Смртен случај

Дискусија во 'Психологија' започната од Volsebnicka05, 11 јуни 2012.

  1. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    не најдов ваква тема затоа сакам да ве прашам за совет што стварно многу ме мачи...
    мојот братучет се самоуби на 3 ноември минатата година... ми остави многу трауми неможам ништо да направам без да се сетам на тоа... цела случка на неговиот погреб ми се мота низ глава како филм и нонстоп имам грутка во гуша за плачење....
    посебно кога ќе се собереме во друштво и кога ќе почнат оние муабети “ех и утре да ме нема баш мие гајле“, или пак “леле ќе си пукам со пиштол во глава“...мојот братучет така се самоуби
    незнам како да го преболам тоа...
    некни ми дојде многу тешко зошто ја гледав неговата слика и плачев и сакајќи дечко ми да ме утеши и ми вика “слушни ме не плачи не вреди“ леле незнаете колку ми дојде тешко кога ми рече дека не вреди, немате претстава колку сакам да го вратам времето
    незнам што да правам
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    75
    смртен случај

    ...и да го вратиш времето драга пак така ќе биде знаеш ли зошто? затоа што едноставно така требало и да биде! сите сме со некоја цел родени бар јас така верувам...насочи се кон убавите работи што ти се дешаваат....
    живеј го животот бидејќи сигурна сум дека и братуцед ти го сака тоа да си среќна....
    сигурно(може и грешам што размилсувам вака) полесно му е сега без разлика колку другите патат за него...може стварно се десило нешто од кое стварно требало така да биде...да замине од овој свет и да не гледа какви глупости се не се дешаваат!
     
  3. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    смртен случај

    не нема да биде така кога ќе знаеш што ќе се случи кога ќе се врати времето нема да се случи тоа ќе зборуваш со него ќе му ја поткрениш самодовербата за да не помисли на такво нешто..
    јас знам дека нема ништо да направам ако само мислам на тоа ама многу тешко ми успева да извадам од глава
     
  4. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    75
    смртен случај

    верувај мила.....колку и да го тешиш човек во одредени моменти џабе е.....свати го тоа требало така да биди! ти и да си му ја поткренела самодовербата...тоа можело само за кратко да биде бидејќи едно самоубиство не е од еден ден проблем...туку тоа се собирало и собирало....ти кажав биди среќна бидејќи тој го сака тоа...само така ти ќе ја постигнеш твојата цел!
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    смртен случај

    баш не требало така да биде зошто е самоубиство сам си посегна по животот
    ајде ако му се случеше нешто билошто и да починеше од тоа пак некако ок е ќе речиш судбина,така било пишано, така господ сакал да му го одземи животот.
    а ова сам си решава на свои 17 год да си го направи тоа само затоа што не бил задоволен од животот неможел да ги задоволи потребите на родителите па ќе ми речи некој дека ако не го направеше тоа крушум немаше некој да можи да влијае на неговата психа (имаше проблеми, цела грижа за куќата му беше оставена него)
    скоро секоја вечер ми е вака да размислувам на тоа....
     
  6. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    75
    смртен случај

    ... :( можеби драга не можел да се справи со тоа...и бил навистина премлад за да му доверат таква задача....потруди се да го разбериш и не се оптоварувај со тоа! не го оправдувам тоа...но обиди се да го сватиш барем малку бидејќи не се починува со починатите радувај му се на животот бидејќи секој момент е скапоцен!
     
    На Volsebnicka05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    15.744
    Пол:
    Женски
    смртен случај

    Немој при срце да ги ставаш таквите утешителни коментари.
    Во некои ситуации човек едноставно не знае што да каже и како истото ќе биде сфатено, а верувам дека што ти кажал дечко ти не било со лоша намера.
    Знам дека ти е тешко. Тешко е само од природна смрт кога ќе изгубиш човек, а не пак на таков начин. Не размислувај за причините, ниту за негативните работи. Седумнаесет години се многу кревок период и тогаш човек често мисли дека е неспособен да постигне нешто, па запаѓа во депресија и губи самодоверба. Тоа го одвело и братучед ти, не дозволувај и тебе да те потиснува истото размислувајќи за него на таков начин. Затоа луѓе, разговарајте често со оние кои ви значат. Може да се смее по цел ден личноста, а во себе да умира. Мал поттик да ви се отвори, не ќе е на одмет.
    Животот продолжува. Лошо е да дозволиш во срцето спомените да ти умрат.
    Физички сите ќе не снема еден ден, и ако не не’ запомнат најблиските, исто ќе е ко да не сме постоеле. И во контекст, моменталнава песна што ми се врти...
    "See we both gotta die, but yоu chose to go before me,
    And brothas miss you while you're gone,
    You left your nigga on his own,
    No matter how long we mourn,
    Life goes on..."
     
    На karenin, ilipili, La.Reina.Del.Sur и 3 други им се допаѓа ова.
  8. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    349
    смртен случај

    Знам дека ти е тешко.
    Но времето неможеш да го вратиш.
    Вака ке ти биде долго време,ама знај дека времето лечи се.Не викам дека со тек на време ке го заборавиш,туку малку ке ти биде полесно.
    На пример прабаба ми почина кога имав 11 год.И ми беше мн тешко бидејки со неа бев мн приврзана,повеке отколку со баба ми.Плачев за неа,ја мислев,но како поминуваше времето ми ги лечеше раните.И сега кога имам 18 год. сеуште ми фали,сеуште ја сакам,но сепак малку ми е полесно.
    А и годиниве ти се ранливи (блиску сме со годините) но биди храбра.
    И јас см имала мн,мн тешки моменти,моменти кога не сум можела да издржам,кога ми фалел некој,кога немав подршка од никој,но сепак успеав да остаанам на нозе......Затоа издржи и немој се што ке ти кажат да го свакаш погрешно,малку мисли позитивно! :) :*
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Смртта е нормален процес. Калиопе ти кажа добро, сите еден ден ќе не снема физички но доколку на некои сме им значеле ние ќе останеме со нив и после нашата смрт.
    Знаеш, мојата тетка ја убија. Единствената блиска роднина на мајка ми, единствената која ја остави после себе личноста која ја сметав за татко...
    Не личев на себе, не верував, болно беше... Боли сеуште, јас не ја ни видов мртва...
    Имаше живот во неа, надежи, оптимизам... Беше пример за другарство, слога, љубов.
    Се случува многу често и да плачам (како и сега дури го пишувам ова) иако знам дека така нема да ја вратам.... Но се обидувам да живеам со нејзиниот спомен, она што научив од неа и со надеж дека некогаш и негде повторно ќе ја сретнам.

    Поздрав и секое добро ;)
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Ох мила тешко е те разбирам,но мораш да разбериш дека ти не си виновна за неговата смрт. Не си знаела какви мисли има и не си можела да направиш ништо.Не можеш да го вратиш времето назад,но можеш да го зачуваш споменот на него како ведар лик кој што секогаш е тука за тебе.Сигурна сум дека те гледа од горе и сака да си среќна.И двајцата мои родители се починати, претешко е,ништо не можи да ми ја смали таа болка и празнина во мене, но секогаш си мислам дека би биле тажни ако и јас сум тажна и ако не успеам во животот да се изградам како личност каква што тие би сакале да бидам.Тоа ми е поттик и храброст да се борам и да сум силна после секој пад кој што ми го носи суровиот живот.Се што ќе правиш понатаму за себе,прави го и за него,нека живее низ твоите дела и мисли и нека се гордее на твоите успеси и на твојата битка против тагата од која што верувам дека ќе излезеш како победник.Се надевам дека барем малце ти помогнаа моите зборови. :*
     
  11. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    многу ми тежи на душа тоа шо се случи со него и нормално дека сум виновна не само јас туку целата фамилија... ако ние за него бевме тука кога тој имаше потреба од тоа немаше да му дојди ни на памет за да го направи тоа. многу пати си имам пробано да го објаснам сето тоа ама пак излегува дека е наша вина... значи тој кријаше немаше човек на кого му имаше спомнато дека го помислува тоа, па не дека ќе го направи. во прошталното писмо тој убаво имаше објаснато: “премногу очекувате од мене, јас неможам да ги задоволам вашите очекувања, јас сум пропаст јас не вреди да живеам вие ќе бидите посреќни ако мене ме нема“
    па ако некој му текнеше бе од нас да си окара мајка и да си речи како му е на детево, дали се смее како што треба. ќе можеше нешто по друго да се случи да не бифдио вака како шо е сега
     
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Како што ти кажав и во претходниот пост него му било тешко да, но ти не си можела да смениш ништо за да му е полесно него,сепак си била на негови години.Сигурна сум дека неколку пати барем си го насмеала пред да се случи тоа кога сте биле заедно или пак си зборувала со него на некоја тема што направило барем за миг да му е подобро.Тоа не е доволно секако,но таа помисла нека те води понатаму и дека не би сакал да си тажна и да се обвинуваш себеси,туку да живееш во иднината,а не во минатото бидејќи што повеќе тонеш во минатото,тоа е полошо за тебе. Избори се за тебе,а и за него, нека живее тој низ твоите успеси и мисли.
     
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    Денот,датумот,месецот,годината секогаш ќе бидат присутни во твојот живот бидејќи чуствуваш тага кон ближниот,но неможеш себе си да се обвинуваш ниту фамилијата знам дека е тешко нема зборови со кој ќе ја ублажат твојата тага,но тоа е негова одлука тој сигурно бил западнат во депресија и негледал никаква солуција за проблемот кој го тиштел.Кога би побарал помош од било кој од вас можеби ќе сте забележале нешто и секако на секој начин би сте му помогнале сега единствено ти преостанува да се помириш дека физички го нема меѓу вас но ситеубави спомени помниги и продолжи со животот биди ми поздравена
     
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    Еве да се вмешам и јас во муабетов.
    Вака сега, тоа што се случило, се случило. Времето не се враќа назад и некои расипани работи не се поправаат. Знам дека ова не е утеха и дека го имаш слушнато многу пати, но тоа е болната вистина со која сите ние ќе треба да се соочиме некој ден.
    Седумнаесет години е возраст на која врз еден млад човек може да има многу различни влијанија и да го доведат во состојба на депресија. Депресијата никој не ја сфаќа како сериозен проблем, но тоа е една од главните причини за самоубиства. Самоубиството е еден себичен акт, бидејќи тој што ги извршува на некој начин се спасува од тоа што го измачува, но прави други луѓе да имаат трауми и да се осеќаат вака, како ти сега долго време, па дури и цел живот. Сепак, тој тоа не го знаел или не гледал така на тоа. Кога човек е во состојба на депресија мисли дека никој на светот не го сака и дека е вишок и дека ќе им направи на сите услуга ако исчезне, со други зборови, ако направи да не постои. Секако, можеме да најдеме причини кои ја доведуваат една индивидуа до состојба на депресија, можете вие самите да се обвинувате и да се измачувате, но тоа е се еден проблем со главата. Не е никој крив. Едноставно самата личност е соочена со поинаква реалност од реалноста на другите луѓе и прави чекори несфатливи за сите. Поентата е, никој не е крив. Не можеш ти целиот твој живот да го поминеш прашувајќи се „Што ако...?“ Не би било добро за тебе да се оптоваруваш со ова, бидејќи животот оди напред без разлика на се. Нема „што ако?“. Можеби би можела да помогнеш, а можеби и не. Тоа е навистина сурово да си го правиш на самата себе си. Ако размислуваш премногу за ова, можеш да се доведеш и ти во слична состојба и да има последици. Човечки е и да се тагува и да се жали, но покрај се мора да се продолжи да се живее. Кога ќе видиш колку бесмислено е целово наше постоње можеби и ќе се запрашаш зошто, но тоа е тоа. Знам дека е многу полесно да се даде совет, отколку истиот да се послуша, но верувам дека и другите од твојата фамилија се запрепастени, па мора да се справуваат некако со тоа. Биди силна, многу полоши работи идат во животот. Кон некого повеќе, кон некого помалку, но животот во глобала е суров. Пробај да си легнуваш ептен кога ќе ти се спие со што ќе избегнеш да размислуваш и сонот и заморот ќе те провладат, а преку ден биди зафатена со нешто.. Така ќе се чувствуваш подобро. Се надевам дека ќе го надминеш ова..
     
    На Volsebnicka05 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    луге незнам шо да ви кажам за советиве
    верувајте ми дека сега плачам и дека не пишав само за да привлечам со темата немам ниту пишано ниту кажано на некој како се чувствувам многу мие тешко знам дека треба само да го заборавам
    многу ми опадна психата- си легнувам многу касно 5-6 сатот сабајле и ги зае*бав сите други обврски
    факултетот итн.
    незнам дури ни шо да пишам не ми иди ништо друго на ум
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    Не мора ништо да кажеш, едноставно пробај да ги применеш.
    Ако не можеш и твојата ситуација не се подобрува, те советувам да посетиш психијатар кој ќе ти помогне да ја надминеш оваа траума и да ја отфрлиш вината што ја чувствуваш..
     
  17. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    947
    во животот треба да се бориш,колку и е да жално тој сам си го сторил тоа никој не е крив,ниту една причина не е толку добра да го стори тоа,нека ти биде пример за потклекнување кое во НИКОЈ случај не смееш да го направиш.Ахххх колку луѓе би дале се на светот да живеат уште еден ден,час....
     
  18. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    А дали тој е помислил на тебе пред да направи такво нешто. :(
    Можеби имал голема причина што си го одземал животот но едно запамти сега тој е на подобро место и немој да плачеш повеќе. :)
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551

    Можам да замислам колку ти е тешко. someone2 има право, иако ја не оправдувам самоубивање someone2 има право! :)
     
  20. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site..gledam temata e smrten slucaj,pa si velam,aj i jas da si se iskazam,da mi olesni..pred 3 godini pocina tatko mi..toa bese ladna,surova zima,bas na golemiot praznik Badnik,koga site palat ogan i slavat kolede..jas go isprakjav tate na neboto.toa bese strashen udar,od nasmeana ,vesela majtapcika,stanav zatvorena i povlecena devojka..zivotot od koren mi go izmeni..kolku bi sakala da se vrati vremeto..mozebi i ke mu pomognev..imase rak no do poslednata sedmica ne znaevme..ne sakase da odi analizi da napravi,velese deka e podobar i mislevme deka e navistina taka..taa vecer vo 18 casot i 25 min ,izguben od pregolemata doza morfium(protiv bolki),sobra sili gi otvori ocite,so ocite me pobara niz sobata,koga me vide se nasmevna i me napusti..no toj ke e vecno so mene..
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.