Јас па секој муабет на шега го терам, некогаш дури се нервирам за тоа. Некогаш многу посакувам да сум онака сериозна и озбилна, ама тешко ми оди Нормално во ситуации кога е потребно сум и сериозна и се по ред, ама не и во слободно време.
Кога се запознаваат нови луѓе , одма се познава со кој можеш шега да тераш а со кој ќе гледате во саатот кога да си идеш.... Во мое искуство машките лица се повеќе позабавни и имаат длабока смисла за глупости и шеги него девојките , односот е нешто 10:1 ... Дали се срамат или пак несакаат да испаднат будали пред сите или незнам што . А да тука да потенцирам има и од типот на машки и женски кој е први да маваат сеир на некој а кога ќе се нашалиш на нивна сметка тогаш ти памтат и се лутат , тоа со месеци чекаат да вратат .... бог да ги прости...
Барем према мене мојата смисла за хумор е очајна сепак тоа не значи дека воопшто и немам смисла за хумор ... ама сепак има поголеми шанси да исфрлам некој саркастичен коментар и да чекам сите да се насмеат а они само да ме гледаат чудејќи се што кажав. На друга рака, често ми се вели дека начинот на кој ги кажувам работите е забавен и реакциите. Прифаќам шеги на моја сметка ама очекувам и да се прифатат шеги и на туѓа сметка, нели нема секогаш јас да бидам жртвено јагне? Сепак, не дај Боже да стигнам јас да кажувам шега. Има два начини на кажување шега кај мене: 1. Или ќе се изнасмеам и сите ќе се чудат. 2. Или ќе ја раскажам како приказна и сите ќе заспијат (или ќе ми се налутат зошто мојот избор на шеги е обично црн хумор и работи за кои не треба да се шегува - Е ради ова јас идам во пеколот!) Од друга рака не сум некоја најсериозна кога се разговара и обично не сум сериозна во сериозни ситуации и обратно, сериозна во не сериозни ситуации.
Мене лично најаважно зада се дружам со некого ми е смислата за хумор. Иначе јас немам смисла за хумор.
Не знам дали имам смисла за хумор. Ма да и не ми е битно тоа многу, се смеам со личности еднакво откачени колку мене на буквално СЕ'. Најчесто ми се исмејување на сопствена сметка шегите, некад знам да се пошегувам и на туѓа сметка и да бидам злобна ама се обидувам што помалце да правам такви шеги...
Сакала да види што има на другата страна Сакам да се дружам со луѓе кои имаат смисла за хумор зашто најголем дел од времето гледам да бидам релаксирана и опуштена, а како човек да биде релаксиран и опуштен ако не со шегување. Секако, за сите да се смееме, а никој да не заврши навреден, гледам најчесто да се шегувам на сопствена сметка или евентуално на сметка на оние во чие друштво сум (затоа и бирам да се дружам со такви луѓе кои не се лутат кога правам шега на нивна сметка; јас се разбира дека не се лутам). Смеењето ми е премногу важен дел од животот. Ќе ми верувате ли ако кажам дека до креветот си имам залепено едно мутаво интервју од уште помутавиот Јоце Панов само за да го погледнам секое утро кога ќе се разбудам (не мора да го читам, еднаш доволно ми беше) и денот да ми започне со насмевка? Знам да се послужам и со иронија, и со сарказам, и со црн хумор... и луѓето со кои се дружам се служат со истото. Затоа и се разбираме.
Од мене сериозен "моабет" да излезе,јок! Се што кажувам или го кажувам иронично или на шега, арно ама тие што ме познаваат малку подобро ќе ме разберат
Мојата смисла за хумор содржи голема доза сарказам и не може да ја разбере секој. Весела, позитивна и духовита, секогаш расположена за шала, таква сум јас. Барем кога сум со моето друштво. Еден долг период можев одеднаш да станам сериозна и да се налутам ако некој се шали на моја сметка или ми оди контра иако на шала. Сега сум повеќе несериозна отколку сериозна.
Јас со другите се шегувам секогаш, ама кога е на моја сметка можам со поглед да го убијам некој Доста ми го имаат кажано тоа ме гледаш како душман да сум ти. Дали ги сфаќам буквално шалите на моја сметка незнам, веројатно е така. Иначе знам да се зезам не ми е тоа проблем. Ама кога се работи за мене знам и да се скарам со некој.Тоа ми се има и случено. Еве прост пример. Еднаш со другаркиве игравме карти и почнаа да ме зезаат дека сум ги местела картите, а ироничното беше што јас изгубив, И за тоа им се имав скарано недела дена не им правев муабет. После некако ми помина.И за други ствари сум се карала така да не ми е ни најмалце проблем за тоа... Можам од ова некако да се спасам ? И да не сфаќам се буквално? Има некој проблем како мојов?
Еднаш во друштво се случи слична ситуација, па на девојката и дадоа многу едноставен одговор: Светот не се врти само околу тебе. Што значи ете во тој момент шалата паднала на нејзе и толку. Тука е крајот. Нема потреба од драми и расправии. Друг пат нека ти текне на ова.
Се шалам ама не со секој, најмногу со другарка и брат ми сме по шегите на наша сметка. Не знам зошто ама мм кога ми упати некоја шала не знам да ја прифатам и одма одам на кавга, а мм е најопуштеното човече, а и во ПМС ако ме погоди е тогаш е надрндал не за цел ден , богами и месецот ќе го прежали , ама трудам се да се сменам де, малце...
Зависи кои луѓе се наоколу, бидејќи не сите сакаат хумор. Јас сакам луѓе со смисла за хумор, но не и кога претеруваат.
Уште бев мала за врски кога читав тука на форумот во некоја тема што барате во партнер. Секаде пишуваше - хумор. Никогаш не ми беше јасно зошто, ама сега знам. Дали се работи за партнер или другар, немањето на иста смисла за хумор може да доведе до многу недоразборања. Јас сум срамежлива и единствен начин да доприш до мене е преку хуморот, само така би се надоврзала на разговорот. Да, сакам долги и сериозни разговори на секоја тема, но сакам и да можам да се насмеам без да мора да објаснувам зошто сум го рекла тоа. Сакам и кога разговорот брзо се менува од една на друга тема, се' преку шега. И ако побара некој совет или ако мене ми е тежок период се обидувам да решам со мала доза на зафрканција. Често знам да употребам и црн хумор па скоро никогаш не сум разбрана, за жал.
Хумор адекватен на околностите. Се чувствувам непријатно кога некој е премногу лежерно насторен и се шегува на туѓа сметка без разлика дали другиот е океј со тоа или не. Важен ми е хуморот, но во рамките на нормалата. Не можам да поднесам луѓе на кои животот им е розов и не можеш сериозен разговор да направиш со нив, која и тема да ја отвориш они ќе ја насочат кон шегување.
Го ценам добриот хумор со вкус,претставен на соодветен начин и со емоции. Важам за доста досетливо и хумористично суштество, добро препознатлива карактеристика, одбирам што и пред кого кажувам. Сакам да ги расположам луѓето околу мене ,ретко правам шеги на туѓа сметка, освен ако се вклучиме во процесот повеќемина блиски по душа. Мојот омилен ,црниот хумор, го чувам исклучиво за најтесниот круг, секогаш се чудат како може некој истовремено да биде толку мрачен и смешен.
Човек со добра смисла за хумор автоматски ми станува посимпатичен и шармантен, дури и да нема други особени квалитети (за мој вкус). Не можам да поднесам луѓе што веднаш се лутат ако некој се пошегува малку на нивна сметка... Инаку мене ми е омилен црниот хумор и колку и да се трудам да го зачувам само за одредени моменти, понекогаш таа моја страна избива на виделина.