Такви бевте и за мајката на Данка, исти коментари, како се осмелила да не плаче пред сите, сигурно и фали нешто. И сте се фатиле за тој еден погреб па погреб, не е темата смеење на погреб али ај.
Значи претерувате. Едно е да кажете дека не ви е разбирливо, нормално, не ви е јасно како се случува, ама друго е упорно и упорно со тоа да ти умре дете, мајка, татко, мислам усул малку со коментарите.
Не е ич тоа темата ,ама си додаваат како им одговара ,од едно направија 50 . Па и чочек играме ,според некои форумЏики.
На нервна база е сигурно.Мене ми се случи кога имав едно по друго многу лоши животни настани.Смрт, мозочни удари на блиски...Се собрано, ми се случи да се насмеам на другар кој мајка му пред извесно време имаше некоја болест(период пред неколку години беше ова) и јас се насмеав и човеков го виде тоа и го осуди. Искрено, не знаев дека ваква ситуација имал и друг, со смеењево.Но, мислам е на нервна база.
Се убаво си напишала и совет си дала , ама тука тебе ќе те направат ненормална ако не ги подржиш и не ги тапшаш по рамо дека е скроз нормална таквата реакција да се смеат при трагични вести или настани, без притоа да признаат дека можеби оваа состојба си има психичка позадина и да се свртат кон тоа да се најде тригерот што предизвикува така да се реагира со помош на стручно лице секако. И јас искрено би се исплашила од ваква реакција од тоа лице или да ми се случи од самата себе и би побарала помош. Али што знаеме ние " ненормалните " тука освен да критикуваме и лепиме дијагнози-хахаха хухуху Не за џабе рекле" не е болест се што боли". Ајт да сте ми живи и здрави. Cheers
Јас сум слична, ама тоа од преголем стрес што не знаеме у моментот како да го исфилтрираме. Мене на погреб ми се случило и искрено грда е сликата ама нема, појако е од се.
Да, на нервна база е. Мене не ми е од сега ова, ми се случува веќе со години. На погреб ми се нема случено оти веќе знам за настанот, ама кога ми кажуваат за смртта, е тогаш може да биде катастрофално.
Мислам дека треба навреме да работите и најдете причината за таквата реакција, не е тоа нормална реакција Ве сфакам што зборувате не ви е до смеење во тажни ситуации , но реакцијата е хистерично смеење, имав таква колешка на работа, сама однапред кажуваше ако почне да се смее на неубави работи тоа така реагира не дека и е до смеење Но нема никогаш да заборавам денот кога и заѕвони телефонот, се јави и го пушти на земја, и таа почна хистерично да се смее , не можевме да ја смириме ниту пак беше во состојба да каже што стана,по некое време само падна долу и таа . Потоа разбравме син и имал сообраќајна несреќа и загинал. Таа тогаш пукна не е добра од тогаш се поремети. Таквиот начин на смеење не е добар, ниту тоа смеење има исти емоции ко кога се смееш од срце.
Ми се случувало кога некој нешто ќе греши ама ептен глупо грешавање, и ми се смее многу некогаш не можам да запрам, и ако не сакам заради човекот што грешил да не му е незгодно али јбг
Темава воопшто не беше за смеење на погреб луѓе! Стварно се фативте за тој еден погреб и окапавте. Некому може да се случи, некому не му е воопшто нормално, ама не знаете низ што проаѓа тој човек па да судите дека нема емпатија или нз што. Мене баш ми се допаѓа темаваЈа отворив мислев ќе се изнасмеам, кога прочитав само расправи... Слична ситуација, мене ненормална смеа ме фати кај блиска роднина на свадба во црква пред некоја година. Попот се сопна од долгата мантија и ЦЕЛА церемонија не се соземав. Излегов малку порано зашто само јас се слушав и ме фати срам Сите ме гледаа како пореметена откако 20мин не престанав да се смеам, ама не значи дека немам емпатија кон попот, да е жив и здрав не се утепа Некој ќе рече глупо во црква да се смее, ама верувајте оваа хистерично смеење НЕ БИРА време и место, едноставно дојде само од себе. Не е нешто што може да се контролира
Creepy. Друго е да си ведар и да внесиш малку позитивна енергија во тој момент на тага и плачење на некои околу тебе, а друго е да се кљафтиш... би го релативизирал со тоа што така ја "победуваш" болката, ама сепак не е пријатно.
Да ви ја тргнам темата од погреби и умирачки Ми текна на една ситуација, во моја одбрана 1ви април беше и стварно мислев дека ме заебава другарката Раскинаа со дечкото а јас се смеев ко комедија да гледам Сфатив дека е сериозна кога ми кажа "Луна, ќе си одам значи" Е после тоа ми падна незгодно и се извинив 100 пати
Влегов во темата, мислев ќе се изнасмеам, кога читам за погреби Ми текна на една ситуација за тоа неконтролирано смеење. Одам накај скалите во парк и една жена се симнува. Во тој момент таа се сопна и се занесе, а беше веќе баш пред мене. Ме фати хистерија од смеење, колку и да сакав да се воздржам, неможев и и се изнасмеав на женава во фаца Не ми рече ништо, само ми упати лош поглед Се разминавме а јас си се смеев уште 15мин
Најиронично е што луѓево не те разбираат и не разбираат што се случува.Тема мислеле за смеење ќе да е...
Леле јас во сериозни тет-а-тет разговори, обавезно имам напад на смеење т.е. не е смеење, туку некако устата почнува да ми се витка лево-десно и не можам да одржувам контакт со очи со соговорникот оти мислам дека готово, ќе почнам да се смеам неконтролирано. А многу сум емотивен и сочувствителен, ја стварно не знам зошто така...
Да беше за смеење ќе беше во категоријата насмевка, ама штом гледаш психологија не е за смеење, болест е.
Не ми се има случено, ама знам за што зборувате. Мозокот не може да го испроцесира тоа во моментот се блокира на некој начин, па наместо она што се очекува од нас (паника, плачење, вриштење) ние се смееме. Не од што е смешно фала Богу, туку како некој одбранбен механизам на телото да се справи со стресната ситуација во моментот.