Сериозно треба да почнете да ставате линкови до мислењата кои ги цитирате. Не можам да шпартам по форумов за да го најдам мислењето, а има некои кои се стварно забавни и вреди лајк да им се стави.
Капетане, пиши си некој клучен збор од мислењето кое би го барал во она белото лентиче горе десно на странава што ти е за пребарување и ќе ти излезат најдените мислења кои го содржат тој збор па ако имаш среќа ќе го најдеш. Е сеа ако е понове меѓу првите понудени ќе ти биде, ако не ќе си полисташ малку Барем јас така ги барам, па да споделам ако ти е од помош
Оди по тоа кој го напишал, откако го најдеш членот, во Пребарај ги мислењата, ако тука е споменато во која тема тоа било, напиши горе во Пребарај во овие резултати:
Во темата треба да се постира нешто што навистина е смешно. Првото е најобичен коментар, а второто тебе ти паднало смешно бидејќи се работи за тема која ти си ја отворила и те засега, па нешто контра кажано, тебе насила ти паѓа смешка.
Преубаво чувство кога си читаш во Сакам да кажам постари мислења и туку наеднаш наидуваш на мислење шо ќе те згази од смеа. Алал да ти е ма симонке, ми ја расположи вечерта.