува. Не можам да поверувам какви глупости изнатрескавте. Испревртивте муабети дека луѓе се смеат од што им е смешно. Никому не е смешно верувај и на тие што се смеат не им е смешно.
Ова ќе излезе дека кога ќе слушнеме дека умрел некој викаме музика и се веселиме, оро вртиме од радост .
Па не е океј, сите сме свесни дека е многу, многу грдо ама пореметување е многу тежок збор според мене. Пола луѓе се психопати ако ова е стандардот. Знаеш колку луѓе умираат од смеа кога им се соопштува дека нивниот партнер, дете или родител умрел? Тоа е чист доказ дека смеењето нема врска со нивните вистински чувства. Секако треба да научи да се менаџира или најубав совет ти го ти кажа, едноставно да се тргне кога е во прашање некој друг. Јас не се смеам во вакви ситуации, ама кога некој почнува да плаче до мене… точно приметувам кога непријатноста што ја осеќам ми се претвара во насмевка од уво до уво, многу автоматска реакција и тешко е да ја контролирам, буквално ми се цементира насмевката. А не значи дека наоѓам нешто смешно во нечии солзи. Така да скроз разбирам како на некој ова му е coping mechanism.
Jas ne se smeam na pogrebi, ama ima lugje sho im doslo histericno da se smeat, valjda ima pozadina seto toa, i chisto da znaete deka stresot pravi takvi raboti, ne deka ne, mozebi i psihicka pozadina izleguva od seto toa, ne znam. Ama znam deka posle histericno smeenje moze i bes da nastapi, taka da se ima po svetov.
Јас уште на почетокот спомнав дека ме има избиено на смеа 1 или 2 пати а не дека се смеам хистерично и се трескам од земја на секој погреб. Има разлика Кога во такви ситуации сериозни нешто ме избие на смеа едноставно се тргнувам настрана без никој да примети . А овде форумџиките направија дека играме оро на погреби ,веселба,музика,вицови .. Мерак меана
На ептен црна хроника ако некој раскажува се смеам, кога некој ќе падне наместо да помагам се смеам (другарките во штикли ), пијанства на другари и другарки. Сега еве на маж ми кога ќе се удри во малото прсте од ногата на некој ќош, па макар и го скршил прстот . Не гледам толку трагично, дури и кога станува збор за мене скршив нога, сопругот тогашен дечко ми пријде со нажалена фаца Те боли ли? јас прснав од смеење. Пред некоја година си купив доста скап телефон. И цел ден ми беше во раце, ми падна се скрши. Исто прснав од смеење, како може мене да ми се деси. А на вистински смешки, се смееам со плачки. И веќе поголемото дете кога паѓа или ќе се чукне, се насмевнувам баш е несмасен. Верувајте поубаво ги прифаќа работите.
Еве немора само да е на погреб. И на работа сите сериозни си работат на лаптоп , мене ми текнува нешто (како некој глас во глава да ми кажува некојa смешка) и ме напаѓа смеа. Колегите појма немаат шо е работата,ама ваљда навикнати се веќе х Ако викате да го сменам докторот,ќе го сменам
И посебна тема сте отвориле Абе луѓе, сфатете дека и ние не сакаме така, посилно е од нас. Не ни е смешно, туку така телото и мозокот ни реагираат на неубави случки. Јас на пример, нема да се насмеам ако ми кажат нешто лошо за некој човек шо не го знам, ама за човек шо го знам, може да ме фати хистеријата. Оти за човек шо го знам, ме боли. И тоа само од шо кажаното го доживувам како шок и незнам како да реагирам. Апчиња не пијам. И јас не знаев дека ова е одбранбена техника на мозокот во стресна ситуација. Пред неколку години, разговарав со психолог и она почна да ме орашува прашања на кои јас требаше да одговорам. И кога дојде до еден дел од мојот живот, јас почнав хистерично да и се смеам во фаца и да и раскажувам. А во тој дел од животот не ми било смешно, а и многу стресови сум имала. Кога и раскажував за сите работи шо ми ги правеа моите таканаречени родители, за самоубиството на мој родител, прснав од смеа, неможев да се контролирам. После она ми објасни зошто е таа реакција и зошто се смеам. Мене во душата ама ич не ми е смешно, ама бре како куршум од мене излегува смеата, и колку повеќе се обидувам да ја контролирам толку повеќе хистеришам. После тоа ми е многу жал и криво и срам шо така ми се случува. Има начини како да се искорени ова со помош од психолог и психијатар, ама јас не сакам да одам и да се присетувам на тој дел од мојот живот. Тој дел го имам закопано и таму ќе си остане. Исто како и за други стресни ситуации, телото ми се навикнало да ги игнорира. НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НИ Е СМЕШНО.
А, и уште нешто, ова психологот ми го кажа, смеењето во стресна ситуација е исто како плачењето и трескањето од земја во истата ситуација. Само зависи како мозокот ќе ти изреагира од шок. Едит: се молам на модераторите да ги избришат смајлињата од мојот првичен пост што ја потикна оваа дискусија, незнаев дека ќе се направи нова тема, оти така стварно недолично излегува кога го читаш. @RainBow
Абе адидас зошто се објаснуваш и на кој?? Пак ќе те нападнат дека ти треба стручна помош и си ретарда без емпатија и совест .
Јас тебе би те советувала по секоја цена да избегнуваш погреби кога веќе не мислиш да бараш стручна помош. Никој не е должен да го слуша твоето кикотење додека погребува близок човек. Чукни ја главата и размисли како делува твоето однесување на другите во такви деликатни ситуации, не си сама на светот. А во канцеларија можеш да се церекаш од чиста мира колку сакаш, на никој не му е гајле.
Ако човек не може да ги контролира испадите и навиките, тогаш не треба да присуствува на погреб или било какви несоодветни настани знаејќи дека има личен проблем. Едноставно не. И нее во ред тоа и не треба да се бараат изговори дека имало причина за тоа. Зошто на 10 метри од тебе некој е во преголема тага и се разделува за секогаш од таа личност од овај свет, ниту му дошло до смеа ниту до вицови во тој момент а некој се смее и кажува вицови за попот или не знам што друго таму или дека така му дошло од внатре во тој момент. Ако не можите да му помогните на човек, не му одмагајте во такви ситуации. Смеата и тагата си имаат свое место и причина и не одат заедно.
@Adidas888 Па и не сите стручни лица се согласуваат за ова. Има разлика да се смееш во ситуација во која нема страшни последици и да се смееш во ситуација со трагедија. Сите ги фаќа хистерично смеење, но не сите ги фаќа во моментот додека некој зборува за и плаче по изгубеното дете. Ако сите знаат кога смеењето не е соодветна реакција, сите нема да се смеат. Или некои применуваат еден од начините што ги наведов во претходното мислење за да се сопрат. Човек кој има емпатија и осет нема да си дозволи да му се пушти смеа во таква ситуација.
Нема врска тоа со емпатијата ред, туку така телото ти реагира на стресот и шокот. Мене прво ме има фатено смеа од шок, шо уопште не ми било смешно, ама така ме натерало. А после тоа сум плачела во солзи. Никогаш се немам смеено од убаво или од шо ми било мило за нечија лоша ситуација, туку така реагирам од шок.