Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Ама тоа сте вие.
    Исклучок од правилото.
    Во поголемиот дел случаи за што сведочи и бројката односно илјадници жени кои трпат физичко и психичко насилство во домот на мажот, трпат пошто немаат каде да се вратат. Финансиски не се моќни да започнат самостоен живот а во домот во кој израснале се вишок, односно терет, со оглед дека синот по дифолт, има следување на целиот имот. Тоа се жени кои принудно или пошто се поголеми луѓе ;) му дале се на братот. Е на вакви стории не би сведочеле кога имотот на хартија би бил 50 50. Не би биле оставени на милост и немилост од страна на браќата, кои најчесто и не испаѓаат поголеми луѓе. :)
     
    На baby-star, bittersweet, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Не знам што сакаш да кажеш со приказнава, ама колку што гледам ти бараш осет од другите ама изглеа слабо го имаш, во спротивно не би се согласила ни ти, ни брат и, невработена жена со две деца да се откаже од нејзиниот дел.
    А тоа дека е и нејзина куќа без разлика на папирите...можеш окачити мачку о реп, вие ќе ја продадете таа куќа и ќе земете 50000 евра може и више, а на золва ти ќе и остане осетот, може утре со него ќе напраи куќа за нејзините деца.
     
    На baby-star, Nausicaa, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Се согласувам. И јас имам ќерка и никогаш не би дозволила да нема кај да се врати.
    Јас не се ослонив на тоа што ми го оставила золвата, туку си засукав ракавите и си направив свое.
    Плус брат и и даде пари иако она одбиваше, затоа што сакаше да и надокнади тоа што му оставила. Затоа што и онака немаше некој голем имот, за една соба што требаше да ја земе золвата, сметаше дека нема да и брка работа. Тоа е нивен договор јас не се вмешав во ни еден момент.
    Јас лично со нокти ќе гребам да им оставам барем по еден различен спрат на децата. На едно место со 2,3 соби се знае колку може да функционираат брат и сестра во наше време, а не за 20 год. @Asparagus да се реадактирам, како што кажав на мое инсистирање ние лично и дадовме пари како надомест за тоа што ја отстапи собата. Во меѓувреме се вработи и си купија стан.
     
    Последна измена: 15 мај 2020
    На Jana06, Annath, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Како што има синот право на дел од имотот, има и золвата. Снаата не е таа што треба да тера правда. Нека си бара од нејзините.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Сосема коректно, со согласност од двете страни. Убаво е да се прочита вакво нешто во морето од тажни семејни приказни.
     
    На Annath, cresa-jagoda и Luna91 им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Сепак не е оставена без ништо, значи брат и', заедно со тебе, и' исплатиле, сума која била ок за двете страни.

    И јас одма ќе се откажам од таков делен имот ако ме исплатат.
    Ама извини, децата на сестра ми просто не можат да ми бидат подраги од моите.

    Да се разбереме, туѓо ни сакам, ни барам.
    Ама мене лично ќе ми беше криво да се откажеше мајка ми од своето наследство. Нејзино право секако, ама очекувам јас и сестра ми да сме и' поважни од останатите роднини, вклучувајќи го и брат и'.

    Јас не би се откажала од свој дел доброволно. Остај ти и золва ти како живеете. Во реалноста, ако таа живее кај маж и', а утре тргне наопаку, и да речеме ти имаш 2 деца, воопшто нема ни тебе, а уште помалку на децата, да ви биде драго да дојде и золвата со нејзините деца.

    Како што нели, нема услови па мора со стари да се живее, епа исто и разведената жена нема услови и мора кај своите родители да се врати.
    И братот никогаш нема повеќе право од неа.
     
    На kukla21, Nausicaa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Во некој нареден пост може и да излезе дека се откажала само од пола шпајз а сте и дале ќуп со златници како компензација али нема веза.

    Само пак не ми одговори како тоа ти имаш осет да не им ја нарушуваш рутината на твоите со одење на гости, ама затоа пак не си имала проблем да и ја нарушиш рутината на свекрвата?

    Затоа што за своја крв боли, за туѓа не боли, затоа и никогаш не сум слушнала жена да се пожали дека сестра и премногу често доаѓа кај нејзините, и затоа ти не би дозволила ќерка ти да нема кај да се врати, ама затоа не е проблем ако золвата се откаже од нејзиниот дел.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Се согласувам. Можеби заслужуваше и повеќе, но во моментот толку можевме. Во меѓувреме имавме и некое друго не планирано наследство, повторно инсистирав пола да и се даде на неа. Можеби жената проценила какви луѓе сме па затоа така настапува. Инаку во таква ситуација, радо би ја примила да живее во местото кај што израснала, затоа што таму живее мајка и, а ние како што кажав си стекнавме свој дом не даден од никој.
    @Asparagus нема што тебе да ти давам објаснувања. Свекрва ми инсистираше, никој на сила не се наметна,а за тој период што живеев со неа прилично имав осет за нејзината рутина. Затоа и си направив свој дом. Да немав осет уште ќе седев под ист кров и немаше да ми е гајле. Секој во животот со свои размислувања, свекрва ми е ако е со сфаќање дека женското ќе се омажи и не и треба, јас сум со други сфаќања и не се согласувам со неа. Јас сум за две соби, две со два различни влеза да може да се функционира. Не се согласувам со размислувањето на свекрва ми, но не можам да се вратам назад и да направам нешто наместо неа....
     
    Последна измена: 16 мај 2020
    На Yowannty и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Тоа не е воопшто тема на дискусијата.
     
    На S.W.A.G и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Да ама ако побара вакво нешто снаата е одма вештица на која се и смета па дури и немиените чаши на золвата. Е тек тогаш ќе почне војната. Зошто башка нели снаата не е во свој дкм, од каде и е сега правото дека смее и може да каже а камоли да побара нешто. Дај ти се молам. Јас пак мислев снаите се неми кога они да ти имале право да побараат нешто и тоа ни помалку ни повеќе од височеството золва.
     
    На *Amethyst* и Luna91 им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Затоа ти реков, ти и золва ти може ќе живеете засекогаш добро и тебе може нема да ти смета, но види, таа и маж ти се брат и сестра, но вашите деца се први братучеди.
    Тука таа огромна љубов веќе се губи, како што кажав во ситуацијата на свекрва ми.
    Да, таа од љубов и жал се' и' дала на сестра си, пошто свекор ми добро заработувал и добро живееле, но работите се менуваат, исто прво лошо се повреди и не можеше да работи година и кусур свекор ми, па се разболе и цел стан може отиде на негово лечење и почина, а истите тие во тој период го продадоа наследството, си направија куќа и ни еднаш на вереникот мој или брат му не се јавија да прашаат дали им треба паричка.

    Затоа и му е криво на девер ми пошто и он и вереникот мој општо многу се намачија и за се' што имаат, додека братучедите на готово добија фина сума на крај.

    Јас не би постапила како свекрва ми, пак ќе кажам, фала богу здрави и прави сме со вереникот и сами се' си правиме, но не знам што ќе ми донесе животот и среќа што ете моите доволно спечалиле за мене и сестра ми да има што да ни остават, но не може моите деца да ги лишам заради нејзините деца.
     
    На kukla21, bittersweet, Snow-Star и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Секако дека имаат право да побараат, секој заслужува почит и никој никому не е слуга.
    Ако золвата очекува да и' се слугува тоа е друга приказна.
    А самото нејзино присуство не може да биде проблем.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Па не мора овде да се пишува само за проблемите на една членка.

    А дека не е тема на дискусија, не би рекла. Најголемите проблеми почнуваат кога снаите бараат золвата да се откаже од својот дел од наследството.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Коментирав поради тоа што членката претходно пиша дека снаата е гостинка во таа куќа. Епа мене не ми се случило и не сум видела гостин да побара нешто од домаќин а уште помалку да рече стани домаќине измиј си ги чашите бидејќи сум јас тука.
     
    На Nevenche26 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Не снаите. Браќата.

    Е тие, заедно па со родителите нивни.

    Пошто и снаата нели се откажала некаде за да дојде кај суртукот што ако се смилости "ќе ја прибере" сестра си.

    Кога ние како жени ќе сфатиме дека не треба да се откажуваме ради браќата наши од нешто што еднакво ни следува, ни снаата ќе има мака, ни золвата.

    Еба*е животот кога само на "туѓо" си.
    Или "те прибрал" мажот, или "те прибрал" братот.
     
    На baby-star, bittersweet, Snow-Star и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Искрено јас доаѓам од куќа каде мајка ми, мене и моите двајца браќа не не делеше за ништо, за сите тројца по еден ред чоколадо и за ниеден повеќе, така остана цел живот. Од таа куќа сите имаме исто право, освен едниот брат, што си го среди цел горен спрат па се исели,нормално тој спрат си е негов, јас и другиот ќе си го делиме утреден долниот, што е праведно. Моите сами живеат.Ама да живееаа во таа куќа и двајцата, едниот со моите, другиот горе, не барав ништо,познавајќи го мм ќе си платевме соба ако требаше да преспиеме, не ќе им седевме таму, па ни дел ќе барав, а и браќата ми се од тој тип луѓе, кај мене иако имам соби кај што сум сега,несакаа ни да размислат за преспивање. Е сега во местово каде што се омажив, куќава каде што сум останува само на мм, јас искрено се карав со него за ова, му викав иако е сестра ти во странство, една куќа имаат овде нивна со маж и, мора да има право на куќава. Мм ми рече, ако сака кога сака може да дојде, да живее ако мора (се разведе или нез што),има соба, има дневна доле, ама ако не дојде до тоа, све си останува на синот и ќерките воопшто не се ни бунат (важи за сите во местово), освен ете ако донесат домазет или разведат и такво нешто. Мене не ми е во ред ама тоа е тоа, што ќе и правам јас на куќа од 3 спрата, доста ми е овој. Ама така функционираат и кога золва ми не се меша, што па јас ќе зборам, кога она не е ни во мкд.
    Сакам да кажам има луѓе што им е побитна меѓусебната љубов и разбирање, попрво од расправање за една соба или спрат како и да е, и знам дека мм и јас никогаш не би и затвориле врата.
     
    На princess5 и Luna91 им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Гостинка не е соодветен збор.
    Затоа што сите се гости реално, и синот, и ќерката, и снаата, и зетот. Дур се живи родителите - сите им се гости.

    Во таа смисла снаата, се' додека е мажена нели за братот, нема потчинето место и не треба да има. Но, ни золвата не е должна да им отстапува, освен секако ако тоа не е нејзина лична желба. А пошто и золвата си е во нејзино, исто колку брат и', си има права, но си има и обврски.

    И да си наполни фрижидер, и да си плати дел од сметки, онолку колку што и' е делот. Може и родителите де да и' плаќаат, ама братот и снаата секако не се должни.
     
    На thinkerbell, 1209, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Точно така, се согласувам.
    Ни братот ни снаата немаат право да кажуваат како ќе се дели нешто што не го запечалиле сами.
    За такво размислување и воспитување од родителите дека се ќе остане на братот исто не се согласувам. И многу пати сум била поради ова во конфликт со свекрва ми.
    Бев шокирана од одлуката на золвата (добрина или лудост не знам), ама очигледно дека и воспитувањето има огромен удел.
     
    На *Amethyst*, Nevenche26 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Искрено јас не сакам дел ни од куќа ни викендица ни нива. Се да му остани на брат ми. Не сакам понатаму децата мои и неговите да се караат за материјални работи. Ама му имам кажано без мој потпис нема ништо да продадеш(а мој потпис нема да добие,кога ќе спечали тогаш да си продава) :!:
    Едит: А за одење кај мајка ми,ќе си одам секој ден па и со спиење ако сака,а снаата ако се лути нека и стој! Како таа што има куќа кај мајка е и си оди така и јас
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    И снаите бараат. Пример за тоа е мајка ми. Она беше золва на две снаи. И на крај доби една голема нула од нив. Од нејзино искуство сум кажала дека нема да дозволам снаа да ми кажува како да се подели имотот.

    Да имала золвата разбирање за братот и снаата. А зошто да не биде обратно?

    Во случајот со сестра ми....на неа и пречи што золва и доаѓа скоро секој ден, ама си ќути. Зет ми е друг случај. Се кара со сестра му. Татко му рекол - Додека сме ние (он и свекрвата) живи сестра ти ќе доаѓа кога сака. Значи..единствено решение е сестра ми и зет ми да се иселат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.