Не,ама имам внуци,деца на едниот мој брат.Сите живееме во иста куќа. Кога се прегласни внуците,им кажувам да бидат потивки со нормален тон. Снаа ми не ми приговара за тоа. @flawless_ Реков дека може викањето им смета на старите,не дека сигурно им смета.
По не знам кој пат ке пишам дека присуство на золвата никој не го оспори туку зошто снаата да е безгласна буква и да се вика дека е некоја што им се тупнала кога и самата снаа на ваков или онаков начин придонесува за тоа некое домаќинство.
Тоа е муабетот плус таа снаа учествува во заедницата и зошто да не се чувствува како дома него да се чувствува како гостинка?
И многу е веројатно дека токму таа снаа ќе ги гледа свекорот и свекрвата во старост, а овој тип на золви најчесто со задоволство и ја тупосуваТ таа обврска на снаата. Ама ако, пак е таа туѓинка без право на глас.
Очигледно не ме разбираш. Не дека нема право на глас. Ама не можеш ти да и кажеш на свекрва ти - Нека не доаѓа ќерка ти утре. Сакам да одмарам. И такви случаи има. Децата на золвата сметаат. А дали снаите и синовите се запрашале дали нивните деца им сметаат на старите?
Доволно е деца што му родила,што го направила родител. И да не се бара сметки да подмирува ако не е во можност. Мажот е тој што треба да си ја гледа фамилијата. Колку само бракови се имаат растурено заради мешање на золвите....
Во случајов на членката, на золвата и пречат децата на братот. Снаата никаде не се побуни за бебето. Во овој случај што треба да прави снаата? Да ги исфрли на улица децата за да не пречат?
Јас како снаа не дозволувам моите деца да прават галама. Ама золвата кој ја врти. И така она доаѓа на поседок и ќе си отиде.
Може веќе им е поделено не знаеме. Јас сум и снаа и золва. Ама нема да земам дел ниту откај моите ниту откај неговите. Слободно може да дели кој како сака, не се ни замарам. Ама мојот/нашиот имот е стекнат во брак па неможе ако се разведам да бидам принудена да одам кај моите. Уствари не би ни сакала да одам без оглед дали има снаа таму или не. Друга работа што ме нервира што постојано се потенцира дека золвата ако се врати ќе одела кај нејзините, а снаите ги советувате да не се мажат дури не направат свое. Нели снаиве треба да се спремни за самостоен живот. А тоа значи и за заеднички имот. Исто и таа золва е некаде снаа па треба да мисли пред да се омажи за да не и е криво после. Една личност е и снаа и золва само зависи со кој аршин ќе удрат, и од која страна ќе гледаме.
Не золвата за партал и упм. Не велам дека не треба да си седи кај нејзините. Ама кога веќе не сакаш да се враќаш кај мажот чути тука каде што си се нашла. Можеби и нејзиното бебе смета ама никој ниш не и рекол Едит: и да е само на поседок,поседи ко човек помини ги деновите убаво а не мани да се најдуваат
Да бе на мјут ќе ги стави. Оди ти на дете од 3 год занесено во игра кажи му да заќути. Ќерка ми најчесто во игра пее многу гласно, ќе и кажам потивко и по 5 мин продолжува да пее. И што да и правам? И на децата им треба лична слобода, а не да го заќутуваш цело време.
Еве мој пример, ги подучувам и тие не се тивки. Што да правам? Како да ги подучам деца од неколку години? Откриј ми ја тајната може ќе упали и кај мене.
@Elena1001 Дете од мало треба да се учи како правилно да се однесува. Не е само ради тоа што неговото викање смета некому,туку и ради грлото на детето не е добро да вика постојано. Секако дека нема да научи веднаш,за тоа ќе треба подолго време и трпение. Постојано треба да му се зборува,да му се објаснува.
Па и золвата да има свое може сака да си седи кај мајка и. И што има тука снаата да се буни. Јас стварно не разбирам. Како ќе ви биде некој да ви каже дека сте пречка во куќата во која сте израснале? Заборавив дека ние што сме директни на форумов, обавезно си го кркаме.
Хм, деликатна тема. Во иднина сигурно ќе имам снаа пошо имам брат, а ако останам и со дечко ми за 10+ години ќе имам и золва. Моиве секако планираат се на пола да се дели, мајка ми е одлучна дека на брат ми ако му е потребно ќе му помогне со финансии колку може да си купи сам стан и да си живее со жената, но не би сакала у ниеден случај она да живее со снаа и да се гужваат дома. Вика пред 20г ние со татко ви си купивме свој стан, ден не живеев со свекрва, не па во ова модерно време некој да треба мене да ме трпи и ја да трпам по дома. Мир у куќи, секој посебно и мирна глава. Искрено пред да имам свое живеалиште ни ја не би стапила у брак. Мирот и слободата дома се скапоцени. Под кирија во една соба подобро отколку во куќа на 3 спрата 3 генерации да се караме што како и да си сметаме едни на други. Живееме у стан, фала богу нема спратови и чуда, па нема да имаме такви проблеми. Мојот дел на брат ми нема да му го дадам тоа сигурно, моите уште од кога знам за себе зборат дека се мора да е еднакво и од тоа нема да има никаква отстапка. Но, не мора да имам 2 соби у станов, па 2 он и на никој да не му вршат работа, но ете ако сака или ќе си го продадеме и по пола ќе си поделиме парите или па ако го сака за него да си живее, да го издава или шо било, нека ми плати во ќеш за делот и нека си го користи за шо сака, не би правела проблем. Мене секако стан и 2 соби некаде не ми требаат, па и до тогаш би бил стара градба, не верувам дека би имале проблем за кој да живее у станот. А со тие пари би инвестирала во отварање сопствена ординација (лупетам) или би си вложила во било шо поисплатливо за себеси. Битно од делот не отстапувам, колку има право и он толку и ја и сметам дека тоа е ферски. Ни сакам нешо плус, ни нешо минус. Чиста сметка, добри фамилијарни односи. И ако имам маж не би сакала да го земе делот на сестра му, нека си делат се еднакво. Не сакам нешто што не би припаѓало на него и така нечесно да го земеме за да моите деца имаат, а за золвата гајле не ми е, битно ние да грабнеме појше. Такви пари и имот ама ич не би ми требале. Затоа најдобро е живот сами, не во заедница и давај си тогаш правила, одредувај кој кога смее да иде итн. Вака и золвата и мажот на снаата се исти деца на исти родители и баш имаат и исто право кога и колку сакаат да доаѓаат во домот на родителите. За мене домот на моите, секогаш ќе ми е дом и знам дека секогаш ќе имам таму отворени врати и слобода да одам колку сакам, без разлика дали сум мажена, разведена, немажена и не знам шо. И нема да се устручавам да не им сметам, чедото на родителите никогаш не пречи, барем кај мене овие правила важат и ќе си важат.
А бе Самер, нит си го разбрала муабетот нит конкретниот проблем. Само нафрлаш некои муабети од лично искуство и генерализираш, еве ништо корисно не прочитав од твоиве постови 3,4 страни веќе. Како ќе ви биде, ама золвата, ама снаата а тоа нема врска со муабетов.
Лепило на уста и мир ќе има. Детето ако игра писка значи дека е здраво среќно исполнето. Оди болно дете натерај го да игра. Не знаам оти мислите дека ако му речиш да чути и тоа ќе чути. На децата битна му е играта