Еве по прост пример обаснето. Се случува сообраќајка човек видно тешко повреден ама свесен, изгледа "смирено..значи не вика, лелека.. Медицинскиот персонал кој му дава прва помош вика со вакви повреди чудо што е жив. Телото му создало адреналин да не ја чуствува моментално болката која би ја чуствувал при такви повреди. Сте се повредиле некогаш сигурно и викате ништо не е не боли. Обично старите викаат чекај да олади местото па ќе видиш. Е тоа ти е исто само од психолошка страна.
Iam drugar shto d’tka (peltechi), neretko znam da se nasmeam koga kje “potfati” epten.. nesvesno i nenamerno mi doagja samo od sebe ne mozham da se kontroliram..
Скоро на погреб. Двајца синови закопуваат татко. Едниот видно тажен, сериозен, расплакан, другиот навидум во нормална состојба, размуабетен, па дури и шали кажуваше (и тоа поблискиот, тој што живееше со таткото во иста куќа). Различни карактери, различни справувања со стрес. Првиов побрзо некако се помири со ситуацијата и побрзо се врати во некаква нормала, тој што се шалеше и изгледаше ведро на погребот, моментално е психички ужасен, разви тешки мигрени и отежнато дишење кое трае подолго време. Сигурно луѓето на погребот си помислиле дека овај не е салам, се однесува нормално на погребот на татко му, па дури и се шали… ама тоа му беше параван, одбрамбен механизам, одбивање да се соочи со вистината. Не секој што се смее во тешки ситуации и ненормален психопат, само поинаку се справува со стресот.
Da,така реагираше секогаш кога ке кажеа некој починал или болест или неубави случки но не до тој степен, туку онака кратко ке се смееше, ова со син и ја скрши, се поремети жената, не не поскапе, не викаше, туку се смееше како луда 10на минути и само се сруши, Никогаш таа слика нема да ми се избрише. Тажно.
Смеење кое се случува во такви моменти кои се изненадни, страшни, трагични и сл. се одбранбен механизам од шокот. Мозокот се обидува да не заштити на тој начин од она што за нашето тело е премногу стресно и потенцијално опасно за нашиот опстанок. Да, може да е несоодветно во социјалниот контекст во кој тогаш се наоѓа човекот, ама тоа е посилно од другите емоции како срамот од другите луѓе.