Тоа и мене ми е сега муабетот. Ете, може јас и партнерот ќе успееме само едно станче да купиме нели, за нас сосема доволно. Ќе им пружам образование на децата за да си се снаоѓаат. Амаааа... децата на сестра ми, зошто тие на готово да добијат, а моите да се мачат? Колку и да ја сакам сестра ми - а ја сакам, може и од моите повеќе, знам со сигурност дека нема да можам ни неа, ни никој, да сакам повеќе од свое дете. И како што кажав, мајка ми нема фајде од своето наследство. Се' сами со татко ми створиле. Ама, јас и сестра ми имаме и ќе имаме многу фајде од истото. Нема ни една причина зошто децата на вујко ми да добијат, а јас и сестра ми не - кога мајка ми исто колку него била лишувана додека родителите нивни стварале. Моите братучеди не ми се до толку драги за да се жртвувам за нив. И на мајка ми не ѝ се до толку драги, за сопствените деца да ги лишува.
Не мора пред крајот де. И дур сум жива и здрава секогаш ќе ѝ помагам на сестра ми. И сега тоа го правам, на неа ѝ купувам работи што моите пример сметаат дека е премала за да ги добие, во смисла поскап телефон и слично, се' што имам ѝ давам. И цел живот во неволја ќе ѝ помагам оти ми е сестра и ја сакам. Тоа не значи дека јас треба да се мачам и во животот, а таа да добие на готово оти не се снашла. Како што јас и партнерот се снаоѓаме, исто така и таа ќе си се снаоѓа.
Не е ова тема, ама се се дели на еднакви делови, без разлика машки, женски деца и мир во фамилија. Ова во случај ако никој посебно не се инволвира во догледување на родителите. Толку филозофии за браќа, золва, балдзи, за да се сведе муабетот на имотно правни односи. Не е проблемот на членката имотно правен, прашање на личен простор е ваљда. Некому би пречело, некому не би пречело, зависи колку и се загрозува личниот простор. А кога се живее во близина со луѓе, стално некој може да пречи. Немам золви, снаи, па ми пречат комшиите кога се караат ноќе или кога вртат со бурмашини во 7 сабајле. Компромиси.
Конкретно мислев на имот во пишаното што си го цитирала, или нешто поголемо материјално добро. А тоа можам да го направам на крајот, кога моето треба да заврши и според тогашната ситуација на најблиските ќе проценам на кој што му треба и дали треба/не треба/ќе добие. Инаку, секојдневието е друга приказна. Семејството и на мене ми значи, секој помага кога и колку може да дневна база. Ама тоа не го правиме за да мислиме дека нешто на некој должи па потребна е компензација. Исто како и сите сме со исти став дека е најправилно се' заедничко да се подели еднакво и секој да добие свој дел. Нормално е тоа, и никој не го нарекува другиот себичен/материјалист/уатевр.
Некои на темава и во земјава треба сериозно да научат значење на некои поими. Не сте великодушни, добри, пожртвувани, културни ако не сте добиле ништо, а брат ви добил се. Брат ви испаднал далеку попаметен од вас, а вие задоволувајте се со улогата на спасител во семејството. Феминизам после
Братот пред се??? Мене ми е детето пред сите. И да имам три куќи со мажот, од имотот на моите не се откажувам. Утре детето мое да не може да отиде во куќата каде што сум израснала јас ? Ви се чудам како можете тоа да им го ускратите.
Nie (mm i jas) imame vo dva razlicni grada roditeli, koga se zemavme ni pomognaa samo ednite da imame svoj dom(sekako sakaa sami),a na dr oko ne im trepna. Sega posle 11 godini povtorno kypuvavme zasto ni bese mal drugiot stan,no istite koi pomognaa prviot pat,pomognaa i sega i oni ne forsiraa da pobrzame... Znaci jas moeto dete (a imame 3) nema nikogas da go ostavam bez nisto,da ne go podzam, da ne mu dadam i da ne mu pomognam koga mu e potrebno. Najlesno e da se kaze NEMAM NEZNAM I NEMOZAM!!! No za mene toa ne e prav roditel. Roditelot grize so zabi i grebe so nokti za svoeto cedo,da go izvede na prav pat ,da go vospita, da go nauci na dobroto vo mizerniot svet i na losoto vo golgotata! Ne e samo da go rodis i da cuvas,na deteto mu treba celoana podrska vo negoviot zivot,toa ne podrazbira toksicno vlijanie,samo realna roditelska griza i vnimanie. I moite deca (pogotovo najgolemoto zasto gi razbira veke rabotite)znae deka moze vo sekoe vreme da se potpri na nas. Imotot koj ke go imame zdravje, ke se deli na site 3ca i nema nikoj da ostane bez nisto! A ni bratot so najmnogu,site sum gi rodila,site isto gi sakam, i site mi se podednakvo bitni!
Ве читам и не ми се верува како може толку од вас да си мислите дека туѓо, читајте овде убаво туѓ имот да е ваше неминовно право. Ваше е кога некој ќе донесе одлука да ви го отстапи, подели или ништо од двете опции. Последново многу си го практикуваат во понапредни и поразвиени цивилизации од нашево село. Родителите се најмногу криви кога не се отворени пред своите деца и не расчистуваат со вакви прашања а одбираат да прават паразити од своите деца, и синови и ќерки, оставаат животот едноставно да си тече и да ги одмине оваа обврска. Ве убедиле дека тука мора да има некој должен да ви обезбеди вас покрив над глава доживотно, сак'н ако излезете од вашиот комфор и се борите за сами да се грижите за вас. Секогаш ви е поважно како тоа некој друг ќе добие нешто (брат, братучед, сестра, золва). Размислете колку сте себични кога им го правите тој притисок на родителите и не им давате трет избор. Ова сите страни го забораваат. Никој нема обврска ништо да ви даде. После полнолетство, се разбира. Никому немате обврска ништо да давате. Исто така после полнолетство.
Значи, ако родителите делат нешто треба да го делат на сите деца исто. Ако не делат, не делат на никого. А не на едни се', а на други ништо и после овие што не добиле ништо кога ќе се побунат, паразити биле. А овие што добиле се, тие не се паразити? Уствари не се бунат, си ќутат и после кај што одат во друга куќа, таму бараат, па жалопојки од типот Ама немаме услови во Македонија, вие не знаете како е, немој аман ќе заплачам. Каков притисок на родителите им се ствара шо збориш. Овде не прочитав никој да напише дека родителите треба да му обезбедат живеалиште. Туку збориме како тоа што го имаат, не смеат да го поделат нееднакво
Јас некако баш прочитав. Оваа снаата има обезбедено живеалиште кај родителите од мажот, золвата има негде другаде. Може и не беше така ама небитно. За какви поделби на имоти зборуваме, ако родителите се живи? Значи зборуваме за обезбедување живеалишта, помош, ватевер. А инаку, цел форум го превртев, не најдов тема за вашите родители. Значи нема категорија семејство, а во категорија брак... пааа, на родителите не им е место ваљда. Освен што треба да обезбедат живеалиште, да поделат имот, да гледаат внуци и да помагаат дури можат. А што кога нив ќе им треба помош и грижа? Или не е тоа модерна тема?
Смеат да прават што сакаат, само нивна одлука е што ќе прават со нивниот имот и нема тука лутење. Апсолутно не значи дека помалку ве сакаат. Не ви прават услуга со тоа што ве обезбедуваат, си го земате здраво за готово, нели дека правото ви е задоволено, тоа е најважно. Ова важи и за синови и ќерки, да нема забуна. Многу потфрлуваме како општество во оваа сфера. Приоритет да е поделбата на имотот, да мора да ни даде некој нешто. Колку енергија се троши само на ова, а толку е контрапродуктивно.
Јас од никој ништо не чекам Фала богу здрави, прави, работни сме и двајцата. Тоа не значи дека би ми било ок родителите живи да не ми "пишат" 50%, умрени секако 50% државата ќе ми пише.
Не си во право. Не се должни родителите ама баш ништо. Можат се' да продадат и да одмараат на стари години по светов и за ни едно дете ништо. Ама, да ги делат децата... рецепт за нетрпение и раздор ти е тоа. Неправда е, посебно е неправда кога приоритет се дава на машкото дете. Мене ми е крајно несфатливо. Како што јас не ги делам родителите, се' што можам еднакво правам за нив, така очекувам и тие мене да не ме делат. Една соба - 50%. Хациенда - 50%. Ако решиле да оставаат наследство - 50%. Ова ако се две деца, нели. Ако е едно 100%. Ако се 3, 33,3%
Ништо нема да ти пише државата, ич не се надевај. Да не стигнеме до пишување, сами да си испишеме најарно за сите. И пак ќе речам, не е тоа темата, оф сме .
Не знам како е поврзана грижата за родителите со живеалиште. Може овде сите се грижат за родителите, од кај знаеш, не значи дека ако зборуваат за живеалиште, не се грижат. Иначе снаата не може да си има обезбедено живеалиште кај родителите од мажот. Таа си е таму само дојдена. Не смее ни да помисли, а не па да се жали декз золвата и сметала. Може да и смета на нејзино,ама кај свекор и свекрва не е нејзино. Муабетот за поделба на имот се разврза одпосле. Не мора воопшто да се дели некаков имот дури се родителите живи. Ама ако на некого свекорот и свекрвата имаат обврска да му обезбедат живеалиште, тоа е сигурно ќерка им, а не некоја која мисли дека има право на нивниот дом само затоа што се омажила за синот. Таа може од родителите нејзини да бара, ама еве читај колку невести пишат дека тие не би земале од братот. Не би земале, а пази нивни дел е тоа. Ете зошто се разврза муабет за наследство делење. Јас куќата моја ја градам со мисла да остане на моите деца, а не на некоја невоспитана да и текне дека и должам нешто па ајде и сметаат членови на семејството кое растело тука цел живот. А дома и кај нејзините ќе ти рече, а не јас на брат ми не сакам да му земам. Ако не сакаш да му "земаш" на брат ти, а ти сметаат луѓе во нивниот дом, се знае што се прави, се оди под кирија, се купува свое. Амааа немаме услови, сиромаштија, жалопојки. Стварно не знам како не разбираш. Не е проблемот дека родителите одлучиле имотот да го продадат и парите да ги дадат за хуманитарни цели. Проблемот е кога на едното дете даваат, на другото не. Значи ако не даваат на никого да не даваат, ако даваат на сите подеднакво. Ти скрос друга тема отвораш, која нема допирна точка со ова што го збориме
Собата на моето дете е финансиски повредна од пола ќуќа на моите Апсолутно од ништо нема да ја лишам ако не земам пола, а на брат ми ќе му направам проблем, и него ќе го лишам. Секако ако брат ми има кај да живее, куќата ја продаваме и делиме парите. А јас и сега сум гостинка у куќата од детството, бев и пред да се омажам кога бев по кирии. Јас имам мој дом, тоа не е мој, на моите е. Седам 3 -4 саати, еднаш месечно. Може а снаата ќе има многу имот, па брат ми ќе ми рече ете ти кучата не ми треба. Ни јас ни он никогаш не сме биле заинтересирани за пари. Само глава да имаме да ставиме некаде. Мене ми било пишано кредити да земам, него може му е пишано да има жена полна пари Детето ми е обезбедено мене, нема што да се грижам. Кога на моето дете му беше ладно оти немав пари за печка, брат ми зема кредит и ми купи печка и пелети за цела година оти немав. Тоа не се заборава. Кога му реков да ти вратиме пари, рече, не се замарајте, имам пари у моментов. Кога немавме дома за јадење, со 3 кредити и кирија, брат ми ја полнеше цела кола јадење и ми оставаше дома, возеше до Скопје за да ми донесе. Кога јас одев на факултет и немаше за леб дома, јадеше вчерашен леб и сало, и никогаш не ми пререче дека за моето образование трпел. Кога немам за рата, он ми дава. И сеа јас да му речам, земи кредит да МЕ ИСПЛАТИШ ахахаххахахаха
Јас сум единка,ама таму каде што ќе отидам да бидам снаа нема сигурно да се понашам како се да е мое,ама нема ни ко гостинка. Затоа што реално не е мое,тоа е куќа на неговите,тек на него,па брат ако има. Мое ќе биде ако е стекнато од мој пот и труд.
Секако дека може, и таа е човек, и таа по цел ден работи и придонесува во куќата. Не е само дојдена. Да не одиме оф, зборувај конкретно за овој проблем на членката. На мажот била препишана куќата, а неа и опремиле нова. Нели е поубаво? Мене ми е еднакво, ама изгледа пак малку ви е. Зошто така одлучиле тие си знаат, сигурно се договориле со нивните деца за да биде еднакво. Јас не видов дека членката некаде бара нешто од нив ниту дека ја брка золвата. А на секој човек би му сметал некој без осет, и нормално е да се пожали ШТО НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ЗАБРАНА ЗА ДОАЃАЊЕ И БРКАЊЕ на золвата. Околу имот, до самите луѓе е. Јас да сум добро ситуирана а да знам дека брат ми се мачи, не сакам ни дел ни ништо. Ако можам јас ќе му помагам, ако не можам здравје. Ама никогаш нема да му отежнувам Има секакви снаи, точно, ама оваа да беше од тие полошите немаше со прст да мрдне за куќата и одамна ќе направеше расправии дома.
И моето дете е обезбедено,ама не знам како да ти објаснам дека сакам да си оди кога оно ќе посака слободно во дедовината. А не утре попреку да ја гледа некој. Ако не братот, жената негова. Јас сум многу блиска со моите и одам често. А ти ако си одела ретко ,ок. Секој си знае. Мене секогаш и тоа ќе ми биде мој дом. А некои што не го чувствуваат така, пак ок.
Ти тврдиш дека твое загарантирано право е туѓ имот и некој тебе мора да ти дели нешто со некој трет. Јас ти тврдам дека не е должен никој тебе ништо да ти дава после полнолетство. Тука е замката во која влегувате и верглате 10 страни на темава за вашиот дел, вашиот имот, делот на вашите неродени деца (уште не можам да се изначудам на ова). Не е ваше ништо од тоа. И како можеш да си дозволуваш за некој што не го знаеш да се изразуваш "таму некоја невоспитана"?! Можеби снаата повеќе заслужува почит од старите, отколку сопствените деца. Секакви случаи има. Може од улица некој повеќе заслужил во нивните очи да им подарат нешто.