Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.322
    Допаѓања:
    170.709
    Пол:
    Женски
    Ај вака.
    Твоите родители имаат стан од 70тина м2.
    Две спални, една дневна, една кујна. Купатило и тераса.
    Едната спална, кујната и терасата да речеме се твои .
    Останатото на брат ти.
    Ти си мажена и живееш со маж ти кај неговите родители или сами, небитно. Имате дечиња во претшколска возраст.
    Брат ти нема услови да се осамостои, живеат заедно со родителите во неговиот дел.
    Всушност деловите уште не се станати ваши, зошто родителите ви се живи и станот е нивни. Они ви кажале дека ќе го препишат на вас .
    Брат ти има бебе цицалче.

    Кажи ми искрено.
    Ќе одиш секој ден со дечките кај мајка ти да си седиш во твојот дел.? Дечките ќе си играат, ќе пеат , ќе си прават што си сакаат де , кај баба им се , во на мајка им делот.
    Ама искрено ќе ми кажеш дали ќе одиш буквално секој ден оти ти се можи нели:)

    Само не ми вели дека снаата нема право да ти забрани.
    Нема, да!
    Ама треба ли да чекам она да ми пререче за нешто или да ми се дурли?
     
    На SandStorm, Kate Rina 93, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Ама зошто упорно примерите ти се случаи каде сестрата е мажена на друго место, а братот и снаата се останати со старите, зошто не ми одговори за обратниот случај, кога има домазет, а братот живее на друго место, дали и тој треба да е свесен дека ќе го навреди зетот ако доаѓа?

    А за болдот, па тогаш и снаата треба да си оди пошо и она и се меша во кујна на свекрвата пошо она си ја наредила по нејзино а снаава си наредила другачије?
    За фактот што готвењекујната и нејзиното средување не е исклучиво женска обврска ич да не почнувам, офтопик е.
     
    На cresa-jagoda и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    За да ги исчува на стари години. И после ќе слушнеш муабети како снаата се нервира зошто секој ден ја хранела и пресоблакала свекрвата, наместо тоа да го прави золвата.
     
    На st2007 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Независно ..... Свесен човек , културен , со почит , не прави во друга куќа проблеми ја согледува ситуација и постапува според неа ........... според твоето напишано ти ни грам срам немаш , ни осет ни подигната свест за жал ..... за тоа стапката на разводи е зголемена
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Не сум била ни ќе бидам во таква ситуација, а искрено јас лично не би одела.
    Ама ако некоја сака да оди и на родителите тоа не им пречи, не може братот или снаата да и забранат.

    Да, таа ќе им нарушува комоција на снаата и братот, ама и снаата и братот нарушуваат комоција на старите и свекорот може сака да дремне после ручек а не може од бебето, и свекрвата може сака да глеа турски серии со комшиките а не може...тоа е цената на живеење во заедница, може ние да филозофираме колку сакаме дека сега тоа е дом на снаата или слично, ама во реалност само во твој личен стан можеш да правиш што сакаш, во заедница или се приспособуваш или се одвојуваш.
     
    На An-na, cresa-jagoda, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  6. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.980
    Не е до мене прашањево, ама еве и јас ке ти одговорам дека не би одела ама да сум на местото на снаата ке бидам свесна дека тоа е куќа и на золвата и не би имала лице да преречам нешто. Ако не ми чини, би ја разгледала секоја можна опција за живеење одделно.
     
    На An-na, Sejfullai, Bubce38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.322
    Допаѓања:
    170.709
    Пол:
    Женски
    Зашо генерализираш вака?|(
    Не се нервира секоја снаа.
    Еве јас пример:)
    Чак што више забавно ми е да го одстојувам бабето мое.
    Поготово коа се бањаМЕ и коа се жали дека многу сум ја намокрила:rofl::rofl:

    Дечки факт е дека тешко се живее во заедница, по цел ден заедно по 2-3 генерации. Без никаква приватност:(
    Јас би се шекнала така.
    Во подрум ќе идам да живеам, ама мир ќе имам.
    Зборот ми беше дека треба да наидеме на разбирање понекогаш.
    Кој знае колку и е тешко на таа снаа, на тој брат, на тие родители.
    Да не им правам и јас уште потешко да им биде.
    Тоа ми беше суштината:hai:
     
    На Kate Rina 93, Annath, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    А од кај тоа генерализирам? Не реков дека сите снаи се нервираат.

    Едниот девер ми е како золва. Кога сме кај свекорот и свекрвата он доаѓа кога ќе му текне. На мене ми пречи, затоа што ми го ремети мирот. Буквално без осет. И во соба ми влага и седи. Ама си ќутам. Тоа не е мое. Ама затоа кај мене така не смее да прави. Кажано му е дека такво однесување само кај мама и тате може да има.
     
    На Oscar Lady, cresa-jagoda, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Тешко дека заради мене стапката на разводи е зголемена, ниту живеам во заедница, ниту планирам да живеам, макар да седам во една соба и да јадам макарони секој ден и да имам два пара фармерки.
    Јас на мој син би му помогнала финансиски колку можам, ама со снаа да живеам нема..ниту сакам некој мене да ми нарушува комоција, ниту јас нечија.

    А свесен човек си размислува за иднината и за обезбедување сопствен кров уште пред да стапи во брак, пари се штедат кога немаш обврски...е сеа што за некој е приоритет да шета секој викенд во Солун, да носи скапа облека и да менува најскапи телефони на два месеца, спиејќи на тоа уво дека друг треба да му обезбеди дом, тоа е веќе друга работа, ама во тој случај треба да си свесен и за негативните страни што следат со тоа, како што е наведениот проблем, а воедно и многу други.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.980
    Е дека золвите се причина за развод не бев помислила :D Друг не може да ти биде причина за развод. Причина може да биде непреземање одговорност за себе и очекувања дека свекрва/золва/родители треба да се однесуваат како што ти очекуваш. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Да во прави свесен човек си размислува за иднината и за обезбедување сопствен кров уште пред да стапи во брак, пари се штедат кога немаш обврски...... меѓутоа во Македонија има различни ситуации ....... не секој размислува така ..... сите неможеме да ги дискутираме има многу .... меѓутоа јас сметам ако ситуацијата е тешка не и прави да и биде уште потешка .... свесен човек согледува и постапува според ситуацијата .... а има ги и несвесни и прават проблеми кавги слично
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Сметаат децата на золвата, а не сметаат децата на синот? :wasntme:

    Колку што се внуци тие деца што живеат под ист покрив со старите, толку се и оние деца кои доаѓаат на гости/поседок.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Моите живеат сами, па одам еднаш до два пати во месецот по 2 дена. Иако тоа е и мој дом не сакам да им нарушувам рутина и да ги замарам.
    Како така по 15 дена кај мајка и?
    Како не и пречи и на неа гужвата со толку мало бебе? На тоа бебе му треба мир, а не тука во гужва да не може да отспие на раат. Многу егостички, да му рушам рутина на бебето за мене да не ми е досадно.
    Осет е нешто што се поретко се гледа во денешно време. И следува на золвата 50% да, ама не значи дека тееба да биде без осет и нападна. Јас сум сестра, која е таа? Се тупнала, ги донела децата од кај мајка и? Патем тие деца се ваши внучиња. Нека стекне свое...
    Кај е тука братот во приказната и љубовта на сестрата кон него? Сестра ми да нема услови и да се пресели кај моите, би направила се да биде среќна со своето семејство,а не упорно да ги потсетувам на моите 50% со моето присуство. Љубовта кон неа и внука ми ми е на прво место, а не имотот.
    Дури прочитав некој коментар, добро е што немам брат и сестра. Да побогата си со имот, ама од љубов и поддршка имаш пропуштено многу. За никакви куќи и палати не би се откажала од сестринската љубов.
    Искрено, се згрозив од некои коментари. Себични, матријалистички и подли. Сте зинале само за имот, а братот нека живее на кров. Ќе ви биде препишано на крајот, ама осет малку.
     
    На LaTama, BoaVista, S.J.Parker и 9 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.062
    Допаѓања:
    268.810
    ИмаТ, имаТ.
    :)

    Што немам чуено од луѓе кои знам дека можат на страна ;)
    Од срамота било, до тоа кој ќе ги гледа старите... ехе.

    Патем, куќата во која јас живеам не е само на татко ми. Горниот спрат е на чичко ми, односно на децата негови.

    Секако дека сите правиме отстапки, за да не се поколеме. Баш фино си живееме.

    Имотно-правно братучетка ми физички знае што е нејзино. Не живее во земјава, ама кога доаѓа си доаѓа кај неа дома, во наследство од татко и'. Со мажот, а утре со детето тука ќе доаѓа.

    И никој, ни брат и', ни мајка и', а ние пак уште помалку, имаме право да се буниме дали дошла на ручек, на една недела или засекогаш.

    Исто важи за сите, најс или нат најс.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Се додека на родителите не им смета што ќерката доаѓа кога ќе посака, синот и снаата немаат право да се бунат.

    Сум израснала во таа куќа. Да не речам...детството ми помина таму. И заради снаата да се прилагодувам? Ноу веј. :x
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Ни заради брат ти и внуците?
    Ако сакаш да имаш коректен однос со братот и снаата мора да има прилагодување од двете страни. Немале излез и моментално живеат со твоите родители, не значи дека треба да одиш и да изиграваш шериф. Никој на никого не брани да оди, АМА треба да имаш осет дека таму има основано друго семејство. И ако вистински го сакаш братот ќе се прилагодиш на таа ситуација. Седи таму секој ден, јади на готово, снаата нека раскрева по тебе, да нема деца кај да легне. Ама која е таа?
    Многу себично.
     
    На flower30, Annath, AmericanWoman и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    А зошто снаата не си создаде свое? Ако веќе не може...зошто не го земе мажот кај неа? Или срамота е да биде домазет?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    А брат ти зошто не си создаде свое? Она не дошла да живее таму не најавено, ете и родителите се согласиле да живеат заедно така?
    Колку мажи знам што имаат супер услови да живеат кај жената, ама нејќат да се тргннат од мама (ама тоа е др тема).
    Со нашиве плати знаеме како се создава свое. Посебно ако немаш кеш барем за учество, а ретко кој има на 25+ без помош од родителите. Ете у сплет на околности моментално живеат така, не значи дека треба некоја искомплексирана и безосетна золва да им се сере на глава
     
    На LaTama, Annath, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за болдот, само не ми е јасно како доаѓањето на гости на ќерката нарушува рутина, а живеењето со синот и снаата не?
    Ако ќерката треба да има осет и да не нарушува рутина треба ваљда и синот и снаата да имаат па да се иселат.
     
    На An-na, Nausicaa, Snow-Star и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ме разбра. Јас немам золва.

    Кога веќе пиша дека родителите се согласиле да живеат синот и снаата таму. Истите тие родители не прават проблем што ќерката им доаѓа на поседок. Тогаш не гледам во што е проблемот со золвата. Дека треба да се има осет, треба. Ама не може снаата да се буни што на золвата и текнало да пие кафе на тераса. Или што ги пуштила децата да трчаат во дворот во кој и она трчала како мала. Сфатете ме како сакате, ама има снаи што аздисуваат.