Смртта не раздели..

Дискусија во 'Разделби' започната од sweety200, 17 април 2013.

  1. sweety200

    sweety200 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки имав дечко кој многу го сакав..тој неодамна умре во сообракјна несрека..од тогаш целиот свет ми е срушен,неможам да се соземам се ми е црно се би дала да се врати времето
    Во депресија сум почнав се да гледам негативно на работите и неможам да се оправам.. ;(
    тешко ми е и незнам што ке правам понатака со животот и како да се оправам ;(
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Злато, најмногу што можам е делумно да замислам како може да се чувствуваш, тоа ми е јасно.
    Но, колку и сурово да звучи, ти си таа која е жива и мораш да продолжиш да живееш.
    Не да се преправаш дека си преболила од култура, туку навистина да преболиш.
    Да викаш, да се исплачеш, да зборуваш за тоа (особено препорачливо со стручно лице, психолог и сл.)
    Кога жалиме за саканата личност најчесто не мислиме на себе и на сопственото здравје, што потоа се одразува многу лошо.

    Исплачи се, искажи се, побарај помош да го пребродиш ова и продолжи понатаму. :* :hug:
     
    На Gmai му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Леле душа,премногу ми е жал :( ...Не можам ни да замислам како се осекаш..Секогаш е потешко за тие што остануваат тука на овој свет,ама требало така да биди...Ти си тука,жива си гледај си го здравјето а можиш и на психолог да се обратиш,сепак е премногу стресна ситуација...Само не заборавај дека времето лечи се!Не велам дека некогаш ке го заборавиш скроз но со текот на времето секавањето на него нема да ти претставува толкава мака и болка...Животот има план за сите нас,затоа само цврсто и бори се!
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    9.447
    Пол:
    Женски
    верувам дека многу ти е тешко :( .мораш да продолжиш понатаму.мораш да го извадиш сиот бес и бол од тебе.биди силна .мораш да мислиш позитивно.излегувај почесто,дружи се,ќе продолжиш понатаму. Gоспод го земал кај него ,тој знае само како и зошто се случуваат такви работи.
    продолжи да живееш,и понатаму во иднина се надевам ќе сретнеш нова љубов.
    биди цврста,со тебе сме :hug:
     
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Вакви работи многу ме потресуваат.. Мислам дека не ни можам да замислам како се чувствуваш.. :(
    Мој совет е да си земеш колку што ти е потребно време за да преболиш, да се исплачеш, разговарај со најблиските..
    Ако треба побарај и професионална помош, ама никако не си ги чувај работите во себе, така само полошо ќе си направиш.
    Времето можеби нема да направи да го заборавиш но ќе ја намали болката, верувај!

    Остани силна, со тебе сме! :hug:
     
  6. sweety200

    sweety200 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала многу девојки
    премногу ми е тешко ама ке пробам некако да станам на нозе.. нема друго чаре ;(
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Ништо не боли повеќе од загуба на близок човек. Посебно млад, пред кој што бил животот! Мој совет ти е да побараш стручна помош,за што побргу и полесно да го пребродиш ова. Ќе те боли уште многу долго, цел живот ќе се присеќаш на добрите и лошите работи. Само биди храбра и побарај помош! Ова ти е совет од паталец, да не беше помошта која јас ја побарав ќе ги скинев сите нерви до сега. Нека му е лесна земјата, и тебе нека ти е со лес преболувањето... ;( :hug:
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    101.375
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучам излитено ама ќе си кажам.Времето навистина лечи се.Не во смисла да се заборавиш,туку да се научиш без него.Ако ти се плаче плачи,скрши нешто,пишувај,не мора да бидат литературни бисери туку едноставно исфрли го тоа од тебе.Нека излезе.Ако имаш потреба посети психолог или психијатар,тој ќе ти препише некое средство за смирување.Само немој да ги земаш без контрола.Остави времето нека тече,не се брани од спомените...и еден ден ќе научиш повторно да се смееш од срце,како малите деца кога проодуваат.Ќе ти биде тешко зашто ќе мислиш дека не треба да живееш да се смееш...ама знај преку секоја твоја насмевка и тој ќе се смее,ќе диши со тебе,ќе живее со тебе.
    :hug:
     
    На imelda, simply-red, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Како другите и јас ќе ти кажам дека времето лечи се.Никогаш нема да го заборавиш,но ќе се навикнеш да живееш без него.Некој тагата да ја чуваш во себе ако немаш на кого да ја кажеш кажи ја слодобно ако ен пишувај некаде ќе ти олесни,плачи,крши,викај но немој во себе да чиваш затоа што може да дојде и до најлошото.
    Најдобро ќе бидеш да посетиш професионална помош на почеток првите 2-3 месеци по 2 пати неделно потоа по 1 доволно ќе ти еее....и така во наредната една година или 6 месеци зависи од тебе кога ке прифатиш дека го нема и кога ќе сватеш дека можеш да живееш без него.
     
  10. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Моето сочувство ;( ;( ;( ......види ти не можеш да се закопаш во своите солзи туку пробај некако тргни ги тие мисли ;) оди некаде на краток одмор одмори се убаво зошто ако продолжиш да жалиш и да плачеш и да влегуваш во депресии тоа може да те уништи......дечко ти би сакал ти да продолжиш со животот и да тргнеш од таму каде што застана.....трпение-спасение
    Поздрав :*
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Се наежувам кога ќе прочитам вакво нешто. Мојот најголем страв. Незнам зошто ама стварно ова ми предизвикува болка уште кога ќе помислам на тоа. ;( Несакам ни да го изговорам на глас. Ми застанува зборот. :(

    И не, јас неможам да замислам како се чувствува девојката. Она си знае како и е.

    Мој совет е да си побараш стручна помош, друго не преостанува. Најмногу тоа може да ти помогне. Немој да држиш во себе, и немој да се оддалечуваш од луѓето кои те сакаат. А со тек на време ќе научиш да живееш со тоа.
     
  12. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Многу ми е жал. Само ти си знаеш како ти е. Јас знам приближно, сум била во ситуација кога сум изгубила некој, не дечко, мојот братучед, во сообраќајна несреќа, беше премногу млад и премногу сакан. Премногу болеше, лудо болеше, ама животот продолжува сакале или неќеле. Ќе помине со време, никогаш нема да помине целосно, секогаш ќе има траг во твојата душа ама ќе помине болката верувај ми. Дај си време за тагување, времето малку ќе залечи а потоа и ќе излечи. Те поздравувам и ти посакувам да бидеш силна.
    Морам пак да ти пишам, зошто ме нажали и ме потсети на периодот кога јас тагував. Незнам како да ти помогнам, би сакала да те утешам некако ама никој не може сега тоа да го направи. Мој совет, не се ограничувај да ги држиш емоциите во себе, плачи ама контролирај се, исплачи се ама кажи и доста е, зашто ако тргнеш да плачеш цело време ти се чини дека никогаш нема да престанеш, а и до бескрај да плачеш тој нема да се врати а ти мора да научиш да живееш без него. Занимавај ги мислите, работи нешто, движи се, биди зафатена, мене лично ме фаќаа кризи кога останував сама и кога имав време за размислување, иако и кога бев меѓу луѓе се прашував зошто сите овие луѓе се живи и среќни а само него го нема. Ама со тек на време ќе помине, и ќе дојдат посончеви денови, верувај ми, повторно ќе се смееш, повторно ќе се заљубиш, повторно ќе се радуваш, ќе бидеш среќна... и ќе бидеш поинаква од другите, ќе бидеш посилна, позрела и ќе знаеш да ги препознаваш и да ги цениш вистинските работи во животот.
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Си реков да ја отворам темата и да видам што се случило....
    Јас ќе ти кажам дека знам како ти е,можеби немам изгубено дечко но имам изгубено многу драги особи..
    Ќе плачеш,ќе тагуваш,ќе го проколнуваш цел универзум поради ова,а најлошото допрва доаѓа,како времето ќе поминува ќе сфатиш дека имаш се поголема празнина без него..
    Низ сето ова поминав јас.
    Помош или мој совет неможам да ти дадам,бидејќи кој и да ми даде мене тогаш,беше залудно.
    Смртта е дел од животот,арно ама боли кога е блиска загубата и боли поради младите животи.
    Ќе ти кажам само едно,не дозволувај да се затвориш во себе,комуницирај и поминувај време со другарките и пријателите,дозволи си себе си да живееш,тешко е знам,но верувам дека ќе се опоравиш.
    Загубата ќе стои и ќе остане за цел живот.Но едно запомни,твојата сакана личност е помеѓу ангелите и те гледа,ќе те штити и преку соновите ќе ти испраќа пораки,сигурна сум дека таа личност најмалку од се сака ти да бидеш тажна.
    Од се срце ти посакувам храбро да го пребродиш ова,животот е таков,за некој мајка за некој маќеа.
    А смртта е дел од нас,од сите нас,но е многу тешка за прифаќање помеѓу нас кои остануваме да живееме без тие луѓе.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    141.383
    Жал ми е. Еве секогаш кога ти е тешко, пиши на форумов. Колку што можеме ке ти кажеме утешителен збор. Со тебе сме сите. Може не веруваш, ама бидеш еден ден пак среќна. Верувај ми.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    биди силна :) сигурна су дека имаш поддршка од пријатели, родители.. лесно е да се кажит, тешко е да се почуствуват. несака ни да зна како е.. најголем страв ми е, при самата помисла паранои ме фаќаат :(
     
  16. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    ајде и јас да пробам да се утешам овде со тоа што ќе си ја кажам маката ;(
    начи и мојот дечко почина а имаше само 24 години, несрекен случај на работа и не се спаси
    заедно бевме скоро 5 години,а живеевме заедно 2 години
    толку соништа имавме,требаше и да се земеме
    неможам да се помирам со тоа што беше толку добар со сите, прав не даваше да падне на мене
    сите ни завидуваа, ни најмала кавга немавме во тие 5 години, ми беше се
    како да продолжам кога сите соништата на мојот живот беа поврзани со него ;( ;(
    еве поминаа 20 дена, но станува се потешкоооооо
     
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Драга ЦуциТо
    ни еден наш збор кажан не може да го врати назад. Можам само да претпоставувам колку е тешко неубаво.
    Не е баш за споредба, но јас го загубив татко ми пред 3 години. Бев многу силна и добро го издржав тоа. Но, многу сакав да зборувам за тоа каков човек бил, да си раскажувам спомени од моментите поминати со него, да си пресетувам на некоја негова мудра мисла, прекор или шега.Некако така ми помагаше полесно да го поминам сето то. Обиди се и ти така. Верувам имаш блиски луѓе со кои можеш тоа да го споделиш. Не држи го во себе. Исплачи се, извикај се, скрши тањир....
    Изнапишај тука 10000 страни. Олесни се.
    Цел живот ќе ти недостига и ќе ти фали. Ако се чуствуваш многу слаба, побарај стручна помош. Не е ниту страшно, ниту срамно. Можеби со лекарства, а можеби само и со разговор ќе успееш малку да се стабилизираш.
    Болката е неизмерна, знам. Но мораш да живееш ти. Мисли на себе.
    Ние сме тука за тебе.
    Те гушкам и бакнувам :* :hug:
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    9.447
    Пол:
    Женски
    Cucito,верувам дека ти е премногу тешко и болно,но мораш да продолжиш напред,добрите кратко престојуваат во овој свет,немам зборови со кои би те утешила :( .Mожеш да поразговараш со некој близок кој ќе те разбере ,не држи во себе болка и тага,искажи се некому,исплачи се,побарај и стручна помош .Tаков е животот,ни поднесува изненадувања кога најмалку очекуваме,млад бил дечко ти и добра личност и гордеј се што си го познавала и што си го усреќила.Tи си жива и мораш да најдеш сили да живееш,болката останува за цел живот и спомените исто .Tака требало да биде,познавам девојка на која и се случи истото по две години се омажи за друг,се помири со судбината.Oна што ми е поента е дека тој засекогаш треба да живее во твоето срце ,биди силна и храбра :hug:
     
  19. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Жал ми е :( Тешка е загубата на толку близок човек, а и тешко е да се најдат зборови за утеха :( Разговарај со блиските - родители, брат/сестра, пријатели или, пак, со психолог. Обиди се за да не се затвориш во себе, искажи ја болката, сподели ја за некако да ја канализираш :hug:
     
  20. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    фала на подршката :)
    иначе да гледам да се присеќам на сите убави моменти поминати со него, разговараме за него
    деновиве сме сите заедно, се гледаме со неговото семејство
    и да не ви кажав има брат близнак, но во карактер се различни

    ми фали срцката, толку бевме среќни :wasntme:
    се надевам дека ќе можам понатаму пак да се заљубам, и да најдам некој како него
    затоа што он беше стварно вистинско ангелче