Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Миличка :x ... Не сакам да се изразам неубаво, ама кога ќе почнеш да постираш тука :@ затоа што има постови кои не ја напаѓаат снаа ти и одма напнуваш... |( не велам дека ти си лоша, ама многу напорно човече си, изгледа. Кога пишуваш јавно очекувај дека јавно ќе има и луѓе што нема да се согласуваат со тебе. А кога почнуваш со пасивно-агресивно однесување... :fubar: . И постигнуваш контраефект, место да ни докажеш колку снаа ти не чини, мене искрено се повеќе ми доаѓа да ја жалам сиротата и убедена сум дека не и е лесно. Па ти тука, кај што сите сме апсолутно неважни во животите едните на другите, пениш ако не е по твое, па докажуваш, напнуваш... а тек да живее со тебе некој... И тоа „Правам проблеми, ама со најдобри намери“ и „сакам само мир и љубов во светот, ама не ме разбираат“ тешко поминува, искрено. Ти одиш во две крајности или се докажуваш со сиротата или викаш „еве сега ја игнорирам“ и после чуди се. Сигурно и таа чувствува дека не ја поднесуваш, ова твоево ѓон да е човек, па ќе го осети.
    И лути се колку сакаш, ама нивните пари не се и никогаш нема да бидат твоја работа. И тоа „јас и ги знам плановите, сака да си ја троши платата, а нас да не избрка... “ цела теорија на заговор за империјата да ви је преземе? Релаксирај се малку дете, за твое добро, за доброто на семејството и на брат ти (не за снаа ти). Како сакаш сфати, ама вака изгледа дека најголем генератор на проблемите дома си ти со твоите обиди на сите да им ги отвориш очите колку не чини снаа ти...
     
    На bittersweet, andromedae, ibanez и 3 други им се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Цело време те читам ,ама мислам дека ти е криво за нешто околу неа,а што незнам јас-дали дека работи ,се средува,дали дека сега вниманието оди и на нејзе не само на тебе....не знам ,нема реално некој голем голем проблем,тоа е работа на твоите родители,да си најдат начин да и спомнат дека треба пр.машина да пушти-нека и спомнат еј девојче,ќе переме наши алишта твоите да ги ставам или ти сакаѓш сама......што ти знам индиректно нека си најда начин ако до толку оваа не сака..можеби мајка ти така се поставила готвење,перење,ја разгалила снашката ,не и дава да фати нешто,па оваа така си сфатила?
    Немој да мислиш -за моево болдирано -дека на некој му се обрнува повеќе внимание оти е без еден родител!!!! За вакви мислења се напнувам максимално! Верувај дека ретко кој ќе те ожали,за тоа,може во почеток ќе му биде криво,ете и јас сум без родител,но никој не ме третира посебно а и да би било така не би поднела некој да ме сожалува ;)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ај мало советче од вас.
    Вчера бевме на коктел со золва ми и маж и, кумовите и уште два пара, сите на една маса (а воедно и сите сме роднини). Е сега, бидејќи со кумот си го имам муабетот а и плус не го бев видела долго време (а со золва ми речиси секој ден се гледаме) си седнавме еден до друг, си пиевме заедно винце, се смеевме... Золва ми беше на другата страна од масата. Критично е следново. Станавме јас и кумата да ги надополниме чиниите со мезе, и кога се вратив золва ми некако цинично ми се обрати: зошто мене не ме викна и јас да ја надополнам чинијата? И објаснив дека јас мојата ја наполнив цела, за да има за сите.
    Втора ситуација-ме запознава мм со Х јавни личности, а она направи како фацка некако па дури си даде за право да искоментира: Аааа, да не се жалеш од брат ми, секаде те претставува тебе. (ова го сфатив како секаде мене ме претставува а неа не, мислам нормално јас сум му сопруга де)

    Е јас сум такво смотано пујче (инаку пујка е мисирка) и се осеќам глупо сеа. Си се прашувам, дали можеби има доза на љубомора кај золва ми или јас некаде грешам ? Навистина ми е многу глупаво кога се наоѓам во такви ситуации. А во целина золва ми е многу добра жена, си немам со неа проблеми до сеа, фала Богу.
    П.С многу често знае маж и да префрли: ајде вие имате среден живот, убави работи бла бла бла
     
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Точно има и такви кои сигурно нема секогш да се согласуваат со мене а некогаш ќе се согласат кога навистина нема потреба. Еве ти Li0ness што мислиш во што е грешката што јас и таа не можеме да фукционираме добро. Мислиш дека проблемот е во мене и дека моите постови ве наведоа да мислите дека јас сум премногу љубоморна и егоистична во однос спрема неа? Јас тоа се обидувам да го сфатам цело време а не кога демек некој ме напаѓа јас веднаш така коментирам и ете гоконтраефектот. Јас сао го објаснив проблемот во детали спомнувајќи и пари и се за да стане појасна ситуацијата за вие да можите да разберете. Значи тие пари не реков дека се моја работа, јас не ги трошам нивните пари и немам врска со тоа. Проблемот беше друг. Таа мене ми се нафрли жалејќи се дека и е тешко околу домашните работи и дека јас постојано се вадам со учење. Што и претставува тежина не знам кога сите си ја бркаме својата работа колку што можиме никој ништо не ја тера. Затоа потенцирам да се читаат постовите како што треба а не меѓу редови. Да напнувам оти гледам колку моите родители се разочарани во поглед на тоа. Никој не сака нивното дете да има таква снаа која не ја интересира куќата пред се а ја интересираат други работи. А во однос на мислењето на maca99 можеби ти делуваше тоа дискриминирачки извини но не значи дека тебе ако не те третирале така дека други не третираат. Јас сум жив сведок на тоа и сум го осетила и вистина ствара љубомора нема да одречам колку и да не сум во право и знам дека не сум ама ете ме иритираат такви работи па мене. Дури и неа ја нервираат неколку пати ми го има тоа кажано. Овде сега не станува збор за снаа ми бидејќи остапнавме од темава. Ме третираат вика како за грев и само ме сожалуваат. И од такви работи девојката е задивена многу се плаши дека секој еден можи да и наштети. Поубаво прашајте ме зошто така сум напишала од колку пребрзо да судите. Кај мене дома нема такви делби на сироти и не сироти. Сите еднакво сме третирани. Бидејќи е многу поразлично кога имаш жал спрема некој а многу е поразлично кога заради таа жал други страдаат. Мене мие жал за девојката оти е со таква судбина. Детството го минала во солзи и седење дома а не дружба и забава и никогаш не сум ја гледала како гревче, ја третирам нормално како и сите. И секогаш се трудам тоа да го забележи. Викам исто така дека се фафоризира брат му постојано. Мене тоа ми пречи за дечко ми и не сакам едноставно да слушам постојано каде што мајка му вика XX (син ми мој вака син ми мој така). А дечко ми никој никаде не го спомнува. Е сега пак за разлика од снаа ми со иднава ми јатрва изградивем друг и поинаков однос ако не сме се уште во тоа семејство. Се советуваме и си помагаме јас сега почнав да ја гледам поинаку а и таа мене за разлика од пред тоа кога во некој од другите теми и постови постирав дека има недоразбирања. Значи нашите недоразбирања не беа од нас предизвикани туку од домашните на дечковциве и ние си дојдовме до таков заклучок. И таа ја иритирало кога името мое се споменувало а и мене исто така и тоа го надминавме. Ама веќе ова е друга тема така да се враќам на старото пак. Индовидуално е кој како ќе сфати затоа и постои една мислам дека поубаво на луѓето да не им се даваат објаснувања бидејќи и онака тие си сфаќаат како што ним и одговара. Сепак благодарам се трудите да објасните нешто што јас можеби бегам да го согледам. Можеби па и снаа ми не е толку лоша личност како што јас ви ја претставив но бесот и лутината ме натераа на тоа да мислам. Дај боже да се среди се па моите зборови кажани тука да се сменат :worried:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Тебе нема што да ти биде глупаво и безвезе. Покажала мала доза на љубомора и ок е, се додека е контролирано и не излезе од граница. Очекувала да и посветиш малку повеќе внимание кое за жал не го добила ;) .
    Си немаш со неа проблеми зошто не сте во иста куќа.
    Секаде ја има таа љубомора, кога сестрата сваќа дека не е на прво место кај братот бидејќи тој има жена и таа жена го зазела нејзиното место (баш така размислуваат такви личности).
    Не се замарај со такви ситници, снашката е секогаш таа која боде очи во семејството и за некого ќе биде добра а за некого лоша.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Миличка ако не ти е проблем, бидејќи се долги текстовите, одделувај ги во параграфи, тешко ми е да те читам и разберам вака, а баш ми сакала да навлезам во проблемов и дадам мислење.
     
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    5.330
    Пол:
    Женски
    миличка,имаш 2 опции
    1.доколку имаш твоја соба седи си што повеќе таму за да не се сретнувате со снаа ти освен за јадење и девојко немој да ја регистрираш...млада си и треба да го завршиш факултетот па здравје потоа нели да се мажиш :)
    2.разговарај со твоите родители и кажи им го проблемот ама на само без брат ти и гледај даги убедиш твоите да го преселат брат ти и снаа ри во куката па макар и малку да им реновираат... ;)
    некогаш мирот човек мора сам да си го плати.поздрав
     
  8. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    леле постови ли се постови...незнам бе миличка шо толку си запнала за снашката,не мие јасно, а уште помалце ми е јасно шо толку се обидуваш да наметнеш свое мислење.
    ај јас да си кажам мое мислење и се предвреме извињавам ако некого навредам или било шо, зш како шо имате приметено не сакам многу многу да се истакнувам низ форумов поготово не со некој да се карам или препукавам, само од време на време ме гагаат некои постови па да си се искажам.
    ај да не тупам...
    како прво јас сум мажена имам девер имам јатрва свекор свекрва и се што дал господ.е сеа не викам дека секој ден ружи цветаат кај нас ама далеку сме од вакви ситуации...а како ке се запраша некој?
    епа и да не се запрашате ке си кажам...јас од како сум дојдена во оваа фамилија никому лош збор немам речено.односот ни е крајно коректен, културен и можам да речам на ниво.и сеа ние не живееме заедно секој си е посебно(знам дека ова ке наиде на коментари од типот аха ете затоа вие сте у добри односи вака така) ама верувајте не е се во тоа.јас имам од порано наведено тука дека имам проблеми од типот како свекорот и свекрвата ми се мешаат, имаше период кога си подплацнував од време на време, ама сватив дека не треба така.едноставно мислам дека се сум си свакала при срце, и може ми е било малку потешко што ете се делам од моите, што ете сега веке морам да се грижам на некој начин и за неции други родители и се тоа.
    не битно...
    имам исто и снаа за брат.бидејки јас брат ми го сакам повеке од се на светот, срекна сум за него и за секој негов избор со го прави во животот. е сеа и покрај тоа сто не сме повеке мали јас со него се слусам дневно по три пати најмалку, брат ми е адвокат и многу често ме (изненадува) со по некое денарче,се грижи за мене, ми купува поклонциња,ке ме изведе на доручек, на кафе, на сладолед...е сеа кога веке се ближеше свадбата мене малку поцна да ме фака паникакако јас маза на бато сега ке го делам со некоја си таму...ама сватив дека сум грешка зошто ништо од тоа не се промени.ние сме си исто што од секогас сме биле само што сека имаме плус двајца, маж ми и снаа ми...
    муабетот ми е немој да се оптеретуваш со снаата, ако ти бедеш коректна спрема неа верувај ке ти биде возвратено дупло.за тоа како таа троси ама ич да не те тангира.затоа се мачело девојчето, учело, се трудело за да постигне нешто,па сеа уште ти да и водиш сметка??? неке моки така
    е сеа убаво ти рече некој погоре не до толку ваљда дека се зголемени и сметки и се со една уста плус во куката нели? ете ви даваат дома половина од платата што мислам дека и тоа е многу, ама за другата половина па дај молим те...а да не е твојата бурна реакција малку последица од љубомора за бато?
    не значи дека ако сте довеле снаа во куката дека таа треба да работи се и сешто.ете и она оди на работа па може уморна е.ете една вецер мајкати садовите една снаата, па таткоти, па брат ти, па ти, оп ете средена кука.или барем кај нас јас и маж ми сме рамноправни секадепа дури и во миење садови.
    поздрав о извинете за огромниот пост, ама се надевам дека ке свати миличка со сакав да и доловам.
     
    На maca99 и imelda им се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас само ќе генерализирам а нема да реплицирам никого :)
    Дали некој се запраша како и е на таа снашка/снајка/снаа во новиот дом. Значи, стекнување на нови навики во таа куќа (ако се живее во заедница со старите и золва или девер), прилагодување на таа нова средина. Препоставувам, никој, и секој си гледа за себе, не е ни битно.
    Во поголем број на случаеви мажите се несозреани и незнаат како да ја земат работата во свои раце или пак ако младите се зависни од старите ќе играат по нивни правила и против нивна желба.
    Лесно е да се клевети и префрла вината ама оди седни на маса, раздлаби го проблемот и го реши.
    Согледај ја работата од сите агли па потоа сечи.
    Дај Боже и таа золва некаде да биде снаа. Интересно е како тогаш коцките се менуваат.
     
    На eli25, maca99, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Блонд, золвата се зајадила малку, ама не и` удирај кусури. Биди си пристојна, како и секогаш, не паѓај на туѓи провокации. ;)
     
    На blond, maca99 и soco им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А, бе, стално ги читам темиве и не сакам да се мешам, не ми е работа, ама искрено многу затупавен народ сме. Не посочувам на никого конкретно, ама зошто се мажат/женат, кога немаат нивна куќа, нивно нешто, па да си живеат на раат. На што личи ова јас не знам, мислам, од страна гледано, се ми е толку банално и толку невредно ни да помислите на тоа, а па уште помалку да се замарате... :x Само човек некогаш запаѓа во вртлогот на самосожалување, се некои глупави проблемчиња го мачат, сите не чинат.

    Знам за едни млади, си уплатиле нивно станче, седеле на под да ручаат првите 5-6 месеци оти немале маса и столови. Нема пари, што да прават, ама нивно си е и најубаво им било, макар и на под. Ги викале родителите да седат кај нив, и едните и другите, овие не сакале ни да чујат. Па се со ред, си купиле и си наместиле. Од небо ништо не паѓа, дедо Боже досега не фрлил наместен стан од 100 квадрата.

    Ма не се мажам бре, не се мажам додека нема каде да живеам на раат, па мајка Јана нека е. Што, да не не родам дете, да не ми избега возот ?! Подобро да не родам никогаш, неголи да го родам во средина каде мајка му и баба му и тетка му се мразат и се во војна.

    После имало проблеми, епа ќе има. Со 10 луѓе во една куќа.... Едниот да прдне, на другиот да му замириса, на третиот ќе му мириса убаво. :D Арно си се знае на запад, после 18 ене ти ја вратата, чао, пријатно, ариведерчи! Снајди се и истри се во животот. Ова кај нас, немам коментар.

    Само да ви кажам да си ги чувате живците, оти ќе ви требаат. :|
     
    На mimiiiii, najubava2010, Shana и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Не сум ни снаа, ни золва, ама не мозев да издржам да не си кажам....Никој од вас тука не е ни крив, ни прав,проблемот е во нашиот генерално лош стандард или во немаштијата, де.Па, сакале или не мора од сто мајки деца да живеат под ист кров и да се караат кој дал пари за тоалетна хартија, а кој не!Ете, тоа е нашата трагедија!Секој да си живее под свој кров и да си се гледаат еднаш неделно на кафе, би се сакале најмногу на свет и не би постоеле никакви должничко-доверителски релации.Ама, за жал, ова е Македонија драги Феминки!
     
    На Shana, ibanez, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Епа затоа децата прво треба да пораснат, да научат како сами ке се снаогаат во животот, па после да мислат на мажачки... женацки.

    Не за џабе ни збореле родителите учете за ваше добро е.Ама се ми личи немало кој да ги послуша.

    А не уште неиспилени 80 % од младите прво на што помислуваат кога ке се пробудат насабајле е го сакам, ке се мажам, а каде и од што ке живеам не е битно , битно ние се сакаме.

    Епа не било така
     
    На bibiiii, Shana, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Миличка, на почетокот мислев до снаата е, ама се повеќе мислам дека е до вас.
    Место татко ти да ве седне сите и да ви каже сите да давате пари и да се поделат обврските- што не ве седне и да ги праша што планираат понатаму? Дали сакаат тие да останат сами во станот, да одат во куќата, или им одговара вака да живеете?
    Место да си правите теории на заговор дека тоа и е целта, пробајте отворено да разговарате за ова, а не татко ти да прави ко пред 50 години (ако го имало и тогаш ова), сите да му давате пола плата за трошоци.

    Па кога да работи таа снаа по дома, кога очигледно е на работа доста време и кога ќе си дојде сака да си се релаксира пред компјутер.
    А се прашувам и колку може да се релаксира во таа нејзина соба, осеќам дека преку ден сите ја користите како дневна, сами се дури навечер.
    Можеби сака да си ја троши платата на јадење од надвор, можеби не сака да готви, ама не може тоа да ви го каже, оти татко ти како глава на семејството :^) веќе поставил правила.

    Плус викаш демек гледала каде се мажи, па можеби мислела да си заштедува од платата и ги искористи за нешто, не знам, ама ние овде не можеме да ти го кажеме тоа, туку таа- затоа место да и попува татко ти што и како да прави, седнете и разговарајте како рамноправни, покажете и дека и таа е важна, дека и нејзиното мислење се цени, покажете дека сте заинтересирани што таа има да каже, а не само да и кажувате однапред донесени одлуки.

    Никој не ти вика да и ја отстапиш собата, туку да најдете некое решение за преселба, дали вие или тие, сеедно- само така ќе има мир и хармонија која ти толку многу ја сакаш.
     
    На bittersweet, Li0ness, najubava2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    Mi se dopaga razmisluvanjeto na Lola-M.Za zal ziveeme vo siromasna zemja kade nemame uslovi sami da si sozdademe dom(vo prava smisla na zborot)Morame da vlezeme vo nekoe semejstvo kade sto i nie snaite im go rusime komoditetot na zolvite...Pa ako se pogodi nekoja(da ne posocuvam)celo vreme ke misli kako da vi go zgorca zivotot.Mojata zolvicka e mnogu pametna.Jas gi opsluzuvam roditelite(sega samo svekorot)a taa gi bere lovorikite.!Maz mi vika deka trebalo da se pravi poveke lice...Ne e vistina!Sekoj pameten covek moze da vidi od delata koj sto pravi...Od zborovi ne se zivee....No vo sekoj slucaj treba da ni bide jasno-site roditeli imaat slabost kon deteto sto poveke kuka!Tie se sekogas nesvateni,nesakani i zamislete mazite mozele da gi ostavat!!!!A nivnite braka nas nemozat da ne ostavat zosto se papucari!!!!!Ona sto go pravi sesta mu da go pravev JAS od mojot brak ke nemase ni B!!!! :fubar: Navistina treba da se vooruzame so trpenie zosto nervite ni se potrebni vo ova nase siromasno drzavice!!!!! :hai:
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Значи, прочитав отприлика доволно, за да можам да коментирам на темава.
    Имам золва и здравје боже, еден убав ден и јас ќе бидам золва.
    Муабетот ми е дека, кога ќе се доведе снашка во куќата, тоа е огромна промена за сите. Разликата е во тоа што, строседелците имаат за задача да научат и да прифатат еден карактер, а новодојдената треба да научи и да прифати најмалку 4 нови и различни карактери. Замислете само како ли и е нејзе? И првата година од бракот, треба да и се прогледува низ прсти додека трае периодот на привикнување. Не е едноставно, од денес до утре да се сменат навиките, сепак сите доаѓаме од различни семејства со различни правила и навики.
    Овдека прочитав негде дека биле приморани да даваат пола плата на свекорот. Каков парадокс, ем да плаќаш, ем да немаш мир и спокојство. Јас да сум на нивно место, парите што би требала да му ги дадам на свекорот, би ги дала за кирија, па барем душата ќе ми е на раат.
    Задоени од традиционалните сфаќања, многумина сметаат дека штом ќе дојде снашка во куќата, готово, сега работата ќе и ја префрлиме нејзе, па нека чисти,нека не служи сите по ред, а ние само ќе и заповедаме и ќе и наоѓаме мани. Ало бре, сте довеле снашка, не куќна помошничка. Утре и брат ми ќе доведе жена и ќе ја доживеам како другарка, каква сака нека е, таа за мене има значење, штом брат ми ја избрал за свој животен сопатник.Ако е тој среќен со неа и си ја сака, ќе си ја сакам и јас ,бидејќи го прави брат ми среќен, а тоа е сосема доволно за мене. И ако треба јас ќе им помагам, ќе им ги чувам децата, за да имаат повеќе време за себе.
    Не сум пристрасна и нема зошто да бидам, ние живееме сами,а пред тоа, една година во заедница со свекорот, свекрвата и золвата која сеуште не беше мажена. Откако се омажи золва ми и зет ми ни се како другари, па често за викенди си правиме заеднички седенки. Ама тука веќе се работи за карактери, меѓусебна љубов , разбирање и компромис. А ако земеме да се гледаме под лупа, тогаш ќе си изнајдеме мал милион недостатоци и причини за неподнесување.
     
    На bittersweet, najubava2010, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не мислам дека грешат од кај Миличка.
    По исцрпното пишување, гледам дека луѓето на најкултурен, најпристоен начин се трудат да има мир и разбирање во куќата, сите да си се` чисти со своите сметки, никој да не е должен, или да е покусо....

    Да беа некои други понеразбрани луѓе, имаше расправии да имаат еден куп.
    Миличка, не спомна караници, туку малку затегнати односи, каде тие сепак попуштаат, и` се трудат на сите начини да не ја навредат снаата.
    А, татко им, во небрано, кога не му е кадарен синот, мора самиот да ги земе конците во свои раце и на свој начин да ја решава ситуацијата. :!:

    На снаата и синот им е дадена опција да се преселат, ама не сака снаата. Значи не ја држи место ни во станот, ни во куќата, кој е тука крив? Зошто снаата јасно не се искажи што сака? :^)

    А, во станот, видела таа колкав е просторот, кој се луѓето, и треба да се потруди да живее и дели со нив заеднички, како што и тие убаво ја прифатиле. :)

    Е, сега, да не е целата вина на снаата, и таа можеби си има нејзини проблеми, секирации кои ја засегнуваат, па ги сокрива.... :?:

    Јас да живеам вака, и јас би се сложила да си ги делиме сметките пола-пола, за на крај да си имаме чиста сметка-долга љубов. :)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.508
    Допаѓања:
    173.662
    Гирл 23 и јас би се сложила да давам половина плата(навремето) ,ама кога ќе си дојдам дома и ручек направен,ниту кеси да влечам и да трчам дома ручек да правам и сл.
    Ама некои сакаат ем да прднат ,ем да стиснат.Јас неможам да сфатам како може некој кој заработува пари да дојде до тој степен да му бараат пари.(мислам јасна сум ,нели)Па кога веќе седнува на таа маса да јаде,а заработува пари,па мајка му стара,самата треба да се свести дека треба да стави и таа во тенџерето нешто.Кога врти бојлерот секој ден и тоа кошта ,сигурно комшијата нема да им ја плати струјата.
    Недела-две(ајде нели да се досети),ама па треба осет да се има,како може де седне да јаде,а притоа ниту едно лебче не внела во куќа.
    Тешко е и за снаата ,ама и за домашните.Ама најтешко е на тој што го готви ручекот ,да го смисли,да финансира,да испазари ,да го направи.
    Се фативме сите за нејзината плата-епа ајде де,нека се одделат како што рече некоја погоре,нека одат под кирија-ама не,добро е и вака-за кого како.

    Едно е теорија ,а друго пракса,така да ....
    Се ти е ова мач со две острици ,да незнае човек што да каже.
    Од мене толку по овој проблем,не коментирам веќе.Поздрав.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Потполно се согласувам со Дузи, Сеси и Геа.

    Ќе се потрудам да се ставам во кожата на снашката, и сега што се тиче финансирање на домот ќе си речам па готвеле тука по 4 порции секој ден, 5тата ваљда нема да им биде проблем, па да морам да си ја платам.

    Е сега ти рече се се лутела снашкава, пребирала, а била со се задоволена.
    Еве и јас сум тазе снашка, не баш тазе ама ај, живеам во заедница, и јас сум со се задоволена, што сакам да јадам веќе знаат и тоа ми купуваат макар и само за мене, некои навики ги променија, но во глобала јас сум таа што се адаптираше на нив, не тие на мене.
    Нивна должност беше да ми прифатат и колку можат да се зближат со мене, мое беше да се адаптирам на новиот дом, на новите карактери, на новите обврски, навики. Зошто секоја куќа е приказна за себе.

    Меѓутоа штом јас и Петко се веривме, еден ден си седнавме фино лепо на маса, и разговаравме за тоа како ќе функционираме.
    Нема никому преќутување, туку во моментот ќе си кажеш што мислиш, нема што јас преку Петко да им се обраќам на нив, тие се тука под еден кров, па се што имам да им кажам, да им кажам лично.
    Бидејки сме студенти ни кажаа, мислам Петко веќе си знаеше, мене ми кажаа, ние ќе се трудиме максимално да ви обезбедиме се што ви треба, храна, едно, друго, трето... додека да завршите со факултетот, потоа имате горе спрат кој треба да се опреми, дај Боже ќе се вработите, ние ќе помогнеме колку можеме и секој свој спрат, секој секому гостин. Ние сме створиле толку, и толку можеме да пружиме, повеќе не очекувајте, ако ви одговара ОК, ако не кажете и ќе бараме решение прифатливо за сите 4-ца.

    Миличка мислам неможеш вината ти кај снаата да ја бараш, што се лутела, што така се однесувала.
    Па и јас утре ако не ме перцепираат како рамноправен член на ова семејство и јас ќе се лутам, и ќе ми смета фала Богу, тоа што сум нова во тоа семејство, незначи дека треба јас на сите гзовите да им ги лижам.
    Или мене да ми бараат пола плата, а свекрва ми да оди на шопинг секоја недела, а јас едвај еднаш месечно да можам да појдам на фризер, или да неможам да си купам ништо со остатокот и јас ќе се лутам.

    Треба татко ти фино лепо сите 5 на маса. И еден убав лав муабет, прво на снашката и брат ти, ти синко што мислиш за понатака, што да правите, ќе живеете овде, ќе се селите, ти снашке исто што планираш?
    Домаќинствово функционира, ама се нема доволно пари, ние колку можеме даваме, ама толку и толку ни се платите, а зошто сме сега едно зедничко семејство под ист кров фер е и вие колку можете да помогнете.
    Ако собирате пари, планирате да се селите колку можете давајте па некако ќе врзуваме крај со крај, колку е- толку е.
    Работите и вие како нас, па колку што можете одвојте од платите и така да имаме поголем буџет за да можеме да функционираме.
    И потоа и снашката и братот нека кажат мислење, можат/неможат, сакаат/нејќат.
    И потоа фино, на културен и коректен начин можете да поразговарате и со снашката, дали и смета нешто, дали би променила, дали нешто ја нервира и сл.

    Неможете сега кога сте решиле сите заедно да живеете цело време да си преќутувате, да се избегнувате, и да собирате во себе.
    Еден ден ќе пукне тиквата и што?
    Нема да сакате еден на друг очи да си видите, затоа убав искрен разговор, сите карти на маса, и барање општополезно решение за сите членови.
     
    На Gea и blond им се допаѓа ова.
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Треба татко ти фино лепо сите 5 на маса. И еден убав лав муабет, прво на снашката и брат ти, ти синко што мислиш за понатака, што да правите, ќе живеете овде, ќе се селите, ти снашке исто што планираш?
    Домаќинствово функционира, ама се нема доволно пари, ние колку можеме даваме, ама толку и толку ни се платите, а зошто сме сега едно зедничко семејство под ист кров фер е и вие колку можете да помогнете.
    Ако собирате пари, планирате да се селите колку можете давајте па некако ќе врзуваме крај со крај, колку е- толку е.
    Работите и вие како нас, па колку што можете одвојте од платите и така да имаме поголем буџет за да можеме да функционираме.
    И потоа и снашката и братот нека кажат мислење, можат/неможат, сакаат/нејќат.
    И потоа фино, на културен и коректен начин можете да поразговарате и со снашката, дали и смета нешто, дали би променила, дали нешто ја нервира и сл.
    Ќе почнам од последниов пост па понатаму. :) Не ме интересираат прво вашите случки како снаи. Секој за себе и со засебна приказна. Не мие ни гајле како дел од вас ги третираат таму. Некоја ќе ја третираат како кралица некоја како мивка. Не мие мене тоа темата на разговор, бидејќи и јас ја читам само вашата страна а не и страната на золвите и јатрвите и свекрвите ваши како што вие се изнјаснивте. И како за информација вие многу лесно ми ја направивте сметката дома а многу вие тешко во одреден период да дадете совет каде што ќе видам баш од ваша страна гледано како вие мене ќе ме подржите. Но нормално залудно е јас да чекам ваша подршка кога и дел од вас јасно се изјаснивте дека е многу тешко да си во положба на снаа од колку на золва.
    Што се однесува на мојата реплика на најубава2010 е вака. Татко ми не седна сите. Како и што веќе јас кажав ама очигледно дека секој од вас чита само тоа што смета дека треба и е во ред а другото не. Тие уште не почеток кога се зедоа се изјаснија да седат во заедница. Околу пари никој не спомна. Колку да се привикне невестата беше тоа. Врвеа како вервеа месеците пари не достасуваат. Е сега ако за некој не се чини дека тоа една порција е многу да вистина не е многу демек кој и да е ќе речи е сега готвиш за 5 па за уште една не е проблем. Јас не потенцирав дека проблемот е околу храната кој ме сфатил така многу погрешил. Не потенцирав ни дека тие сметаат или било што. Не знам колку од вас го разбраа мојот проблем. Мојата порака беше вие да разберите колку од нас младите вклучена и јас како идна снаа а и вие меѓу нив тука што коментирате стапуваме/те во брак не зрели и многу тешко го сфаќаме значењето на бракот. Не е тоа за еден ден или нешто што може да се прогледа низ прсти. Јас не барам сопругата од брат ми да ми одговара мене или на моите родители и да биде со совршени пропорции во секој поглед кој така ме сфатил погрешил. Едноставно се разочарав од тоа колку една млада личност како неа упева да биде совладана од мрзата и себичноста во неа и да зависи денес од некој. Точно си зема плата и не треба да биде во најмала мера зависна од никој. Дури ни од самиот сопруг. А кога се спомнува прашањето за делба тие тоа го сфаќаат како кавга и како бркање од дома е тоа е незрелоста што јас ја потенцирам и што вие ја сфаќате во тоа кутрата снаа лошата миличка. Не феминки грешка. Ако чекам јас да бидам од вас сожалувана супер ќе направам. Очекував само да наидам на ваша подршка но не се случи со голем дел од вас бидејќи поставив проблем во сосема грешна тема. Мнозинство на снаи спрема една золва логично е тоа.
    Е сега кај си ја имав маката па и уште кога читав се растревожив од вас. Јас се обидував да ве сфатам и едно сфатив дека ни една од вас не кажа дека има добар однос со нејзината золва, ни со нејзината свекрва. И така да нема што јас да очекувам дека вие ќе се ставите во позиција моја и ќе се нападнете себеси кога и вие сте снаи. Зборувате дека јас се мешам околу нејзините пари и кажувам за што ги троши дека свекорот му ја зема пола плата ма ајде бе :D на што личи тоа ваше размислување. Ме убедувате дека постоеле две приказни и дека се карам со секој кој не ми оди во прилог на моето мислење е ајде по ваше како ќе реагирам еее браво јас те чекав тебе да ми кажеш дека грешам или дека има друга приказна проблемот. :lol: Ако беше така зошто јас би ви пишала вам и би ве запознала со мојата ситуација дома. Значи кога така вие сфаќате јас што да продолжам понатаму.

    Не мислам дека грешат од кај Миличка.
    По исцрпното пишување, гледам дека луѓето на најкултурен, најпристоен начин се трудат да има мир и разбирање во куќата, сите да си се` чисти со своите сметки, никој да не е должен, или да е покусо....

    Да беа некои други понеразбрани луѓе, имаше расправии да имаат еден куп.
    Миличка, не спомна караници, туку малку затегнати односи, каде тие сепак попуштаат, и` се трудат на сите начини да не ја навредат снаата.
    А, татко им, во небрано, кога не му е кадарен синот, мора самиот да ги земе конците во свои раце и на свој начин да ја решава ситуацијата.

    На снаата и синот им е дадена опција да се преселат, ама не сака снаата. Значи не ја држи место ни во станот, ни во куќата, кој е тука крив? Зошто снаата јасно не се искажи што сака?

    А, во станот, видела таа колкав е просторот, кој се луѓето, и треба да се потруди да живее и дели со нив заеднички, како што и тие убаво ја прифатиле.

    Е, сега, да не е целата вина на снаата, и таа можеби си има нејзини проблеми, секирации кои ја засегнуваат, па ги сокрива....

    Јас да живеам вака, и јас би се сложила да си ги делиме сметките пола-пола, за на крај да си имаме чиста сметка-долга љубов.
    Еве колку се труди да ме сфати и девојката. Јас очекував отвореност од страната на снаата е тоа точно да се искаже што сака иначе мене и на родителите не ние местото да се мешаме. Заради тој мир и ние не сме должни се и сешто да трпиме ни па тие се должни некого да издржуваат кога тој си има со што. Кога веќе се одлучиле на брак значи се спрени на се. Да ги преземат во целост обврските а не делумно. Ако се во заедница што треба. Целиот терет да е врз моите реодители.?Па зарем тие само брат ми го имаат? Јас сум на прагот за 2-3 години да се мажам. Треба и тие да мислат за мене или не? Треба да ме омажат како што е редот? Немојте ве молам така и уште еднаш кога се обидуате да давате совети мислете и дека и јас без причина не се жалам.