Леле ама го направивте страшно ова...од сите причини за посета на психолог, кај го најдовте баш ова како битна причина да се посети стручно лице. Мислам добро, освен ако до толку многу ти го попречува нормалниот живот. Се случува, нормална(честа) несвесна автоматска реакција е да се насмееш кога не сакаш. Ако ти е стварно смешно што умрел или се разболел некој е друга работа, ама нема потреба да се драматизира за нешто што е толку застапено и воглавно сите сфаќаат дека не е намерно. Не сите луѓе исто процесираат шокирачки и трагични вести.
Абе бог да чува , драма. Како да кажавме дека одиме да се изнасмееме од што сме мн радосни . Стварно треба два пати да се размисли пред да се сподели мислење.
При шок и траума може некој да се смее, а да не е ни свесен дека се смее. И не го прави тоа намерно. Има луѓе кога докторот ќе им соопшти дека имаат рак, се смеат пошто умот во моментот не им бил спремен за да прифати негативна вест, и поради преголем шок не можат да ги испроцесираат лошите емоции. Има луѓе се смеат кога им е тешко, а паралелно солзи им течат од тага. Други пак се парализираат, ниту плач, ниту било каква емоција можат да покажат, што пак не мора значи дека не им е тешко. Нема врска вакво смеење со смеење на комедија и виц, иста реакција е само, скроз спротивна е емоцијата. Во кожа да не си му некому, осеќаш тешка емоција која претходно не си ја осетил, непозната му била на твојот ум досега, и мозокот потсвесно дава инструкции за нешто што е познато: смеа, плач, викање на глас, губење свест итн, кај секој различно.
Нема веза тоа, не е ова смеење како да се ситиш или од што ти е мило, туку од шок. Нас кога ни се јавија дека починал татко ми, и мајка ми дојде во соба да ни соопшти мене и на брат ми, ние во еден глас почнавме да се смееме. Од шок од неверување, и после 2-3 минути почнавме да плачеме. Мајка ми се исплаши дури, не знаеше што се случува стоеше како здрвена само, едно што и се јавија нејзе и и кажаа, друго што ние се смееме.
Ама што се тригернавте волку и петсто пати морало да се дава образложение? @tinkerbell22 форум е, ако ти очекуваш сите да те поддржат и да се сложат, тоа нема да го добиеш. Спремна ќе си на различни мислења. И да прифатиш дека сите имаме различни мислења, мораш. Тапшање по рамо сакате? Мало сутра тоа. Секако вие што реагирате вака ќе си се браните и поддржувате, нормално ќе ви е се. Туку треба и од свое име да зборите, стварно вака нема смисла за сите да кажувате како реагирале и да ги правдате, зашто нели различни сме. Секој за себе си знае зашто во даден момент реагира онака како што реагира. Дека е нормална реакција, не е, се сложувате ама не прифаќате дека се сложувате.
Најмногу жално ми е што не правите разлика меѓу такво и вакво смеење и што дури некој направи споредба на ова смеење со смеење на вицови.
Оти не правите разлика од смеење од шок до смеење од шо навистина ви е смешно, затоа. Од шок можеш да се смееш, можеш да почнеш косата да си ја кубеш, можеш да се онесвестиш, можеш да почнеш да се дереш како ненормален, можеш да се смрзнеш да се парализираш.... и ова е нешто шо неможе да се контролира.
Во основно, на другар почина мајка му. На погребот, тој прсна од смеење а после него и неколку од неговите другари. Се придружи и сестра му на смеењето. Тоа не значи дека не си ја сакале мајка им сигурно. После некоја година почина татко му, детето, дечкото беше кај татко ми во гаража кога дозна. Пак почна да се смее, и тоа не значи дека не си го сакал татко му сигурно. Не знам зошто не делите смеење од шок и смеење од ќефови. Едит: Јас, на пример, се изнасмеав кога скршив рака. Незнам дали спаѓа во незгодна ситуација тоа, на свои повреди секогаш се мочам од смеење додека не почне да боли ужасно. И ногата кога ја повредив, смеејќи влегов на ургентно, уште им ја памтам фацата на дежурните исплашени специјализанти. Јас со пола нога надвор од место, и со солзи од смеење
Чим е во психологија, мислам дека темата треба да биде преименувана во СМЕЕЊЕ ВО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ, за да можат и другите да разграничат за што се зборува. Оти смеење за албанец шо неможе убаво да зборува македонски и смеење од шок, не е исто. @RainBow
Кај дедо ми на погреб се згазив од смеење, па коа почна попот да завива, ау толку беше, да немав маска на лицето, ќе беше страва. Инаку дедо ми многу го сакав и бевме во одлични односи пред да умре, дури мене ми остави и дел од некои од посентименталните работи што ги имаме фамилијарно.
Мислам дека ваквото смеење е реакција на доживеаниот стрес, се случува понекогаш "краток спој" во мозокот. Не ми се има на погреб случено, но два - три пати при расправија со маж ми, ми дошло да се смеам, дури чудно ми беше. Смеејки се, насмевната одговарав, иако не ми беше смешно. Спротивност на ова е плачењето после оргазам, неколку пати солзи ми течеле, не од тага, и не гласно липање, но сепак реакцијата не одговараше на моментот. Се случува..
Мене ми се има случено и кога објаснувам на некој некоја случка шо навистина се десила ама стварно не е за верување, и тој некој не ми верува . Е сега јас објаснувам ама знам дека тој шо ме слуша не ми верува и ме фаќа смеа . И уште толку не ми веруваат
Јас се смеам секундарно,и после тоа наеднаш почнувам да плачам Прашувам "како бе" со смеење и после почнувам да плачам,све ненормално,ако не не разбирате како можеме така,прашајте стручно лице зошто е тоа така,ќе ви објасни,оти вие појма немате,а ние да ви објаснуваме не планираме,оти џабе е за такви како вас малку со просторче меџу мозак А за вицовите,ногу се иам смееено,и замислте кажани беа од луѓе по 50+ години
Пред некое време во страшна брачна криза ме праша "Добро, сакаш да се разведеме?" Јас од 6 до 6 насмеана му реков "Не сакам" Мислам дека повеќе заради насмевката ќе ме разведеше отколку заради проблемот што го имавме
Ова стварно ми се десило многу пати кога ќе ми кажат нешто неубаво, шокантно... не ми се случува секогаш ама дефинитивно ми се случило.
Леле, оф топик. Јас сега се сетив дека на погребот на баба ми, кога ја спуштаа и кога сите баш плачевме и се гушкавме, на една пријателка на баба ми и заѕвони телефонот со песната Old Town Road, беше онака старачки гласно наместен тонот за ѕвонење и жената 539420349 минути го бараше телефонот во ташна. Бев пред се изнервирана ама плус се смеев затоа што комично беше како сите плачат, попот пее, плус овој пее за јавање коњи ненормално гласно... исто маската ме спаси.
Мене ме фати смеа на поменот на едната баба. Ама се воздржав да не се насмеам. Пеењето на попот беше Друга случка... Бевме на гробишта со маж ми. Додека го чистев гробот на мајка ми, слушам како некој пее. Ме фати смеа. Се вртам да видам дали има некој околу мене и почнав тивко да се смеам. По мене почна и маж ми.
Ако ве фаќа смеа кога ќе ви соопштат дека некој починал или додека сте на погреб, тогаш што правите кога некој ќе ви каже некоја смешна анегдота, виц or whatever- претпоставувам плачете??? Се обидувам да ја разберам ситуацијава, но не ми иде ништо друго освен дека е поврзана со некоја психичка состојба ( потиснати трауми, земање на АД итн). Не мислев некој да навредам ама првпат слушам некој да се прска од смеење на вакви работи- разбирам да си индиферентен и да не те погоди нечија смрт (комшија, далечен роднина, стар човек од фамилија на кој му дошло времето) ама смеење ми е non- sense при здрав разум.
Смеење во непријатни и тажни ситуации е ... нормално. И е начин за справување со загуба за некои луѓе. Нешто слично е како напаѓачки мисли (шо јас го имам па лесно ми е да ја осетам паралелата јер не се смеам на погреби и тажни ситуации ама можам да сфатам дека е непосакувано). Во смисла, мислата те напаѓа и те тера да се однесуваш и осеќаш на одреден начин. Не значи дека вистина е смешно на особата. Само така реагира вон своја контрола. Шејминг дека "не е нормално" и дека е некаква "дијагноза" е tone deaf. Сепак напаѓачко смеење во непријатни и тежни ситуации е вон контрола на тој кој така се однесува и не е рефлексија за шо вистина осеќа во ситуацијата.
Јас досега немам слушнато некој да се смее кога ќе добие тажна вест или на погреби, ама сум слушнала дека овој феномен постои и е обично вон контрола на тој што се смее. Секако дека е сосема непријатно бидејќи ситуацијата воопшто не е за смеење, но тоа не е смеење од среќа, баш напротив. Непријатна ситуација за сите, но човечкиот мозок е чуден. Кога ќе размислам подобро, малку и страв ме фаќа за овие личности, бидејќи кога и да сум чула за ова ме асоцирало на тоа дека откачиле и "им летнало врапчето", без навреда.