Смеење во несоодветни ситуации

Дискусија во 'Психологија' започната од Adidas888, 26 август 2024.

  1. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    1.866
    Пол:
    Машки
    Не знам дали е за пофалба, ама ми се нема десено смеење во несоодветна ситуација.
    Освен можеби ко дете, во школо... ама тоа не го рачунам. Некаде прочитав дека во такви ситуации требало да замислиш како ти починал близок и ти си на негов погреб :| Тоа било чаре да престанеш да се смееш.
     
  2. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Темава чинам не беше во психологија ама ај. А и не загледувам одма каде е темата затоа мислев дека е од друг карактер.
     
  3. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    Јас знам да изреагирам да се насмевнам со устата во тажна ситуација, бидејќи така ги блокирам емоциите. Ми се случи кај баба на послесен поздрав. Со месеци не се исплакав.
     
  4. C-iena

    C-iena Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    198
    Си има соодветен термин за таа состојба " Нервозно смеење".
    Не се работи за не емпатичност или злоба.
    Мозокот едноставно не знае да го прифати чувството и реагира со контра реакција.
    Најчесто се јавува кај луѓе кои се изложени на постојан стрес, кои доживеале многу стресна ситуација, кои патат од депресија...
    Мора да се напомене дека и на луѓето кои го доживуваат тоа, не им е воопшто пријатно. Обично после тоа чувствуваат голем срам и вина.
    Ова е нешто слично како "солзи радосници", само оваа состојба е почеста па е поприфатлива.
    Нели скоро на секој ни се има случено да заплачеме од среќа и не можеме да го контолираме тоа, а соодветна рекција кога сме среќни би било да се смееме.
    Е ова е обратно...
     
    На Cosmic Girl, elenaklasik, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.687
    Допаѓања:
    122.103
    Пол:
    Женски
    Секој различно реагира на стрес, некој се смее, некој плаче, некој не реагира се скаменува.. не е тоа одлика дали некој е епатичен или не е ..
     
    На st-el, VDT2906, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    3.299
    Јас не сум се насмеала на трагични ситуации, ама на незгодни ситуации, па многу често.
    Обично знам и црн хумор да си кажам и да си се изнасмеам, кој ме сфаќа супер, кој не, не мора.
     
    На Snowflake97 и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.730
    Пол:
    Женски
    Смеењето на стресни ситуации е "одбрана на мозокот од шок...или народски кажано да не "летнеш со умот". Мозокот со тоа се штити. Тоа е од психијатар кажано. Ми се има десено многу пати кога се наоѓам под стрес или ќе слушнам за смрт на близок да ме фати смеа. Не ми е вистински смешно секако но не можам да се контролирам... На блиска другарка и се има случено исто за мајка ( пошто викаш дека не би се десило тоа ако е родител) умира пред неа она, почнува хистерично да плаче и смее во исто време. После од кога се смири рече дека не можела да се контролира во тој момент.
     
    На Cosmic Girl, Snowflake97, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Мене ми се нема случено и за тоа ми е чудно.
    Не познавам ниту мои блиски да им се случело такво нешто.
    Ама тоа смеење не е на арно, треба да си побараат стручна помош.
    Баш пиша членка за колешка што и се случило откако и јавиле дека починал син и, а таа се смеела.

    Подобро во таков момент да се исплачам, отколку да имам последици.
    Секој си одговара за себе.
    Јас имам многу лоши работи доживеано па ниту еднаш не сум се смеела во такви случаи.
    Е сега има разлика од несоодвететни ситуаци.
    Фала на Господ уште не сум "летнала" со умот.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.730
    Пол:
    Женски
    Секој различно реагира, не се смееш буквално цело време, тоа трае кратко... дур "сфатиш што усвари се случува. Не значи дека јас или тие што така регираат не плачат. После тоа реагираш сосем другачие. Мене ме фаќа смеа, некогаш повраќам или ме фаќа стомак. Тоа трае дур мозокот "не ја процесира" информацијата. Инаку плачам секако дури и на цртани не пак на трагедии било блиски или не.
     
    На _beautyy_, Cosmic Girl, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Па затоа велам, дека и тоа смеење не е на арно, има последици понатаму.
    Мене морници ме лазаат од такви работи, и како што пиша стомак ме боли од стрес.
     
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.730
    Пол:
    Женски
    Прогуглај има за тоа и медицински израз. Едноставно мозокот не може да ја прифати таа информација. Како што си спомнала за мајката и синот, тоа за родител е преголем шок и во тој момент не сакаш да веруваш во тоа што го слушаш. Има случаеви кој се имаат психички пореметено од шок... Смеата е само одбрана од тоа, значи ти не можеш да го контролираш. На тие што реагираат така всушност воопшто не им е смешно.
     
    На Cosmic Girl, theowndemon, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.687
    Допаѓања:
    122.103
    Пол:
    Женски
    Тоа е реакција на телото на мозокот на шокот. Не е дека она се смее свесно. Не тресете глуоости, да побарала стручна помош. Еве јас во стрес не плачам. Не ми течат солзи одма. Ми треба да ја процесирам информацијата и некој ќе рече оваа нема осет. Ама кога ќе легне е тогаш само јас си знам како ми е. Така да имаш луѓе кои на сообраќајка вриштат, пиштат, имаш други на изглед мртви ладни без емоции, некои се смеат.. нит се луди, нит пореметени.
     
    На tinkerbell22, Cosmic Girl, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.730
    Пол:
    Женски
    Ситуации кој ги знам за луѓе кој од шок психички се пореметиле. Комшија машиновозач на работа му се фрла човек под воз, тој никако не може да сопре неколку тонска машина. Фактички воопшто не е крив но од тоа што го доживува шок, психички се пореметува. Исто жена во малото во кое растев во ист ден ги губи синот и мажот во несреќа, жената од шок исто психички се поремети.
     
    На Gosh и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Е добро де што ме нападна мене толку?
    Си кажав за мене дека не можам да се смеам, а сега ниту да плачам, веќе отрпната сум што и да се случи.
    И јас пред други не плачам, кога сум сама си знам како ми е.
    И на мојава дијагноза имуна сум, сеедно ми е што ќе се случи.
    И ништо страшно ако побарам стручна помош, не знам зошто е табу тема.
    Подобро тоа отколку да се борам самата со себе.
    Си собирам во себе, ниту плачам, ниту се смеам, и ова не е на арно, барем да се смеам, јас ништо.
    И општо кажав, не се однесуваше на никоја членка.
     
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.968
    Пол:
    Женски
    Прежално.
    ;(;(;(

    Тоа сигурно не било смеење, туку како пискање, викање придружено како со смеење, ама се осеќа дека е од преголем стрес и шок.
    Мозокот урла во тој момент. Тоа се страшни ситуации.
    Многу ми е жал за такви трагедии, иако не ги познавам луѓето.
     
    На @oneday, Mumoftwo30, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.274
    Пол:
    Женски
    Ај пак јас , оддамна ме немате изругано :wasntme:

    Една моја возрасна комшивка почина ,бевме на мртовец,на погреб, жално беше ептен се додека не кажаа внуците да и го стават телефонот и полначот во сандакот... И ги ставија стварно .
    Успеав да се воздржам ама луѓе бее....толку ај не кажувам веќе.

    Време за плачење. :drunk:
     
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    13.987
    Пол:
    Женски
    Сериозноооооооо? :drunk: Втф, зашо? Морбидно е бе, што све нема. Е ова се болни луѓе, немој да кажуваш дека не се.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.730
    Пол:
    Женски
    Пред да кажете дека тие што реагираат со смеа се "ненормални и неемпатични" прочитајте нешто за психологијата тоа е широк спектар...
    Починува кумашинката за време корона ( една од трудниците кој починаа за тој период). Веста ми ја соопшти маж ми... Во моментот кога ми го кажа тоа моментално му спуштив... седев немо едно време па пак се јавив... потврди.. отидов повратив седнав ќутев и почнав да се смеам ( многу е неубаво чуството кога во таква ситуација те фаќа, зошто не ти е смешно) од кога се смири тоа дојдоа солзи...липање...и ден денес иако поминаа повеќе од 3 години не ми се верува дека не е жива и сеуште кога зборуваме за неа ми се насолзуваат очите. Значи не сме безосетни и неемпатични, така огранизмот ни делува. Дали е тоа добро или не не знам, ама не може да се контролира колку и да звучи неверојатно и лошо.
     
    На anggell, Cosmic Girl, st-el и 5 други им се допаѓа ова.
  19. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.274
    Пол:
    Женски
    Да бе ... и го ставија и телефонот и полначот ...сите се погледнавме,јас си отидов одма од таму
     
  20. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Машки
    Можеби за да се јавува од горе :D (црн хумор, не сфаќајте сериозно.)
     
    Последна измена: 31 август 2024
    На eliesaab, nena2010, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.