Најјаки ми се коментарите од типот, ако сакала снаа ми мир требала на време да си создаде свое катче, не да чека на делот од моите родители. *пишува од дограден втор спрат од куќата на мажот.
А золвата ако ја избрка мажот да се врати кај мама и тато. Она не мора да има свое катче. Само снаата
Е па....не сум родена со златна лажичка, ама самата си ја создадов. А ако некои не можат да се помират со тоа што некој им плеска во фаца, тоа е нивни проблем. Сам свој газда е најубаво. За да не мораш да трпиш никој.
Можеби не си видела,ама јас сум видела дека е возможно. Золвата има право да седи колку сака во домот на нејзините родители.Снаата има право да седи колку сака во домот на нејзините родители.И двете немаат право да кажуваат кој/а дали и колку да седи во домови кои не се на нивните родители,кои не се нивна сопственост. И она „снаата да си обезбеди сопствен дом“ се кажува ако таа нема трпение и толеранција,дека тоа ѝ е единствено решение.Ако сака да живее во домот на родителите на нејзиниот сопруг,тогаш мора да има трпение и толеранција кон сестрата/братот на нејзиниот сопруг кога таа/тој седи таму.
Тооа сама што си го создала не го оспорува никој. Браво! Постот беше наменет за жени што кажуваат дека снаата треба да си има свое а кутрите и тие се појдени на готово кај мажите и немаат ништо. Лесно е да се кажи спечали или направо куќа или купи стан, ама прво дојди направи Во комшииве има деца што ненормално пискаат се тепаат се туркаат.... Мајка му не еднаш милион пати му има кажано потивко ги има казнувано ама џабе. Не е до незе. Двете деца се мирни,а другите две не. Истата мајка ги воспитувала и едните и другите
Не, воопшто не станува збор за дали сте директни или не. Убаво е да се слушне различно мислење а и корисно е. Се извлекува по некој заклучок некогаш. Јас се си кажувам низ мој пример што немора да биде исправен за другите. Поентата ми беше што премногу ароганција имаше во одреден постови на членки на страна на снаата. Била туѓинец, била гостинка и што не. Не треба да сме со толкава осуда спрема луѓето. Снаа била, на туѓо била и сл. Не ги знаеме сите факти. Јас можам да кажам за себе а за другите да сослушам и претпоставувам. Јас несакам ниту да земам ниту да дадам. Никогаш нема да се доведам во ситуација да коментираат дали им се гласни децата или немирни и сл. Ако несакаат да ги слушаат нека не доаѓаат. Јас сум гостинка кај золва ми, и кај свекрва ми. Золва ми е исто по цели денови таму, дури безобразно според мене зошто само тупнува деца и не прашува дали може да ги чува или не. Издава наредба. Не сум таму и не ми е гајле, само сум пасивен набљудувач за кога ќе бидам прозвана. Е сега доаѓаат денови кога свекрва ми остаре, децата на золвата и ги исчува и нормално золва ми веќе нема потреба од неа. Куќата беше и нејзина нели дури имаше потреба. Кога почнува да се распаѓа веќе не е нејзина и нема потреба. Ама сега братот и снаата се лоши зошто не ги гледаат и чуваат а луѓето остареле. Затоа несакам да земам, несакам да давам. Има секакви снаи ама и секакви золви. Сакам мирен живот и од никој ништо.
Не ја знаеме другата страна на приказната. Дека има золви без осет, има. Нормално дека јас нема да ги оставам децата да досаѓаат ако луѓето сакаат да си одморат. Нема секој осет како мене. Ама има золви кои мислат дека им се може. Па уште кога ќе слушнам дека братот ги финансира, косата ми се крева. Не дозволувам да бидам на туѓ трошок. А снаата ако презбори одма е лошата. Заради вакви работи сум одделена од старт. Како што веќе пишав...немам золва, ама девер ми вреди како за 10 золви. Без грам осет и човечност.
Исто е и кај мене, јас неколку години повторувам по хх пати дневно и џабе. Леле ај ќе си легнам. Епа кога некој има право има и обврска. Каде се обврските во целава дебата.
И на кратко ќе кажам само доволно е со мавањето во гради. Деца што може да ги наредиме кога сакаме да плачат кога да се смеат и слични глупости. И само со тоа и се може па и се може на золвава. Ете нека почне од утре и гола да шета пошто нели во нејзино е и може да прави што сака. Ете може си шетала и пред тоа гола пред нејзините и сега исто така и се може и нека оди така и пред внуци и пред сите зошто таа е наследничка од прв ред дај ти се молам. Децава се од втор ред а може и да не бидат во ниту еден ред. Зошто ако снајла презбори нешто многу многу ќе лета надвор сосе деца иако тие доживотно ќе го носат нивното презиме и ќе потсеќаат како си поминале дур биле на "гости" во таа куќа. Ете и се може и нека прави што сака. Нас не ни се може, ОСЕТОТ КОЈ ГО ИМАМЕ не ни дозволува тоа. Едно е делба на крај на краиштата а друго е на глава да му седиш на некој.
Не знам... може бидејќи станот не беше / е на маж ми. Може оти јас себе си никогаш не се гледав во заедница. Ниту имам трпение, толеранција, желба за прилагодување... Себична сум, признавам. А и отсекогаш сум имала желба за независност, па затоа. Од кога знам за себе, единствена опција за мажачка ми било сопствен дом, никако поинаку. Не дека мене се од небо ми падна, или сум родена со златна лажичка, како некои што мислат. Ехехеее, живеевме под кирии доволно долго за со дадените пари да платиме учество, ама ете нас побитен ни беше мирот. Со црни маки успеавме да собереме учество за станов и ќе го исплаќаме уште долго, ама ако Мирот, самостојноста, независноста со ништо на светов не се плаќа. И после добри 15-тина години, имам дом. И кај мајка ми повеќе не ми е дом. Дома ми е, да, ама не ми е дом. И јас имам наследство од моите, се надевам некој ден ќе продадеме нешто, па ќе го отплатиме станов. Целиов муабет всушност е за нееднаквото третирање на децата. И уште пожално е што тоа се сфаќа како нормално. Не е. Осет, можеби, ама од двете страни. Не може само золвата да има осет и да не им смета на братот и снаата, а снаата да нема осет дека тој дом е, и бил на золвата и истата има право да доаѓа и да ги посетува родителите. А сме се сретнале тука низ темиве со многу муабети каде самото присуство на золвата смета. Уште немажена. А ако се омажи автоматски е непожелна и гост.
Па подобро сами на втор кат отколку со 100 души во три соби. Барем ќе знам дека ќе можам по гаќи да шетам само.
@nextredstyle како бе детето да биде тивко? Детето треба да се смее, да зборува, да трча, да лудува. Така учи, осознава и се развива. Како тоа не е добро за гласот? Каде го прочита ова де прати? На секоја тема си главна околу одгледување деца, врска си нема. Па јас сакам куќата да ми ечи од детето не сакам да го заќутувам. Не е нормално дете да го тераш да биде тивко и мирно, ТИ треба да се радуваш твоите внуци што се исполенти со енергија. А пробај и ти некогаш да пееш на глас и да трчаш по дома, играш, да видеш како убаво влијае на расположението.
И многу ме нервира кога ќе кажат не се воспитани. Што сакате бе деца да прават? Ние не можеме да доседиме што сме возрасни а не пак дете што во секоја минута сака да дознава нови работи. И ние со брат ми на баба ми и сметавме,како деца носевме играчки и игравме низ цела соба растуравме потоа си ги собиравме играчките и се качувавме горе (дома). Многу пати знаеше да ни ја заклучи вратата да не одиме да не брка. Е сега таа истата баба моли да појдиме да ја видиме. Ама не! Не одам таму каде што бев бркана и каде што деца од 7 и 2 год и сметаа. Секој според заслугата!
Јас дома се осеќам секаде каде што сме со маж ми, сега и детето. Под кирија, дома, негов стан, дома, наша куќа, дома. И јас еден ден ќе бидам золва, одвај чекам АКо снаа ми си живее со брат ми у куќата у која јас сум живеела пред 15 години, тоа е нејзина дома. Што сака и како сака нема прави, нека руши, нека ѕида, нека има 5 деца и нека вриштат на сите страни Ич не ми е гајле. Јас одам на гости таму, дома ми е со маж ми. 3 саати, еднаш месечно, можам да истрпам и на глава да и стојат, а и они мене Немам потреба да спијам кај нив на гости, ако они имаат дете, упте јас им фалам да ме чуваат и моето дете и маж. По би да одам у хотел, или да се вратам назад. Со маж ми бевме на свадба еднаш, уште немавме дете, у 3 саат пијани, изборот беше да одиме кај моите (свадбата беше у тој град) или да возиме до Скопје пијани. Си отидовме у хотел. Да не сметаме на никој.
А кое дете е мирно во денешно време? - Никое. Ако на некој му смета детскиот џагор, треба малку да се преиспита. Не толерирам урлање по дома. И не дозволувам моите деца тоа да го прават. На свекрва ми и смета што се немирни. Односно, што знаеле да се скараат. Не поднесувала галама. Е затоа не ги носам таму. Имам осет. Ама затоа кај мене не смее збор да рече. Ако и смета, знае кај и е вратата. Членката треба да разговара со маж и. Он е тој што треба да пресече. На мене ако нешто не ми се допаѓа јас одма му кажувам на маж ми. И да. Кај свекрва ми не се мешам. Маж ми има своја соба. Он е тој што реагира. А му смета кога ќе му квакнат, а он легнал да одмори. Знаете што е без осет? Кога уште рано сабајле ќе ви дојдат и ќе ви дремат во собата, ве будат од спиење, ви ги будат децата, ви чукаат на врата. За мене без осет е да ги оставиш децата да му досаѓаат на брат ти во соба, за ти и жена ти да си седите на раат. Јас се осеќам како гостинка кај свекрвата. И не можам поинаку.