Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.502
    Темава е превазиџена.
    Има многу прашања, детали, закопани емоции и услови кои не сме ни свесни да ги презентирани ко причини за некаков си став.
    Ако едниот е скрасен, другиот кубури, одговорот е јасен. Ниеден закон и право не е пред личната совест. Не знам како би била среќна, јас да земам некоја половинка кога моите брат или сестра остануваат само и само со останатата половинка.
    Се бунам на моментот се на синот, а ќерките ништо, а тие и ништо и немаат или да имаат, ако се има доволно да не се подели рамноправно. Тоа страшно ме лути.
    Но се друго е ствар на љубов, компромис и разбирање.
     
    На JuLleE, M.B. и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Така е, и мене тоа би ме лутило. Меѓутоа многу си патиме од неразјаснети работи, посебно за вакви прашања. Секогаш се снаата и братот криви, се чекаат старите да починат, па да се бара наследството, се бара од братот да исплаќа или дели имот кој му припаднал а не се разбрале дали некому му пречи. И овде се губат сите шанси за љубов, компромис и обострано разбирање.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.502
    Не ме разбра. Поентата беше дека во сите насоки е обврската.
    А проблемот се родителите кои не завршиле добра работа на време.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како е можно една проста реченица да не ми ја сфаќаш. На темава никој не напиша, леле мене не ми дадоа после полнолетство ништо. Проблемот е кога не даваат, на никого не треба да даваат,а не на едното дете му даваат , на другото - немам обврска да ти дадам. Ти си запнал полнолетство та полнолетство. Значи ОБВРСКА е на родителот децата даги третира исто. Тоа не значи да им купува замоци и палати. Туку се што дели, да дели поденднакво. Никој не зборува на темава за тоа што ти го збориш,никој
     
    На Rama, black-angel, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па ти отече овде како некому му се должи. Ве разбирам околу неправдата што би ви била нанесена со делење-неделење, но во никој случај не треба да сметате дека ви е причинета материјална штета, за тоа да биде треба да го поседувата тоа материјално добро.

    И на крај со вакви размислувања секогаш подебелиот крај го извлекува братот или оној кому сметате дека му е дадено повеќе, нели снаите се невоспитани, од улица дојдени, според вас не смее да им се даде ништо. Едноставно е, правиш сметки кои не се твои. Цели фамилии се растурени, нејќат очи со најблиските да си видат, зошто? Па ќе се колете, карате, влечете по судови, ќе го живеете животот во гнев, зошто некој не ви дал 5 квадрати, а НЕ БИЛ ДОЛЖЕН тоа да го направи.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Не е должен ништо да ми даде, должен е ЕДНАКВО да ме третира со браќа/сестри.
    И за имот, и за љубов, и за се'.

    Ете толку е просто.
    Мое е еднакво да добијам се', исто така мое е дали ќе се откажам од нешто бидејќи сметам дека на братот или сестрата повеќе му треба.

    Мене ми е незамисливо да ми дадат што било повеќе од сестра ми, јас не би можела мирно да спијам и со чиста совест. Пак ќе речам - шодае во прашање.

    И се понашате како да живеете во земја во која жените остануваат во брак од љубов, а не од немоќ и немање излез.
    Како да не сме прочитале на форумов "ти кај маж ти ќе си бараш".

    Абе ајде.
     
    На bittersweet, *Amethyst*, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.980
    И снаите и золвите и јатрвите се жени, никаков феминизам не гледам во поделба или наследување на имот. Феминизам ЗА, секој да си направи свое, да не се зависи од никого, ни од родители, ни од маж. Оти само твоето е твое, другото е поклон, па дали се 5 или 500 квадрати небитно. Феминизам ЗА повеќе образование и работа, не за трчање во мажачка уште од градинка.
     
    На Shelea, Dentina и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Е така де, ама сепак, и двајцата да имаат, да се ситуираат итн. наследство еден ден треба да делат.
    И не е проблем ако еден се откаже за друг оти нели, па во хациенди живееме овде, проблем е кога се ОЧЕКУВА од сестрата, од женскиот наследник, да се откаже.

    Мислам, живееме во земја каде што магистер ми ја фрла корпата со отпадоци, и има полуписмен газда што и' се заканува на секое.

    Во некоја друга земја тоа, на некое друго место, овде золвата е ем непожелна кај тате, ем туѓа и гостинка кај маж. И не, тоа не се прости и неписмени жени, туку жени доволно несреќни да се родат кај што се родиле.

    Прва сум да кажам дека родителите ама баш ништо не ми должат материјално.
    Ми должат еднаков третман со сестра ми, оти па, исто деца сме им.
    Сум имала среќа да живеам материјално добро обезбедена и со рамноправни родители, со мајка со изграден став за себе и независна, и татко што не се смета себе за алфа мажјак, ама примерот на моите е - пример, за жал далеку од правило.
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.508
    Камо да можат повеќето родители да си уживаат на старост во заработеното, да не се гужваат во ист стан/куќа или да не ринтаат до 75 години за да остават имот. Ама економијата и менталитетот си го прават своето.
    Дури и во западните земји ниската средна класа, а особено работничката не може да си дозволи сопствени куќи на 25 години, ама таму сепак никој не живее со свекрва. Баш никој. Ако живее со родители, кирија им плаќа и трошоци обавезно. Во мк пак се очекува и деца да гледаат на старост чат пат.
    Поразително е колку лошата економска состојба ни ги извртува очекувањата.
     
    На Doozy, cresa-jagoda, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.980
    Не се толку од економска состојба извртени очекувањата, колку од традиција. Јер Нечиста крв, разбираш, уште се живее.
    Средна класа на запад, никој нема куќи на 25, ама и никој не живее со родители. И никој не мора да стапи во брак, за да замине од дома. Имањето сопствен дом значи слобода, па дали е кирија или кредит, сеедно. Јас сум запрепастена колкав процент луѓе од сите возрасни категории живеат под кирија, ама тоа е, менталитет. Тоа илустративно, дека немаат на запад златни лажици, само поинаква матрица. Кој како си го разбрал животот така ќе го живее.
     
    На Doozy, Shelea, andrejko82 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Секој еден што има мир во “својот” дом, не оди на друго место па макар и родениот дом да е. Затоа, не осудувајте ја золвата дека дошла на гости. Сигурно има проблеми дома, па на некој начин бега од нив.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata и Svetoslava им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама не треба да оди на гости? Во куќата кај што израснала?
     
    На i13dk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.321
    Допаѓања:
    170.698
    Пол:
    Женски
    Ама ми е интересен муабетот со - куќата во која сме израснале!
    Ко за свето место да збориме.
    Јас па не можам да стапнам во куќата во која израснав и живеев 36 год.
    Ја продадовме:)
    Моите сега си живеат во нов стан.
     
    На thequeen95, Yowannty, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Се сложувам потполно. Сите зборат само од свој аспект и како треба родителите да делат. Не велам дека родителот не треба да е еднаков, но многу родители исто така се ставени под притисок дека треба да ги обезбедат децата. Пораснале станале мажи, жени, излегуваат и чекаат пари од родителите. Чекаат и земаат со години. После стапиле во брак и чекаат родители да им обезбедат станбено прашање, после се заглавиле со кредити и пак чекаат помош од родителите. И на крај чекаат родителите да умрат за да поделат нешто што не го заработиле. Пошто нели треба да земат дел за да дадат на нивните деца. Ама битно знаат дека делбата треба да е еднаква. Инаку и брат ми има обезбедено станбено прашање па често прави притисок да се продаде дел од имотот за да уживаат. Да прошетаат, да не мислат за ништо и никој. Не сум дозволила денар да ми дадат уште после 1год факултет. Јас нив им давам да се почастат, да си купат нешто, да имаат едноставно.
     
    На Dentina, Biljarkata и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    За тебе не е свето место, ама за мене е. И да дојде некоја да ми кажува дека јас не треба да доаѓам затоа што сум се омажила, има да ја отерам кај што не треба. Ако е она избркана од дома, никој не и е крив. Заради такви невоспитани снаи се караат браќа и сестри помеѓу себе. Ова што го пишувам е од искуство на мајка ми.
     
    На Mantub, cresa-jagoda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Од прв ден кога работам, а тогаш работев за бедни 6 000 денари, од моите пари не сум земала.
    Денес па ич. Да им помагам - не им помагам, оти па фала Богу имаат.
    Но и кога ми е тесно, не им барам.

    Сами со веренкот се' правиме.
    Ни од мајка му, ни од мајка ми чекаме.

    Ама, тоа пак нема врска со третирање деца еднакво.
    Нема да се налутам 0 да ни' дадат.
    Ќе се налутам ако не' поделат, ќе се осетам помалку сакана. Исто ни на сон не би земала повеќе од сестра ми. Дури и они да поделат така, сама ќе "израмнам".

    Како тој дел не е сфатилив, не знам.
    Ништо не чекам и ништо не барам, освен што очекувам еднаков третман.
    Не станува збор за пари, туку за однос, а за мене барем тоа е црно/бело. Јас не знам, посебно тие што имаат повеќе од едно дете меѓу вас, како воопшто можат да разберат на едно да дадат, а другото "се снашло".

    Или како, во било која ситуација, би можеле повеќе да толерирате туѓо дете (снаа, зет) од сопственото родено.

    И инаку, наследство секаде постои. Не го измисливме ние во Македонија. Нашите родители наследиле, ќе наследиме и ние.

    Иначе во фамилија имам еден "неснајден" што цел живот е "греота".

    Секако дека им ску*чи и на браќа сестри веќе, па освен мајка му што го жали уште, а тој вол скоро 60 годишен, со никој не живее.
     
    На kukla21, LadyC, Mantub и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.321
    Допаѓања:
    170.698
    Пол:
    Женски
    Мене мама ми е света:inlove:
    Дал ќе се гледам со неа во куќата каде сум израснала, дал ќе одиме некаде на викенд, дал ќе дојде кај мене...све исто.
    Битно да си се видиме раат неколку пати во месецот.

    И фала богу дека овде секој си збири што му е најважно од свој аспект.
     
    На Yowannty, Orchidea, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Луѓе золвата може да оде во домот на своите родители и секој ден по 5 ..6ч да седе (независно дали родителите живеат сами или со другото дете кое исто така мажено/женено .... меѓутоа золвата ако си има исполнет живот (убаво и е во животот... оде на работа и она и маж и , готви, земат деца од градинка, пазаруват, слуша музика , гледа филм , излегува се дружи оде на кафе , на роденден , има сложен брак ... работи со деца за во школо...еве со овие активности (а секако има и дриги ) не оде кај родителите секој ден или почесто во неделата оде еднаш во една две недели (се слуша со родителите телефонски и тоа е доволно )
    Во врска со чувањето на децата зависно ситуацијата се постапува ако нема кој да чува децата на золвата , ги чува мајкаи , има простор носе децата кај мајкаи нема простор мајкаи доаѓа кај неа за се да биде во ред
    На тие золви шо и е досадно .... доаѓат од работа неМа шо да прават одат тепат време кај родителите и почнат со мајкаи да оговарат ...ништо не ги интересира , седат кај мама понасат се како во нивна куќа се е тоа од досада ништо не ги интересира живото и застанал ..... или има проблеми дома неможе да ги реше па оде почесто кај мајкаи глава да разбистре хахаха и почнат со мајкаи да оговарат на снаата замерки наоѓат...... или немањето доволно пари па ај кај мама ке даде некок денар... Е од ваквите золви почнуват проблемите ако има снаа во таа куќа
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Неоспорен факт е дека е добредојдена во својот роден дом. Мислењето ми беше пишано дека не треба да се осудува ако доаѓа и да се има разбирање зошто доаѓа. Роден дом, уточиште, сигурност.
     
    На CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    И јас одам кај татко ми секој ден. И секогаш се најавувам однапред. И сестра ми кога доаѓа пак се најавувам. Можеби сака да одмара. Уште од мала ме учеа да имам осет. И затоа решив да имам свое. За да не ми мрчи некој друг над глава. Се потекнува од домашното воспитување.

    И кога некој веќе ја спомна златната лажичка. Сум барала од татко ми пари. Ама кои пари? Оние од семејната пензија. Оние кои ме имаат читано знаат дека сум дете на самохран родител.

    Братот е тој што треба да реагира во случајов со членката. Оти се знае дека снаата ќе биде лоша ако пререче. А дека има безобразни золви, има.

    @friendy погрешно те разбрав. Нормално дека не треба да се осудува. Затоа што и снаата можеби некогаш ќе има проблеми и ќе сака да си замине од дома на некој период.