Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Crnizivot

    Crnizivot Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Значи јас само прашав дали би ви пречело, а вие земате се здраво за готово зошто не сум се одселила незнам што незнам како
    На золва ми и препишаа нива (плац) за куќа и дадоа пари за да почнат со изградба, а на мм му ја префрлија куќата во која живееме сега
    Во меѓувреме на зет ми му излезе шанса да оди од овде па решија нивата да им стои до нивната стара куќа си доградија уште неколку соби
    Кујна, трпезариска маса и гарнитура беше од овде од мајка и и татко и и рекоа толку...
    На неа плац за куќа и пари за пола куќа а на нас оваа во која живееме, другите ниви и дворот се сеуште на свекорот
    Имам и јас брат не е тука во Германија е снашка е Германка не идат тука ми рече се што е долу нека биде твое ама не сакам тој средуваше се и подно и плочки и врати прозори ново се а плус и мм несака таму да одиме да живееме
    Незнам и тука да беа исто ке размислував, нива кука е на моите пред 10год направена, па јас да им реков на брат ми и снаа ми да си направат нова куќа ако сакат свое така? А куќата нова која уште не е доправена?
    Мислам незнам како така размислувате за снаите како од улица да се преберени и несмеат никаков збор да кажат
    И да не спомнав никаде дека сме во една соба реков само дека живееме во заедница
    Ние сме на спрат горе, иако по цел ден сите сме долу летна кујна бидејки нели наутро на нива попладне пак па се реди робата и летото е така
    Ви ја објаснив ете цела ситуација бидејки навистина јас се осетив како да сум најдена на улица и како золва ми има право пред мене а јас сум после неа
    Нека ме извини ама јас работам по цел ден за да средиме работи кои ни требаат уште за на спратот
    Само побарав совет дали би ви пречело, а добив толку грди коментари за снаите толку ли се потценети?
     
    На flower30, SandStorm, Watermelon96 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Што беше проблемот на членката и за што дискутираат сите други последните 5 страници нема допирна точка. Капиталисти..
     
    На ocicka2014, flawless_, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.797
    Во вака објаснета ситуација, пак маж ти - братот нејзин, е тој што треба да пресече.
    Ако веќе е договорено што е нејзино и е исплатена, тогаш таа на гости доаѓа.
    А ако е на гости, нека зборува маж ти со неа и нека го реши проблемот.
    Гости и мене би ми сметале по 2 недели секој месец.

    Тоа што сега го пишуваш не е исто од првиот пост.
     
    На Kate Rina 93, cresa-jagoda, Mantub и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Crnizivot

    Crnizivot Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Несакав цела приказна да пишувам ама ете морав
    Само прашав дали би пречело доколку золвата доаѓа и седи подолг период?
    А темата отиде во сосема друг правец
     
    На Kate Rina 93 и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  5. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Кога веќе е ваква ситуацијата односно веќе е мажена и си живеат со маж и на друго место треба да има осет колку седи. Иако сметам дека најверојатно и не е свесна пошо нели до пред некое време тоа било и нејзин дом а и сигурно мисли дека ви е потребна помош. Разговарај со неа да не случајно и таа има некои проблеми дома со свекрвата па заради тоа седи толку време кај вас. Мислам дека нема никаква лоша намера.

    Инаку во врска со тоа кој колкав дел ќе земе и слично јасно дека золвата има право на дел од наследството без разлика дали тоа било куќа, стан или финансии.
     
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Не би ми пречело ако тоа не се случува често. Имам брат и јас па ќе сакам да му одам на гости некогаш може и ќе треба подолго да останам. Зависи и во какви односи сме, не можам да правам лице.
     
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    17.680
    Затоа јас погоре пишав дека не се црно-бели работите и има многу животни околности. Ама по дифолт снаата е крива и без да се знае каква е ситуацијата. Сега ќе излезе дека ти си ја избркала золвата зошто нема да земе дел од куќата. Овде се испревртуваат работите ненормално. На секој нормален безосетно понашање би му сметало, да не се лажеме.
    Еве и во мојот случај, маж ми направи жртва сите пари што ги планираше за основање на свое семејство ги истроши за лечење и погреб за родителот и остана на 0,без притоа да побара денар од сестра му и зет му, иако и на неа и е родител. Тоа не е љубов и осет кон сестрата?И тоа е ок, а золвата поради благодарност што се откажала од својот дел(а добра воља е што ние решивме да не ја оставиме без ништо) тоа е себичност од братот, затоа што дозволил.
    @Cka многу убаво кажано, браво.
    Јас од моментот кога почнав да живеам со мм, тоа за мене стана дом. Кај моите се чуствувам како дома, ама тоа не е мој дом. Без разлика дали брат ми или сестра ми живеат таму или не. Тоа повеќе не е мој дом.
     
    Последна измена: 16 мај 2020
    На S.W.A.G, Nevenche26, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.704
    Пол:
    Женски
    На мене лично ми сметаат луѓе без осет. Ама дека јас ќе се карам, не. Маж ми го прави тоа. Јас може да се бунам за кај мене дома. Во туѓа куќа, не. Ама ако золвата доаѓа и си седи со свекрвата во соба, не гледам проблем. И ако некој го боли кога ќе се спомне одделно живеење, тоа е веќе негов проблем. Нема сигурно рози да цветаат во заедница. Колку сакате лутете се, ама во некои случаи пречи присуството на золвата/деверот. Јас кога одам кај татко ми, седам во мојата соба. Ако на зет ми тоа му пречи, постои врата.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.797
    Епа одговор ти е даден - зависи дали е гостин или не е.
    Ако е - тогаш да, ќе смета.
    Ако не е - може да ти смета, ама немаш право да се буниш за истото.
     
    На Mantub и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Сериозно не можам да ги разберам некои од вас.
    Ако сум се омажила родената куќа секогаш ќе ми е родена ама тука би си доаѓала само на гости. Без разлика дали брат ми и идната снаа ќе останат да живеат во истата куќа или не, терање инает и седење со саати во смисла еве ми се може и моја куќа е ми е премногу детски. Живот во заедница е друга тема и секоја пред да се омажи си знаела каде и со кого ќе живее.
    Не ми е јасно како една мажена жена може да си дозволи по цели денови да е кај мајка на на гости. Нема ли таа жена маж, деца? Нели треба да се зготви, испере, исчисти, деца да се погодат? Едноставно не можам да сфатам а има вакви милион примери во околина. Јас одењето секој втор ден по гости не го сфаќам па што сака нека биде. Ако имам проблем верувам дека ќе ми помогнат исто и обратно ама да им досаѓам секој ден е сосема непотребно. Живот во заедница и поделба на имот се други теми, нема потреба тука да се дискутира за нив.
     
    На mKdevojce, Hellobeautiful, S.W.A.G и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.797
    Ти си се омажила си го донела мажот, брат ти се оженил си ја донел жена му...

    И тоа како има врска поделба на имот.
    Утре ден како планираш полата да си ја земеш?

    Околу поделба на обврски дома со мажот, и тоа има врска.

    Уствари се' има врска, а најмногу останувањето на кое било дете во заедница.

    Јас не знам какви обврски да имам, нема шанса да пропуштам ден во животов да не сум кај моите. Со пол.час сега ми се искомплицираа работите, па пак наоѓав начин и со нив и со вереникот секој ден да бидам.

    Може некои се посамостојни, не знам, за мене си зборам.
    Ни зетовци, ни снаи, ни маж ни никој не ми е поважен од тоа да сум со моите.
     
    На cresa-jagoda, An-na и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Tука секој си зборува за себе, а јас зборувам за хипотетични ситуации.
    Јас сум така воспитана семејството на прво место, па после се друго. А кога ќе се омажам семејство ќе ми биде мажот и децата. Нормално дека пак ќе ги сакам татко ми и брат ми, секогаш ќе бидам тука за нив верувам и тие за мене ама не гледам никаква потреба од секојдневно одење по гости. Ниту мајка ми одела секој ден на гости кај баба ми, туку еднаш до два пати месечно да ја видиме и за празници, а инаку баба ми живее на половина час од нас.
    Животот во заедница сите знаеме дека е тежок ама не секој има можности и финансии да си живее одделно. Сум пишувала многу пати дека јас во заедница не можам да се замислам, а човек кој не може да се оддели од тато и мама таков маж не ми треба. Незамисливо ми е свекрва да ми готви или да ми пере, тоа не верувам да си го дозволам никогаш. И една соба и купатило нека е ама да знам дека си се мои.
    Што се однесува за поделба на имот тоа е многу чуствителна тема верувај. Лесно и убаво е кога имаш што да делиш ама многумина и немаат. Мојот дедо (на татко ми татко) беше многу имотен човек и навистина имаше многу ама не препиша и подели на синовите ништо. Така да единственото нешто што го имаме од имот ние е куќата во која живееме и толку, друго за делење нема.
    Ако утре јас и моите деца сме финансиски обезбедени а брат ми и не толку нормално дека ќе му ја оставам куќата. Исто така верувам дека и во обратен случај ќе биде исто. Терање инает и заклучување на една или две соби пошто мој дел ми е глупост. Ако и двајцата имаме доволно ќе му исплатам или ќе ми исплати половина пари колку што вреди куќата.
     
    На Yowannty, Luna91 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.797
    Ете, не мислам исто.
    Од свој дел не би се откажала.
    Не ради себе, да повторам само ;)

    Колку што тебе ти е гајле за живеачката на братучедите, толку и на твоите деца ќе им биде за живеачката на децата на брат ти.

    На татко ми чичко ми брат му беше, ама неговите деца не се мој проблем колку имаат или немаат.

    Финансиските можности и на ќерката може да се лоши или баш да немаш ете, или да имаш па да се задеси да немаш, сулудо е брат да "те прибира" во куќа на заедничките ваши родители.

    А може ни синот ни ќерката да немаат нели, па и ти мажот, и брат ти жената - кај твоите. Хипотетички нели.

    Ама вака хипотетички и на форум сите ќе сте великодушни, во реалноста еден куп жени не се разведуваат затоа што НЕМААТ КАЈ ДА ОДАТ.

    А немаат кај да одат затоа што живеат во куќа на свекорот, а да се разведат ќе треба да одат "кај братот" на кого му ги оставиле двете собичиња и таму, исто така, сметаат.
     
    На Dream-Girl, H.VAGA, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ве молам, ве молам откажете се од вашиот дел од куќата пошо имате осет, културни сте, современи, дајте му се' на братот, и после одете и плачете како золвата ви смета. :rofl:
    Не е современост тоа. Тоа е перење мозок дека се треба да остане на братот, а сестрата ќе оди да се омажи. И оваа сестрава навидум современа, образована, не гледа ништо погрешно во тоа. И после кога ќе оди и ќе види дека во светот постојат родители што не си ги делат децата, за нејзе тоа е шок. И нормално, не може да прифати дека нејзините родители постапувале погрешно со тоа што ја оставиле да се снаоѓа, и очекувале некој да ја прибере кога ќе се омажи, не, никако тоа не е погрешно, мора другите да грешат дека немаат осет де. Жал ми е дури
     
    Последна измена: 16 мај 2020
    На Izaabella, Estranged, baby-star и 11 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.704
    Пол:
    Женски
    @Mantub таа нееднаква поделба ги прави сите проблеми. Има снаи кои се отфрлени од родителите и очекуваат свекорот и свекрвата да го направат истото со золвата. Што бара золвата дел? Мажена е. Па таа бара дел од нејзините, а не од твоите. Ако ти доброволно си се откажала од својот дел, не значи дека и золвата треба.
     
    На baby-star, cresa-jagoda, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.866
    Допаѓања:
    13.499
    @Luna91 мене па ми е чудно твоево. Домот каде што сум израснала да не е повеќе мој дом :wasntme: Зошто така? Чисто онака те прашувам.
     
    На baby-star, mal.ecka, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.797
    Го чекам денот кога ќе смета братот ;)

    Или он машко е, па му следува по дифолт :D

    Ќе се откажеле... арно, со среќа.
    Него да видам брат од се' да се откаже ради сестра, па да се почудам.
     
    На baby-star, riba79, Mantub и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.866
    Допаѓања:
    13.499
    Не мора да заклучуваш. Нека ти даде пари брат ти за делот што ти следува. Јас така би доколку имаат моите помалку соби. По нивна смрт не би заклучувала можеби,ама брат ми има да ми даде пари за делот. Зашто тркалото се врти, денес имаш, утре може да немаш.
     
    На SandStorm, kukla21, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.704
    Пол:
    Женски
    Ми го зема зборот од уста. Искрено....не сум слушнала брат да се откаже од својот дел за да и даде на сестрата. А зашто? Затоа што неговата женичка ќе се буни. Па како така. Ти си маж.

    И јас би барала дел. Зетот колку сака нека се буни. Или нека ме исплати сестра ми.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.088
    Допаѓања:
    134.970
    Колку сте материјални... брат ми да ме исплати...
    Јас иам кај да живеам, он нема и да му речам, прави проценка на куќата, земи кредит и плати ми. Вот?!?!?
     
    На Avery, mal.ecka, Nevenche26 и 3 други им се допаѓа ова.