Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.284
    Допаѓања:
    284.873
    :^) Добивам впечаток дека сеуште не знаеш како функционира овој форум.
    Ги читав сите постови во врска со твојот проблем, меѓутоа токму последниов беше иницијатор за да пишам. Секој што ти пишал одвоил дел од своето време за да го презентира своето мислење, став и своојата приказна, зашто тоа е целта на еден форум РАЗНОВИДНОСТА.
    Да се согледа проблемот и да се обиде да му се пристапи од различни агли, не сите се прави и точни, меѓутоа тоа е најдобар начин да се дојде до некој заклучок.
    Нема потреба од револт, разочарување поради недостиг на поддршка или сл. Нема Тим золва и Тим снаа па ќе навиваме.
    А второ кога веке се дрзнуваш да нарекуваш мрза и себичен ај анализирај се себеси(ќе ми простиш вака директно што ти се обраќам, ама сама си го постави проблемот и цела ситуација вака јавно за дискусија)
    А ти знаеш ли дека многу паралелно се редовни студенти, држат работа од 20 часа неделно, и дома мора секој ден ручек на направат, да пеглаат.чистат...и се околу домаќинството. Ако и ти сето тоа го правиш ти симнувам капа. Таа е мрза ти си работлива.

    А што се однесува до нејзината себичност....коментаров ми делува дека работата е секој за себе.
    И да според тоа што погоре го кажа
    нареден пат седни со снашката тука пишете што ви лежи на душа па може и покомпетентен одговор ќе добиеш. ;)
    Мене сето ова ми личи на напната атмосфера како и во голем број домаќинства, и на една недоволно созрена личност да се справи со истата.
    Не ми беше целта да те навредам, едноставно сметам дека битен дел игра твојата младост и недостаток на животно искуство, што секако ќе си дојде со време.
    поздрав
     
    На tanja manja, tessie, maca99 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Миличка убаво ти кажа Даницап, сепак ова е форум, каде покрај подршка секогаш може да наидеш и на контра мислење, на оспорување и сл. Значи не можеш секогаш да очекуваш тапшање по рамото, сожалување и разбирање.

    И мислам не ти воопшто ниту културно, а ниту пак ОК, тоа што тебе ти пречи што јас и некои други форумџики напишавме постови во свое име, и во улога на снаи.
    Конкретно јас одвоив помалку од половина час за да ти напишам исцрпен одговор кој се надевав дека ќе ти помогне. Напишав и свои лични искуства, со надеж дека преку нив појасно и пообјективно ќе можеш да ја согледаш ситуацијата. Зошто од искуства многу повеќе се учи отколку од фикции.

    Колку за информација, и јас сум нечија золва, но зошто сум навредена од твојот претходен коментар, нема да го споделам своето искуство од тој однос.

    Јас го кажав своето, и нема што и понатака да бидам дел од оваа дискусија.
    Фала, чао, пријатно.
     
    На Li0ness, maca99, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Да не ја цитирам Миличкава золва, ама леле кооолку негзоден карактер. Не и чини дома како золва, не и чини кај дечкото како идна снаа, не и чини тука кога има некој различно мислење од неа... и да ја цитирам (сепак :D ) „ИЧ не и е гајле“ за нас. Оф мори мајко... Сирота снаа нејзина и сирота куќа кај што ќе влезе, мора да констатирам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Миличка јас мислам дека твојот проблем е што ти премногу си очекувала од вашиот однос дека ќе станете најдобри другарки и ќе си правите плетенки кај тебе во соба. Тоа се случува мноооогу ретко, најчесто треба да си среќна ако имате коректен однос и сте фини една со друга.
    Во однос на парите ќе ти кажам едно, додека не почнеш да работиш и да придонесуваш во семејството несмееш да се мешаш, па мајка му стара твоите си се возрасни и ќе си ги решат тие работи. Ти цело време се вадиш јас сум студент, точно дека си и треба да се сконцентрираш на учење а не на оправање на ситуацијата дома. Ако толку ти смета се дома оди бре во библиотека и учи таму не тука за снаа ти да расправаш каква мрза е.
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сепак коментаров не ти требаше..... :x :tmi:

    Сите луѓе сме различни и сите имаме различни проблеми во повеќе сфери од животот, ама тоа не значи дека некоја е `сирота` и куќата ќе е `сирота`. Можеби се работи за минлив период.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    дали ти миличка19 знаеш всушност кој ти е тебе проблемот, тоа што имаш снаа, тоа што си студент, тоа што немаш нокти како снаа ти или фризура, тоа што мајка ти те однела еднаш на шопинг а не секој ден... или што??? или јас сум единствената на овој форум што не успеав да те сфатам??? Како и да е не е битно нашето мислење затоа што ти прво поставуваш проблем, бараш совет а потоа кажуваш дека НЕ ТИ Е ГАЈЛЕ ЗА ДРУГИТЕ!!! Па зашто очекуваш на другите да им е ГАЈЛЕ за тебе? Ивини, ама ти за мене си едно себично девојче кое секогаш ќе очекува да биде центар на светот. Жал ми е, ама колку побрзо се освестиш дека не си центар на светот, толку побрзо ќе си ги решиш проблемите.
    И за твоја информација, не сум сеуште снаа, золва сум. И јас сум студент како тебе, со таа разлика што кога дојде снаа ми јас бев студент и работев, а она беше дома. и не готвеше, не пушташе машина, си ја чистеше само нивната соба, а јас (иако студент) и давав пари и купував повеќе облека за нејзе отколку за мене. А моите ниту еднаш не ја седнаа на маса да и кажат дека треба да си го плаќа престојот кај нас.
     
    На tanja manja, soco, Li0ness и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.924
    Допаѓања:
    123.458
    Блонд,нека ти биде ќеф што ти љубомори 8) Значи има зошто нели?И без секирејшн ;)
    Мојава бе цел живот е таква,една година сме разлика,ама ако имав јас нешто мораше и она.Кога одев на гости ми ги гледаше чизмите соблечени во ходник па ме прашуваше од каде се за да и она купи исти,имаше исти палта ко моите ако не и кажев од каде се,таа трк на шнајдер и таков модел имаше,ја се ишатирав и она,јас шишки и она,абе буквално копија,мислам премногу очигледно,барем да се стрпи за некое време она не можеше да поднесе јас да имам нешто повеќе од неа.....
    Ете за да чашата се прелее,една недела откако се веривме со брат и и она да соопшти дека се верила,цццц и тоа немаше прстен демек договорени биле уште пред нас,за да овој викендот да и го даде прстенот,којзне колку врескала и го молела да и купи прстен |( ...Дури, вчера ме известија дека ја закажале свадбата во мај,а нашата не е закажана сеуште ама сакавме јуни,и сега свекорот ме моли да била барем со 3 месеци разлика за да се снајдел со пари :fubar: Нека си мисли,убаво соопштивме сакаме јуни,ама уште датум ни фалеше.......
    Мислам ја жалам бе!Порано ис е нервирам ама сега ја пуштам да беснее и да прави што сака!Не ми е намерата да се карам и да и велам дека брат и е 4 години постар и да пушти пошто и прв се вери,прв да одбере датум за свадба,она знам дека намерно го закажа овој,порано од нас.Да беше таа ко што се прави,сама ќе ни се јавеше да се догобориме како луѓе,нека прави прва ете голема работа,ама барем нека биде разумна малку!!!
    Нека ја ако ја радува,јас ќе си гледам за мене ,а ако ја исполнува тоа-нека и биде.Секако ќе бидам поубава невеста бе ]:) :lol:
     
    На sabatini му/ѝ се допаѓа ова.
  8. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Ме анализиравте како личност од само неколку мислења а не се потрудивте да сфатите дека во некој момент и мене не ми било лесно па сум сакала да го споделам тоа со луѓе каде што ќе наидам на разбирање а не на анализи. Е точно тоа што јас се обидував да го сфатам низ форумот е дека голем дел од вас кога некој ќе постави проблем не се обидувате во најмала мера да му помогнете со совет туку веднаш сите се правите светици како кој знае кај вас колку да е идеално и веднаш ја решавате ситуацијата со напаѓање. Многу работата се испреврти во поинаков агол па вие започнавте со мислења што јас во ниту едно не погледнав ваш совет само се обидувате да ми докажете за нешто што и јас сум свесна. Мислите ли дека мие сеедно зошто така е се па овде ви пишав поради губење на време и си ја напаѓам снаата во поглед на се а јас се правам светица. Е многу погрешно ме разбравте и сепак фала за тоа што се потрудивте да ми изнакажете се и што да речам јас тешко на луѓето со мене убаво ми кажавте.
    Ниту една од вас не верувам дека ќе сака да и се случува истото но многу е полесно кога на друг ќе му кажеме а многу е тешко да сме во неговата ситуација оти тоа е незамисливо.
    Е сега гледам дека некоја разбрала како демек јас немам нокти, не одам на фризер сум била еднаш само на шопинг, не заработувам, во мене завладеала љубомората и не знам што уште не. Чиста глупост!
    Вистина не е така јас не знам со кое мислење доведов до такви заклучоци. Ја објаснив само ситуацијата како од моја страна тоа точно. Е сега сојузот на снаи бранејќи си ја својата позиција не го прифати тоа што го мислам јас. Вистина е дека јас не заработувам, дека од моја страна нема што да кажувам околу тоа а и до сега јас не сум кажувала ни сум се мешала во домашните сметки. Тука постирав за вие да ја разберете ситуацијата а не да ми објаснувате дека јас се мешам, бидејќи тоа не го правам.
    Околу учењето јас немам никаков проблем, не ми треба читална или било што, ни пак некој ми смета. Проблемот беше што снаа ми не се обиде да ме сфати дека кога јас имам за учење не можам да мислам и околу куќата. Таа едноставно се прегледува од мене што правам јас. И вие не ми сте во домот да видите дека е тоа така мислите дека ве лажам. Истото и што не се обидовте да ме разберете бидејќи јас не учам по цели денови и без престан само тогаш кога е колоквиумската недела и сакам да си ја завршам работата за да бидам потоа слободна.
    Со неа седнавме и зборувавме и ви го пренесов тоа што таа ми рече дека неа и е тешко што јас кога имам за учење некогаш работата била на неа. И сега јас како да и помогнам се работи некогаш тоа за (недела или две и плус јас да не сум вклучена во работата дома и тоа е се на се 1 месец во годината сумирано со неделите од учење)и се не е на неа мајка ми е тука и таа не дозволила никогаш куќата да ја остави без јадење или не чиста или да не сме исперени или било што. Проблемот е што таа е повеќе време на работа а додека снаа ми е помалку и останува простор е послободна за некогаш нешто можеби и повеќе да треба да работи.
    Јас се обидов да ја сфатам дека и таа оди на работа и вистина е оптеретена но сепак е поголем дел од денот слободна и има време да ги изврши сите активности вклучувајќи и одмор а додека јас не успеав да сфатам како јас да помагам во термин кога навистина морам да учам за неа да не и биде тешко.
    Е тоа е веќе проблем што таа не се обиде да ме сфати а знае како е да си студент, а јас не се обидувам да ја сфатам која е тежината во домашните обврски кога се не е на неа. И секој ден не е оптеретена околу тоа.
    Е сега околу заработувачката. Јас не ја седнав да и кажам кај треба да ги троши парите и за што, како што од вас бев сфатена. Тука постирав за вие да разберете што и како таа прави. Јас не заработувам и не знам вистина како е да располагаш со свои заработени пари но знам дека болат тие пари кога се трошат оти денес е тешко да се заработат тоа мие повеќе од јасно. Е сега од неа беше ова кажано: Кога ти си студент,немаш време да помагаш дома, немаш ни право на глас за никава работа. :o
    И тогаш јас вака си сфатив дека не и е местото таа мене да ми кажува јас што треба дома да правам. Дали нешто да зборнам или не или кога треба да работам.Бидејќи јас не и кажувам, не сум си зела за такво право. Е тоа дека неа и е тешко околу домот јас неможам да го разберам и која е логиката дека има некоја тежина тука.
    И се запрашувам мене каде мие местото ме смета ли некој за член? Со тоа што јас не заработувам што треба да правам? Едноставно таа ме исклучува. Како јас тоа да го разберам????
    Мене ми беше проблемот зошто таа не се обидува ете да ме сфати дека толку е времето и како јас да направам во тој момент да ја сфатам неа кога не е се на неа. Еден ручек е тежината ма дај немојте вака.
    Можеби таа не е седната од работа.
    Околу купувањето сега. Тие мене ми се родители и можат во секое време да ми купуваат кога сакаат а јас за тоа им враќам со учење,со пари не можам. Таа сака да е вклучена секогаш кога јас купувам нешто. Јас не одам на работа и нормално е да ми дадат од дома. Се лути кога јас купувам нешто и брат ми го заприметува тоа и веднаш наредниот ден ја вика мајка и и оди и таа купува. Зошто па веднаш другиот ден? Да сте на мое место нема да се запрашате? Таа е вработена и си има пари вистина може да оди кога сака и ова што го пишувам можеби и нема врска ама да се случило еднаш не ќе сум заприметила но се случува често тоа и јас што да речам тогаш? И дали се секогаш во можност моите да купуваат и за неа? Да не е вработена ок да се лути да ама вработена е. И се купува и неа ама не може секогаш истовремено. И за тоа ми рече.
    По се на се сумирано јас заклучив дека повеќе е во неа проблемот од колку во мене. Бидејќи јас помагам колку што можам, не сум ја прегледувала ако таа седи и јас тоа да го правам, не сум се лутела ако си купи нешто или ако мајка и и купи и не одам наредниот ден одма и јас да купувам.
    А од друга страна ја сфаќам па вака. Тешко и е сега е на почеток на брак. Доволно нема сфатено како е да се биде во брак ниту пак јас можам да знаам кога не сум. Сака да биде третирана еднакво како и мене, како што и јас ќе сакам кога ќе сум во друга куќа. Но не се обидува и таа да помогне околу тоа. На полето на комуникација е многу слаба и затворена. Доволно ви кажав дека не се знаеме, не идела многу време кај нас не знаеме уште што сака а што не, ни па таа знае. Недостасува комуникација.
    Друго што таа се осмели да ми каже мене зошто кога и дотежало тоа не го сторила пред сите или полесно е мене од колку на другите бидејќи нема логика да биде оправдана.Ќе речете дека таа снаа. Нема врска тоа кога си сигурен во себе биди храбар до крај. А јас знам кое мие местото многу убаво што таа немаше потреба да губи време на тоа.
    За домашните сметки не сте во право ако кажете дека тие како млади не треба да учествуваат во ништо. Напротив треба да се учат како е да се биде во брак. Како ќе се осамостојат тие кога ќе се навикнат дека зад нив стои некој што ќе ги покрива. Да се сами сигурно ќе нема потреба да ми го слушаат ни мене гласот, ни па пари да остават. Некоја баш убаво рече во таткова куќа го нема тоа со дотерувањето толку не па кај свекор и свекрва, кога си во заедница.
    Ме сфативте многу во погрешна смисла :(
    Не барам да ме сожалувате или да ми одите во прилог но ме навредивте многу
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Миличка, душо, ова е форум и очекувај различни мислења. Секој си пишува според своите убедувања, своите ставови, искуства...
    Јас пак ќе повторам дека секој човек си има своја тежина, како ти, така и снаата.
    (И ти еден ден ќе бидеш снаа, и тогаш поинаку ќе гледаш на некои работи).
    Ти си добра личност, сакаш се` да е средено, сите да се сложни и среќни, но не се сите луѓе околу тебе такви.
    Ти од тебе си дала се` што си можела, ама џабе ти е кога другиот нема разбирање или не сака да соработува. (Брат ти ја одбрал, тој нека му ја мисли).
    Во животот ќе се соочуваш со секакви.
    Ти многу си земаш при срце и затоа страдаш. :!:
    Не земај се` при срце. Не се нервирај многу.
    На факултет си. Гледај си го учењето, шетај, излегувај, дома помагај колку можеш, не се оптеретувај со снаата. Мафни ја, што сака нека прави. Ти гледај си го ќејфот твој. ;)

    Поздрав и секое добро. ;)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Миличка кај вас цвета љубомора и ништо повеќе. Што се замараш со неа, што сака нека прави си има маж пред кој одговара.
    А таа е увредена зошто и ти се мешаш, а според мене не би требало има кој да ги решава тие проблеми.
    По се изгледа на никого не му е јасно во таа куќа како е да се живее во заедница, си треба време за да се си дојде на свое место, а за тоа време треба трпение.
     
  11. Zolvataa

    Zolvataa Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    да почна со макава моја. ја сум мажена неколкугодини и си имам две златни дечиња. имам помалечок брат и имаме снаа од него, тоест напраја свадба летово и си живеет кај мајка ми и татко ми, ама си имает нивна дневна соба со кујна посебна. е сега вака, ова нестава имат 25 години, а многу паметна се прајт. сакат во спалната да не сум и влегвела, била нејзина приватност, во кујната нејзина да не сум чепкала многу и такви глупости. па која е бе таа да ми се прајт газдарица во куќата каде ја сум се родила и сум живеела. јас си идам секој ден на гости зош в комшии сум мажена и од инет не ја оставам на раат нестава. сега имаме визита за брат ми никола зош се викат и таа почнала да прајт кифли. све в канта и ги фрлив. без прашање таа ќе му правела, а досега само ја и мајка ми му праевме, сега таа сакат по нејзино. мајка ми некогаш викат греота е момичево шо му прајме вака, ама немат што да ни е. таа е неста и требит да молчит, како ќе и се речит така да прајт, не мојт појче како дома и ја тинтреле. а пак за кифливе се пожалила на мајка и замислите бре одма да се жалит дома и.
    кажите како да ја потскротиме малку зош почна да се креват малце и да се заканвит дека ќе си одела дома и. за среќа наша убав е и брат ми, тој не е папучар, не и ојт по чејфот, ако малку мрднит одма ја кројт, ја карат и таа се затворат в соба, демек лута била госпоѓата.
    е стварно секакви ги имат. зна дека можит за некој сум лоша, ама така ја си сака по мое да е и немат поинаку.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    :o :o :o

    Јас да сум на нејзино место ќе ве тужам, и тебе, и мајка ти, и брат ти. За предизвикување стрес, закани, психичко и речиси физичко насилство. Леле, постов е за во смешни мислења, Боже Господе. :o

    Боже мили! :x
     
    На tanja manja, SuperGirl24, Bibko и 12 други им се допаѓа ова.
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Извини вака твое височество золва, ама ти се слушаш што збориш?!
    Па што ако си живеела цел живот во таа куќа, кога веќе ти не живееш таму, туку она. И појма немам стварно што бараш во нејзина спална?Да не сакаш да си прилегнеш таму? :^)
    Не смеела да му прави кифли на мажот :o :o :fubar: Си ги фрлила?Како читав така се позината станував од неверување.
    Ја не знам ти во кој век живееш, па вака да правиш и тоа за инат.
    Продолжи вака па уште малку со мајка ти ќе прославите развод на брат ти.
    :x
     
  14. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    тролче а ? :^)
     
    На tanja manja, jacqueline.s, Chupe и 4 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.051
    Пол:
    Женски
    Или тоа или братот ќе се опамети и нема да сака веќе да ја види, па ќе ја видам тогаш кога ќе вика „Снаата не' скара“. Ама нема да е снаата крива туку таа.
     
  16. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    83.886
    Пол:
    Женски
    A, да те прашам тебе зошто и се мешаш на снаата тебе сакаш некој да ти наредува и да ти кажува како да правиш и сама кажуваш дека си мажена и дека имаш семејство некоја во твоја куќа да ти се прави газдарица ти нема да се лутиш и ако сака таа да прави работи за брати таа треба и сепак таа му е сопруга ако е така што се женел брати нека си седел сам не е убаво да му го расипуваш бракот сепак од почит спрема брати оти се иди на глава и уште нешто секој треба да си знае каде му е местото тоа што ти кажала дека не треба да влегуваш во спална од општа култура не се влегува оти тоа е интимно место тебе ти влегува некој од вакви како тебе и ред други бракови се расипуваат , треба за тоа да те поучи мајка ти поздрав
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.197
    Допаѓања:
    113.228
    Пол:
    Женски
    Дали мене очиве ме лажат или ова навистина го пишува овде. Жено ти под итно треба да побараш помош од стручно лице. Имаш среќа што ти е снаа таа што ти е зашто да ти е некоја друга ќе ти го кажи филмот. Дали ти си се запрашала што правиш?? Која си бре ти?? Царица на светов и веков па снаата да тие тебе слугинка?? За влегувањето во спална, да не сакаш да им држиш свеќа додека водат љубов?? ајде жено свести се, гледај си ја фамилијата твоја и остави ја девојката на раат. Мене да ми си да те видам дали ќе ми фрлиш кифли, дали ќе ми влезиш во спална. Засрами се , како можеш да се погледнеш во огледало.


    И уште нешто. Да не си ти случајно посесивна кон брат ти и заљубена патолошки во него па сега снаата ја гледаш со љубомора и злоба?? Да не сакаш ТИ дабидеш со него во спална??

    Груба сум знам ама не можев да се воздржам.
     
    На tanja manja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Абе ти сериозна си???????Тебе вака ти прават кај свекрвати а??
    Како не ти срам уште да кажеш секакви ги имало?По твое ќе било,аха да.
    А која си ти да влагаш во туѓи спални?Што ако си израснала таму сега си се омажила и што уште закони ќе даваш?Ги фрлила кифлите....Ма брат ти е крив што не ве ставил на место и тебе и мајка ти.
    Ма бог да чува од вакви живојадници |(
     
    На tanja manja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    11.622
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно тролче.
    Ако по некоја случајност грешам- жено тебе очајно ти треба лекар. Или уште подобро- престој во установа специјализирана за таквите како тебе.
    Ама не грешам. ТРОЛЧЕ :)
     
    На tanja manja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Или трол ... или Бог да чува може е вистина зашто вакви нездрави има .Јас да сум снаа ти има да те лансирам со една јака клоца :ninja: подалеку и од каде што живееш сега. :bandit: Да не ти текне никогаш да се вратиш. Е така. Да си знајш! :!:
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.