Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Еве и јас се шокирам на темава :D
    Братучетка ми е трајно отселена, но сепак си има свој физички дел во куќава, колку што има и брат и'. Дали утре него во неговото ќе му биде широко, тесно, гужва, негово си е.
    Таа си инвестира за својот дел и таму со маж и' си доаѓаат.
    И некако најнормална беше делбава кога почина чичко ми, нормално беше се' да биде на пола.
     
    На Nevenche26 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што некои членки тука треба да го прочитаат.

    ПАк ке се повторам, никој не брани на золва да не доаѓа ама да се има усул и, како што кажуваш, и фрижидер да наполни па ако седи месец дена и сметка нека се подели, јер не е фер золвата при дома со маж и да иде кај нејзините да седи месец и со прст да не мрдне а на сметка за тоа да го јаде снаата која у исто време дели од плата за тој дом, па уште и да не се осеќала како дома? Доста не фер.

    Ги нападнаа снаите како да се најгревно нешто што дошле да живеат у заедница. Некои членки очигледно се родени со златни лажици ама другите што не се? Што да прават тие?

    Не ми се свиѓа што многу се потценува снаата а забораваат дека и самите се снаи или ќе бидат.
     
    На M.B., Yowannty, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Да се има усул за сите е различно.
    Самото нејзино присуство нема врска со усул.

    Но на сите однесувањето, родители, син, ќерка, снаа... има многу врска со усул.
     
    На cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  4. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Па тоа де ;)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.502
    За болдот. Не ми е јасно зошто вашите деца да се караат кога е поделено еднакво, половина на синот, половина на ќерката. Искрено ова ми е толку заостанато размислување.
     
    На cresa-jagoda, An-na, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.800
    Епа да се вратиме на првобитниот пост, золвата помага дома, готви, пере, деца гледа, спрема слави итн. не прави кавги, а на снаата и' смета присуството, оти тешко и' е што воопшто живее со стари, плус доаѓа золвата со бебе.
    Ама, пошто золвата не чека на снаава - според кажаното, снаата не е никако омаловажена.

    Е сега, комодитет нема, ама тоа е живот во заедница. Можеше маж и' брат со жена и деца да има, јбг, само на свое и на страна таков комодитет се наоѓа.
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.335
    Пол:
    Женски
    Аманте со тие старовековни сфаќања...
    Машкото дете и женското дете имаат исти права.Има закони кои го потврдуваат тоа.
    Дали ќе се чувствувате убаво ако поседите неколку дена во домот на вашите родители и снаата ви каже дека сметате?
    Не верувам.Ќе се вознемирите.
    Дали ако утре вашата ќерка дојде во вашиот дом со намера да поседи или еве седи некое време,вие ќе ѝ речете дека не може оти (ќе) ѝ смета на вашата снаа,оти снаата ви рекла дека (ќе) смета?
    Не верувам.Ќе се вознемирите,ќе ви смета ако сте мајки кои подеднакво ги сакаат децата.
    Не само золвата,туку и снаата треба да има осет.
    Повторувам,золвата не може да смета во домот на нејзините родители.Золвата пораснала во тој дом,а снаата дошла од друг дом.
    Снаата може да се буни за престојот на золвата само во нејзин сопствен дом,не во домот на свекорот и свекрвата.
    Покрај ради истите права на братот и сестрата,снаата не треба да се буни ни ако золвата ѝ е добра личност и ѝ помага со чувањето на децата,каков што е случајот на членката која пиша пред некоја страна дека ѝ смета золвата.Членката е снаа која живее во домот на родителите на мажот и золвата,а золвата доаѓа и седи некое време во домот на своите родители.Ај да се буниш ради лоша золва,ама да се жалиш од добра золва,која ти помага во куќата? (facepalm):drunk:
    Родителите се единствените кои имаат право да речат дали некое дете може да доаѓа и да седи во нивниот дом.
    Ако снаата му каже на мажот и/или им каже на неговите родители дека ѝ смета золвата,тие може да се налутат,па тек тогаш снаата ќе види што е нарушен мир.
    Животот во заедница бара трпение и толеранција.
     
    На cresa-jagoda, princess5, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Пак може да се лутат демек што барам и јас дел. Можеби е заостанато,можеби моите нема да се согласат на ова. Сепак е премногу рано,брат ми е тинејџер.
    Едит: само си го кажав своето мислење
     
  9. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Значи колку нелогични коментари и колку глупости аман. Прво членката кажа дека работат земјоделие. Можеби дури не ни управуваат со финансиите во куќата туку свекор и свекрва одлучуваат за тоа. Друга работа рече дека золва и имала мало бебе и таа викала по децата од снаат т.е од братот пошто снаава е само гостинка и ја чуваат за приплод таму. Епа снаава ниладе не се пожали дека бебето на золвата плачело и сметало, туку золвата се пожалила. Е сега нели бидејќи имаат исти права и братот и сестрата така да и нивните деџа се рамноправни. На золвата ако и сметаат децата од братот слободно може да си оди и под кирија ако веќе не и се оди во домот на мажот и. Истиот аршин треба да важи и за двајцата зошто советите ви беа ако нешто смета на снаата и братот тогаш може да се иселат и да се испотат за свое. Што е тоа толку величење стварно не ми е јасно. Ги извадивте муабетите од контекс. Друго можеби и золвата кога се омажила имотот го поделиле, може веќе замала надомест а овие останале во заедница како полесна опција за да изградат нешто за пократко време. Од каде само ви текнаа еден куп глупости.
    И пак пишувам на золвата и сметале децата од братот. Снаата никаде не се пожали за детето од золвата.

    И да, во оваа ситуација членката треба да разговара со мт и да каже како се чувствува. Можеби мт ќе ја подржи и ќе си одат под кирија. Золвата да почне да учествува во сите трошоци и да си учествува во плаќањето и трошоците, поправки за куќата и сл. Еве братот ако сака да реновира купатило дури и во тоа треба да учествува заедно колективно со сите, го користи подеднакво како нив а и утре ден после продажбата би зела исти дел како братот. Реновирањето ќе ја крене цената секако. Затоа исто и нека учествува.

    И секогаш секоја приказна има и друга страна, золвата ќе седи, децата нејзини, маж и, ќе тераат гозби и сл, ќе плаќаат синот и снаата. Золвата парите на страна.
    И после кога треба за чување тогаш она неможе, братот може, ама делбата да е по пола, а чувањето немора.
     
    На Pelargonium, Lolipop23, pdb123 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Јас не ја искоментирав ситуацијата на членката, искоментирав за постот на една членка која буквално рече дека снаите се тупнувале кај некого дома (читај кај мажот им), од тука и моите постови на темава.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    А тоа е на мажот или на свекорот и свекрвата? Додека се старите живи тоа е нивно, после се знае што следува.

    Не гледам ништо страшно мажот да е домазет. Или снаата отстапила место на братот, па сега очекува и золвата истото да го прави. Пак ќе пишам. Мое е кога јас ќе си создадам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Баш така.
    Нешто слично членката погоре што ме нападна дека јас сум дозволила золва ми да не зема дел (а која сум јас да се мешам во нивен имот и делби?) а никаде не искоментира за целата жртва на братот за лечење на родителот.
    Значи како и да вртиш, секогаш снаата и братот се тие што се себични и криви.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.335
    Пол:
    Женски
    @Elena1001
    Децата многу викале.
    Не треба да викаат,дури и да нема бебе во куќата,не треба да викаат.
    Викањето смета,може им смета и на старите.
    А,членката ако нејќе некој да ѝ ги кара децата,може самата да ги подучи да бидат потивки.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Е па тоа е најголем проблем. Децата викаат, трчаат и скокаат по дома, се бркаат низ двор, и др. Или ќе трпиш или ќе се караш. Ако се скараш, ти ќе испаднеш виновна.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ти таму да не беше па слушна дека гласни биле децата и дека им сметале на старите? Само да се напише нешто, од една ситуација си измисливте уште 100 приказни. На крај децата криви :fubar:
     
    На Lolipop23, M.B., Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    А снаата и маж и што праат со платата на пример? Под јастук си ги чуваат? Не верувам, голем дел учествуваат во давачки и во самиот дом од тука и право на снаата да се чувствува како дома.
     
    На Annath, Yowannty, Elena1001 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Ама ако на старите не им смета, тогаш и синот и снаата ќе си ќутат. Золвата ако сама си ги подмирува трошоците, не гледам никаков проблем. Па и мајка и и татко и ако и плаќаат.
     
  18. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Тие се деца и да викаат и да пискаат е оправдано. Некој се моли во куќата да има детски врисок плач смеа . А искрено не золва не јатрва што и да имам нема да смеј тон да повиши или да ги мавни моите деца. Нека си има свои нека си ги воспитува.
     
    На Spidy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Ама ете има деца што викаат, уствари не познавам деца што не викаат, тоа го прават низ игра и често не се ни свесни. Се смеат гласно, трчаат. Или сето тоа треба да им е забрането. И не стана збор за старите дали се пожалиле или не. Ако им сметало на старите можеле тие да си кажат на синот. Посредник сестрата не треба да биде.
    Еве јас незнам како да ги наштелувам моите деца кога смеат а кога несмета да викаат.
    Ете има луѓе и детскиот плач им смета кога бебе плаче по цела ноќ и што треба да прават родителите, да го стават на вибрации хахах.
     
    На Yowannty, flawless_, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Како бе ова снаа а да не се чувствува како дома???? Како можи тоа? Таа оставила куќа фамилија за да појди во друга куќа и да се чувствува како вишок! Тоа неее !
     
    На Elena1001 и Luna91 им се допаѓа ова.