Затоа јас цело време зборам дека треба да се има свое. Имам и пишувано во другата тема колку време се мачевме со маж ми за да го купиме станов. Ама не сака секој да си скрати од луксузите. И нормално, трпиш да ти се качува на глава кој стигне. Страшно е да си имаш работа со луѓе без осет. Доволно е да ја отворите темата и ќе видите дека најголемите проблеми потекнуваат од животот во заедница. @riba79 ќе се потрудиш малку. Ама полесно е да чекаш друг да ти даде. Не ми беше ова наменето за тебе.
Имотот е на твое име? Ако е на твое,тој си оди,ама ако е пола пола е и тој има право. Може да живее во друга соба и друга да си донесе. Знам за такви случаи, ги имам во околина.
Епа нат твој проблем, ама само ако се лажеме ќе го лишиш едното за другото. И нат мај проблем, и свое, и наследено имам, ама немам намера да нарекувам некоја себична, материјалистка, лоша ватевр затоа што очекува еднакво со брат и'. Ама овде не е дека баш за мој проблем збориме или твој Јас ни брат немам, среќа па сестра е. Па нема потреба никогаш да бидам во ситуација на себичлук да (не) се откажувам ради некој.
Он ми е мене жирант, јас сум кредитобарател Али на име на двајцата е, уствари. Секој во своја половина друг ќе си носи
Епа и јас знам за ваков случај. Мажот и жената се разведоа и живееја во истата куќа и(во брак ја направиле )и мажот си носеше други дома.
Заклучивме дека на золвата и бил даден плац за куќа и се било поделено на пола, ама пак снаата крива и гостинка Конкретно во случајот, на золвата и помогнале со плац за куќа и со други работи за опрема на куќата. Фактички наместо тоа да му го дадат на брат и за тој да се отсели, му ја препишале оваа куќа, а неа и дале за нова. Што не е фер тука?
Тaкa де, пред дa се рaсфрлaте сo мoе и твoе или јaс ќе си oдaм, oн ќе си oди, требa дa се рaзмисли кoлку кoмплицирaнa рaбoтa е зaеднички кредит и рaзвoд и не е мнoгу пoлеснo oд oние штo немaaт свoе пa требa кaј мaмa дa се врaтaт. Јaс нa пример пoпрвo кaј мaмa би се врaтилa, кoмoтнo Куќa сo еднa плaтa не се исплaќa.
Ќе си плаќам бе и не се бркаме, логичен след е он да си оди, разговарано ни е. Брат пред пари. Ништо на свет нема да ме убеди у друго.
Имотот е на мое име но е стекнат во брак. Правно колку што знам иако е на мое име сепак е пола пола, само во случај да го наследев ќе немаше право да бара. Само да споделам вистинита случка гледана со мои очи. Маж и жена во брак не се согласуваат со негпвите и решаваат сами да живеат и да стекнуваат. Стекнаа што стекнаа и детенце имаа и кога се средиа без ничија помош мажот умира. Замислете по кратко време родителите негови кои скоро и не збореа со него откако се ожени, решиле да бараат дел. Им рекле дека имаат право да го бараат делот од синот. По незнам кој закон ги следувало да го бараат делот неговите. Пак ќе кажам ниту учествувале ниту дале нешто. Незнам како се заврши зошто ми е незгодно дури и да слушам. Мм кога слушна ќе се онесвестеше и вика зарем и ова е можно да се случува. Така да се има на овој свет.
Ајдеее, првпат слушам за такво нешто, од синот да имаат дел родителите. Наследници се децата и мажот/ жената по смрт на мажот/жената, а не родителите. Искрено, се зачудив.
И треба и нетреба да ти пречи Зошто ? Велиш помага ги чува и слично но го кара децата кога бебето и спие (нормално и ти да имаш бебе и ти би ги карала нејзините да не се гласни или сл) Од една страна си имаш свој спрат и можеш горе да си седиш и да не се замараш Но и тоа не е решение Ако таа нема осет можеби има причина што е кај вас повеќе него дома (недајбоже се разведе нонстоп ќе е ) Се додека родителите и се живи никој нема да и забрани Замисли на свое дете да му речеш да ме доага? Ќе испаднеш крива (најдобро мм нека збори со неа зошто ако ти зборуваш тогаш ќе си крива и ќе биде бетер)... пробај да не се замараш со неа и готово... (Се надевам не ме свато погрешно но стаи се во сите позиции и нејзина и твоја и на нејзините родители )
Деца пред брат, Чка, деца пред брат. И деца пред сестра Оти не можат да се вратат "кај братот"? Оти тој си има жена и деца кои повеќе од сестра ги сака.
Ви благодарам на сите за советите Дома со никого немам разговарано за оваа, затоа пишав тука сакав да слушнам повеке мислења Летото одат кај маж и таму ке живеат, мислам така кажува таа па ке видиме По се што прочитав не би да зборувам со никој дома за тоа дека почнува да ми пречи, ке си дојде маж и нареден месец па се надевам дека нема да е до толку,но ако продолжи секако ке разговарам со мм Благодарам на сите
I jas mislam deka zenata i decata nasleduvaat, roditelite ne.. Osven ako nemale deca togas nasleduvaat roditelite ili brat, sestra.
И жена му наследува, но 50%. Останатите 50% следуваат на родители, АКО нема деца. Ако има, се дели на децата процентуално. Ако знае некој правник поточно нека ни каже
Да се надоврзам на муабетот од погоре, иако темата не е таа, не знам зошто терминот "материјалист" е доживуван како лоша придавка во еден толку материјален свет. Лично, немам проблем да се наречам така, бидејќи тоа е точно, а во исто време и реалност. Ако некој мисли спротивно, во огромна заблуда е. Љубов пред покрив над глава и било каква друга сигурност е рецепт за мизерен живот, и тоа е факт. Брат за брат, сирење за пари. И да имам повеќе, и да има некој друг повеќе, што е мое- мое е. Не го давам и не го отстапувам. Туѓо не сакам и мое не давам, за колкав дел и да се работи. Пред крајот, ако сакам да помогнам на некој друг ако сум во можност, ќе го направам тоа во наследство.
Док не се ожени брат ти, после ти ќе бидеш золвата гостинка што ја збориме тука. Па и деца ако има, ехехеее, децата секако ќе му бидат на прво место, ти не баш. Што е и нормално, нели? Чуден ми е муабетов на откажување од имот оти братот, сестрата немале, а ти ете имаш? Убаво вика @CameliaMiller сопствените деца ги лишуваш за сметка на туѓи. И мајка ми се откажа од стан, тетка ми си го наследи, сега братучед ми си седи на готово во подарен стан, а јас кредит плаќам Тоа фер е? Никогаш не би се откажала од имот за да го дадам на друг, особено не сега кога имам дете. Ништо туѓо не земам, не сакам никому да наштетам, на најблиските секогаш ќе им помогнам, ама од имотот не се откажувам.